Квинсленд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 07:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Квинсленд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шумски пожари беснеат во Австралија: Наредена евакација на жителите на Квинсленд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-avstralija-naredena-evakatsija-na-zhitelite-na-kvinslend/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-avstralija-naredena-evakatsija-na-zhitelite-na-kvinslend/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895158

Жителите на три области во северната австралиска држава Квинсленд денеска добија наредба да се евакуираат бидејќи шумските пожари излегле надвор од контрола. Пожарникарите, вклучително и оние кои пристигнаа од други делови на Австралија и Нов Зеланд, се борат со шумските пожари во државата во кои веќе загинаа две лица и уништија десетици домови. Жителите на две соседни области во близина на градот Далвеена денеска добија наредба итно да се евакуираат. Пожарите во областа ја зафатија и соседната држава Нов Јужен Велс на југ. Властите денеска издадоа и трето предупредување за евакуација на крајниот север на државата, во близина на Вотсонвил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-avstralija-naredena-evakatsija-na-zhitelite-na-kvinslend/feed/ 0
Три лица, од кои двајца полицајци, убиени во пукотница во Квинсленд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-od-koi-dvajca-policajci-ubieni-vo-pukotnica-vo-kvinslend/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-od-koi-dvajca-policajci-ubieni-vo-pukotnica-vo-kvinslend/#respond Mon, 12 Dec 2022 15:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=774508

Тројца мажи, од кои двајца полицајци, се убиени во пукање во затскриен имот во Квинсленд, во Австралија. Во моментот на пукањето, на имотот имало четворица полицајци, кои реагирале на пријава за исчезнато лице во Виамбила, јавува Би-Би-Си. Полицијата се уште не соопштува детали за тоа како дошло до пукањето. На прес-конференцијата само кажаа дека сторителите се во бегство, а локалните жители се советувани да останат во своите домови „до ново известување“. Катарина Керол, портпаролка на полицијата во Квинсленд, изјави дека е во тек голема полициска потрага во која се вклучени специјалните и воздухопловните сили. Таа додаде дека ова е најголемата загуба на животи во инциденти што се забележани во оваа земја во последно време и им оддаде почит на полицајците кои „ја поднесоа крајната жртва за нашата заедница да ја зачуваат безбедна“. Министерот за полиција на Квинсленд, Марк Рајан, го опиша инцидентот како „трауматичен и катастрофален настан за заедницата“. Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека ова е „ срцепарателен ден за семејствата и пријателите“ на полицајците од Квинсленд кои ги загубија животите додека ја извршуваа својата должност. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-od-koi-dvajca-policajci-ubieni-vo-pukotnica-vo-kvinslend/feed/ 0
АВСТРАЛИЈА: Поради само 5 нови случаи на коронавирусот Квинсленд можно е да оди во локдаун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-poradi-samo-5-novi-sluchai-na-koronavirusot-kvinslend-mozno-e-da-odi-vo-lokdaun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-poradi-samo-5-novi-sluchai-na-koronavirusot-kvinslend-mozno-e-da-odi-vo-lokdaun/#respond Sat, 11 Sep 2021 08:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=562273

Третата најнаселена австралиска држава, Квинсленд предупреди дека може да нареди итно затворање (локдаун) поради зголемувањето на бројот на случаи заразени со Ковид-19. Државата Квинсленд, во која живеат повеќе од пет милиони луѓе, објави дека е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени, пет нови инфекции во последните 24 часа, откако едно семејство од Бризбејн, главниот град на државата, е позитивно на коронавирусот. Властите соопштија дека следните денови ќе бидат критични и останува да се види дали затворањето е оправдано. – Ако видиме ширење на заразата, можеби ќе треба да преземеме многу брза акција. Но, во моментов тоа е кај едно семејство, рече премиерката Анастасија Палашчук. Австралиска држава Нов Јужен Велс, пак, во моментов е под блокада, во градовите Сиднеј, Мелбурн и Канбера. Нов Јужен Велс, кој беше под строг „налог за престој дома“ речиси три месеци, пријави 1.599 новозаразени, додека властите во соседна Викторија регистрираа 450 заразени, најголем еднодневен пораст на случаи во повеќе од година. Австралија регистрираше најмалку 2.054 новозаразени, што е зголемување во споредба со „рекордот“ претходниот ден кога имаше 1.903 случаи во целата земја. Досега има вкупно 73.000 заразени и 1.084 починати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-poradi-samo-5-novi-sluchai-na-koronavirusot-kvinslend-mozno-e-da-odi-vo-lokdaun/feed/ 0
Оваа држава има само 16 случаи на коронавирус, а планира да го продолжи карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-ima-samo-16-sluchai-na-koronavirus-a-planira-da-go-prodolzi-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-ima-samo-16-sluchai-na-koronavirus-a-planira-da-go-prodolzi-karantinot/#respond Wed, 04 Aug 2021 06:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=545892

