квалитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 08:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png квалитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodata-za-piene-vo-skopje-bezbedna-i-kvalitetna-3/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodata-za-piene-vo-skopje-bezbedna-i-kvalitetna-3/#respond Mon, 05 Jun 2023 08:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=842120

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Контролите се извршени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 мај 2023 до 01 јуни 2023 на 147 примероци за физичко-хемиска и примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. -Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodata-za-piene-vo-skopje-bezbedna-i-kvalitetna-3/feed/ 0
ЕК: Останува низок квалитетот на транспортната инфраструктура и трговската логистика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ek-ostanuva-nizok-kvalitetot-na-transportnata-infrastruktura-i-trgovskata-logistika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ek-ostanuva-nizok-kvalitetot-na-transportnata-infrastruktura-i-trgovskata-logistika/#respond Fri, 22 Oct 2021 05:26:52 +0000 https://kurir.mk/?p=583427

Квалитетот на транспортната инфраструктура и трговската логистика, според Извештајот на Европската комисија за напредокот на државава, останува низок. – На трансевропскиот патен „Коридор 8“ му треба значителна надградба на ниво на автопат. Во јуни 2021 година, вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид беше пролонгиран. Изградбата на железничкиот „Коридор 8“ кон Бугарија се соочува со значителни одложувања. Надградбата на прекуграничните железнички врски и олеснувањето на премините на железничкиот „Коридор 10“ се одвиваат со задоцнување. Заедничката железничка гранична станица со Србија кај Табановце се уште е во фаза на планирање. Одржувањето и услугата на регионалните и локалните патишта и железничките системи треба да се подобрат, се наведува во Извештајот. Генералната оценка на ЕК е дека во областа на транспортот државава е умерено подготвена, а постигнат е ограничен напредок, особено во врска со поврзувањето. Според ЕК, долги години за транспортниот сектор нема административен и оперативен капацитет и особено политичка определба да се исполнат потребните секторски реформи. Нема напредок во завршувањето на клучните реформи во секторот и остануваат препораките од претходните години. Во наредната година, Северна Македонија треба, особено да работи на зајакнување на оперативниот и административниот капацитет на инспекциските тела и на развивање на капацитетот за спроведување за намалување на жртвите во патната и железничката инфраструктура. Воедно, на спроведување на мерките за реформа за поврзување за реформа на железницата и отворање на пазарот за железнички транспорт. Исто така, и на воспоставување национален систем за континуирано собирање податоци за сообраќајни несреќи и финализирање на договори/протоколи за граничен премин. Европската администрација упатува и дека треба да се усвои законодавство за интелигентни транспортни системи (ИТС) и комбиниран транспорт, како и да се направат дополнителни напори за изработка на стратешка рамка за имплементација на ИТС и основните мрежи. Како што се наведува во Извештајот, во делот на општото транспортно законодавство веќе се воспоставени клучните стратешки документи за транспорт и неговите потсектори, а ограничен напредок се нотира во подготовката на акцискиот план на Националната стратегија за транспорт 2018-2030 година. – Оперативните и административните капацитети за сите видови транспорт остануваат слаби. Оваа поставеност го попречува правилното спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан во областа на транспортот. Законот за истрага за воздушни и железнички несреќи не е целосно имплементиран, независното тело за истрага на железнички несреќи не е формирано. Потребни се повеќе напори за спроведување на законодавството на ЕУ за правата на патниците за сите видови транспорт и целосно транспонирање на Директивата за интелигентен транспортен систем (ИТС) и воведување на релевантните национални закони. Стратегијата за ИТС со придружни ресурси се уште недостасува, се додава во документот. Правната рамка за патниот транспорт во голема мера е усогласена со правото на ЕУ. – Сепак, законодавството не е во чекор со промените во правото на ЕУ. Законодавството за опасни материи е усогласено со правото на ЕУ, но не е постигнат напредок во проценката на сообразност на постојната опрема за транспорт на опасни материи. Напредок е постигнат кон формирање извршно тело за безбедност во сообраќајот на патиштата. Потребни се повеќе напори за усогласување со правото на социјална заштита и безбедност, се наведува во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ek-ostanuva-nizok-kvalitetot-na-transportnata-infrastruktura-i-trgovskata-logistika/feed/ 0
Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/#respond Fri, 28 Feb 2020 08:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=309830

