Ла Палма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jul 2023 16:12:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ла Палма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шумски пожар на шпански остров, евакуирани најмалку 500 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhar-na-shpanski-ostrov-evakuirani-najmalku-500-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhar-na-shpanski-ostrov-evakuirani-najmalku-500-luge/#respond Sat, 15 Jul 2023 16:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=856978

Поради шумски пожар на шпанскиот остров Ла Палма наредена е евакуација на најмалку 500 луѓе, соопштија локалните власти. „Пожарот избувна рано утринава во шумска област во северниот дел на островот. Пламенот уништи најмалку 11 куќи“, изјави претседателот на Канарските острови, Фернандо Клавихо. Според него, „бројот на луѓе кои треба да бидат евакуирани може да достигне и илјада“. Четири хеликоптери и четири копнени противпожарни возила се на терен да го локализираат пожарот на островот, кој е дел од шпанскиот архипелаг на Канарските острови во близина на брегот на Западна Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhar-na-shpanski-ostrov-evakuirani-najmalku-500-luge/feed/ 0
ВИДЕО: Страшни снимки од ерупциите на вулканот во Ла Палма, лавата не запира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-erupciite-na-vulkanot-vo-la-palma-lavata-ne-zapira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-erupciite-na-vulkanot-vo-la-palma-lavata-ne-zapira/#respond Tue, 26 Oct 2021 08:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=585540

Ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма не запира. Имено, на социјалните мрежи се појавија снимки кои покажуваат дека вулканскиот конус пукнал, што предизвикало ново излевање на лавата. Стотина луѓе се евакуирани откако лавата навлегла подлабоко во нивниот град, а две теченија на лавата се споиле во едно. Иако најголемиот дел од островот со 85.000 жители не е погоден од ерупцијата, на западната страна лавата уништила животи и домови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-erupciite-na-vulkanot-vo-la-palma-lavata-ne-zapira/feed/ 0
Вулканот на Ла Палма исфрла парчиња лава во големина на трокатници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-na-la-palma-isfrla-parchinja-lava-vo-golemina-na-trokatnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-na-la-palma-isfrla-parchinja-lava-vo-golemina-na-trokatnici/#respond Sun, 10 Oct 2021 15:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=576599

Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма Ова следеше по серијата земјотреси што ја потресоа земјата, три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт (ИНГ). Во соопштението се наведува дека во текот на денот биле регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото имало јачина од 3,8 степени, а засегнати се селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо. „Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеха, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус. Колапсот на северниот дел од вулканот Кумбре Виеха предизвика ослободување на големи блокови материјал и појава на нови потоци што минуваат низ веќе евакуираните области“, пишува во објавата на Твитер на шпанското Министерство за национална безбедност. Лавата, чија температура достигнува 1.240 степени Целзиусови, ги уништи последните преостанати згради во селото Тодоке, објави Институтот за вулканологија на Канарските Острови. Од 19 септември, лавата уништи 1.186 згради и 493 хектари земја. Околу 6.000 луѓе беа евакуирани од своите домови на островот Ла Палма, кој има околу 83.000 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-na-la-palma-isfrla-parchinja-lava-vo-golemina-na-trokatnici/feed/ 0
Повторно затворен аеродромот на Ла Палма, вулканот одново еруптира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-zatvoren-aerodromot-na-la-palma-vulkanot-odnovo-eruptira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-zatvoren-aerodromot-na-la-palma-vulkanot-odnovo-eruptira/#respond Thu, 07 Oct 2021 12:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=574728

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма повторно беше затворен поради пепелта од вулканот, кој е активен речиси три недели. Научниците наведуваат дека натамошниот развој на ерупцијата е непредвидлив. Ерупцијата се смири претходните денови, но вулканот продолжува да исфрла лава. Во Ла Палма, еден од Канарските Острови со 85.000 жители, регистрирани се 16 земјотреси во претходните 24 часа, чиј интензитет не надмина 3,5 степени. Лавата принуди евакуација на повеќе од 6.000 луѓе и уништи повеќе од 600 куќи. Поради облак од пепел, аеродромот на островот беше привремено затворен и минатиот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-zatvoren-aerodromot-na-la-palma-vulkanot-odnovo-eruptira/feed/ 0
Лавата на Канарските Острови стигна до морето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/#respond Wed, 29 Sep 2021 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=569797

Лавата која избива од вулканот на канарскиот остров Ла Палма доцна синоќа стигна до морето, создавајќи потенцијално штетни гасови, поради кои жителите на околните градови се затвориле во своите домови. Десет дена по ерупцијата на вулканот, лавата синоќа полека почна да влегува во морето на брегот на Тазакорте. Камерите на локалната телевизија, поставени на брод на море, прикажаа како камења и оган влегуваат во водата, но поради мракот, не можело да се види пареа формирана со мешање на врела лава и студено море. Службата за вонредни ситуации на Канарските Острови ги повика жителите да се засолнат на безбедни места доколку се наоѓаат во таа област, во радиус од 3,5 километри. Вулканолозите велат дека гасовите можат да бидат штетни на два километра од местото каде што лавата влегува во морето. Вулканот се активира на 19 септември и нема човечки жртви. Ла Палма е еден од осумте Канарски Острови, шпанска територија покрај северозападна Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/feed/ 0
Лавата на Ла Палма, на Канарските острови, уништи 185 објекти и 153 хектари земјиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/#respond Wed, 22 Sep 2021 09:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=566776

Вулканска ерупција во Ла Палма, на Канарските Острови, уништи 185 згради, од кои 65 се приватни куќи, како и земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот. Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува весникот „Ла Вангардија“. Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан. Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма. Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами. По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта. Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови. Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/feed/ 0