ла верита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 18:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ла верита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дел од скандалите на Филипче – Борба за живот, за кислород https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/#respond Sun, 12 Sep 2021 11:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=562678

Низа скандали го одбележуваат раководењето на Венко Филипче со Министерството за здравство. Сомнителни тендери, висока корупција, скандали со пациенти се само дел од ситуациите на кои јавноста во изминативе години беше сведок. Пандемијата со коронавирусот особено на површина го извади лошото менаџирање со состојбата. Додека министерот Филипче и владата уверуваа дека состојбата е под контрола, граѓаните секојдневно преку медиумите и социјалните мрежи ги споделуваа своите негативни искуства. Додека Филипче уверуваше дека за секој граѓанин на кого му е потребна хоспитализација има слободен кревет и никој нема да биде вратен назад, граѓаните јавно говореа и сведочеа за личната или голготата на своите блиски. Од хоспитализација во болнички ходници, до наоѓање врски за да се дојде до медицинска помош во болнички услови. На голем дел вратите им беа затворани со образложение дека немаат место и беа препраќани и вртени низ болничките лавиринти. Наместо граѓаните на дело да го видат она во што надлежните ги уверуваа, голем дел мораа сами да се снаоѓаат со лекови, кислород. Пропусти се правеа и во навидум добрата организација во следењето на кластери. Надлежните не најдоа решение како да дојдат до податоците од оние граѓани кои одбиваа да ги кажат своите контакти или даваа лажни податоци. Граѓаните бурно реагираа и на ненавременото носење на рестриктивните мерки, како и на носењето на несоодветни мерки во даден период. Она што е еден од поголемите пропусти кога станува збор за коронакризата е немањето вакцини. Додека сите држави набавуваа и наоѓаа начини да дојдат до вакцина повеќе за своите граѓани, Владата и Министерството за здравство потфрлија. Јавноста добро памети дека вакцинацијата во Македонија започна благодарение на донираните вакцини од соседна Србија. И обидот за набавка на вакцини од Кина не помина без скандал Италијанскиот весник „Ла Верита“ во март годинава објави писма и документи за набавката на вакцини од Кина. Весникот пишуваше дека кинеската компанија ја откажала зделката плашејќи се од измами, бидејќи според објавите на „Ла Верита“ Заев одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг. Во официјалните изјави на Заев и Филипче, кои неколку пати го најавуваа доаѓањето на кинеските вакцини во Македонија, истакнува дека причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата. Заев тогаш потврди дека се обиделе преку поинаков пат да дојдат до вакцини, но негираше лоши намери или незаконско дејствување. -Негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување, зашто во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали. Јас ја информирав јавноста, и министерот за здравство информираше дека после две недели чекање на активности на кинеската амбасада, ние директно преку ‘Синофарм’ не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку кинеската амбасада, рече во март Заев. Во тој период и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста излезе со информаци дека власта платила екстремно висока цена за набавка на 200 илјади кинеските вакцини Синофарм. Тој објави и документи, според кои, како што вели, вакцините од Синофарм чинеле 7,8 милиони долари. Тоа, според Мицкоски, е двојно повеќе од продажната цена на вакцините. -Со овој документ се потврдува целата афера околу обидот на македонската влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Стабри“. Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонг Конг и уплатила 7.8 милиони долари, со што излегува дека една вакцина од кинеските „Синоифарм“ би чинеле 65 долари, истакна тогаш Мицкоски на брифинг со новинари. Борба за живот, за кислород За несоодветното менаџирање и справување со коронакризата сведочеше и младата Михаела која ја загуби својата мајка. 41 годишната жена се лекувала во штипската болница од коронавирус, а Михаела објавувајќи ги пораките од својата мајка по нејзината смрт истакна дека жената молела за кислород. - Во периодот од 7:00 – 8:00 на 14.11.2020 по повторно милион обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде“. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва. Се помиривме со сето ова. Судбина. Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација. Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа мои зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини неуспешни обиди да го добие дежурниот медицински персонал. Сите повици во кои мајка ми се обидела да добие помош, да добие кислород за да диши, но секако, никој не ја удостоил со одговор. Клучната ноќ, по нашиот последен „нормален“ разговор мајка ми се обидувала да добие помош со 10 повици од 20:23 – 20:29. Има и две молби за шанса за живот од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” и ,, Боца кислород треба горе во четворката “. Мајка ми нема да ја вратиме, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе никогаш нема да моли за шанса да живее, напиша тогаш Михаела на нејзиниот Фејсбук профил. Инспекциска контрола беше испратена во болница за да го испита случајот и утврди дека пациентката била лекувана според предвидените протоколи. Еден во низата скандали во македонското здравство беше и случајот со родилката Јилдиз Веапоска. Цела македонска јавност беше згрозена и шокирана од скандалот со струшката болница каде што родилка од Дебар остана без три органи, а случајот шест месеци се заташкувал. 28 годишната медицинска сестра во Брза Помош, цели 4 дена ги поминала во вистинска агонија во болницата во Струга пред докторите воопшто да се решат да проверат зошто тукушто породената мајка има толку силни болки во стомакот. Иако постојано се жалела дека не се чувствува добро, докторот Асани три дена по породувањето и донел отпусно писмо и и рекол дека е подготвена за дома. Само што го повикала сопругот, ситуацијата и се влошила.Влезот во операционата сала е последното нешто нашто се сеќава. По 10 дена во кома се разбудила наскопските клиники кога дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег. Во домот на Д-р Мухамед Асани беше откриена нерегистрирана гинеколошка ординација на д-р Асани и за неа нема никаковдокумент. Комисијата која го испитуваше случајот, составена по налог на министерот Филипче, утврди дека не се констатирани неправилности, пропусти и недостатоци во нејзиното лекување. Веапоска и нејзиното семејство најавија дека правдата ќе ја бараат по судски пат. Додека често властите го вперуваа прстот кон граѓаните за непочитување на мерките, јавноста сведочеше и медиумите пишуваа за луѓе кои остануваа инвалиди или ја губеа борбата за живот. Инспекциите, тие констатираа работа на здравствените институции според протокол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/feed/ 0
Филипче и Заев без одговор за фантом фирмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zaev-bez-odgovor-za-fantom-firmata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zaev-bez-odgovor-za-fantom-firmata/#respond Fri, 12 Mar 2021 10:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=481196

Два дена по скандалот кој го објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за набавката на кинеските вакцини „Синофарм“ која се обидела да ја направи Македонија, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче без одговор. Весникот објави дека кинеската компанија го вратила авансот поради нерегуларен пат на набавка на вакцината, односно поради внешување на фантом компанија. Претходно македонските власти објаснија дека авансот е вратен поради усогласување на документацијата. „Ла Верита” во средата објави дека има докази од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами”. Во текстот весникот наведе дека Заев бил првично одбиен од Пекинг поради тоа што одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг. -Но, кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. „Ла Верита“, меѓутоа, дојде до две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот. Заев во средата потврди дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против Ковид-19. Негираше дека имал лоши намери и незаконски дејствија, оправдувајќи ги постапките како начин на Владата час поскоро да дојде до вакцини, кои граѓаните се уште ги немаат. Тој рече дека Владата се обидела на секој начин да дојде побрзо до вакцини за граѓаните. Следниот ден „Ла Верита“ ги објави писмата на министерот Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“. Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани. Писмата на Филипче до Пекинг, и тоа од 25 декември 2020 и од 25 јануари 2021 година, оделе преку фирмата „Старби интернешнл“ (Starbi International) во Хонг Конг. Фирмата е основана во 2017 година, само 5 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев и нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Компанијата, која има тројца вработени, е регистрирана во Самоа, островска држава во Тихиот Океан каде не се плаќаат даноци за трансакции. Потоа компанијата била регистрирана и во Хонг Конг. На интернет страна која посредува за офшор компании и меѓународни бизниси се наведува дека Самоа обезбедува поволен даночен систем особено за меѓународните бизниси. Во комбинација со многу привлечни деловни стимулации, островската земја е едно од најдобрите места за формирање офшор компанија. Странските компании кои работат таму се ослободени од сите даноци на приход. Покрај тоа, многу други локални даноци и такси се исто така отстранети за странски инвеститори, имено данок на капитална добивка, марки на марки, дивиденди, заработка или камати од надвор од Самоа. Даночната