лабораторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 16:12:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лабораторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Нов Зеланд се работи на овошје од лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/#respond Mon, 11 Sep 2023 16:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=877018

Научници од Нов Зеланд работат на проект за создавање овошје одгледано во лабораторија. Тие ќе се обидат да создадат овошки без деловите коишто вообичаено се фрлаат, како што се семки или лушпи. Научниците од Истражувачкиот институт за храна и растенија (Plant & Food Research) во Оукленд имаат намера да создадат овошно ткиво од растителни клетки за коешто се надеваат дека ќе има вкус и мирис како вистинско овошје. Се верува дека оваа програма, поддржана од Владата, ќе помогне да се зачува безбедноста на храната во земјата. - Ние, во Нов Зеланд, сме добри во одгледувањето на конвенционални градинарски култури, изјави д-р Бен Шон, предводник на програмата. Бидејќи храната што се одгледува во лабораторија е сосем нов концепт, откако ќе се развие, ќе мора да се докаже и нејзината безбедност пред регулаторните тела, веројатно преку скапи и долги научно-здравствени испитувања. - Храната создадена во лабораторија може да игра клучна улога во одржливото земјоделство, но таа сè уште е во раните фази на развој. Надминувањето на таквите пречки може да трае со години, ако не и десетлетија, појасни д-р Али Рашидинеџад, поискусен научник за храна. Потрошувачите, исто така, ќе мора да ја прифатат новата практика. Повозрасните генерации можеби се двоумат, но истражувањата покажуваат дека помладите се подготвени да пробаат нова храна доколку таа нуди здравствени придобивки, а истовремено го ограничува штетното влијание врз животната средина, сметаат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/feed/ 0
САД: Научници одгледуваат загрозен вид морски ѕвезди во лабораторија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-nauchnitsi-odgleduvaat-zagrozen-vid-morski-zvezdi-vo-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-nauchnitsi-odgleduvaat-zagrozen-vid-morski-zvezdi-vo-laboratorija/#respond Fri, 17 Feb 2023 09:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=801653

На неколку часа од Сиетл, САД, на место до коешто може да се пристапи само со чамци, научници од „Фрајдеј харбор“ лабораторијата при Универзитетот на Вашингтон размножуваат и проучуваат единки од загрозената тн. сончогледова морска ѕвезда (Pycnopodia helianthoides), по масовното нејзино истребување изминативе години. Овие ѕвезди кои некогаш ги имало во изобилие долж брегот на Тихиот Океан од Мексико до Аљаска, сега се загрозен вид. Околу 90 отсто исчезнале од 2013 година, поради мистериозен синдром којшто може да биде предизвикан од климатските промени и повисоките температури во океанот. Лабораторијата на островот Сан Хуан во мигов одгледува 109 едногодишни, 23 двегодишни, 12 тригодишни сончогледови морски ѕвезди родени во установата и приближно 5.000 ѕвезди одгледани по заловување. - Постојат показатели дека болеста можеби била поврзана со некои потопли води сево ова време, вели Џејсон Ходин, научник од Универзитетот. Tој е предводник на програмата од нејзиниот почеток во 2019 година и се надева дека еден ден ќе ги ослободи ѕвездите во природата. - Сега ја водиме единствената програма за размножување во затворено на единствениот загрозен вид морски ѕвезди во светот, додаде Ходин, Досегашните испитувања со мали и подвозрасни сончогледови морски ѕвезди во лабораторија дадоа некои охрабрувачки резултати. Оваа ѕвезда, имено, ќе може да се справи со потопли води, според научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-nauchnitsi-odgleduvaat-zagrozen-vid-morski-zvezdi-vo-laboratorija/feed/ 0
Размениле медицински материјал: Сомнителна средба на претставници на македонска и бугарска лабораторија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmenile-medicinski-materijal-somnitelna-sredba-na-pretstavnici-na-makedonska-i-bugarska-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmenile-medicinski-materijal-somnitelna-sredba-na-pretstavnici-na-makedonska-i-bugarska-laboratorija/#respond Fri, 15 Apr 2022 15:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=663727

На 14.04.2022 во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија. Тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал. При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmenile-medicinski-materijal-somnitelna-sredba-na-pretstavnici-na-makedonska-i-bugarska-laboratorija/feed/ 0
Одземени пари од лабораторија во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-pari-od-laboratorija-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-pari-od-laboratorija-vo-kumanovo/#respond Wed, 23 Mar 2022 11:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=651951

Вработена од приватна лабораторија од Куманово пријавила во полицијата дека од објектот биле одземени пари, соопшти денеска полицијата. – Синоќа, во 23:55 часот во СВР Куманово, вработена во лабораторија на улица „Пиринска“ пријавила дека во лабораторијата било влезено со употреба на сила и биле одземени пари, соопшти полицијата. СВР Куманово информира дека презема мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-pari-od-laboratorija-vo-kumanovo/feed/ 0
Руските трупи ја уништиле чернобилската лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trupi-ja-unishtile-chernobilskata-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trupi-ja-unishtile-chernobilskata-laboratorija/#respond Wed, 23 Mar 2022 07:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=651755

Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување објави дека руските војници ја „ограбиле и уништиле“ Централната аналитичка лабораторија во Чернобил, која преработувала многу радиоактивен отпад. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има „високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои денес се во рацете на непријателот“. Лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, содржеше и „вредна аналитичка опрема“ која не беше достапна никаде во Европа, соопшти агенцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-trupi-ja-unishtile-chernobilskata-laboratorija/feed/ 0
Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/#respond Fri, 26 Feb 2021 07:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=474050

Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“. Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми. Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека одделот „Страби“ бил цел на хакерски напад. -Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/feed/ 0
Германски научник: Имам 600 докази, коронавирусот е направен во лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/#respond Fri, 19 Feb 2021 07:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=470810

Германскиот научник Роналд Визендангер тврди дека има докази дека коронавирусот не преминал од животно на луѓе, туку дека настанал во лабораторија.. Научникот од Хамбург за германските медиуми изјавил дека има вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година. -Информациите за вирусот и бројните објави во стручните списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека коронавирусот е несреќа во лабораторија. Короната дојде од лабораторија во Вухан, тврди Визендангер. Според неговите зборови, вирусо добро се „закачува“ на рецепторите на човековите ќелии и успева да влезе во нив, што е било својствено на претходните соеви на коронавирусите, што пак укажува на неприродно потекло. Тој истакнал и дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухан, кој е наречен епицентар на инфекцијата. Визендангер очекува во наредните недели и месеци  дополнителни студии и истражувања за потеклото на вирусот да го потврдат она што тој го говори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/feed/ 0
Жариште на Ковид-19 во најголемата британска лабораторија за тестирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarishte-na-kovid-19-vo-najgolemata-britanska-laboratorija-za-testiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarishte-na-kovid-19-vo-najgolemata-britanska-laboratorija-za-testiranje/#respond Fri, 25 Dec 2020 11:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=448252

Најголемата лабораторија во Велика Британија, во која дневно се спроведуваат десетици илјади тестови за коронавирусот, стана ново жариште на Ковид-19, откако членовите на лабораторијата не ги следеле безбедносните процедури, јави денеска „Дејли меил“. Три од четирите научни тима од лабораторијата во Милтон Кинс се заразени со коронавирусот. Токму оваа лабораторија беше првата која откри новиот, многу заразен вид на мутиран Ковид-19 уште во септември, според информациите од јавното здравство на Англија. Администраторите и вработените во магацините исто така пријавиле случаи, така што 20 од 70-те членови на тимот биле изолирани, изјави вработен во лабораторија кој инсистирал да остане анонимен. Жариштето на коронавирусот се заканува да ја запре работата на лабораторијата, која има се повеќе барања за тестирање, кои надминуваат 70.000 ПЦР тестови на ден. Британското Министерство за здравство и социјална заштита демантираше дека не се почитувале безбедносните мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zarishte-na-kovid-19-vo-najgolemata-britanska-laboratorija-za-testiranje/feed/ 0
Лабораторијата на Тесла во САД ќе стане музеј https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/laboratorijata-na-tesla-vo-sad-kje-stane-muzej/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/laboratorijata-na-tesla-vo-sad-kje-stane-muzej/#respond Mon, 21 Sep 2020 07:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=406022

Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, што се наоѓа на Лонг Ајленд (САД), е на чекор до нејзино претворање во Музеј Тесла, изјави директорот на лабораторијата, Марк Алеси. Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, пред 112 години бил дизајниран од архитектот Стенфорд Вајт. Тој периодов беше обновен и реставриран. – Реконструкцијата на оџакот беше голем предизвик. Тоа доведе до неочекувано откритие поврзано со тунелите на Тесла, на кои стручњаците се уште работат. Со поставување на круната на оџакот, беше направен многу важен чекор за зачувување на лабораторијата и работата на Тесла, рече Алеси. Според него, целта е да се зачува објектот кој пред компанијата АГФА да го купи, бил преторен во депонија. Идејата за Музеј Тесла е на стрип-уметникот Метју Инман. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/laboratorijata-na-tesla-vo-sad-kje-stane-muzej/feed/ 0
ФОТО: Откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин во Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-najgolemata-laboratorija-za-proizvodstvo-na-kokain-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-najgolemata-laboratorija-za-proizvodstvo-na-kokain-vo-holandija/#respond Wed, 12 Aug 2020 06:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=389448

Холандската полиција откри најголема лабораторија за производство на кокаин, што се наоѓала во поранешно училиште за јавање коњи во градот Нивен, на север во државата. Најмалку 17 лица се во притвор, вклучително и 13 колумбиски државјани, тројца Холанѓани и еден Турчин. Сопственикот на некогашното училиште за јавање бил еден од уапсените холандски државјани, објави „Гардијан“. Полицијата соопшти дека за време на рацијата биле пронајдени десетици илјади литри хемикалии и 100 килограми кокаин. Лабораторијата била опремена да произведува меѓу 150 и 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра. – Ова е најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија, изјави полициски портпарол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-najgolemata-laboratorija-za-proizvodstvo-na-kokain-vo-holandija/feed/ 0