курти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 19:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/#respond Fri, 27 Oct 2023 19:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893897

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград. - (Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ. Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите. - Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ. - Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија. Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја. - Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/feed/ 0
Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Курти ја одби поканата на Хоти за лидерски форум за дијалогот со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/#respond Thu, 11 Jun 2020 11:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=356573

Портпаролот на Движењето самоопределување (ВВ) Арлинд Манџука информира дека во партиското седиште стасала покана од косовскиот премиер Авдулах Хоти за лидерот на ВВ Албин Курти да учествува на таканаречниот лидерски форум за дијалогот со Србија, но Курти нема да одговори на неа, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што објави Манџука преку својата страница на Фејсбук, поканата од Хоти е одбиена, затоа што ВВ ја смета актуелната влада за нелегитимна, поради нејзината „зависност“ од најголемата партија на косовските Срби, Српската листа и претседателот на државата Хашим Тачи. – Пред два дена примивме писмо со кое се кани претседателот на ВВ Албин Курти да дискутира со актуелната влада за идниот дијалог со Србија. Една влада која е зависна и овозможена од гласовите на Српска листа и која е формирана од Тачи и за него и една влада која му го укина на Косово реципроцитетот со Србија, нема ниту кредибилитет ниту легитимитет. Затоа ние не одговоривме на таа покана, бидејќи не сакаме да бидеме дел од тие средби, напиша Манџука. Хоти при вчерашната посета на Академијата на науките и уметностите на Косово најави дека ќе основа форум со лидерите на сите политички партии, а во рамките на премиерската канцеларија ќе се формира сеопфатен Експертски совет за дијалогот Приштина – Белград. – Ќе побарам од Собранието да основа парламентарна комисија за дијалогот која ќе ја води опозицијата. Сé ќе биде транспарентно и нема да има разговори зад затворени врати, изјави премиерот. Во претходната влада, предводена од лидерот на ВВ, Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) беше прв вицепремиер, но беше разрешен неполн час откако, на 25 март, Собранието на Косово, на барање на ЛДК, му изгласа недоверба на кабинетот на Курти. На 3 јуни, со минимално мнозинство гласови од пратениците во републичкото Собрание, беше изгласана новата влада, предводена од Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/feed/ 0
Курти: Новата косовска Влада е нелегитимна и во служба на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/#respond Sat, 06 Jun 2020 11:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=354430

Лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по денешната одлука на новата Влада за укинување на реципроцитетот кон Србија, оцени дека Владата на Авдулах Хоти „е нелегитимна и ѝ слугува на Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти, кој пред три дена беше сменет од премиерската функција, напиша на Фејсбук дека, со денешната одлука, Косово ја презеде врз себе вината за доцнењето во продолжувањето на дијалогот. – И во сабота работат и одржуваат седница само за да го укинат реципроцитетот кон Србија. Косово има безброј социјални и економски проблеми, но тие не може да имаат приоритет во споредба со барањата на Србија, напиша Курти. Владата на Хоти денеска одлучи да ги укине мерките на реципроцитет во трговската размена со Србија, кои од 1 април годинава ги воведе владата на Курти, укинувајќи ја со тоа таксата од 100 отсто на српскиот увоз, која во ноември 2018 година ја воведе тогашниот премиер Рамуш Харадинај. Хоти по денешната одлука изјави дека очекува соодветна реакција и од Белград, со што би се отворил патот за продолжување на дијалогот меѓу двете држави, кој беше прекинат пред една и пол година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/feed/ 0
Курти свика седница на Владата еден час пред собраниската седница на која ќе се гласа за нова влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-svika-sednica-na-vladata-eden-chas-pred-sobraniskata-sednica-na-koja-kje-se-glasa-za-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-svika-sednica-na-vladata-eden-chas-pred-sobraniskata-sednica-na-koja-kje-se-glasa-za-nova-vlada/#respond Wed, 03 Jun 2020 08:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=353151

Собранието на Косово денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти за составот на новата влада и доколку ги добие потребните 61 глас ќе го заземе местото на вршителот на должноста премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Меѓутоа, како што објави службата за односи со јавноста на Владата во оставка, Курти за во 10 часот свика редовна седница на кабинетот, која треба да се одржи во владината зграда. На 25 март, на иницијатива на ЛДК, Собранието ѝ изгласа недоверба на Владата на Курти, по што на 30 април претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот на Хоти, како кандидат на второрангираната партија од последните парламентарни избори, одржани во октомври минатата година. Партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), на 1 мај го оспори пред Уставниот суд на Косово декретот на Тачи, со тврдење дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале по справувањето со пандемијата на Ковид-19 На 28 мај Уставниот суд пресуди дека одлуката на Тачи е уставна, со што му се овозможи на Хоти да ја формира новата влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-svika-sednica-na-vladata-eden-chas-pred-sobraniskata-sednica-na-koja-kje-se-glasa-za-nova-vlada/feed/ 0
Тачи објави видео за кое тврди дека го докажува бизнисот со дрога на „Курти и неговата група“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-objavi-video-za-koe-tvrdi-deka-go-dokazuva-biznisot-so-droga-na-kurti-i-negovata-grupa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-objavi-video-za-koe-tvrdi-deka-go-dokazuva-biznisot-so-droga-na-kurti-i-negovata-grupa/#respond Thu, 28 May 2020 14:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=351111

