курир интервју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 06:45:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курир интервју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорѓиевски во интервју за КУРИР: Промена на власта е неопходна – ниту еден политичар нема мандат да го обезличува македонскиот народ, јазик или идентитет! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-promena-na-vlasta-e-neophodna-nitu-eden-politichar-nema-mandat-da-go-obezlichuva-makedonskiot-narod-jazik-ili-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-promena-na-vlasta-e-neophodna-nitu-eden-politichar-nema-mandat-da-go-obezlichuva-makedonskiot-narod-jazik-ili-identitet/#respond Thu, 29 Jun 2023 14:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=850899

Промена на власта е неопходна, не само од политички аспект, туку и од економски, затоа што нарушениот квалитет на животот е најбитен за граѓаните... Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ има евро-атланска ориентација уште од 90тите, кога тогашниот СДСМ тагуваше за поранешниот систем и по распаднатата Југославија. Гладано од денешен аспект ниту еден политичар нема мандат да го обезличува македонскиот народ, јазик или идентитет... Поаѓајки од расипништвото на власта, ВМРО-ДПМНЕ предлага заштита на идентитетот и јазикот и нуди патоказ кој би обезбедил интеграција на државата во ЕУ без притоа да биде континуирано уценувана на секое поглавје од преговорите. Ова во ексклузивно интервју за КУРИР го посочува градоначалникот на општина Кисела Вода и прв човек во ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Интервјуто со него го направивме на многу важен ден - роденденот на општината. КУРИР: Општина Кисела Вода слави роденден, а со оглед на многубројните реализирани проекти, навистина има за што да прославите. Што би издвоиле како најголеми успеси кои ги остваривте во досегашниот мандат како градоначалник? Ѓорѓиевски: Најпрво, драго ми е што ова интервју го давам за време на роденденската седмица на нашата општина Кисела Вода, која го прославува својот 68 роденден. Културното лето донесе многу забава за сите генерации во нашата општина, понудивме богата програма за сечиј вкус, од најмладите до највозрасните. Ова беше одлична недела. Започнавме со популарното дуо “2 Бона” чиј песни оддекнуваат и надвор од границите на Македонија, а кои работат и на химна за Кисела Вода, атмосфера направи и DJ Mats кој ја загреваше атмосферата. Втората вечер беше посветена на квалитетната македонската народна песна-КУД „Китка” кои се нашите амбасадори секаде низ светот, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Третата вечер, по настапот на Жаре Бербер голем концерт имаше една од најпопуларните ѕвезди на Балканот, Петар Грашо во кој уживаше 30.000 публика. Тоа беше глетка која ќе ја памети секој кој присуствуваше, би рекол навистина магична ноќ. Со право и со гордост можам да кажам дека ги подигнавме стандардите на она што значи организирање на културно-забавни настани, а тоа е резултат на сето она во што се вложивме заедно со мојот тим во изминатиов период. Потоа, изминативе пет дена промовиравме низа големи капитални проекти, за вечерва, после Битката на бендови и повторно, DJ Mats како загревање, да заокружиме со концерт на култната група “Нокаут”. Што би издвоил? Па би рекол дека успеавме од една општина која ја биеше лош глас, да направивме денес за неа да се зборува во суперлатив, да биде стандард за мерливост на успехот. И ова не е завршена мисија. Патот е трасиран, допрва нè чекаат нови успеси, нови проекти во служба на граѓаните. Зад нас е сработеното за неполни две години и тоа решенија на децении стари проблеми за кои ниеден мој претходник досега немал слух. Се работи за зафати во сите месни и урбани заедници бидејќи мојата цел е постигнување на рамномерен развој на целата општина. Во бројки тоа се преку 50 км патна инфраструктура, изведба на 3600 метри водоводна мрежа, атмосферска канализација околу 4500 метри и фекална над 5000 метри. Сакам да најавам дека обезбедивме средства и за еден навистина капитален проект преку кој, Стаклара за првпат ќе добие водовод и фекална канализација. За големината на овој проект говори тоа што се работи за изградба на вкупна должина од 9.2 километри мрежа, при што фекалната ќе биде во должина од 5.7 километри, додека водоводната мрежа во должина од 3.5 километри. Дивите депонии ги претворивме во паркови и спортски комплекси, а ги обновивме и оние запуштени спортски терени. Тука можам да го издвојам спортскиот комплекс „Оксиген” кој од дива депонија прерасна во збиралиште на жителите од тој дел на општината, место за дружба и спорт. Паркот „Иднина” кој е целосно самоодржувачки, работиме на два нови во населбата 11 Октомври Бараки, а во местото викано Дупки која е огромна површина течат градежните активности за реализирање на огромниот