кувајт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 05:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кувајт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрана новата Влада на Кувајт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-vlada-na-kuvajt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-vlada-na-kuvajt/#respond Mon, 19 Jun 2023 05:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=847236

Избрана е новата Влада на Кувајт на чие чело останува шеикот Ахмад Наваф ал Ахмад ал Сабах, јавија кувајтските медиуми. Бизнисменот Саад ал Барак е назначен за нов министер за нафта, во Влада во која има 15 министри, додека Манаф Абдулазиз ал Хајри е реизбран на функцијата министер за финансии. Шеикот Ахмад ал Фахад ал Ахмед ал Сабах е назначен за министер за одбрана. Кувајт има нафтени резерви кои се меѓу најголемите во светот, но политичките расправии и институционалниот метеж ги попречуваат инвестициите и реформите кои, како што наведуваат медиумите, имаат за цел да ја намалат неговата голема зависност од приходите од нафта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrana-novata-vlada-na-kuvajt/feed/ 0
ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kuvajt-pokazuva-napredok-vo-oblasta-na-zenskite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kuvajt-pokazuva-napredok-vo-oblasta-na-zenskite-prava/#respond Fri, 25 Nov 2022 12:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=766478

ЕУ и Кувајт одржаа дијалог за човековите права во Кувајт во вторникот, денеска од дипломатската служба на ЕУ нотираат одреден напредок во повеќе области во оваа земја. Третото издание на Дијалогот за човекови права меѓу ЕУ и Кувајт бил прилика за двете страни да разменат на теми како слободата на изразување, дигиталните права, правата на резиденти без држава, владеењето на правото, смртната казна, работничките права, како и правата на жените и децата. ЕУ го пофали напредокот на Кувајт за зајакнување на жените и оцени дека е остварен охрабрувачки прогрес во делот на резиденти без држава, како и на правата на работниците мигранти. Се очекува дополнителен напор во усогласување на кривичниот законик со стандардите на меѓународното право, посебно во делот на сајбер криминалот и слободата на изразување. На кувајтските власти им е повторено дека ЕУ и натаму принципиелно се противи на смртната казна и изрази жалење за егзекуцијата на седум лица на 16 ноември во Кувајт. Следната средба ќе се одржи во Брисел во 2023 година.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kuvajt-pokazuva-napredok-vo-oblasta-na-zenskite-prava/feed/ 0
Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-kuvajt-povikan-na-konsultacii-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-kuvajt-povikan-na-konsultacii-vo-eu/#respond Thu, 17 Nov 2022 16:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=762509

Генералниот секретар на дипломатската служба на ЕУ го повика амбасадорот на Кувајт при ЕУ на консултации по егзекуцијата на седум лица вчера во оваа земја. Генералниот секретар, Стефан Санино, информираше дека амбасадорот е повикан за да му се пренесе ставот на ЕУ за овие смртни казни против седум лица. ЕУ изјави дека “жали“ поради овие егзекуции. Притоа тие се случија во исто време кога потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, ја посетуваше државата. Санино му пренел на амбасадорот Наваф Аленези дека ЕУ принципиелно се противи на смртната казна под било кои услови и истакнал дека човековите права се во срцето на внатрешните и надворешните односи на ЕУ. -ЕУ ќе продолжи да говори за својата загриженост во однос на ситуацијата со човековите права со своите соговорници од Кувајт на секое ниво и во сите прилики, вклучително и за време на редовниот дијалог за човекови права ЕУ-Кувајт, стои во соопштението. Овој дијалог ќе се одржи идната недела. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-kuvajt-povikan-na-konsultacii-vo-eu/feed/ 0
Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/#respond Wed, 16 Nov 2022 12:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=761682

Во Кувајт денеска е извршена смртна казна над седум лица поради убиство. Станува збор за први егзекуции од 2017 година. Обвинителите соопштија дека егзекуциите биле извршени со бесење откако смртните казни биле одобрени од кувајтскиот емир Шеик Наваф. Обесени се едно женско лице од Етиопија, друго од Кувајт, заедно со тројца машки кувајтски државјани, Сириец и Пакистанец. Кувајтското Министерство за надворешни работи соопшти дека смртните казни се во согласност со кувајтскиот Кривичен законик 16 од 1960 година и неговите амандмани „по исцрпување на сите нивоа на судски спорови“. – Овие казни, кои беа спроведени, беа засновани на убедливи докази дека осудените ги извршиле злосторствата што им се припишуваат, рече Ганим Ал Ганим, помошник министер за надворешни работи на Кувајт за правни прашања. Во синоќешното соопштение, Амнести интернешнл повика да се запрат егзекуциите, нарекувајќи ги „крајно сурова, нечовечка и понижувачка казна“. Овие егзекуции се први од 25 јануари 2017 година, кога исто така беа обесени седум луѓе, а меѓу нив и член на кралското семејство. Кувајт егзекутираше десетици луѓе откако започна со спроведување смртна казна во средината на 1960-те години. Најголем дел од осудените биле убијци или трговци со дрога. Првата смртна казна беше спроведена на 17 мај 1964, а до денес се егзекутирани 84 лица, меѓу кои, 20 од Кувајт и 15 од Пакистан. Смртната казна е широко распространета на Персискиот Залив, особено во Иран и Саудиска Арабија, каде 81 лице беа егзекутирани во еден ден во март, предизвикувајќи меѓународна осуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/feed/ 0
Втори парламентарни избори во Кувајт за две години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtori-parlamentarni-izbori-vo-kuvajt-za-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtori-parlamentarni-izbori-vo-kuvajt-za-dve-godini/#respond Thu, 29 Sep 2022 06:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=738839