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на својата страница на Фејсбук видео-клип, за кој тврди дека ги докажува криминалните дејствија на, според него, „групата“ на премиерот во оставка Албин Курти и „политичкото семејство на министерката за правда“ Албулена Хаџиу во бизнисот со дрога, јави дописникот на МИА од Приштина. На овој начин Тачи ги продолжи обвинувањата на сметка на Курти, Хаџиу, вицепремиерот Хаки Абази и вршителот на должноста министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља, кои синоќа во интервју на ТВ Дукаќини ги нарече „криминална група“. Видеото, кое е со лого на порталот „Инсајдери.орг“ и трае 25 секунди, прикажува скриени одаи во објект во Приштина, каде што се наоѓаат простории во кои, во посебни услови, се одгледува марихуана, а има и лабораторија за производство на дрога. Според косовскиот претседател, „групата“, преку министерот Свечља, неодамна неуспешно се обидела да ги уништи доказите. Тој порача дека е време Курти и неговите соработници „да се соочат со правдата“. – Овие снимки докажуваат една од инкриминациите на Групата Курти и политичкото семејство на министерката за правда. Тоа се снимки од една лабораторија за дрога во Приштина, кои со другиот член на оваа криминална група, Џељаљ Свечља, пред неколку дена се обидоа да ги уништат како инкриминирачки факти од депото за конфискувани и запленети работи. Време е да се соочат со правдата, напиша Тачи. Тој синоќа ги обвини Курти, Абази и Свечља дека три дена едноподруго незаконски престојувале во одајата за прислушување во Поштата и телекомот на Косово (ПТК), за што од јавното обвинителство денеска изјавија дека ќе покренат постапка за утврдување на виситинитоста на наводите. Курти ги нарече „лага“ тврдењата на Тачи за наводната посета на ПТК, додека Хаџиу најави кривична пријава за клевета во врска со наводите дека членови на нејзиното семејство се бавеле со недозволена трговија со дрога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-objavi-video-za-koe-tvrdi-deka-go-dokazuva-biznisot-so-droga-na-kurti-i-negovata-grupa/feed/ 0
Курти подготвен за продолжување на дијалогот со Србија со посредство на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-podgotven-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija-so-posredstvo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-podgotven-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija-so-posredstvo-na-eu/#respond Thu, 21 May 2020 13:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=348767

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти вели дека календарот на идните средби меѓу косовските и српските претставници за стабилизирање на односите меѓу двете земји, зависи од Европската унија, како посредник во дијалогот, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти изјави дека е во постојан контакт со специјалниот пратеник на ЕУ за преговорите меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, со цел да се обнови дијалогот кој беше прекинат во ноември 2018 година, кога тогашната влада на Рамуш Харадинај ја воведе таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. – Имам редовни контакти со претставникот на ЕУ. Нормално дека тој работи на започнувањето на преговорите. Ние бараме тој дијалог да биде заснован на принципи и добро подготвен. Подготвени сме, имаме искуство и ќе ја претставуваме нашата Република како што се бара со Уставот и законите. Значи, од Брисел зависи календарот на дијалогот, изјави Курти за време на денешниот престој во Сува Река, каде што се информира за последиците од невремето кое го зафати регионот. Премиерот во оставка нагласи дека тој лично ќе го претставува Косово во дијалогот со Србија, со оглед дека постои пресуда на Уставниот суд на Косово со која премиерот е тој што треба да ги води преговорите со друга држава. Пратеникот на ЕУ во преговорите меѓу Приштина и Белград, словачкиот дипломат Лајчак, изјави деновиве, по телефонски разговор со Курти, дека страните се подготвени за продолжување на дијалогот и дека единствено се очекува подобрување на состојбата со пандемијата на Ковид-19 и овозможување физички средби меѓу преговарачките тимови на Косово и Србија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-podgotven-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija-so-posredstvo-na-eu/feed/ 0
Тачи до Курти: Не го искористивте правото да формирате Влада, почнуваат преговори со другите партии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/#respond Wed, 22 Apr 2020 16:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=335729