политика на Самоа е дизајнирана да им помогне на меѓународните бизниси да го извршат најдоброто од себе со ниски оперативни трошоци. Покрај тоа, владата на Самоа исто така ги поддржува странските инвеститори со различни деловни стимуланси и придобивки. Предностите што ги нуди вклучуваат: Нема годишно известување, сметководство или какви било барања за финансиска ревизија, Нема потребен капитал при основање компанија, Владините такси за деловно работење се релативно ниски, Нема контрола на девизи на какви било валути, Силно законодавство за заштита на средства, Комплетна политичка, економска и социјална стабилност, се наведува во описот на интернет страната. Се обидовме по регуларен пат, но не успеавме. Се обидовме по алтернативен пат и потпишавме договор за вакцини. Но, кинеските власти ни сугерираа дека треба да се вратиме на регуларниот пат. Вака накусо вчера звучеше одговорот на Филипче кој се обиде да објасни што се случило со набавката на кинеските вакцини и зошто истите се уште ги нема. По иницијалните обиди да направиме директен контакт со фабриката во што не успеавме, појасни министерот, побаравме помош од некои наши кинески компании тука во земјава активни што работат „Пауер Чајна“, понатаму „Синохидро“ кои ни укажаа на некои компании кои може да не спојат и тоа даде резултат. – За време на тие разговори во меѓувреме беше потпишан договор, се вклучи и нашата Амбасада во Кина која за тоа го извести и тамошното МНР од каде ни укажаа дека тоа не е патот по кој треба да одиме и дека треба да го пратиме оној регуларен пат по кој на почеток се обидовме, но за жал немаше резултати и заради тоа сакајќи целата постапка да ја забрзаме најдовме еден алтернативен начин. Не станува збор апсолутно за ништо незаконски, за ништо нерегуларно. Не станува збор за некакви провизии и за било што за што овие денови ме обвинува опозицијата, потенцира Филипче. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека информацијата на италијанската „Ла Верита“ околу вакцините, каде што објавија околу скандалот на министерот Венко Филипче за набавка на кинеските вакцини треба да се проверат до крај. Со реакција за случајот излезе и претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. -Ќе видиме дали Антикорупциската ќе постапува, ние се договоривме да ги прибереме сите информации кои се поврзани со веста која излезе во медиумите со набавката на вакцините, откако ќе ги собереме информациите ќе видиме дали постојат елементи којшто би бил во надлежност на нашата комисија, истакна Ивановска за Сител телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zaev-bez-odgovor-za-fantom-firmata/feed/ 0
Милошоски: Писмата кои ги објави „Ла Верита“ ја докажуваат нетранспарентноста на министерот за здравство и на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pismata-koi-gi-objavi-la-verita-ja-dokazuvaat-netransparentnosta-na-ministerot-za-zdravstvo-i-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pismata-koi-gi-objavi-la-verita-ja-dokazuvaat-netransparentnosta-na-ministerot-za-zdravstvo-i-na-vladata/#respond Thu, 11 Mar 2021 12:31:28 +0000 https://kurir.mk/?p=480771

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денес одговараше на новинарско прашање, во кое од него беше побаран коментар за писмата што ги објавуваат деновиве „Ла Верита“. -Сметам дека овие писма кои што беа објавени од споменатиот странски медиум само ја докажуваат нетранспарентноста на министерот за здравство и на Владата. Зошто? Првата лага која што ја имаше господинот Зоран Заев, во јануари тврдеше дека не размислува за вакцини од истокот, а во исто време знаел дека во декември министерството за здравство преку фантом фирмата „Старби Компани“ се обидува на еден контроверзен начин да набави вакцини од Кина и да профитира на тие вакцини. По што следува одбивањето од кинеската страна која што се сомнева дека станува збор за некоја матна зделка и не сакаат да учествуваат во такви едни провизии. Затоа сметам дека објавените писма само се одговорност плус за министерството за здравство да каже дали има преддоговор со оваа фантом фирма, од каде министерот Филипче знаел за оваа фирма, дали го познава директорот, дали знае дека оваа фантом фирма има само тројца вработени, и дали ќе ги објави сите документи поврзани со оваа фантом фирма каде што провизиите биле поважни од набавката на вакцини. И апелираме уште еднаш до Јавното обвинителство да се вклучи во истрага за ова бидејќи ова е сериозен сомнеж за злоупотреба службена должност на сметка на здравјето на граѓаните, каде што државата трчала по провизии преку фантом фирма, уплатила и одреден аванс, кој што потоа бил вратен, а се уште немаме вакцини, а имаме многу заболени и многу жртви, рече тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pismata-koi-gi-objavi-la-verita-ja-dokazuvaat-netransparentnosta-na-ministerot-za-zdravstvo-i-na-vladata/feed/ 0
