лабараторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 09:47:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лабараторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД: Првпат е одобрена продажба на пилешко месо одгледувано во лабораторија, остануваат уште неколку проверки за да биде достапно на јавноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prvpat-e-odobrena-prodazba-na-pileshko-meso-odgleduvano-vo-laboratorija-ostanuvaat-ushte-nekolku-proverki-za-da-bide-dostapno-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prvpat-e-odobrena-prodazba-na-pileshko-meso-odgleduvano-vo-laboratorija-ostanuvaat-ushte-nekolku-proverki-za-da-bide-dostapno-na-javnosta/#respond Fri, 18 Nov 2022 09:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=762825

По одлука на американската Администрација за храна и лекови, компанијата „Апсајд фудс“ (Upside Foods) наскоро ќе може да продава пилешко произведено од животински клетки и одгледувано во биореактори. Остануваат само два помали регулаторни чекори пред месото произведено на овој начин, без убивање животни, да биде достапно за јавноста. Производните капацитети на „Апсајд фудс“ мора да бидат подложени на дополнителна проверка од Министерството за земјоделство, а крајниот производ ќе мора да има етикета за потврдена извршена проверка пред месото да излезе на пазарот. Ова месо засега и натаму ќе биде наменето за тесен круг ексклузивни ресторани во САД. Ума Валети, извршен директор на „Апсајд фудс“ нагласи дека намерата е – јавноста прво да го проба нивното пилешко во одредени (специјализирани) ресторани, пред тоа да може да се купи и да се готви дома. Готвачката со „Мишелин ѕвезда“, Доминик Крен веќе најави дека ќе го послужува „култивирано месо“ во нејзиниот ресторан во Сан Франциско. Ова месо, инаку, се разликува од растителното, бидејќи содржи вистински животински клетки и – во теорија, не се разликува од вистинското месо. Клетките првично се изолирани од животното и се развиваат во клеточни линии коишто потоа се замрзнуваат. Мали примероци од овие клеточни линии потоа се пренесуваат во биореактори – обично големи челични комори, каде што клетките се „хранат“ во соодветен раствор што содржи хранливи материи кои поттикнуваат клеточна делба. Кога клетките се размножуваат и се диференцираат во соодветен вид ткиво, тие можат да се соберат и да се користат во култивирани месни производи. Но, месото одгледано на овој начин сè уште е исклучително скапо. Компаниите ги држат вкупните трошоци во тајност, но веројатно, ваквото месо сепак ќе биде неколкупати поскапо од конвенционалното месо. Затоа, првите култивирани месни производи би можеле да бидат мешавина од лабораториски животински клетки и растително месо. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prvpat-e-odobrena-prodazba-na-pileshko-meso-odgleduvano-vo-laboratorija-ostanuvaat-ushte-nekolku-proverki-za-da-bide-dostapno-na-javnosta/feed/ 0
ФОТО: Пронајдена лабараторија за производство на дрога во скопско, приведен дилер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pronajdena-labaratorija-za-proizvodstvo-na-droga-vo-skopsko-priveden-diler/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pronajdena-labaratorija-za-proizvodstvo-na-droga-vo-skopsko-priveden-diler/#respond Mon, 06 Dec 2021 19:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=604991

Денеска (06.12.2021) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана. Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pronajdena-labaratorija-za-proizvodstvo-na-droga-vo-skopsko-priveden-diler/feed/ 0
СЗО започнува нова истрага за потеклото на коронавирусот: Ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/#respond Mon, 27 Sep 2021 08:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=568721

