лаборатории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Mar 2022 06:36:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лаборатории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕ НА БОЛЕСТИ: СЗО препорача Украина да ги уништи патогените во лабораториите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-sprechi-shirenje-na-bolesti-szo-preporacha-ukraina-da-gi-unishti-patogenite-vo-laboratoriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-sprechi-shirenje-na-bolesti-szo-preporacha-ukraina-da-gi-unishti-patogenite-vo-laboratoriite/#respond Fri, 11 Mar 2022 06:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=645245

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението. Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории. Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасните болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и Ковид-19. Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО. СЗО наведе дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да обезбеди безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени“. „Како дел од својата работа, СЗО им препорача на украинското Министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно ‘бегство’““, одговори СЗО. Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории. Агенцијата не одговори на прашањата дали се почитувани нивните препораки. Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар. Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информативна војна откако руската војска влезе во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-sprechi-shirenje-na-bolesti-szo-preporacha-ukraina-da-gi-unishti-patogenite-vo-laboratoriite/feed/ 0
Германските лабораториите ќе обработуваат неделно околу 700 илјади тестови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-laboratoriite-kje-obrabotuvaat-nedelno-okolu-700-iljadi-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-laboratoriite-kje-obrabotuvaat-nedelno-okolu-700-iljadi-testovi/#respond Wed, 29 Apr 2020 05:48:12 +0000 https://kurir.mk/?p=339079

Лабораториите во Германија го зголемија својот капацитет за обработка на тестови за новиот коронавирус за 700.000 неделно, соопшти Асоцијацијата на акредитирани лаборатории. Минатата недела, капацитетот на 116 лаборатории во земјава беше 640.000. Според асоцијацијата, минатата недела се извршени 292.000 тестовим а претходната – 268.000. Во петокот, Институтот за инфективни болести Роберт Кох препорача проширено тестирање за вирусот за да се опфатат сите лица со симптоми на респираторната болест, без разлика дали претходно имале контакт со пациент со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-laboratoriite-kje-obrabotuvaat-nedelno-okolu-700-iljadi-testovi/feed/ 0
Белград и Ниш добиваат монтажни лаборатории, дневно ќе обработуваат дополнителни 3000 тестови за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-nish-dobivaat-montazni-laboratorii-dnevno-kje-obrabotuvaat-dopolnitelni-3000-testovi-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-nish-dobivaat-montazni-laboratorii-dnevno-kje-obrabotuvaat-dopolnitelni-3000-testovi-za-koronavirus/#respond Wed, 08 Apr 2020 06:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=328952

Монтажни лаборатории кои ќе служат за тестирање на коронавирус, како донација од кинески компании, ќе добијат српските градови Белград и Ниш. Според информациите од српскиот министер за земјоделство, во лабораторијата во Ниш дневно ќе се обработуваат 1000, а во Белград 2000 тестови. Во лабораториите на Ветеринарскиот и Институтот за јавно здравје во Ниш дневно може да се изработат околу 400 тестови. Новите монтажни лаборатории значително ќе ги зголемат капацитетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-nish-dobivaat-montazni-laboratorii-dnevno-kje-obrabotuvaat-dopolnitelni-3000-testovi-za-koronavirus/feed/ 0
Јавно-приватно партнерство на лабораториите со реагенси: Мерка за заштеда или обид за криминална активност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-privatno-partnerstvo-na-laboratoriite-so-reagensi-merka-za-zashteda-ili-obid-za-kriminalna-aktivnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-privatno-partnerstvo-na-laboratoriite-so-reagensi-merka-za-zashteda-ili-obid-za-kriminalna-aktivnost/#respond Wed, 27 Nov 2019 14:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=270070

