Лабуништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Oct 2021 17:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лабуништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Лабуништа ќе се гласа до 22 часот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-labunishta-kje-se-glasa-do-22-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-labunishta-kje-se-glasa-do-22-chasot/#respond Sun, 17 Oct 2021 17:56:18 +0000 https://kurir.mk/?p=580999

На едно избирачко место во струшкото село Лабуништа гласањето е продолжено за речиси три часа.

Претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута, информира дека ваквата одлука е донесена поради ненавремено почнување на изборниот процес утрово. -Поради проблем со апаратите за отпечатоци, на едно избирачко место во Лабуништа гласањето почна подоцна и затоа сега се продолжува до околу 22 часот, изјави Жута. Во Останатите 100 избирачки места гласањето, според него, е завршено во 19 часот. Освен проблемите со апаратите за отпечаток на прстот, други проблеми не се регистрирани во Општинската изборна комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-labunishta-kje-se-glasa-do-22-chasot/feed/ 0
Одземени пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemeni-pet-koncesii-za-mineralni-surovini-vo-selo-labunishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemeni-pet-koncesii-za-mineralni-surovini-vo-selo-labunishta/#respond Wed, 27 May 2020 09:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=350651

Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Концесиите, како што рече на прес-конференција пред Министерството, еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до Министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина. – Со ова се рализира уште едно ветување кое го дадовме на жителите на Лабуништа за раскинување на концесиите. За време на вонредната сотојба тие продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemeni-pet-koncesii-za-mineralni-surovini-vo-selo-labunishta/feed/ 0
Во Лабуништа средба на полициски службеници со претседатели на месни заедници за преземање мерки за заштита од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/#respond Sun, 15 Mar 2020 13:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=316825

Полициски службеници на иницијатива на ОВР Струга во струшкото село Лабуништа, вчера одржаа работен состанок со членови на советодавна група граѓани и председателите на месните заедници од селата Лабуништа, Октиси, Подгорци, Боровец и Јабланица. Средбата, како што соопшти МВР, имала информативно-превентивен карактер во врска со актуелната состојба со појавата на вирусот Ковид-19, прогласената кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и преземање мерки за заштита на целото подрачје од корона вирусот. На работната средба, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на присутните им било укажано на потребата од доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на коронавирусот, што ги презема Владата. Посебно била нагласена потребата од почитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, со посебен акцент на лица од Италија. – Договорена е засилена координација на председателите на месните заедници со полициските службеници за прецизно утврдување на идентитетот на лица кои во изминативе денови допатувале од високоризичните земји, со насоки и укажувања за доследна примена на препораката за 14-дневна самоизолација во сопствените домови. Договорено е, на таквите лица да им се укаже на обврската за задолжителни телефонски контакти со Центарот за јавно здравје во Охрид на мобилниоот телефон 070 723 029, се наведува во соопштението. Во случај на потреба од дополнителни информации, сите правни и физички лица можат да се обратат на полицискиот телефон 192 и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат од МВР, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/feed/ 0
Жителите на Лабуништа најавија радикални протести ако не се затворат каменоломите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-najavija-radikalni-protesti-ako-ne-se-zatvorat-kamenolomite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-najavija-radikalni-protesti-ako-ne-se-zatvorat-kamenolomite/#respond Mon, 23 Sep 2019 12:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=243915

Со блокада на патиштата, на работата на каменоломите и со најава за бојкот на наставата во локалното училиште од нарелдната недела, се заканија жителите на струшкото село Лабуништа. Бараат државата, како што велат, да опстои на зборот за затворање на сите каменоломи кои се во непосредна близина на нивните куќи. Министерот за економија, Крешник Бектеши при посетата на Лабуништа на почетокот на август им ветил решавање на проблемoт и нивно затворање во рок од 30 дена. Но, велат дека се случува сосема спротивното, пишува Алсат. „Чекавме 30 дена, чекавме плус 15 дена, но до денес немаме никаков одговор. До сега одевме со мирни протести, но од сега би ве замолил да бидат порадикални. Мораме оваа ситуација сами да си ја решаваме, бидејќи од владата на Заев нема ништо. Уште полошо ќе биде што се планира од наредната недела нашите деца да не ги пуштаме на училиште и во средно образование“; рече Алим Салоски, претседател на еколошко друштво Натуралаб. „Истите каменоломи последните два месеци ја имаат интензивирано нивната работа. Не како што имаат работено порано туку дупло повеќе“, вели жител на Лабуништа. Жителите се сомневаат декa прашината која секојдневно ја дишат од каменоломитe е причина и за зголемениот број на заболени од малигни заболувања и од болести на респираторните патишта. Велат дека каменоломите не само што го загадуваат воздухот туку и полето на кое произведувале храна. Целото е бело од прашина, а многу од куќите на крајот на селото биле испукани од бројните минирања поради вадењето камен. „Што ќе правиме вака не знам. Ние сме многу загадени и со каменоломите и со ѓубрето. Никој не се доаѓа. Никој не прашува ништо. Само за гласање кога ќе дојди, доаѓаат тука. Само гласови ги интересира“… „Сите тие се инсталирани на 200 – 300 метри околу населбата. И тоа навистина претставува проблем. Вие сами можете да видите во каква состојба е и патот од тие каменоломи, Прашини се прават од невидени размери“, реагираат жители на Лабуништа. Од Министерството за економија, на прашањето до каде е постапката за одземање на концесиите за работа, одговор до овој момент не добивме. Oд партијата ДОМ, велат дека доколку институциите продолжат да се оглушуваат, ќе поднесат кривични пријави за загрозување на човековото здравје против одговорните лица во нив. Во Лабуништа живеат повеќе од 9.000 жители. ИЗВОР: АЛСАТМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-najavija-radikalni-protesti-ako-ne-se-zatvorat-kamenolomite/feed/ 0
Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-utre-povtorno-na-protest-za-zatvoranje-na-kamenolomite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-utre-povtorno-na-protest-za-zatvoranje-na-kamenolomite/#respond Thu, 19 Sep 2019 11:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=242411

Граѓаните на струшкото село Лабуништа за утре најавуват уште еден мирен протест, со барање за затворање на простанатите три каменоломи во атарот на селото. Протестот закажан за од 15 часот го организира еколошкото друштво „Натура Лаб“ од Лабуништа, чии активисти успеаја да го свртат вниманието за проблемот што го имаат жителите на селото од работењето на каменоломите. Тие пред два месеци исто така протестираа со истите барања, на што имаше реакција на министерот за економија Крешник Бектеши, кој оствари средба со жителите на Лабуништа, а сето резултираше со затоворање на два од петте каменоломи во близина на селото. Сега тие се со барање надлежните институции да ги затворат сите каменоломи, за кои велат дека со работењето го нарушуваат нивното спокојство, дека не можат да живеат во услови на детонации од секојдневните минирања, а и заради еколошкиот аспект односно уништувањето на околината. -Му благодариме на министерот Бектеши што излезе во пресрет на нашите барања, но остануваат активни уште три каменоломи. Ние не можеме нормално да живееме во селото, од експлозиите при минирањето, прашината што ја голтаме секојдневно, а ни се уништува и животната средина. Мора да се води сметка за чистата животна средина, но пред се за нашето здравје, изјави претседателот на „Натура Лаб“, Алим Салоски. Тој рече дека утрешниот протест ќе биде мирен, со собирање на граѓаните, но најави порадикални активности доколку не се преземат соодветни мерки од институциите, дури и до блокирања на сообраќајот на патниот правец Струга-Дебар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-labunishta-utre-povtorno-na-protest-za-zatvoranje-na-kamenolomite/feed/ 0