квалификации за СП 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Feb 2022 20:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png квалификации за СП 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија повторно загуби од Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-povtorno-zagubi-od-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-povtorno-zagubi-od-gruzija/#respond Sun, 27 Feb 2022 20:58:59 +0000 https://kurir.mk/?p=637647

Македонската машка кошаркарска репрезентација повторно загуби од Грузија сега во Скопје со 79:65. По четири кола имаме четири порази во групата со Шпанија, Грузија и Украина и мали шанси да продолжиме во втората фаза во битката за место на Мундијалот во 2023 година. Повторно немавме решение за натурализираниот Грузиец, Тед Мекфејден, кој вечерва постигна 24 поени,или вкупно 50 на двата натпревари. Шансата за подвиг и победа беше пропуштена во финишот на првото полувреме кога дозволивме од позитива 31:28, Грузија да ни направи серија од 12:0 и да замине со предност од 43:35 по првото полувреме. Најдобар кај Македонија беше Ненад Димитријевиќ кој финишира со 25 постигнати поени, пред Војдан Стојановски кој реализира 13 поени, додека Бојан Крстевски постигна 11 поени. Кај Грузијците очекувано блескаа Мекфејден со 24 и Шермандини со 13 поени и осум скока  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-povtorno-zagubi-od-gruzija/feed/ 0
Димитријевиќ: Сите веруваме во подобар исход од оној меч во Тбилиси https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dimitrijevikj-site-veruvame-vo-podobar-ishod-od-onoj-mech-vo-tbilisi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dimitrijevikj-site-veruvame-vo-podobar-ishod-od-onoj-mech-vo-tbilisi/#respond Sun, 27 Feb 2022 09:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=637380

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ е повторно дел од националниот тим. Не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година. Но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех на мечот против Грузија. „Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија. Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации. Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме “ - вели Димитријевиќ. foto: ekipa.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dimitrijevikj-site-veruvame-vo-podobar-ishod-od-onoj-mech-vo-tbilisi/feed/ 0
Јончевски: Шансите не се загубени https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-shansite-ne-se-zagubeni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-shansite-ne-se-zagubeni/#respond Sat, 26 Feb 2022 17:19:49 +0000 https://kurir.mk/?p=637227

Македонската  машка кошаркарска репрезентација утре во Скопје против Грузија ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2023 година и на мечот во арената Борис Трајковски имаме можност да ја забележиме првата победа во овој циклус. “Имавме најави дека на утрешниот натпревар ќе се вратат неколку важни репрезентативци како Димитријевиќ, Мекиќ, Ѓуроски… но освен Димитријевиќ кој е присутен на тренинзите, се уште не можеме да сметаме на останатите. Денешните тренинзи ќе ги искористиме за подетална анализа и спроведување на тактичките замисли за тоа што нè очекива во недела. Мислам дека шансите не се загубени, бидејќи со подобра игра од онаа во четвртокот, како и со триумф против Украина во јуни, можеме да се надеваме на пласман во следната фаза од квалификациите”, Александар Јончевски, првиот асистент на селекторот Драган Бајиќ кој поради позититен тест нема да може да ја предводи репрезентацијата на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-shansite-ne-se-zagubeni/feed/ 0
Кошаркарите на БиХ одбиваат да гостуваат во Литванија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-bih-odbivaat-da-gostuvaat-vo-litvanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-bih-odbivaat-da-gostuvaat-vo-litvanija/#respond Sat, 26 Feb 2022 08:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=636961

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина нема да патува на гостувањето во Литванија во меч од квалификациите за СП 2023 иако Светската кошаркарска федерација (ФИБА) им го отфрли барањето да се одложи мечот закажан за недела на 27 февруари, јавуваат медиумите од БиХ. Од Кошаркарскиот сојуз посочуваат дека патувањето во држава што се граничи со Русија и Белорусија, две земји што се вклучени во конфликтот во Украина, едноставно е преризично. „Никој не може да нe убеди дека ова не е вистинска одлука. Не е е време нашата репрезентација да оди во ризичен регион. Тоа е ставот на Сојузот, стручниот тим и на кошаркарите. Медимите јавуваат за вонредна состојба во Литванија. Не знаеме каква казна ќе донесат од ФИБА, но во моментот поважна е безбедноста на нашите кошаркари“, велат од Федерацијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-bih-odbivaat-da-gostuvaat-vo-litvanija/feed/ 0
Крстевски: Заслужена победа на Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/krstevski-zasluzena-pobeda-na-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/krstevski-zasluzena-pobeda-na-gruzija/#respond Thu, 24 Feb 2022 19:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=636221