Филипче: Не успеавме по регуларен, па се обидовме по алтернативен пат да дојдеме до кинеските вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspeavme-po-regularen-pa-se-obidovme-po-alternativen-pat-da-dojdeme-do-kineskite-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspeavme-po-regularen-pa-se-obidovme-po-alternativen-pat-da-dojdeme-do-kineskite-vakcini/#respond Thu, 11 Mar 2021 12:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=480743

Се обидовме по регуларен пат, но не успеавме. Се обидовме по алтернативен пат и потпишавме договор за вакцини. Но, кинеските власти ни сугерираа дека треба да се вратиме на регуларниот пат. Вака накусо звучеше одговорот на министерот за здравство Венко Филипче кој се обиде да објасни што се случило со набавката на кинеските вакцини и зошто истите се уште ги нема. Реакцијата на министерот доаѓа по објавите во италијанскиот весник „Ла Верита“ кој обзнани дека Македонија се обидела да дојде до вакцини од кинеската „Синофарм“ преку фантом фирма која нема фармацевтско портфолио. -Вроди со плод, договорот беше потпишан, но од кинеското Министерство за надворешни работи ни беше укажано дека тоа не е патот по кој треба да одиме и дека треба да го пратиме оној регуларен пат. Во обид да дојдеме до вакцини се обидовме со алтернативен начин, не станува збор за незаконски и нерегуларно, и за никакви провизии, истакна Филипче. Министерот ја обвини опозицијата дека се обидува да го наруши процесот на вакцинација. -Во момент кога вакцинацијата треба да продолжи во нашата земја. Со ова опозицијата се обидува да го наруши угледот, да го компромитира процесот и со тоа да го загрози процесот на продолжување на имунизацијата, вели Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче кажа дали и кога ќе пристигнат кинеските вакцини. -Се уште го чекаме тајмингот по овој пат кој го сугерираше кинеското МНР, повторно за количина од 200.000 дози, нагласи министерот за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspeavme-po-regularen-pa-se-obidovme-po-alternativen-pat-da-dojdeme-do-kineskite-vakcini/feed/ 0
Објавени писмата на Филипче: Строго се фаворизирала фантом фирмата „Старби“ во Хонг Конг која нема фармацевско порфолио https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/#respond Thu, 11 Mar 2021 07:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=480503

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска ги објави писмата на министерот за здравство Венко Филипче. Писмата на Филишче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021. Не е познато оваа компанија колку вработени има, доколку ги има воопшто. Според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата Stabri е регистрирана во 2017 година, само 5 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев. -Следствено на објавената анализа вчера од „Ла Верита“, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници. „Ла Верита“ ги поседува писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг, стои во текстот објавен во италијанскиот весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/feed/ 0
„Ла Верита“ ги објави писмата на Филипче: Ја ослободил „Синофарм“ од одговорност при евентуални последици од вакцината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-gi-objavi-pismata-na-filipche-ja-oslobodil-sinofarm-od-odgovornost-pri-eventualni-posledici-od-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-gi-objavi-pismata-na-filipche-ja-oslobodil-sinofarm-od-odgovornost-pri-eventualni-posledici-od-vakcinata/#respond Thu, 11 Mar 2021 07:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=480491

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска продолжува да објавува детали во врска со набавката која Македонија се обиде да ја направи за кинеските вакцини. Весникот објавува писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“. Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани. -Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишува на „Ла Верита“. „Ла Верита“ вчера објави дека авансот од кинеска страна за вакцините бил вратен бидејќи набавката требало да се изврши преку фантом фирма, со седиште во Хонг Конг, која немала стабилни темели, но имала големи финансиски депозити во германската „Дојче банк“. Заев вчера потврди дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против Ковид-19. Негираше дека имал лоши намери и незаконски дејствија, оправдувајќи ги постапките како начин на Владата час поскоро да дојде до вакцини, кои граѓаните се уште ги немаат. Тој рече дека Владата се обидела на секој начин да дојде побрзо до вакцини за граѓаните. Писмата на Филипче до Пекинг, и тоа од 25 декември 2020 и од 25 јануари 2021 година, оделе преку фирмата „Старби интернешнл“ (Starbi International) во Хонг Конг. Фирмата е основана во 2017 година, не се знае колку вработени има, а нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-gi-objavi-pismata-na-filipche-ja-oslobodil-sinofarm-od-odgovornost-pri-eventualni-posledici-od-vakcinata/feed/ 0
