Кузман Јосифовски-Питу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 10:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кузман Јосифовски-Питу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Прво место за хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје на Интернационален фестивал во Италија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/#respond Mon, 31 Oct 2022 10:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=753069

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне, Римини, Италија, под името ,,Сите бои на уметноста" и го освои првото место. На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од: Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито. Со 31 глас од хористите и 9 те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во ,,PALAZZO DEL TURISMO" во Ричоне, Римини Италија. Македонскиот училишен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци, но сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех. Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу", како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков Светски музички настан. Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија ,,вокални солисти", македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор. Од училиштето изразуваат благодарност и до наставник Наташа Петровска Дургутов која е со нив на овој настан, и до сите чинители кои овозможија учениците на ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје да покажат и докажат дека се најдобри.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/feed/ 0
На денешен ден е роден Кузман Јосифовски – Питу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-kuzman-josifovski-pitu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-kuzman-josifovski-pitu/#respond Thu, 23 Jun 2022 06:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=694386

На 23 јуни во 1915 во Прилеп е роден Кузман Јосифовски – Питу, народен херој на Македонија. Роден е како трето дете на родителите Лефта и Цветан Јосифоски. Семејството на Кузман било работничко - тутунопроизведувачко. Домашните, како и прилепчаните го викаат со името Борко. Основното образование го завршува во родниот град Прилеп. Семејството на Кузман не располага со големи материјални средства, меѓутоа, сепак, успева да го испрати да го продолжи своето образование во Битолската гимназија. Студирал на Универзитетот во Белград каде бил еден од предводниците на напредната студентска младина. Станал член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим. Во октомври 1941 земал активно учество во организирањето и дејствувањето на првиот прилепски партизански одред, кој почна со нападот на участокот на 11 октомври 1941. Неговата активност во 1942та година, е забележана во западните делови на Македонија, каде успева да ги возобнови старите и да оформи нови ограноци низ Тетово, Гостивар, Мавровско, Дебар, Кичево и Струга. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал честопати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец Бугарската полиција го убила во Скопје, на 25 февруари 1944 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-kuzman-josifovski-pitu/feed/ 0
Нечовечки услови во студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“- Студентите без топла вода веќе еден месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nechovechki-uslovi-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-studentite-bez-topla-voda-vekje-eden-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nechovechki-uslovi-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-studentite-bez-topla-voda-vekje-eden-mesec/#respond Wed, 18 Jul 2018 10:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=78135

Веќе 16 дена воопшто нема топла вода во студенскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ каде што има сместено голем број на студенти и други вработени луѓе кои доаѓаат од цела Македонија да работат преку летниот период во Скопје и престојуваат во студентскиот дом кој во летниот период работи како хотел. Сите сместени имаат склучено договор кој што не е исполнет од страна на управата, но наплатата за ноќевањата кај сите присилно со постојан притисок и закани за евикција се спроведува од страна на советникот за сместување Димитар Дедов кој е одговорен за рецепцијата во домот за летниот период. Освен секојдневните лажни ветувања од страна на директорот на Државниот Студентски Центар Дарио Николовски дека вода ке има за неколку дена, револтот кај вселените го зголемува нивното шерифско однесување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nechovechki-uslovi-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-studentite-bez-topla-voda-vekje-eden-mesec/feed/ 0
Украдена бистата на Кузман Јосифовски-Питу од училиштето во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradena-bistata-na-kuzman-josifovski-pitu-od-uchilishteto-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradena-bistata-na-kuzman-josifovski-pitu-od-uchilishteto-vo-kisela-voda/#respond Thu, 03 May 2018 11:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=49251

За време на првомајските празници извршена е кражба во основното училиште „Кузман Јосифовски - Питу“ лоцирано во Кисела Вода. Од полицијата информираат дека вчер абило пријавено дека од дворот на Основното училиште непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradena-bistata-na-kuzman-josifovski-pitu-od-uchilishteto-vo-kisela-voda/feed/ 0