Здравствените власти најавуваат дека е можно јавно-приватно партнерство на лабораториите со реагенси. Министерот Филипче, во присуство на Заев, оваа идеја ја правда со тоа дека во земјава има многу центри кои што нерационално ги трошат реагенситe. -Сакаме да направиме заштеда таму каде што може. Ова е поле каде анализите покажаа дека може да се направи заштеда во сума од пет, шест, седум милиони евра затоа што имаме центри кои навистина нерационално ги трошат реагенсите, а тоа се на некој начин нерационално потрошени пари, истакна министерот. Најавува дека бројот на лаборатории нема да се намали, туку ќе се намали типот на анализа. Ваквите конфузни најави Филипче ги поткрепува со тезата дека ваков проект особено ќе им помогне на пациентите од помалите места во земјата. Но, се уште не знае кога би се остварил планот. Неговите најави наидуваат на критики од познавачите на состојбите. Игор Николов, доцент на Медицинскиот факултет овие најави ги оценува како очајнички обид на власта во заминување да направи било што кое ќе го претставува како реформа. -Всушност, ова претставува криминална активност пред паѓање од власт. Покажаа дека немаат капацитет никаква форма на јавно-приватно партнерство да спроведат, освен капацитет за криминогено јавно-приватно партнерство кое што резултира со одлив на стручните лица од јавното здравство, губење на капацитетите од јавното здравство и обид за лични богатења на нивни блиски луѓе. Јавно-приватно партнерство  се прави со детални анализи, со детални испитувања,  со студии кои ќе потврдат дека е јавно приватно партнерство, има закон за јавно-приватно партнерство, има Комитет за јавно-приватно партнерство, оценува Николов во изјава за КУРИР. Според членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ова се само избрзани чекори на власта во заминување. -Апелираме до сите членови на различни комисии, одбори, управни одбори кои се на било кој начин вклучени или под притисок да бидат дел од ваквиот криминален тип на јавно-приватно партнерство кое Зоран заев на заминување се обиде да го спроведе, да бидат внимателни, да не потпаѓаат под притисоци да потпишуваат некои документи кои ќе донесат штета на јавното здравство затоа што сите процеси и процедури ќе подложат на иследување со новата техничка Влада и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, порача тој во изјава за КУРИР.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешната трибина со здравствените работници, Филипче појасни дека концептот е да има централни лаборатории во кои ќе бидат достапни сите анализи.
-Бројот на лаборатории нема да се намали, туку ќе се намали типот на анализа која се прави во малите лаборатории. Сега се отвора едно пакување за скапа анализа во некој центар каде има само еден -двајца пациенти, а тоа пакување може да анализира сто пациенти. Тука планираме да направиме заштеда, рече Филипче. Никакво истражување за оваа идеја на Филипче не е ставено на очиглед на јавноста. Помпезните најави засега се само шпекулирање од страна на надлежните за тоа како во иднина ќе функционираат медицинските лаборатории во земјава. Со овие можни промени поврзани со лабораториите се тангираат буџетите за следната година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-privatno-partnerstvo-na-laboratoriite-so-reagensi-merka-za-zashteda-ili-obid-za-kriminalna-aktivnost/feed/ 0
Филипче: Централизацијата на лабораториите ќе оствари заштеда од неколку милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-centralizacijata-na-laboratoriite-kje-ostvari-zashteda-od-nekolku-milioni-evra-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-centralizacijata-na-laboratoriite-kje-ostvari-zashteda-od-nekolku-milioni-evra-2/#respond Tue, 05 Jun 2018 14:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=62655

Централизацијата на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе оствари заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подоби услови за пациентите, изјави на денешната прес-конфернеција министерот за здрваство Венко Филипче. Посочи дека проектот е во насока на оставарување eвропски модел и дека овој систем за централни набавки има поддршка од Светска банка. - Централизираните набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата. Министерството ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање. Очекуваме цените на опаднат за 10 до 20 проценти. Ќе се овозможи поголема оптимизација на бројот и видот на инструментите во објектите со што ќе се зголеми оперативната ефикасност и подобрување на пристапот до напредни технологии во здравствените установи, изјави Филипче. Со досегашното работење, нагласи тој, се фрлале реагенси поради нивната неискористеност и постојат анализатори со капацитет од 400 до 800 анализи на час во места каде нема ниту 30 до 50 анализи на ден. - Пациентите нема да има потреба да патуваат за анализи кои не се вршат во нивните места на живеење. Нема да има дополнителни трошоци за пациентите, бидејќи резултатот ќе го добиваат во нивното место на живеење. Пациентите нема во никој случај да бидат оштетени, бидејќи тоа не се итни анализи. Итни анализи се потребни секаде каде што има хирургија и таму такви апарати се предвидени. Специфичните анализи е предвидено да се работат одделно во централна лабораторија. Анализи попладне и во ноќните часови ќе се изработуваат само за итните случаи, изјави Филипче. Планираме оптимизирање на вкупниот број апарати на околу 120 и осум централни лаборатории - Протоколите за транспорт на крв се според досегашните протоколи и должност на економскиот оператор. Лабораторискиот информативен систем ќе ги консолидира лабораториските тестови на сите пациенти на едно место. Здравствените установи ќе имаат пристап до информации во реално време во однос на податоци за пациентите за нивните лабораториски тестови и трошоците, изјави Филипче.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-centralizacijata-na-laboratoriite-kje-ostvari-zashteda-od-nekolku-milioni-evra-2/feed/ 0