Нема вакцини затоа што Филипче протежирал фантом фирма од Хонг Конг – која е фирмата поради која владата на Заев била одбиена од Кина? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vakcini-zatoa-shto-filipche-proteziral-fantom-firma-od-hong-kong-koja-e-firmata-poradi-koja-vladata-na-zaev-bila-odbiena-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vakcini-zatoa-shto-filipche-proteziral-fantom-firma-od-hong-kong-koja-e-firmata-poradi-koja-vladata-na-zaev-bila-odbiena-od-kina/#respond Wed, 10 Mar 2021 07:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=479903

Официјален Пекинг авансот за кој што беше уплатен од страна на македонските власти го вратил бидејќи набавката не вакцините требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, пишува италијанскиот весник „Ла Верита“. -Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот, пишува весникот. До поништување на процесурата за набавката на кинески вакцини дошло откако првичните анализи покажале дека фирмата нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, а била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг. -Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот, пишува „Ла Верита“. За потсетување, според официјалните изјави на премиерот Заев и Министерството за здравство причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vakcini-zatoa-shto-filipche-proteziral-fantom-firma-od-hong-kong-koja-e-firmata-poradi-koja-vladata-na-zaev-bila-odbiena-od-kina/feed/ 0
„Ла Верита“ открива нов скандал за владата: Кина го одбила Заев за вакцини бидејќи одел преку посредник фантом фирма со седиште во Хонг Конг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkriva-nov-skandal-za-vladata-kina-go-odbila-zaev-za-vakcini-bidejkji-odel-preku-posrednik-fantom-firma-so-sedishte-vo-hong-kong/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkriva-nov-skandal-za-vladata-kina-go-odbila-zaev-za-vakcini-bidejkji-odel-preku-posrednik-fantom-firma-so-sedishte-vo-hong-kong/#respond Wed, 10 Mar 2021 07:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=479892

Италијанскиот весник „Ла Верита“ открива нов скандал со вакцините на Зоран Заев и Венко Филипче. Овој пат во нов текст насловен "Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините. "Ла Верита" ги има доказите од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами", весникот кажува дека Заев бил првично одбиен од Пекинг поради тоа што одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг. -Но, кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. „Ла Верита“, меѓутоа, дојде до две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот. За потсетување, според официјалните изјави на премиерот Заев и Министерството за здравство причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkriva-nov-skandal-za-vladata-kina-go-odbila-zaev-za-vakcini-bidejkji-odel-preku-posrednik-fantom-firma-so-sedishte-vo-hong-kong/feed/ 0
„Ла Верита“ со нови моменти во подзаборавената афера за фалсификувани лични карти: Захир Бекири Чауш и Зоран Заев биле партнери во криминалот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/#respond Thu, 30 Jan 2020 11:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=296871

Најновите документи за изборниот поткуп и измами кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, а се однесуваат на изборите во 2014 година и активностите на Зоран и Вице Заеви заедно со струмичкиот клан, повторно го отворија и прашањето за вмешаноста на Зоран Заев во обидите да се фабрикува афера за фалсификувани пасоши и лични карти за кои пишуваше неделникот Фокус во 2014 и 2015 година. Транскриптите од следената комуникација со посебни истражни мерки покажуваат дека Заев и осудуваниот криминалец Захир Бекири Чауш имале блиска комуникација во врска со купувањето гласачи во 2014 година, но доказот за оваа блискост потсети и на прашањето дали дел од планот на Заев бил додека тргува со гласови паралелно да креира и афера во која јавноста ќе ја замајува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која прави изборен криминал, а не самиот тој? Во транскриптите од Основното Јавно Обвинителство за изборниот криминал на Заеви, а кои беа објавени од Ла Верита стои како Заев му наложува на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ - Српче да контактира со Захир Бекири Чауш во врска со „некои важни документи“, после што и му го праќа на Српче бројот на Чауш. Српче го известува Заев дека исконтактирал со Чауш, а Чауш наложува на Заев да му се јави на командант Баци од Тетово бидејќи имал да испорача минимум 5000 гласови и бил човек од кого се плашеле и Тачи и Ахмети. Оваа комуникација ја докажува директната поврзаност на Заев со Чауш, која досега јавноста ја оценуваше само со помош на една слика од кабинетот на Заев, како и со неговото јавно признание дека Чауш е член на СДСМ. Но овие транскрипти потврдуваат дека Заев и Чауш комуницирале и во врска со изборен криминал.