проект кој финално ќе значи спортски комплекс, парк, кино на отворено итн. Заедно со катчето за рекреација и одмор кое денес почнавме да го градиме во Усје, кај крстот, годината ќе ја затвориме и со над 50 000 m2 зелена површина. Како успех, би ја издвоил и салата Расадник, култно здание која конечно правно си ја вративме после 30 години уништување од страна на секој кој ќе стигне. Тоа беше макотрпна борба, но успеавме и моментално течат активностите за целосна реконструкција. Ќе споменам и дека Општина Кисела Вода, преку проектот за дигитализација ја етаблиравме како првата дигиатализирана општина на Балканот, односно прва која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Го распишавме Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП-от во Расадник, и во моментов ги очекуваме понудените решенија од домашната и светската стручна јавност. Наместо 99 згради кои му се закануваа на овој дел од градот, за оваа градска четврта бараме решение кое, пред се’, ќе обезбеди хумано живеење. Го огрaничивме на 4 бројот на станбени единици на идните градби кои се дефинирани со А1 намена. Сега веќе никој не може под превезот на семејна куќа да гради згради. За ова посебно се благодарни жителите на Пржино и Црниче. Со веќе отворените околу 300 нови места во градиките и со планираната агенда за изградба на нов дел во објектот Кокиче и на целосно нова градинка во Расадник, наследените листи за чекање од минатото, на кои имаше над 450 дечиња, наскоро воопшто ќе ги нема. Широк е спектарот на проектите кои се одвиваат во образованието со цел да го подобрат наставниот процес. Ќе ги издвојам “Ранче за секое прваче” преку кој првоодделенците добија чанта и училишен прибор, а истото ќе се случува и од септември, кога ќе започне новата учебна година, но сега веќе обезбедивме и средства за сите ученици да добијат бесплатни униформи. Бројни проекти се одвиваат и во социјалната сфера со цел да им се излезе во пресрет на постарите, на лицата со попреченост и финансиски загрозените семејства. Тоа, накратко е она што значи посветеност и макотрпна работа и резултира со над 70% реализација на ветената програма за изборите за само година и пол. КУРИР: Општина Кисела Вода навистина може да биде пример за останатите, а вашето челно место во ЗЕЛС дава прилика од близу да ги следите состојбите и во другите скопски општини. Каков предизвик за вас претставува функцијата претседател на ЗЕЛС? Ѓорѓиевски: Ми претставува огромна чест што со консензус ми беше дадена довербата за управување со оваа одговорна задача бидејќи сметам дека преку ЗЕЛС, како организација која што ги обединува сите општини во Македонија може да се постигне значен исчекор во поглед на заедничките предизвици со кои тие се соочуваат. Тука пред се говорам за обезбедување на поголема финансиска стабилност на локалната власт, на надминување на евидентираните аномалии кои го оневозможуваат развојот на општините и кои бараат итно унапредување на методологијата за правично насочување на средствата од централно на локално ниво во согласност со европските практики и обезбедување на еднаков третман на општинската во однос на државната даночна администрација. Сите чувствуваме дека промените се нешто што е не само потреба, туку неопходност и како Претседател а ЗЕЛС, и обврска и чест ми е што можам интензивно да работам на нивна имплементација. КУРИР: Најактуелна тема овој период се уставните измени по бугарски диктат. Кој е вашиот став на оваа тема? Се случи и лидерска средба на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази цврсти ставови. Се согласувате ли со начинот на кој Мицкоски пристапи во обид да се најде поразумно решение од ова кое власта го турка? Ѓорѓиевски: Кога говориме на таа тема една работа треба да биде јасна, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ има евро-атланска ориентација уште од 90тите, кога тогашниот СДСМ тагуваше за поранешниот систем и по распаднатата Југославија. Гладано од денешен аспект ниту еден политичар нема мандат да го обезличува Македонскиот народ, јазик или идентитет. Тоа нема да и се дозволи на сегашната власт и на премиерот Димитар Ковачевски, кој што впрочем ниту еднаш не излегол на избори дирекно да се соочи со народот. Во тој контекст најдобро е да има избори, партиите да ги понудат своите предлози пред граѓаните, па да видиме кој ќе ја добие довербата. Тоа сигурно нема да биде сегашната криминална коалиција на СДСМ и ДУИ. Поаѓајки од расипништвото на власта, ВМРО-ДПМНЕ предлага заштита на идентитетот и јазикот, и нуди патоказ кој би обезбедил интеграција на државата во ЕУ без притоа да биде континуирано уценувана на секое поглавје од преговорите. Исто така имаме политички ненормална ситуација каде што странските фактори укажуваат дека проблемот со Бугарија е билатерален и не треба да биде пречка во интеграцијата, а од друга страна имаме власт која