Светската здравствена организација ќе започне нова истрага за потеклото на коронавирусот и ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан. Ќе биде назначен нов тим од околу 20 експерти, вклучително и експерти за биосигурност, лабораториска безбедност, генетика и начинот на ширење на вирусите кај луѓето, пишува The Wall Street Journal. Тие ќе истражат дали коронавирусот протекол од лабораторија во Вухан, на крајот на 2019 година - тврдење што го отфрли Кина, која исто така сака СЗО да испита дали вирусот потекнува од друга земја. Портпаролот на СЗО изјавил дека приоритетите на новиот тим „мора да бидат податоци и пристап во земјата каде што биле идентификувани првите извештаи“. Претходната истрага препорача Кина да ги испита најраните сомнителни случаи на коронавирус, а тимот во својот последен извештај тврдеше дека податоците дадени од земјата се недоволни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/feed/ 0
Се огласи научник од Вухан по повод тврдењето дека коронавирусот потекнува од нивната лабараторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/#respond Fri, 14 May 2021 10:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=510235

Научник од Институтот за вирусологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, познат како „Жена лилјак“, ги отфрли новите тврдења дека Кводи-19 можеби избегал од нивната лабораторија и ги нарече „тажни и неприфатливи“. Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавируси, ја започнаа дебатата за тоа дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ. Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на видот Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија. - Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска трансфузија додека не добиеме доволно податоци - се наведува во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/feed/ 0
Откриена лабараторија за одгледување канабис во Скопје, две лица уапсени (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-labaratorija-za-odgleduvanje-kanabis-vo-skopje-dve-lica-uapseni-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-labaratorija-za-odgleduvanje-kanabis-vo-skopje-dve-lica-uapseni-foto-video/#respond Sat, 28 Apr 2018 08:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=47288

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје со кривична пријава ги предаде лицата С.К. (25), и Г.К. (28), поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавените во текот на годинава неовластено набавиле и инсталирале систем– лабараторија за одгледување и производство на растенија Cannabis, од која преку процес на сушење, дробење и ситнење на врвните делови се добива наркотична дрога – марихуана и истата ја пакувале за понатамошно препродавање на уживатели на подрачјето на град Скопје. При претресите кај кривично пријавените пронајдени се 6,4 килограми марихуана и 203 саксии со стебла од растението Cannabis. На 25 април, по претходно добиени оперативни сознанија дека пријавените, инаку евидентирани сторители на други кривични дела, се занимаваат со производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, од страна на Судија на претходна постапка издадена е Наредба за претрес во дом на пријавениот С.К. во скопската населба Аеродром. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршен е претрес, при што е затекнат и второпријавениот, и притоа пронајдени и одземени се една паковка со марихуана, еден пластичен сад со засадени три садници од растение канабис, картонска кутија во која има девет палети за производство на садници, осум црни пластични шишиња – прскалки од 750 ml, три црни пластични шишиња од 300 ml,  два рефлектори и други предмети. Поради постоење основи на сомнение дека дополнително ќе се пронајдат предмети и траги кои потекнуват од кривично дело, односно дека С.К. ги користел заедничките простории во подрумскиот дел, извршен е претрес и во овој дел, при што пронајдени се една торба во која имало пет поголеми пресувани пакувања со марихуана,  најлонска ќеса со поголемо пресувано пакување со марихуана, и уште една најлонска ќеса со три пакувања со марихуана. Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршен е претрес и во викенд куќата лоцирана во место викано Св.Петка - с.Морани во Скопје, чиј сопственик е Л.К., а корисник е и нејзиниот син С.К. При претресот во викенд куќата пронајдени се 202 саксии со засадени растенија канабис со различна висина, 5 пластични туби со течност, како и инсталиран систем, односно лабораторија за одгледување на наркотична дрога - два дигитални апарати (мерачи), пумпа за прскање, прима клима, 20 електрични трафа за лампи, три тајмери, две ламби со лед диоди, ролна - фолија, метален вентилатор, алуминиумско растегливо црево и два пластични сада со капак. С.К. и Г.К.се лишени од слобода во ПС ОН Гази Баба. ФОТО+ВИДЕО: МВР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkriena-labaratorija-za-odgleduvanje-kanabis-vo-skopje-dve-lica-uapseni-foto-video/feed/ 0