НЕУСПЕШНО ФАБРИКУВАНА АФЕРА ВО ПРОДУКЦИЈА НА ЗАЕВ И ЧАУШ ЗА КОЈА ЗАЕВ Е ПОВТОРНО АМНЕСТИРАН
Да се потсетиме на самите почетоци на аферата за т.н. фалсификувани пасоши и лични карти која ја објави Фокус. Новинарот Љубиша Арсиќ во ноември 2014 година објави текст за постоење на некаква тајна фабрика за изработка на пасоши кои ги злоупотребува тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај текстот, Арсиќ и Фокус како „доказ“ објавуваат видео кое наводно треба да го докаже постоењето на оваа „фабрика за пасоши“. На почетокот на снимката гласот пред да започне да зборува прашува „Може?“. Откако веројатно добива потврда дека камерата снима, има тишина од 10-тина секунди после кои започнува со својот монолог кој е кажан како да им дава инструкции на повеќе луѓе кои наводно работат во фабриката за пасоши и лични карти на ВМРО-ДПМНЕ. „Ајде ти, ти, то, то, ајде работи, ајде дотерувај ги работите, нека ода работите таму, шо е то? Не ги шајкам ич, ајде терај, знајш шо треба да работиш, ајде, вози“ - ова е дел од режираниот говор кој човекот го започнува невообичаено, одненадеж и по чие завршување повторно има чудна невообичаена тишина. Веднаш по пишувањето на Фокус за оваа т.н. „тајна фабрика“, самиот Зоран Заев јавно зборуваше за видеото, како дел од пошироката слика која се обидуваше СДСМ да ја прикаже дека поразот на изборите во 2014 од 200.000 гласа разлика бил „украдена победа за СДСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, а фалсификуваните пасоши се дел од оваа изборна измама. Фокус не застана тука. Една година подоцна, во ноември 2015 истиот новинар пишува нов „ексклузивен текст“ за навоно фалсификувани лични карти, кој се доведува во поврзаност со написот од ноември 2014 година - односно, покрај пасоши сега има и лични карти кои на Арсиќ му ги доставил анонимен извор. Со ова за авторите на сценариото им се чини дека сцената е добро изрежирана и дека јавноста ќе биде убедена во приказните на СДСМ за изборниот пораз. Како „поддршка“ на лажните информации кои (свесно или несвесно) ги пласираше Арсиќ, тој за „истрагата за пасошите“, и покрај видеото кое го имаше како наводен „доказ“, доби и две награди, кои како да имаа за цел да ја верифицираат точноста на наводите на новинарот. И можеби СДСМ ќе успееше во ова, доколку институициите во март 2016 година не извршија претрес на повеќе локации меѓу кои и во домот на Захир Бекири Чауш и при претресот се утврди дека тепихот од видеото на Фокус е ист како во домот на Чауш, а биле пронајдени разни предмети за кои постои сомнение дека биле користени за фалсификување на документи. Покрај ова пронајдени се панцири, оружје, куршуми, разни документи како и хард диск со 70.000 прислушувани разговори.
ЗАЕВ И ЧАУШ САКАЛЕ ДА ПЛАСИРААТ АФЕРИ И ЗА БУГАРСКИ ПАСОШИ И ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ?
При акцијата во домот на Чауш и неговото семејство, запленети се и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, лажни обрасци од банкарски трансакции со банки во Швајцарија, а пронајдена беше и база на податоци со украдени лични идентитети на повеќе од 120 илјади граѓани. Ова упатува на можни планови на сценаристите на неуспешната афера покрај за „изборна измама“ со пасошите и личните карти, на сличен начин, можеби кај истиот новинар на Фокус, да пласира лажни афери и за бугарски пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ, како и лажни швајцарски сметки на милионски суми. Потоа, за очекување е дека Заев, СДСМ и нивните пропагандисти ќе сееа магла меѓу јавноста дека не само што ВМРО-ДПМНЕ украло избори, туку и пари, како и дека имаат бугарски пасоши, со што ќе се црташе сликата за „криминалните непатриоти“ со цел да се одоброволи јавноста за новата власт на СДСМ која доаѓа „да го реши името“. После разоткривањето дека не ВМРО-ДПМНЕ, туку членот на СДСМ Захир Бекири Чауш го вршел фалсификувањето на личните документи и банкарски налози, дури и новинарот Арсиќ призна дека можеби бил доведен во заблуда. Но и покрај ова, наградите кои ги доби за лажната сторија нне беа ниту повлечени, ниту тој ги врати на оние кои му ги доделија.
ЛА ВЕРИТА ГО ДАДЕ ПОТРЕБНИОТ ДОКАЗ ДЕКА ЗАЕВ ИЗМИСЛУВАЛ АФЕРИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ?