Бојан Крстевски и честиташе на Грузија за победата во овој меч и ја анализираше играта на Македонија. „Честитки на Грузија за заслужената победа. Не бевме доволно агресивни. Тие најдоа решенија за нашата одбрана и начин да постигнат лесни поени. Ако се согледаат сите работи со младите играчи и без многу играчи, се покажавме добро. Жал ми е што на ниту еден натпревар не бевме комплетни, но тоа е шанса за младите да се докажат“, изјави Крстевски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/krstevski-zasluzena-pobeda-na-gruzija/feed/ 0
Јончевски: Кога ќе се согледаат проблемите со повреди, енергијата беше добра и задоволни сме https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-koga-kje-se-sogledaat-problemite-so-povredi-energijata-beshe-dobra-i-zadovolni-sme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-koga-kje-se-sogledaat-problemite-so-povredi-energijata-beshe-dobra-i-zadovolni-sme/#respond Thu, 24 Feb 2022 18:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=636220

И покрај поразот, заменикот на Бајиќ, кој го водеше тимот денес, Александар Јончевски го изнесе своето задоволство за енергијата на тимот. „Сакам да им честитам на ривалите за победата. Имаат искусни кошаркари, се обидовме да ги сопреме најдобрите нивни кошаркари МекФаден и Шермандини кои преземаа најмногу шутеви. Имавме енергија низ натпреварот, ама имаше ситуации кога моравме да одиграме подобро. Од друга страна, можам да кажам дека сме задоволни од енергијата, шест од овие играчи претходно немаа минути. Четворица првпат се во тимот. Кога ќе се согледаат проблемите со повреди, оние кои недостигаат и селекторот Бајиќ, енергијата беше добра и задоволни сме“, изјави Јончевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-koga-kje-se-sogledaat-problemite-so-povredi-energijata-beshe-dobra-i-zadovolni-sme/feed/ 0
Убедлив пораз на кошаркарите, овој пат од Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ubedliv-poraz-na-kosharkarite-ovoj-pat-od-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ubedliv-poraz-na-kosharkarite-ovoj-pat-od-gruzija/#respond Thu, 24 Feb 2022 18:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=636219

Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз во третото коло во квалификациите за пласман на СП 2023. По поразите од Шпанија и Украина, „црвено-жолтите“денеска се поразени на гостувањето кај Грузија со убедливи 91:70. Македонија на денешниот дуел настапи без неколку стандардни кошаркари, Дамјан Стојановски, Ѓуроски, Димитријевиќ, Магдевски, а беше лишена и за селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на коронавирус. Војдан Стојановски со 15 поени и Дамјан Робев со 13 поени беа најдобри кај „црвено-жолтите“, добра партија прикажа и Бојан Крстевски со 11 поени и 11скока. За одбележување е дебито на Андреј Митревски, кој постигна три поени, како и на Павел Данаиловски и Валмир Какруки, кои добија минути на теренот, но не се запишаа во листата стрелци. Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Мекфаден, беше најпрецизен кај Грузија со 26 поени, додека Шермандини имаше учинок од 20 поени и 15 скока. Следниот натпревар во квалификациите за СП 2023,кошаркарите ќе го играат в недела против истиот противник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ubedliv-poraz-na-kosharkarite-ovoj-pat-od-gruzija/feed/ 0
Грузија ќе не нападне без Шенгелија, но со Шермадини https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gruzija-kje-ne-napadne-bez-shengelija-no-so-shermadini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gruzija-kje-ne-napadne-bez-shengelija-no-so-shermadini/#respond Sun, 20 Feb 2022 16:33:28 +0000 https://kurir.mk/?p=634002