Граѓаните на Кувајт, малата држава во Перискиот залив богата со нафта, денеска гласаат на вторите парламентарни избори за помалку од две години. Во декември 2020 година, Кувајт избра парламент што беше распуштен во јуни годинава, а по повеќемесечната пат-позиција во преговорите меѓу опозициските пратеници и владата, беа распишани нови избори. Нов четиригодишен мандат во Националното собрание на денешните избори бараат 313 кандидати, вклучувајќи и 27 жени, а во кувајтскиот Парламент има педесет места. Сите кандидати се независни бидејќи Кувајт ги забранува политичките партии. Право на глас имаат помалку од 796.000 Кувајќани, а гласачките места ќе бидат отворени 12 часа, почнувајќи од 8 часот утринава. Официјалните резултати се очекуваат утре. Кувајт беше првата земја од Персискиот залив која во 1963 година формира парламент, со членови избирани од граѓаните. Иако Кувајт одржува претежно слободни парламентарни избори, моќта во земјата всушност останува во рацете на владејачкото семејство и емирот кој ја избира владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtori-parlamentarni-izbori-vo-kuvajt-za-dve-godini/feed/ 0
Лазаров по победата над Кувајт: Имам јасна целосна слика https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-po-pobedata-nad-kuvajt-imam-jasna-celosna-slika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-po-pobedata-nad-kuvajt-imam-jasna-celosna-slika/#respond Thu, 30 Dec 2021 07:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=614744

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е задоволен од изданието на неговите избраници на вчерашниот натпревар со Кувајт (22:21), втор меѓусебен тест дуел на двете селекции. – Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство. Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме. Имам јасна севкупна слика. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи и се надевам дека ќе заздрават побрзо. Продолжуваме со напорната работа, истакна Лазаров. Тој очекува по празниците формата да се подигне на повисоко ниво. – Важно е играчите да бидат фокусирани до самиот крај и покажаа карактер, тоа е позитивна работа. Победникот не се знаеше до последната секунда. Видовме како реагираат некои играчи во неизвесни завршници. Имаме време да исправиме доста работи по новогодишните празници. Морам да искажам голема благодарност до Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои ни се приклучија веднаш по завршувањето на нивните клупски обврски. По некое непишано правило заслужуваат одмор барем до 2 јануари и тоа само покажува колку се подготвени да се жртвуваат за македонскиот дрес. На крај морам да кажам дека сум задоволен од тоа како момците ги одработија подготовките во Маврово, додаде Лазаров. Следните тестови на „црвено-жолтите“ во пресрет на Европското првенство 2022, се предвидени во Скопје по Новогодишните празници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-po-pobedata-nad-kuvajt-imam-jasna-celosna-slika/feed/ 0
Тренчовски продолжува во кувајтскиот шампион Ал-Араби https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenchovski-prodolzuva-vo-kuvajtskiot-shampion-al-arabi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenchovski-prodolzuva-vo-kuvajtskiot-shampion-al-arabi/#respond Sun, 19 Sep 2021 12:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=565457

Поранешниот стратег и еден од основачите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, ги напушти редовите на македонскиот фудбалски прволигаш и тренерската кариера ја продолжува во Кувајт. Тренчовски, како што е соопштено, ја прифати поканата од шампионот на Кувајт, тимот на Ал-Араби, каде ќе продолжи како технички директор на младинската школа и тренер на Б-тимот. – Академија Пандев ти се заблагодарува за сè што имаш направено за нашиот клуб, а како круна на твојата макотрпна работа беше и првиот клупски сениорски трофеј и излез во европските натпреварувања. Ти посакуваме многу успеси во првиот интернационален предизвик и во иднина твоето новостекнато фудбалско и организациско искуство да го пренесеш за развој на македонскиот фудбал“, соопшти струмичкиот прволигаш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenchovski-prodolzuva-vo-kuvajtskiot-shampion-al-arabi/feed/ 0
Се топат автомобили, пластични контејнери, семафори – во оваа земја се измерени вртоглави 73 степени – луѓето печат и јајца на улица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-topat-avtomobili-plastichni-kontejneri-semafori-vo-ovaa-zemja-se-izmereni-vrtoglavi-73-stepeni-lugjeto-pechat-i-jajca-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-topat-avtomobili-plastichni-kontejneri-semafori-vo-ovaa-zemja-se-izmereni-vrtoglavi-73-stepeni-lugjeto-pechat-i-jajca-na-ulica/#respond Tue, 13 Jul 2021 09:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=535880