Искуствата од објавените т.н. „бомби“ години подоцна јасно и недвосмислено потврдуваат дека нелегално прислушуваните материјали кои ги објавуваше Заев имаа пропагандистичка улога, со цел да ја доведе јавноста во заблуда и на негова страна, создавајќи ја сликата која му одговара со јавна презентација на селектирани и сечени материјали. Се чини дека по истиот принцип се обидел да го стори истото и со помош на Захир Бекири Чауш, но јавноста освен една слика на која се заедно Заев и осудуваниот Чауш, немаше доказ дека двајцата имале потесна соработка. Се знаеше единствено дека сопругата на Чауш била вработена во Паркинзи на општина Центар, кои тогаш ги раководеше денешниот градоначалник Саша Богдановиќ - Српче. Со новите докази кои ги објави Ла Верита, „коцките си доаѓаат на своето место“. Токму Српче е дел од комуникациската тројка со Заев и Чауш која зборува за „важни документи“ и за купување 5000 гласови на изборите со помош на командант на УЧК. Но, оваа комуникација докажа и дека Заев и Чауш се толку блиски соработници, што зборуваат за извршување на изборен криминал. Па така, логично е реторичкото прашање „Дали ваква комуникација и планирање имале и за аферата за пасоши и лични карти?“ односно дали тој обид за сценирање афера не бил координиран во директна комуникација со Заев, како и при разговорите за 5000 гласови со помош на командант Баци.
САМО ЗА ВИЛМА РУСКОСКА НЕМА КРИМИНАЛ И НЕ ГО ГЛЕДА ОНА ШТО Е ЈАСНО ЗА СИТЕ
Но и покрај овие докази за изборен поткуп, фалсификат и тежок криминал кој носи многу години во затвор, за шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, такви докази не постојат, па таа го затвора случајот во 2018 година и не подига обвинение. Рускоска, новиот обвинителски пулен на Заев, ќе каже без трошка двоумење, дека случајот го затворила бидејќи немала докази иако истите се прибавени со посебни истражни мерки, односно се снимени разговори и „фатени“ смс пораки кои потоа се преточени во транскриптот кој го објавува Ла Верита. Тоа значи дека сето она кое стои во документите на Ла Верита е директно раскажување на разговори, а и за невештото око се гледа дека во досега објавените документи има не доволно туку премногу докази за сторени тешки кривични дела. Но, такво кривично дело е и непостапувањето по вакви индиции. И за такво дело со однесувањето во овој случај се квалификува токму Вилма Рускоска.
РАЗОБЛИЧЕНА ПРОПАГАНДАТА НА СДСМ: ПРАВЕЛЕ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ, А ГО ОБВИНИЈА ВМРО-ДПМНЕ СО ГОЛЕМ ОБИД ДА СЕ ИЗМАМИ НАРОДОТ
Еден факт сепак останува несоборлив: вистината навистина е како шило и секогаш, порано или подоцна, си го наоѓа својот пат до јавноста. Во времето на бомбите Заев најавуваше дека ќе се дознаела вистината за Диво Насеље, Тамара, Нешковски, Смилковско Езеро, Младенов... Години подоцна, со СЈО и ОЈО по мерка на Заев, Диво Насеље останува таму каде што беше, на судењето за смртта на Тамара сведоштва говорат тотално различна приказна од она што го говореше СДСМ, убиецот на Нешковски беше пуштен на слобода, па избега, осудените за убиството на Смилковско езеро се исто така на слобода, а сопругата на Никола Младенов потврди дека новинарот загина во трагична сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина. Денес може да се каже дека и блиската криминогена соработка меѓу Заев и Чауш е факт, а може со голема веројатност да се претпостави дека токму од оваа соработка произлезе и обидот да се излаже цела Македонија со т.н. „афера за пасоши и лични карти“ дека некој друг, а не СДСМ прави изборен криминал, поткуп, закани и уцени поради кои во регуларна правна држава учесниците во тој криминал ќе минат долги години зад решетки. Но, во таква држава треба да има обвинител кој пред ваквите докази нема да замижува и да ги затвора случаите на Заев, еден по еден, како што го стори и во случајот „Поткуп“. За несреќа на Заев и Рускоска, ваквите дела не застаруваат толку бргу, а доказите, како што гледаме, ги има се повеќе и повеќе...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/feed/ 0
Анализа: „Ла Верита“ обелоденува криминали, Заев „мува не го лази“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-obelodenuva-kriminali-zaev-muva-ne-go-lazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-obelodenuva-kriminali-zaev-muva-ne-go-lazi/#respond Wed, 29 Jan 2020 12:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=296238