Грузискиот селектор Илијас Зурос го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за претстојните дуели против Македонија, во квалификациите за Светското првенство во 2023 година. На списокот има 16 играчи, а во тимот го нема кошаркарот на ЦСКА, Торнике Шенгелија. Рускиот гигант има натпревар и в четврток и в недела за кога се закажани дуелите меѓу Грузија и Македонија и тоа прво со Баерн, а потоа со Барселона. Први ѕвезди во грузиската селекција се кошаркарот на Тенерифе, Ѓорги Шермадини кој лани беше прогласен за МВП на сезоната во шпанското првенство и некогашниот играч на Карпош Соколи, Тед Мекфејден кој неколку години со голем успех игра во АЦБ лигата, прво во Бургос, а сега во Мурсија. Американецот со грузиски пасош беше член на Карпош Соколи три месеци во 2017 година кога почна пропаста на овој клуб, по што прво замина во Грција, па во Кина и потоа во Шпанија. Со Бургос два пати триумфираше во Лигата на шампионите на ФИБА и беше прогласен за МВП на завршниот турнир. На списокот има уште еден кошаркар кој настапуваше во Македонија, поранешниот играч на МЗТ Скопје, Георге Цинцадѕе, но тој беше член на клубот од Аеродром помалку од еден месец во 2014 година и не остави никаков впечаток. Конечниот список за првиот дуел со Македонија ќе биде објавен на ден пред натпреварот, а можно е за патувањето во Скопје да има и промени. СПИСОК НА КОШАРКАРИ Георге Цинцадѕе Ѓорги Шермадини Бека Бурјанадѕе Дуда Санадѕе Тед Мекфејден Михеил Беришвили Мераб Боколишвили Илија Лондаридѕе Бека Бекаури Ѓорги Корсантија Кахабер Јинчаридѕе Гиви Бакрадѕе Отар Пхакадѕе Лука Мазијашвили Акаки Двалишвили Николоз Гаприндашвили]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gruzija-kje-ne-napadne-bez-shengelija-no-so-shermadini/feed/ 0
Пораз на македонските кошаркари во Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-na-makedonskite-kosharkari-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-na-makedonskite-kosharkari-vo-ukraina/#respond Mon, 29 Nov 2021 18:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=601613

Машката кошаркарската репрезентација на Македонија одигра уште еден натпревар во рамките од квалификациите за пласмна на Светското првенство и претрпе пораз на гостувањето кај Украина со 78:61. Избраниците на Драган Бајиќ подобро го отворија натпреварот и постојано беа во водство во првото полувреме, нешто што не успеаја да го валоризираат во позитивен резултат на крајот. Во првата четвртина водевме и со шест разлика, додека во втората на два пати имавме позитива и од плус осум, за на полувреме да се замине со предност од четири поени. Украинците тотално се вратија после паузата и веќе во 23. минута за прв пат го презедоа водството на натпреварот и до крај не го испуштија. Резултатот постојано се зголемуваше во нивна корист, за на крај да слават со убедливи 17 поени разлика. Во селекцијата на Макеоднија имаше голем број технички грешки, кои и тоа како влијаеа на резултатот, а прескромна беше и реализацијата која беше околу 36%. Бојан Крстевски беше најефикасен во нашиот табор и единствен расположен на теренот со 14 поени, додека на 12 поени застана Џејкоб Вајли. Ова е втор пораз за репрезентацијата на Македонија, по првиот од Шпанија, додека Украина ја забележа својата прва победа откако претходно загуби од Грузија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-na-makedonskite-kosharkari-vo-ukraina/feed/ 0
Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Киев (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-go-odrabotija-prviot-trening-vo-kiev-fotogalerija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-go-odrabotija-prviot-trening-vo-kiev-fotogalerija/#respond Sun, 28 Nov 2021 20:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=601131

Машката кошаркарската репрезентацијата на Македонија го одработи единствениот тренинг во „Палатата на спортовите“ во Киев во пресрет на дуелот со селекцијата на Украина во рамки на квалификациите за Светското првенство 2023. Македонија на стартот беше поразена од Шпанија, па мечот со Украина е шанса нашите најдобри кошаркари да ја забележат првата победа во овие квалификации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-go-odrabotija-prviot-trening-vo-kiev-fotogalerija/feed/ 0