курт кобејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Feb 2023 18:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курт кобејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трогателната приказна за ќерката на Курт Кобејн: Богатството го потроши на дрога, а еве што прави и како изгледа денес https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelnata-prikazna-za-kerkata-na-kurt-kobejn-bogatstvoto-go-potroshi-na-droga-a-eve-shto-pravi-i-kako-izgleda-denes/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelnata-prikazna-za-kerkata-na-kurt-kobejn-bogatstvoto-go-potroshi-na-droga-a-eve-shto-pravi-i-kako-izgleda-denes/#respond Sat, 25 Feb 2023 18:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=805010

Фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, имал само 27 години кога си го одзел животот во 1994 година, пукајќи си во главата. Неговото тело го пронашол електричар дури два дена подоцна. Кобејн долго време страдаше од клиничка депресија, откако му беше дијагностицирана во средно училиште, а стана и зависник од дрога и алкохол. -Курт беше многу смешен и шармантен, а половина час подоцна седеше во аголот и беше целосно расположен и некомуникативен , изјави продуцентот на албумот на Нирвана од 1991 година. Зад себе ја остави ќерката Френсис која ја имаше со Кортни Лав, а малечката замина во опасни води и по примерот на нејзиниот татко падна во канџите на зависноста. Френсис ја претставува крунската љубов на Кортни и Курт, кои се венчаа во 1992 година. Поради прераната загуба на нејзиниот татко и мајка склона кон турбулентен живот, таа имала тешко детство, а пред да наполни 13 години старателството над неа го добиле нејзината баба Венди О'Конор и сестрата на нејзиниот татко Кимберли Кобејн. Според судскиот налог, Кортни Лав добила забрана за задржување на својата ќерка додека била малолетна, за што главно „придонело“ тоа што во бременоста користела недозволени супстанци, најмногу хероин. Всушност, Френсис била одземена од нејзините родители кога имала само 2 недели. Набргу откако стана полнолетна, таа ги наследи милионите на нејзиниот татко бидејќи сите пари што Курт ги заработи по неговата смрт отидоа кај неа. Френсис денес добива околу 100.000 долари месечно благодарение на авторските права на нејзиниот татко, а признала како и покрај огромното богатство живеела над своите можности и дека фрлила дури 11 милиони долари на ветер. Во едно интервју таа призна дека се смирила дури во 2016 година кога решила да престане да користи дрога и алкохол. -Требаше да останам без речиси се за да разберам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфатив дека колку и да имаш пари, ништо не е вечно, рекла таа. Таа додаде дека секогаш имала нереална слика за нејзиното наследство. -Дотолку е потешко затоа што не ги заработив тие пари. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го запознал, што е точно, беше искрена во интервјуто. Денес Френсис се повлече од очите на јавноста, води мирен живот и се занимава со уметност. Минатата година го прослави својот 30-ти роденден, а како што вели, во еден момент од животот не била сигурна дека ќе го доживее. -30! Успеав! Искрено, 20-годишната Френсис не беше сигурна дека тоа ќе се случи. Во тоа време, внатрешното чувство на длабоко омраза кон себе предизвикано од несигурност, деструктивни механизми за справување и многу трауми со кои моето тело и мојот мозок не можеа да се справат, влијаеше на тоа како се гледав себеси и светот, низ објективот на незадоволство што имам толку многу хаос во мојот живот и болка поврзана со тага која се чинеше неизбежна, ја започна својата минатогодишна објава Френсис Бин Кобејн. -Инцидентот во авионот што ме донесе толку блиску до смртта е иронично настанот што ме катапултираше кон ова искуство за преживување за кое сум ужасно благодарна. Мило ми е што докажав дека грешам и најдов начини да ја трансформирам болката во знаење,  продолжи овој уметник и модел, додавајќи: „Како што влегувам во оваа нова деценија, се надевам дека ќе останам мека без разлика колку е тежок светот, ќе уживам во сегашниот момент со почит, но и да ги опсипам луѓето што ги имам со љубов и повеќе ценење отколку што можат да изразат зборовите. Таа што моето созревање никогаш не престанува“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelnata-prikazna-za-kerkata-na-kurt-kobejn-bogatstvoto-go-potroshi-na-droga-a-eve-shto-pravi-i-kako-izgleda-denes/feed/ 0
На продажба е куќата во која Курт Кобејн живеел како дете https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-prodazba-e-kukjata-vo-koja-kurt-kobejn-ziveel-kako-dete/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-prodazba-e-kukjata-vo-koja-kurt-kobejn-ziveel-kako-dete/#respond Tue, 14 Dec 2021 08:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=608138

Се продава една од куќите во кои Курт Кобејн (1967-1994) живеел во детството. Фронтменот на Нирвана живеел во куќа во Монтесано, Вашингтон, откако неговите родители се развеле. Кобејн имал 11 години кога пристигнал во куќата со својот татко во 1978 година. Таму живеел до 1982 година. Кога таткото на Кобејн повторно се оженил, неговата маќеа и нејзините две деца се вселиле во куќата. Кобејн заминал набргу потоа, и се преселил прво во приколката на баба му и дедо му некое време. Потоа живеел тука и таму, во домовите на семејството и пријателите за време на доцните тинејџерски години. Куќата е на пазарот за 279.000 долари, пренесува NME. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-prodazba-e-kukjata-vo-koja-kurt-kobejn-ziveel-kako-dete/feed/ 0
Куќата на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд се продава за оклолу милион долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/#respond Wed, 26 May 2021 07:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=515096

Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“. Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата. Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992. и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин. Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн во оваа куќа го напишал најголемиот дел од албумот „In Utero“. Семејството се преселило во Сиетл на почетокот од 1994 година, каде што пејачот на „Нирвана“ изврши самоубиство на 27-годишна возраст. Треба да се истакне дека на куќата во Лос Анџелес ѝ треба реновирање „од корен“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/feed/ 0
Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/#respond Mon, 22 Jun 2020 06:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=360577

Акустичната гитара на којашто Курт Кобејн со неговата група „Нирвана“ свиреше на својот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд”, е продадена на аукција за рекордни шест милиони долари. Гитарата „Мартин Д-18-Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција под наслов „Музички икони”. Кобејн ја искористи во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт. За гитарата, интересот беше огромен, а во наддавањето највисока понуда беше онаа на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен – сопственик на компанијата Род Мајкрофонс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gitarata-na-kurt-kobejn-prodadena-za-nad-shest-milioni-dolari/feed/ 0
Неколку пати сакаше да се самоубие, а светската слава го уништи: Ја сакаше таа која го навлече на хероин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-pati-sakashe-da-se-samoubie-a-svetskata-slava-go-unishti-ja-sakashe-taa-koja-go-navleche-na-heroin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-pati-sakashe-da-se-samoubie-a-svetskata-slava-go-unishti-ja-sakashe-taa-koja-go-navleche-na-heroin/#respond Tue, 24 Mar 2020 09:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=321181

Многумина говореа дека Кортни Лав и Курт Кобејн се заштитен знак на 1990-тите. Тие беа помодерна и талентирана верзија на Сид и Нанси. Во 1992-ра година новинарот на Vanity Fair истакна дека Кортни ќе биде позната како Курт, и доколку не се случи нешто друго, тие ќе се уништат еден со друг. И беше во право! Една година пред да ја започнат својата врска, која што ги уништи и двајцата, славата на Курт започна енормно да се развива откако целиот свет започна да се опседнува со групата Нирвана. Двојката прв пат се запозна во 1989-та година, но не започнаа врска. Тие се сретнале повторно две години подоцна и тогаш сè започнало. Откако Лав се врати во животот на Курт, многумина тврдеа дека таа го запозна со хероинот. По венчавката, Курт продолжил да се затвора во себе. Станал повлечен и како постојано да бил тажен. И покрај популарноста на Нирвана, пејачот немаше желба да продолжи со турнеите. -Многу се дрогиравме. Навабувавме таблети секаде, шетавме и цело време бевме “на нешто“. Хероин користевме неколку месеци, призна Лав во интервју во 1992-ра година. Беа ужасни во светот на дрогата, но уште поужасно силно се сакаа меѓусебно, изјави извор близок до нив. Курт неколку пати сакал да се откаже од Нирвана, славата тешко ја поднесувал и тоа само ја влошувало ситуацијата. Неговиот живот пропаѓал. Неколку пати се обидел да се самоубие. Во намерата успеа во 1994-та година кога си пукаше во глава. Имаше само 27 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekolku-pati-sakashe-da-se-samoubie-a-svetskata-slava-go-unishti-ja-sakashe-taa-koja-go-navleche-na-heroin/feed/ 0
Досега необјавени: Фановите на „Нирвана“ воодушевени од овие снимки https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dosega-neobjaveni-fanovite-na-nirvana-voodusheveni-od-ovie-snimki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dosega-neobjaveni-fanovite-na-nirvana-voodusheveni-od-ovie-snimki/#respond Tue, 09 Jan 2018 14:46:23 +0000 http://kurir.mk/?p=8365

Четири непознати демо снимки на култнаа гранџ група Нирвана се појавија на ЈуТјуб. Снимките ги објави вашингтонскиот музичар Џон Парки, кој тврди дека снимите му ги дал лично Курт Кобејн. На снимките се наоѓа демо нумера од албумот „Bleach“, наводно снимена за време на првата проба на Нирвана во студиото „Reciprocal“ во Сиетл во 1988 година. Снимките потекнуваат пред тапанарот Чад Ченинг да се приклучи на бендот. На снимките тапанар е Дејл Кровер, тапанар на групата Мелвилс, кој свиреше на деби албумот на Нирвана. На втората касета се наоѓаат демо снимки на песните од легендарниот албум „Nevermind“, на кој тапанар е Ченинг. Во видеото Парки објаснува како се спријателил со членовите на Нирвана по нивниот настап во Вашингтон. Парки касетите ги чувал во метална кутија, а подоцна одлучил да продаде две, откако една му била украдена од автомобилот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dosega-neobjaveni-fanovite-na-nirvana-voodusheveni-od-ovie-snimki/feed/ 0