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со ново писмо, во кое го информира дека ги започнува преговорите со другите парламентарни партии за формирање нова Влада на Косово, откако кабинетот на Курти беше разрешен со изгласувањето недоверба од Собранието на 25 март. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во неговото четврто писмо до Курти од уривањето на Владата, Тачи вели дека ВВ, со своето однесување, ја испушти приликата, како партија победничка на изборите од октомври минатата година, да предложи кандидат за премиер и да формира нова влада. – Со жалење констатирам дека со вашите дејствија не го искористивте правото да предложите нов кандидат за формирање влада (…) Треба да ве потсетам дека, согласно уставниот мандат, имам одговорност да ја зачувам стабилноста на земјата и да обезбедам демократско функционирање на институциите, се вели во писмото на Тачи. Тачи го информира Курти дека, согласно соодветните уставни одредби и други законски акти, ќе ги започне консултациите со лидерите на парламентарните политички субјекти за наредните чекори во правец на формирање нова Влада. Курти и неговата партија, Самоопределување, на барањата на тачи да предложат мандатар за нова влада, одговараа дека, според нивно толкување на Уставот, единствен начин да се формира нова влада по изгласувањето недоверба на актуелната, е одржувањето вонредни парламентарни избори, кои би се организирале откако ќе се надмине кризата со пандемијата на Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/feed/ 0
Курти му пишува на Тачи: Избори во Косово по пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-mu-pishuva-na-tachi-izbori-vo-kosovo-po-pandemijata-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-mu-pishuva-na-tachi-izbori-vo-kosovo-po-pandemijata-2/#respond Mon, 13 Apr 2020 18:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=331620

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти го одби денеска барањето на претседателот на државата Хашим Тачи упатено до ВВ за именување мандатар за формирање нова Влада на Косово, откако Собранието на 25 март му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението од службата за информирање на Владата се наведува дека Курти му забележува на Тачи оти користи „двојни стандарди“ и се обидува да наметне неуставно решение за кризата создадена откако на 25 март беше изгласана недоверба на Владата предводена од ВВ, како победни на изборите од октомври минатата година. – Вршителот на должноста премиер на Република Косово Албин Курти му се обрати со писмо на претседателот на Косово Хашим Тачи, во кое нагласува дека му е јасно оти актуелната ситуација не дозволува одржување избори и тоа е нешто кое не го бараме да се направи сега, туку веднаш штом се создадат услови по поминувањето на пандемијата, се вели во валдиното соопштение. Курти нагласува дека денешното писмо не значи одбивање да се даде името на кандидат од страна на ВВ, туку е „потсетување на надлежностите на претседателот и на обврските кои ги има институцијата претседартел на Република Косово, по успешната моција на недоверба“. Според премиерот во оставка, „наметнувањето неуставни сценарија“, како што е инсистирањето на формирање нова влада без да се одржат парламентарни избори, „не е во дискрецијата“ на претседателот на државата. Тачи на два пати во изминатите две недели се обрати написмено до ВВ со барање да именува кандидат за мандатар за новата косовска влада, најавувајќи дека, доколку партијата на Курти не успее во тоа, ќе побара од другите парламентарни партии да изнесат свои предлози за премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-mu-pishuva-na-tachi-izbori-vo-kosovo-po-pandemijata-2/feed/ 0
Тачи повторно побара од Курти име на мандатар за идната влада на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/#respond Fri, 10 Apr 2020 13:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=330264

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со барање да го предложи новиот кандидат или кандидатка за премиер, откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното писмо, второ по она од 2 април, Тачи го „потсетува“ Курти дека, согласно Уставот и соодветните законски акти, ВВ како партија која победи на изборите од 6 октомври 2019 година, „има право да предложи кандидат/ка за формирање на Владата“. Претседателот на државата наведува дека, по изгласувањето недоверба на Владата на Курти, извршил консултации со сите парламентарни политички партии, со цел да оцени дали е во нивен интерес формирање на нова влада, или пак распуштање на Собранието. – Во тој правец (…) ви ја дадов можноста како Движење Самоопределување да предложите кадидат/ка за премиер. Граѓаните на Косово и политичките партии претставени во Собранието со право чекаат функционализирање на новата Влада и очекуваат од мене да го декретирам предложениот кандидат/кандидатка за премиер, се вели во писмото на Тачи. Тој напоменува дека неговиот уставен мандат го обврзува да го гарантира „демократското функционирање на институциите на Република Косово, вклучително обезбедувањето на именувањето на кандидат или кандидатка за премиер за формирање на Владата на Република Косово“. – Како претседател јас ќе го преземам ова дејство, следејќи ги уставните чекори, со цел граѓаните на Република Косово што поскоро да имаат нова Влада, му напиша Тачи на Курти. Одговарајќи на првото писмо на Тачи, од 2 април, Курти порача дека негов приоритет моментно е борбата против епидемијата на Ковид-19, додека за формирање на нова влада, според негово толкување на Уставот, потребно е да се оди на нови парламентарни избори, кои би се одржале по надминувањето на здравствената криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/feed/ 0