што политички не е свесна каков товар носи, однесувајки се сервилно кон источниот сосед. Според мене многу поважни се реформите, сузбивањето на криминалот и корупцијата и се останато што е пречка за да заживеат европските вредности кај нас. КУРИР: Македонските граѓани со години живеат во разни кризи – економска, здравствена, социјална... Сметате ли дека единствен излез од ваквата состојба се предвремени парламентарни избори? Ѓорѓиевски: Промена на власта е неопходна, не само од политички аспект, туку и од економски, затоа што нарушениот квалитет на животот е најбитен за граѓаните. Инфлацијата ги “јаде” парите на граѓаните, се поскапи производи купуваат или немаат пари да ги купат. Во зимскиот период живеат во млаки простории затоа што енергенсите, струјата, огревното дрво се се поскапо. Затоа мора да се воспостават здрави економски политики, кои ќе бидат во насока на намалување на класната разлика во Македонија. Сето тоа мора да биде пропратено со привлекување на странски инвестиции, а не како во моментов кои што ја одбегнуваат државата, а дополнително имаме случаеви каде странски бизнисмени биле уценувани, а можеби и рекетирани од власта, без притоа да можат да си ги наплатат побарувањата од фирми блиски на владеачката гарнитура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-promena-na-vlasta-e-neophodna-nitu-eden-politichar-nema-mandat-da-go-obezlichuva-makedonskiot-narod-jazik-ili-identitet/feed/ 0
Лефков во интервју за КУРИР : Предлозите на Мицкоски обезбедуваат заштита на вековниот идентитет, како и одблокирање на преговарачкиот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-vo-intervju-za-kurir-predlozite-na-mitskoski-obezbeduvaat-zashtita-na-vekovniot-identitet-kako-i-odblokirane-na-pregovarachkiot-protses/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-vo-intervju-za-kurir-predlozite-na-mitskoski-obezbeduvaat-zashtita-na-vekovniot-identitet-kako-i-odblokirane-na-pregovarachkiot-protses/#respond Fri, 16 Jun 2023 07:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=846359

„Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт, а тоа е дека  уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно“! Ова во интервју за КУРИР го истакнува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Со него разговаравме за актуелните случувања на македонската политичка сцена - уставните измени, лидерската средба, случувањата во Собрание како и за итната потреба за излез од кризата во која Македонија со години се наоѓа. КУРИР: Најактуелна тема се уставните измени кои власта се обидува да ги протурка во Собрание. Кој е вашиот личен став за обидот на СДСМ да ги протурка истите? Лефков: Станува сериозна и загрижувачка долгогодишна пракса наметната од СДС и ДУИ, најважните државни одлуки да се донесуваат во тесен круг на луѓе, и тоа за жал,  водени исклучиво од лични бизнис интереси. Вака донесените “одлуки“ подоцна, противзаконски и противуставно,  преку најразлични дезинформации, полувистини, отворени или прикриени закани, фаталистички,  се претставуваат како единствена алтернатива, единствена насока по која треба да се движи државата. Еве во кратки црти тоа е она што се случува и со т.н. “уставни измени“ договарани далеку од јавноста, без консенсус, без опозицијата, во тесен круг на луѓе. Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт а тоа е дека  уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно! Мојот личен став е дека пазарењата на крими-коалицијата со правниот поредок и со Уставот претставуваат грубо рушење на основните демократски принципи. Со  неправо не можете да создадете право, а уште помалку да обезбедите напредок, уставните измени“, вака како што се договорени  ја водат Македонија во замка! КУРИР: Се случи лидерска средба, на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излезе со цврсти ставови. Дали ги поддржувате истите? Лефков: Секојдневно остваруваме средби со граѓаните, и верувајте нашите граѓани се добро информирани за ова прашање, и никој, апсолутно никој не дава поддршка за продолжување на процесот на “уставни измени“ по теркот на ДУИ-СДС, без гаранции. Најверојатно јавноста веќе е добро информирана, но Вашето прашање ќе  искористам како можност уште еднаш да ги повторам двата предлога, едниот предлог е за уставни измени кои ќе стапат на сила со членството на Македонија во ЕУ и преодна влада без ДУИ, и вториот, предлог за брзи избори, а потоа поддршка од партијата која ќе биде опозиција на влада за барање гаранции и пакети финансиска помош од ЕУ, како и спроведување на барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македониците во Бугарија. Предлозите  на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, дадени на лидерската средба овозможуваат две важни придобивки: - Доколку бидат одбиени, обезбедуваат  целосно разобличување на  сите скриени намери на врвот на СДС и