кз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 14:04:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џолев: Требало да се внимава на тајмингот за измените во КЗ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/#respond Thu, 19 Oct 2023 14:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890850

Она што како фела го анализираме е дека требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни, изјави претседателот на Основен кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, во врска со измените на Кривичниот законик. На денешниот брифинг со новинари, Џолев посочи дека имало многу застарени предмети кои беа во финална фаза. - Ако станува збор за усогласување со ЕУ, тогаш многу е битен тајмингот. Во случајов имаше многу застарени предмети кои беа во финална фаза, дали требаше да се почека, не знам, рече тој. Според  Џолев, единствена придобивка од измените на Кривичниот законик, а се во правец на забрзување на постапките, е што ќе се смени стварноста надлежност. - Од пет член совет, сега ќе постапува судија поединец, што прилично ќе ја олесни работата на судот, бидејќи самиот судија ќе може да даде поголема динамика, да закаже повеќе рочишта. Нема да мора дополнително да се организира, да обезбедува судии поротници и други судии, рече тој. Според статистиката извадена од АКМИС за сите активни предмети по став 3 и 5 од членот 353 – „злоупотреба на службената положба и овластување“, која ја соопштија од Кривичен на денешниот брифинг, има 36 предмети за 197 лица, а колку од нив ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направи обвинителот. - За тие предмети, зависно од предлогот на обвинителот ќе одлучува судијата. Во најголем дел од предметите, освен членот 353, има и други членови, соопштија од судот. Од сите предмети на СЈО, како што дополнија, вкупно 21, сите кои започнуваат на буквата Т, плус „Насилство во Општина Центар“, 3 сѐ уште се судат. - Сите други имаат првостепена пресуда, а дел се правосилни, велат од судот. Дополнуваат дека за ниту еден предмет нема мериторна одлука, туку се враќани на повторно судење и апелираат да се престане да се вперува прстот во судството за тоа што некои од предметите се застарени, бидејќи, според нив, причината не е судството. - Се манипулира со јавноста дека судските постапки траат од седум до десет години. Предметите на СЈО започнаа на 1.1.2018 година, сега сме октомври 2023, обична математика ако се направи ќе видите дека не станува збор за постапки кои траат од седум до десет години, математиката е пет години, велат од судот. Според Кривичен, доколку Апелација постапувала мериторно, сега немаше да зборуваме за овие предмети. - Апелираме за мериторни одлучување на Апелациониот суд, велат оттаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски можеше да спречи измени на КЗ, но тој потрча да ги потпише и да им се додвори на Ковачевски и Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pendarovski-mozheshe-da-sprechi-izmeni-na-kz-no-toj-potrcha-da-gi-potpishe-i-da-im-se-dodvori-na-kovachevski-i-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pendarovski-mozheshe-da-sprechi-izmeni-na-kz-no-toj-potrcha-da-gi-potpishe-i-da-im-se-dodvori-na-kovachevski-i-ahmeti/#respond Wed, 18 Oct 2023 06:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=890099

Пендаровски можеше да спречи измени на КЗ, но тој потрча да ги потпише и да им се додвори на Ковачевски и Ахмети, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски експресно ги потпиша измените на КЗ, по налог на Ковачевски и Ахмети со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполмува командите на Ковачевски и Ахмети. Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pendarovski-mozheshe-da-sprechi-izmeni-na-kz-no-toj-potrcha-da-gi-potpishe-i-da-im-se-dodvori-na-kovachevski-i-ahmeti/feed/ 0
Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/#respond Mon, 18 Sep 2023 17:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=879222

Пред Владата на Република Северна Македонија денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери. Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, нагласуваат, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем. - Бараме да се врати правото, да се почитува како што треба и да има правда, изјави студентот, Лазар Симонов. Студентите бараат да се анулираат измените на Кривичниот законик кои беа донесени неодамна. Бараат, како што велат, правдата да ги стигне сите оние кои придонеле за огромната недоверба во правниот систем. Според нив, на Македонија ѝ е потребна нова генерација правници. - Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава, порачаа тие во најавата за протестот. Бараат одговорност и порачуваат да не се злоупотребува европското знаменце. - Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања. Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем, стои во најавата за протестот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
И Пендаровски експресно го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/#respond Thu, 07 Sep 2023 16:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=875794

Претседателот Стево Пендаровски, денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, известуваат од кабинетот на шефот на државата. - Со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот. Во тој дел измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се наведува во соопштението. Претседателот Пендаровски, како што се нагласува, очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот. Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан. Измените предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Милошоски до Пендаровски: Не го потпишувај законот за амнестија за криминалите на СДС и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-pendarovski-ne-go-potpishuvaj-zakonot-za-amnestija-za-kriminalite-na-sds-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-pendarovski-ne-go-potpishuvaj-zakonot-za-amnestija-za-kriminalite-na-sds-i-dui/#respond Thu, 07 Sep 2023 13:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=875763

Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија. Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието. Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-pendarovski-ne-go-potpishuvaj-zakonot-za-amnestija-za-kriminalite-na-sds-i-dui/feed/ 0
Демократски сојуз: Измените на КЗ е брутален напад на владеење на правото и класична амнестија на функционерите на СДСМ и на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/#respond Wed, 06 Sep 2023 18:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=875382

Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата. Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстават на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ. Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа. Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа. Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор. Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/feed/ 0
Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanata-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanata-na-krivichniot-zakonik/#respond Wed, 06 Sep 2023 17:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=875359

Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик. На гласањето му претходеше расправа во која опозициските пратеници изнесоа остри критики, обвинувајќи дека власта ги носи овие законски измени за да ги амнестира оние што го прекршиле законот. Како што истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и во овој случај се злоупотребува европското знаменце. Но, според заменик министерот за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ која им реплицираше, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ. -За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско занаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство, истакна Аврамовска - Мадиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanata-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0