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по допрен глас во врска со увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината во периодот од крајот на 2018 до почетокот на 2019 година, бидејќи овој настан не ги исполнува елементите на кривичното дело. интегрален текст од соопштението на ОЈО Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево. По оформувањето на кривичниот предмет, надлежниот јавен обвинител издаде наредба – да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, увозник и дистрибутер на вакцината МРП, во смисла кога бил направен увозот на оваа вакцина, која количина била увезена, од кого и од каде била истата увезена, до кога бил рокот на употреба на увезените вакцини, дали етикетите на пакувањата од вакцините биле дополнително залепени, а доколку било така, од кои лица биле залепени и кои биле причините за тоа или пак вакцините биле доставени со залепени етикети, како и на други околности за набавка и дистрибуција на предметните вакцини. Проверки беа направени и во Агенција за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД, во поглед на извршениот увоз и дистрибуција на вакцината МРП. Притоа се испитуваше дали оваа Агенција извршила контрола врз увозот, дистрибуцијата и употребата на предметните вакцини, доколку бил извршен таков надзор, што било констатирано, дали биле констатирани евентуални неправилности во однос на „рокот на важност“ на вакцините, дали било констатирано кога се залепени етикетите на вакцините, а доколку евентуално биле дополнително залепени, кој го направил тоа и од кои причини, дали е дозволено евентуално такво дејствие од страна на увозникот на лекот, дали овие вакцини биле употребени, дали имало констатирано штетни последици од вакцините кај одделни пациенти, дали вакцини со евентуално дополнително залепени етикети може да бидат пуштени во промет, дали овие вакцини биле пуштени во употреба во Здравствените домови во Република Македонија, како и други релевантни околности. Едновремено, со Наредбата беше побарано да се извршат проверки и во Министерството за здравство како ресорно министерство, како и да се обезбеди релевантната писмена документација, која што се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата како и евентуалната замена на етикетите со рок на важност на вакцините, а документацијата за извршен надзор и евентуално констатирани неправилности и евентуални штетени последици од нив врз здравјето на пациентите да се обезбеди во оригинал или заверен препис за да може да се употреби како доказ во кривичната постапка. Дополнително надлежен јавен обвинител нареди да се обезбедат како материјален доказ и предметните вакцини и да се чуваат под соодветни услови, за да не дојде до нивно контаминирање, а заради целите на кривичната постапка. Основното јавно обвинителство Скопје се обрати и до Центарот за испитување и контрола на лекови со барање за податоци дали лекот е штетен по здравјето на луѓето и дали истиот може да биде употребуван кај пациентите односно пуштен во промет со лекови. На ваквото барање беше одговорено дека Центарот за испитување и контрола на лекови може да врши проценка на податоците само контактно надворешно во споредбена анализа со одобрениот примерок и дека овој Центар нема техничка можност за да спроведе лабораториско испитување на примерокот со цел утврдување на квалитетот. Со цел да се спроведе потребната лабораториска анализа, Основното јавно обвинителство Скопје преку Агенцијата за лекови и медицински помагала и Центарот за испитување и контрола на лекови, предметните вакцини кои беа обезбедени како доказ како и целокупната материјална документација потребна за изработка на вештачењето ја проследи до Paul Enrlich-Институтот од Ланген, Германија. Постапувајќи по Наредбата за вештачење на ОЈО Скопје, Центарот за испитување на лекови достави Извештај за проценка на пакување од 25.09.2019 година во кој е наведено дека лекот Priorix од производител GlaxoSmithKline Biologicals S.A-Ринсенсарт, Белгија со рок на употреба 05/2019, примен од Македонија Лек ДОО Скопје на 3.04.2018 година содржи неточни податоци на дополнителната налепница на македонски јазик, залепена на надворешното пакување, меѓутоа од наведеното несовпаѓање не може да се констатира дали конкретниот лек е штетен. Дополнително, со добиените резултати од испитувањето од Paul Ehrlich Институтот од Ланген, Германија се потврдува фармацевтскиот квалитет на лекот и констатирано е дека испитуваниот примерок на препаратот Priorix прашок и вехикулум за раствор за инјектирање во однос на испитаните параметри одговарал на барањата на спецификација на квалитет на производителот. Со оглед на тоа што по извршената стручна проценка и добиените резултати беше констатирано само надворешно несовпаѓање на податоците на налепницата кое не влијаело на квалитетот на лекот, надлежниот јавен обвинител одлучи дека пријавениот настан не ги исполнува елементите на кривичното дело – Про­из­водс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње од член 212 од Кривичниот законик, ниту на кое било друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност. Основното јавно обвинителство Скопје го извести Министерството за внатрешни работи и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ дека нема да преземе понатамошно кривично гонење за овој настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povlechenite-mrp-vakcini-bile-kvalitetni-nikoj-nema-da-odgovara-za-pogreshnite-podatoci-na-nalepnicite/feed/ 0
Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-kongres-za-kvalitet-i-bezbednost-na-hranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-kongres-za-kvalitet-i-bezbednost-na-hranata/#respond Wed, 13 Jun 2018 07:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=65236

Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам ќе се одржува од денеска до петок во Охрид. На конгресот ќе присуствуваат над 150 научници, истражувачи, експерти, како и претставници на владини и невладини претставници кои работат во областата на производството и преработката на храна, квалитетот и безбедноста на храната, нутриционизмот, хигиенското инженерство и дизајн, иновативните технологии и новите трендови во прехранбената индустрија. Конгресот се оджува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн и Иницијативата за глобална хармонизација. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-kongres-za-kvalitet-i-bezbednost-na-hranata/feed/ 0