Австралиската држава Квинсленд потврди 16 локални случаи на коронавирус, а властите предупредија дека затворањето на главниот град Бризбејн може да продолжи и по недела, доколку се кршат строгите ограничувања. Инфекциите со варијантата Делта го ставија Југоисточен Квинсленд во карантин, вклучувајќи го и Бризбејн и некои соседни региони, бидејќи властите се обидуваат да го спречат епидемискиот бран, што е најголем во периодот од повеќе од една година. Вицепремиерот на Квинсленд Стивен Мајлс побара од жителите да останат дома. „Секогаш кога некој ќе го напушти својот дом, ризикот од можно продолжување на заклучувањето се зголемува. Сега не е време за купување мебел за надвор, ќе има време пред летото да се купат лежалки“, рече Мајл. И најголемиот австралиски град Сиднеј, каде дневните инфекции достигнуваат рекордни нивоа, ќе биде затворен до 28 август. Воведени се строги ограничувања, а војската и помага на полицијата да ги спроведе правилата за затворање. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклиан рече дека државата треба да ја постигне целта од шест милиони дози вакцина до крајот на август, односно да ја вакцинира својата возрасна популација со најмалку една доза. Во Австралија околу 20 проценти од луѓето постари од 16 години се целосно вакцинирани против коронавирус. Од почетокот на пандемијата, Австралија потврди повеќе од 34.800 заразени и 927 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-ima-samo-16-sluchai-na-koronavirus-a-planira-da-go-prodolzi-karantinot/feed/ 0
Австралија: Расте бројот на новозаразени, построги мерки во Квинсленд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-raste-brojot-na-novozarazeni-postrogi-merki-vo-kvinslend/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-raste-brojot-na-novozarazeni-postrogi-merki-vo-kvinslend/#respond Mon, 28 Jun 2021 07:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=528733

Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите, со зголемена мерка за социјална дистанца воведена низ целата земја, која се бори против новото зголемување на бројот на инфекции од коронавирус. Во најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, за време на викендот беше воведен локдаун, како и во Дарвин на северот на земјата, додека здравствените власти се обидуваат да го спречат ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот. Во моментов со некоја форма на локдаун или рестрикции се опфатени повеќе од 10 милиони Австралијци, или две петтини од населението. Австралискиот Совет за национална безбедност денеска треба да одржи итен состанок поради зголемениот број нови инфекции низ целата земја. Во Квинсленд, властите ги повикаа жителите на неколку региони, вклучувајќи го и главниот град на државата, Бризбејн, да носат маски, дури и пред регулативата да стапи на сила вечерва на полноќ. Сиднеј вчера влезе во двонеделен локдаун за да се спречи ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, а во Западна Австралија повторно е воведена обврската за носење маски во затворен простор. Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот и забележа само 30.450 инфекции и 910 смртни случаи. Затворањата, социјалната дистанца и брзото пронаоѓање на контактите досега придонесоа за успехот на оваа земја во борбата против ширењето на инфекцијата, но делта варијантата на вирусот ги крена на нозе здравствените власти во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-raste-brojot-na-novozarazeni-postrogi-merki-vo-kvinslend/feed/ 0