ладен бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Feb 2018 10:54:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ладен бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зимската бајка се претвора во кошмар: „Ѕверот од исток“ однесе 24 животи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimskata-bajka-se-pretvora-vo-koshmar-dzverot-od-istok-odnese-24-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimskata-bajka-se-pretvora-vo-koshmar-dzverot-od-istok-odnese-24-zivoti/#respond Wed, 28 Feb 2018 10:54:33 +0000 http://kurir.mk/?p=25654

Од Балтик до Медитеран, Европа е на удар на ладниот бран од Сибир што британските медиумите го нарекоа „Ѕверот од исток“ и што веќе однесе 24 човечки животи. Ладниот бран во Холандија го викаат „Сибирска мечка“, а во Шведска – „Снежен топ“, додека во Франција го доби името „Москва-Париз“. Невремето најтешко ги погоди најранливите групи граѓани – бездомниците и постарите лица, а предизвика и хаос во сообраќајот. Од петокот досега од студот настрадаа вкупно 24 луѓе ширум Европа, од кои девет во Полска: петмина премрзнаа ноќта во понеделникот спроти вторникот. Четири лица настрадаа во Франција, меѓу кои 90-годишна жена која утрово била најдена пред капијата на старечки дом, едно лице во Литванија, тројца бездомници во Чешка, две лица во Романија, од кои една 83-годишна жена која била најдена завеана во снегот на улица, како и еден бездомник во Италија. Од почетокот на февруари во Естонија починале седум луѓе од студ. Во Лапонија и на италијанските Алпи температурите се спуштија на -40 степени Целзиусови, а во Шведска на -39,6 степени, додека во Австрија биле измерени -25,4 степени Целзиусови. На нешто помалку од 100 километри од Венеција ноќта меѓу неделата и понеделникот биле измерени -40 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат дека температурите ќе останат во леден минус и ноќва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimskata-bajka-se-pretvora-vo-koshmar-dzverot-od-istok-odnese-24-zivoti/feed/ 0