ДУИ, ставаат крај на лагите на власта и ќе преставуваат јавно признание за тендер интересите на крими-коалицијата, како и јавно признание на кираџијата Ковачевски кој е “газда“ во Владата! -Доколку бидат прифатени, обезбедуваат заштита на вековниот идентитет, како и одблокирање на преговарачкиот процес, Од сето ова произлегува мојата целосна поддршка и поддршката од народот. КУРИР: Каква е атмосферата во Собрание на оваа тема? СДСМ долг период ја убедува јавноста дека ќе издејствува да има двотретинско мнозинство, но реалноста говори дека се далеку од потребната бројка. Лефков: Во изминатиов период, сите бевме сведоци на лажни вести, продуцирани од највисоки владини преставници, за тоа дека се обезбедени “толку и толку“ пратеници, па дека недостасувале уште двајца или тројца. Се сеќавате дека Таче, Груби, Маричич и  други  Владини “јасновидци“ секојдневно  најавуваа  “нови“, “зголемени“ и “појачани“ мнозинства, па дури и влегоа во “Пазар 3“  реконструкции, се пазареа за министри, функционери, директори и тоа безсрамно на очиглед на целата јавност. Еве сега гледаме дека истите тие прават се, само за да го држат процесот што подалеку од онаму каде што треба да се случува а тоа е во Собрание! Ако денеска го поставите прашањето “Колку пратеници недостасуваат за уставни измени?“ и ако се обидете да го одговорите објективно, без шпекулации,  одговорот несомнено  е дека недостасуваат 120 пратеници. Или како народната “Што фали во празна куќа? –Се фали“. Да сумирам, со еден непобитен ФАКТ, Ковачевски во својата, цела историја не обезбедил ниту еден единствен глас на избори за себе. Како неизбран ниту знае ниту пак може да биде дел од легитимен демократски процес. Ковачевски е свесен дека е неизбран, едноставно натурен и нелигитимен, и како таков  не може да испорача она што некаде го ветувал. Единствено што им останува  е да трошат пари за ПР и да се закануваат на пратеници, дел од заканите се нескриени, скоро јавни, некаде суптилно, некогаш нескриено, јавно  најавуваат “поединечни разговори“ со пратеници по мафијашки терк, најмуваат скапо платени провокатори ама залудно. “Неизбраниот“ како и СДС под негово “водство“  можат да си обезбедат само “палта без ракави“(рамо до рамо) и платена реклама на ФБ, далеку се од било какво обезбедување мнозинство! КУРИР: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено истакнуваат дека во овој парламентарен состав нема да бидат изгласани уставни измени со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Дали зад овој став стоите во целина како пратеничка група од целата коалиција? Лефков: Пратениците на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата се водат исклучиво од народната волја и од македонските национални интереси! Безусловното менување на Уставот под бугарски диктат, како што е договорено од троецот Османи-Маричич-Ковачевски претставува замка за Македонија и ќорсокак за ЕУ интеграциите на Македонија, вака договорениот процес, води кон капитулација и бесконечно преговарање. Народната волја, широката народна поддршка, поддршката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, како и подршката од коалиционите партнери, претставува нераскинлив амалгам за единството на целата пратениќка група. Нема отстапување од ставовите. КУРИР: Надворешната политика е само една тема, но проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани се многубројни. Мислите ли дека се потребни предвремени парламентарни избори за да излеземе од општата негативна ситуација во која живееме? Лефков: ДУИ и СДС ја осиромашија, ја презадолжија и ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа. Наместо силни институции крими-коалицијата гради култови за силни поединци од својата партиската елита. Метастази во судството, запоседнување на судски, јавно обвинителски позиции,  тајни мулти-милионски договори, пасоши на криминалци, злоупотреби на ЕУ знаменце, руинирано образование и клекнато на колена здравство. Одговорноста е мисловна именка за функционерите на ДУИ, “крив е кабелот“, неправда дополнета со национални понижувања на секој чекор. На Македонија и е потребно единство и прочистување од корупцијата и криминалот, не може да зборуваме за силни институции, за владеење на правото, за правна држава, за економија, кога државата буквално ни е киднапирана и е  водена од луѓе без легитимитет. Суверенитетот произлегува од народот, затоа се потребни избори час поскоро, гледаме дека за ден повеќе на власт, неизбраниот кираџија е подготвен на се, ама тоа само ќе го направи подот уште посилен! Знаете како велат Виновниот и од сенката се плаши!-Епа да им порачам дека и нашите сенки ќе се борат со непријателите на  Македонија!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-vo-intervju-za-kurir-predlozite-na-mitskoski-obezbeduvaat-zashtita-na-vekovniot-identitet-kako-i-odblokirane-na-pregovarachkiot-protses/feed/ 0