кутлеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jul 2021 17:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кутлеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Македонските ракометни судии на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/#respond Sat, 24 Jul 2021 17:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=541370

Најдобри македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш. Традицијата продолжува, напиша кратко на својот Фејсбук профил Ѓорѓи Начевски. Имено, македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27. На преостанатите натпревари од воведното коло, Франција ја совлада Аргентина (33:27), Шведска избегна изненадување од Бахреин (32:31), додека, Норвешка беше поуспешна од Бразил (27:24), а Данска рутински го совлада домаќинот Јапонија (47:30). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/feed/ 0
ФОТО: Сонцето од Кутлеш осамна на игралиштето во населба Хром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-osamna-na-igralishteto-vo-naselba-hrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-osamna-na-igralishteto-vo-naselba-hrom/#respond Fri, 10 Jul 2020 11:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=373249

Граѓаните на населба Хром во знак на револт поради отстранувањето на македонските симболи од знамињата на институциите и плоштадите од страна на СДСМ, го нацртаа сонцето од Кутлеш на маалското игралиште. Велат дека македонските симболи се гордост на секој граѓанин и тие не смеат да бидат сквернавени од страна на ненародната власт. Жителите на општина Ѓорче Петров се препознатливи по патриотизмот и овој пат тоа го докажаа со овој убав чин. Идејата за Македонија продолжува да живее. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-osamna-na-igralishteto-vo-naselba-hrom/feed/ 0
ФОТО: Директорка на училиште наредила да се отстрани симболот на „Сонцето од Кутлеш“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-na-uchilishte-naredila-da-se-otstrani-simbolot-na-sonceto-od-kutlesh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-na-uchilishte-naredila-da-se-otstrani-simbolot-na-sonceto-od-kutlesh/#respond Tue, 23 Jun 2020 10:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=361378

Сонцето од Кутлеш и пречи на директорката на основно училиште во Струга каде истото беше нацртано на игралиштето. Извори на Курир велат дека директорката им наредила на служителите од игралиштето да го отстранат нацртаниот симбол. Минатиот месец на повеќе места низ Македонија беа уништени симболи на Сонцето од Кутлеш, но друга млади лица повторно одлучија да ги нацртаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-na-uchilishte-naredila-da-se-otstrani-simbolot-na-sonceto-od-kutlesh/feed/ 0
Жител на Новаци поради знамето со сонцето од Кутлеш ја изгубил работата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-novaci-poradi-znameto-so-sonceto-od-kutlesh-ja-izgubil-rabotata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-novaci-poradi-znameto-so-sonceto-od-kutlesh-ja-izgubil-rabotata/#respond Wed, 17 Jun 2020 17:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=359191

Дали партиската тупаница на власта во битолско Новаци во предизборие, започна да ја покажува својата сила? Така барем може да се рече според она што го снајде Јован Пецуровски со неговото семејство во кое има две непркнати дечиња. Тој е дојденец од Радовиш и досега работеше во фирмата подизведувач “Ремонт“ во РЕК “Битола“. Меѓутоа, откако деновиве на кровот од својата куќа го поставил знамето со сонцето од Виргина, како што вели, добил закани од новачкиот градоначалник Љубе Кузмановски, а потоа ја изгубил работата. -Се мачев и менував фиорми, а сега последно откако го кладов знемето на куќата, јас останав без парче леб. Градоначалникот истата вечер ми прати човек и човекот ми рече знамето да го тргнам сместа оти така рече градоначалникот. сабајлето станав и со жената сипиевме кафе, а истиот човек дојде и ми рече дека градоначалникот те вика на разговор. Појдов на разговор, се поздравивме и го прашав што е работата. Тој ми рече, Јован зошто го ставаш знамето и ме страмиш, плус на фејсбук имаш напишано статус. Му реков дека немаше да го напишам, ама поради тоа знаме останав без работа- рече Јован Пецуровски. Сопругата на Јован, Катерина зема средства за породилно отсуство, меѓутоа со таков скромен буџет и четири гладни усти, куќа не се крепи. -Додека земам породилно, ќе тераме некако. Ама за понатака? Тешко е, сметки немаме платено, кредитот не ни е платен, со две деца теко е- рече сопругата Катерина. Градоначалникот на Новаци, вели дека претходно му помогнал на Јован да се вработи во оваа фирма и категорично одрекува дека интервенирал да ја изгуби работата. Од ДООЕЛ “Ремонт“ велат дека заради намален број на сати го намалиле бројот на вработени на отпепелувањето и дека по десет до петнаесет дена, повторно ќе бидат повикани, а меѓу нив и Јован. Извор: Алфа телевизија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-novaci-poradi-znameto-so-sonceto-od-kutlesh-ja-izgubil-rabotata/feed/ 0
Сонцето од Кутлеш после празникот Илинден ќе биде забрането! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonceto-od-kutlesh-posle-praznikot-ilinden-kje-bide-zabraneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonceto-od-kutlesh-posle-praznikot-ilinden-kje-bide-zabraneto/#respond Fri, 12 Jul 2019 15:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=217840

По точно еден месец сонцето од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, затоа што дотогаш ќе биде отстрането од јавниот простор, а сите споменици што упатуваат на античката елинска историја и цивилизација ќе бидат соодветно означени, согласно со Преспанскиот договор. Од Владата за „Слободен печат“ велат дека корекциите ќе бидат завршени во зацртаниот временски рок, но не изнесуваат детали на кој начин ќе се извршат корекциите, како ќе се спречи јавната употреба на сонцето од Кутлеш и што сè е регистрирано како јавен простор и јавна употреба. -На седницата одржана на 4 јули, Владата на Република Северна Македонија го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Воедно, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација каде се користи или е вграден симболот на сонцето од Вергина во јавниот простор. Корективните дејства ќе бидат преземени по обезбедувањето на информациите, согласно со Преспанскиот договор и во зацртаниот временски рок, одговорија од Владата. Уставните измени за промена на државното име беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август. Целата анализа прочитајте ја на „Слободен печат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonceto-od-kutlesh-posle-praznikot-ilinden-kje-bide-zabraneto/feed/ 0
Во Гевгелија снесено јајце со сонцето од Кутлеш (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-sneseno-jajce-so-sonceto-od-kutlesh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-sneseno-jajce-so-sonceto-od-kutlesh-foto/#respond Thu, 03 Jan 2019 14:25:24 +0000 https://kurir.mk/?p=147935

На првиот ден од Новата година, гевгеличанецот Лазар Трајанов во својот кокошарник пронашол необично снесено јајце на кое е отсликано сонцето од Кутлеш. Во првиот миг, додека ги собирал јајцата, Лазар бил изненаден од обликот и симболот на јајцето и помислил да го фрли оти е недоносено, но кога подобро го загледал забележал дека на јајцето јасно се гледа формата на сонцето и дека се изразени зраците околу него. Трајанов денеска ни потврди дека одгледува дваесетина кокошки за свои потреби и дека никогаш претходно не пронашол такво јајце, додека пак производителите на јајца појавата ја сметаат за природен феномен, но веруваат дека е предзнак за среќа и благосостојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-sneseno-jajce-so-sonceto-od-kutlesh-foto/feed/ 0