Веќе неколку недели делови од Европа и светот се зафатени од топлотен бран, а многу градови со денови бележат над просечни температури, а дел од нив соборуваат и рекорди. Во Канада имаше дури и смртни случаи од топлотниот бран, додека на Блискиот исток се рушат многу рекорди во поглед на температурите. Таму е толку многу топло што се топат автомобилите, а како што се гледа на фотографиите на социјалните мрежи се топат дури и контејнерите за отпадоци како и пластичните цистерни за вода. Сепак во описот на фотографијата иако пишува дека се работи за Кувајт каде е забележано најтоплиот ден до сега со дури 73 степени, тоа не е вистина. Медиумите открија дека станува збор за Фејсбук пост кој го заобиколи светот, но станува збор за стари фотографии. Некои од нив се од 2018 година, додека дел од 2016 година. На фотографијата со стопените автомобили медиумите откриваат дека станува збор за автомобили кои настрадале во експлозија во 2018 година, додека останатите се направени од различни земји ширум светот. Сепак, според податоците на четврти јули кога е објавен овој пост „Кувајт се топи“ реалната температура таму изнесувала 48 степени, што е далеку пониска од 73 степени. Што се однесува за највисоката температура во светот, таа изнесувала 56,7 степени и е измерена на 10 јули 1913-та година во Калифорнија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-topat-avtomobili-plastichni-kontejneri-semafori-vo-ovaa-zemja-se-izmereni-vrtoglavi-73-stepeni-lugjeto-pechat-i-jajca-na-ulica/feed/ 0
Шеик ал Сабах реизбран за премиер на Кувајт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheik-al-sabah-reizbran-za-premier-na-kuvajt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheik-al-sabah-reizbran-za-premier-na-kuvajt/#respond Tue, 08 Dec 2020 13:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=440459

Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Сабах по расправата во Парламентот повторно го именува шеик Сабах ал Калид ал Сабах за премиер на Кувајт. Шеик ал Сабах беше министер за надворешни работи од 2011 до 2019 година, кога беше именуван за премиер на Кувајт. Кувајт, која е членка на ОПЕК, во моментот се соочува со најлошата економска криза во последните неколку децении поради ниската цена на нафатата и поради пандемијата со Ковид-19. Во Кувајт емирот ги води државните работи, додека премиерот пред се има арбитрарна улога помеѓу Владата и Парламентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheik-al-sabah-reizbran-za-premier-na-kuvajt/feed/ 0
На парламентарните избори во Кувајт две третини од пратениците го загубија мандатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-parlamentarnite-izbori-vo-kuvajt-dve-tretini-od-pratenicite-go-zagubija-mandatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-parlamentarnite-izbori-vo-kuvajt-dve-tretini-od-pratenicite-go-zagubija-mandatot/#respond Mon, 07 Dec 2020 07:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=439757

Две третини од досегашните членови на Парламентот на Кувајт, вклучувајќи ја и единствената жена во него, останаа без место во законодавниот дом, покажааа резултатите од вчера оддржаните избори. Засега е нејасно каков правец ќе заземе новиот состав на парламентот, во кој 21 од 50 пратеници за првпат ќе ја извршуваат оваа функција. Откако ќе ја преземат функцијата, на 15 декември, пратениците ќе се соочат со непроменети предизвици во земјата богата со нафта, борејќи се со кризата со јавниот долг и пандемијата на коронавирусот. На вчерашните избори во Кувајт, земјата која го има најслободниот и најбучен парламент меѓу земјите од Персискиот залив, излегоа повеќе од 60 проценти од околу 560.000 регистрирани избирачи. Новиот парламент ќе треба да се соочи со бројни прашања, а најважните ќе бидат економски. Агенцијата „Мудис“ есенва за првпат во историјата на земјата го намали кредитниот рејтинг на Кувајт, а министерот за финансии предупреди дека владата наскоро нема да може да исплаќа плати. Централната банка на Кувајт соопшти дека долгот на земјата годинава може да достигне 40 проценти од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво од 1990 година, кога земјата претрпе економска катастрофа поради ирачката инвазија и Заливската војна што следеше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-parlamentarnite-izbori-vo-kuvajt-dve-tretini-od-pratenicite-go-zagubija-mandatot/feed/ 0