Италијанскиот весник „Ла Верита“ минатата година го откри најголемиот скандал во историјата на Македонија. Скандалот наречен „Рекет“ во кој можевме да видиме и да слушнеме криминал од највисок ранг. Во случајот „Рекет“ е вмешана, а од неодамна и обвинета поранешниот специјален јавен обвинител, Катица Јанева. Од видеата со разговорите кои македонската јавност имаше можност да ги види и чуе, а и според анализите направени од експерти, може да се заклучи дека се работи за добро организирана група и систем, кој имал во план да рекетира бизнисмени и политичари кои имаат обвинениjа од СЈО. Бојан Јовановски, Катица Јанева се обвинети, а Зоран Милевски - Кичеец го призна делото со што доби три годни затвор во случајот „Рекет“. Со ова, италијанскиот весник доби силен кредибилитет во Македонија, нивната сторија и судските инстанции ја потврдија како реалност. Но „Ла Верита“ не запира тука. Италијанскиот весник изминатиов период објави серија на криминали во кои  се вмешани високи преставници на власта на СДСМ. Купување на гласови пред избори, како Заев победувал во Струмица, Како Вице Заев врши поткуп на гласачи, како се купувале албанските гласови и уште многу скандали. Имено адвокатот Панче Тошковски во едно свое гостување на национален медиум, кажа дека ова е класичен пример како не треба да се води еден случај. -Овој случај е пример како со злоупотреба на службена положба и овластувања од страна на носители на одредени извршни функции се заташкува суштината на еден предмет, кој што сите видовме дека во основа е носење на торби со милиони за реализација на одредени побарувања кои што ги имале одредени луѓе во рамки на одредена постапка, вели Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ за Алфа. Тошковски посочи дека СДСМ се обидува да продаде приказна на јавноста дека милионскиот рекет го извршиле само Бојан Јовановски наречен Боки 13 и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, односно како што рече тој токму ова ќе биде една од клучните работи поради која СДСМ ќе замине во историјата. Власта се обидува да продаде приказна на македонскиот народ дека ваков 20 милионски рекет го извршиле некој си сопственик на телевизија и некоја си специјална јавна обвинителка. Но, оваа приказна не може да ја продадат на јавноста и токму ова ќе биде една од клучните точки зошто оваа власт ќе замине во историјата, нагласи Тошковски. Според него, случајот Рекет е синоним за неуспешна година на власта, додавајќи дека ова е се само не е власт каква што треба да биде. Во еден текст на новинарот Бранко Геровски, кој пак го најави случајот „Рекет“, може да се прочита и дека Пет најблиски соработници на тогашниот премиер Зоран Заев биле менаџери на целиот овој случај. -Ако пропеат Боки, Фросина и Катица - а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат - ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег, напиша Геровски. Не е тешко да се претпостави на кого мисли Геровски и кој е ликот од опкружувањето на Заев кој ги контролира најголемиет бизниси во Македонија. Вистинскиот проблем е што провладините медиуми го игнорираат најновиот скандал кој го обелодени „Ла Верита“? На иста линија е и власта која постојано ги маргинализира доказите кои весникот ги приложува, иако пред само половина година се покажа на дело дека се работи за весник со силен кредибилитет, медиум кој на македонската јавноста и’ ја откри најголемата афера од независноста на државата, скандалот Рекет.  Конкретно, се поставува и прашањето зошто Зоран Заев се’ уште го избегнуваа директниот одговор, спинувајќи и заобиколувајќи со прикаската дека ако имало докази за неговата вмешаност во изборни измами, тогашната власт ќе го затворела. Индикативен е и молкот на обвинилетството, т.н. Русковска обвинителство, кое очебијно, не бадијала го доби тој предзнак. Доколку се земе праксата од минатото, сите претходни влади после секој скандал или обвинување излегувале со соопштенија и објаснување околу истиот, но најверојатно екс премиерот Заев е решен да ја прекине таа пракса, одбегнувајќи одговорност и надевајќи се дека случајот нема ни да се отвори до изборите на 12.април. До тогаш, се надева ли Заев на заштита од Рускоска обвинителството и Кацарска судството, врзани со силна владино-судска спрега во моментот, функционална алатка докажана во повеќе наврати и случаи со целосно двојни аршини - едни за припадниците на СДСМ и сосема поинакви за сите останати. Се крсти ли Заев во примерите со смешните „казни“ и пресуди за првиот човек на Шутка, Курто Дудуш и за градоначалникот-шверцер Боро Стојков? Во меѓувреме, македонската јавност е принудена вистината да ја дознава од „Ла Верита“ и од малкуте медиуми кои не се под директно влијание на СДСМ, партија која толку силно се „бореше“ и  само декларативно се залага за слобода на новинарството и професионализам во фелата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-obelodenuva-kriminali-zaev-muva-ne-go-lazi/feed/ 0