ладно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 08:41:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ладно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како правилно да ги проветрувате просториите кога е ладно? Држете се до правилото 5х5 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-da-gi-provetruvate-prostoriite-koga-e-ladno-drzhete-se-do-praviloto-5h5/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-da-gi-provetruvate-prostoriite-koga-e-ladno-drzhete-se-do-praviloto-5h5/#respond Thu, 26 Jan 2023 08:41:37 +0000 https://kurir.mk/?p=792112

Познато е дека редовното проветрување на просториите во кои престојуваме е многу важно за да се заштитиме од вируси, да го прочистиме застарениот воздух и да создадеме здрава клима во просторијата, на крајот да спречиме појава на мувла. Но, кога температурата надвор ќе падне под нулата, многумина ќе го игнорираат овој совет. Како правилно да се проветруваат просториите кога надвор е екстремно студено е полесно со примена на правилото 5х5 или 3х5, пренесува германскиот магазин Фокус. Се препорачува следново правило за проветрување на просториите: – Под 0 степени: Ако надворешната температура е под 0 Целзиусови степени, прозорците треба да се отвораат само 5 минути. – Од 0 до 10 степени: Во овој температурен опсег доволно е околу 10 минути вентилација. – Повеќе од 10 степени: Најдобро е да ги оставите прозорците отворени околу 15 минути. Се препорачува да се проветруваат просториите пет пати на ден, исто толку често, односно дури и на температури под нулата. Меѓутоа, ако ви е премногу ладно, доволни се три до пет минути со отворен прозорец пет пати на ден. Во пролет или есен оставете ги прозорците отворени 15 до 20 минути, тоа ќе биде доволно за целосна размена на воздух, а тоа правете го три до пет пати на ден. Оставете ги на кип или целосно отворете ги Прашање на избор е дали е подобро прозорците да се остават долго отворени или целосно да се отворат, да се проветрат малку и потоа да се затворат. Но, во текот на зимските месеци, за време на викендите или ако работите многу во вашата домашна канцеларија, можете да ги држите прозорците отворени. Меѓутоа, доколку сте отсутни од дома во текот на денот, потребна ви е поинаква стратегија. Доколку сте отсутни цел ден, доволно е да проветрувате поретко. Минимално наутро и навечер, но имајте за цел да проветрувате три пати на ден по пет минути – проветрувајте наутро по станувањето, кога ќе се вратите дома од работа и повторно непосредно пред спиење. Идеална температура и влажност Идеалните здрави услови во кои треба да останеме во затворени простории се: 50 проценти релативна влажност, собна температура 21 ° C, влажност не помала од 30 проценти и не повисока од 60 проценти. Сувиот воздух во просторијата предизвикува здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со респираторниот тракт и очите, напнатост, замор и слабеење на концентрацијата, сушење на кожата и други кожни болести и алергии може да се влошат. Прекумерната влажност може да поттикне развој на грини и микроорганизми, што го поттикнува развојот на мувла, габи и бактерии.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-da-gi-provetruvate-prostoriite-koga-e-ladno-drzhete-se-do-praviloto-5h5/feed/ 0
Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-se-plasham-od-ladnoto-vreme-se-plasham-od-ladnite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-se-plasham-od-ladnoto-vreme-se-plasham-od-ladnite-lugje/#respond Fri, 04 Jan 2019 08:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=148195

Се плашам од сите оние сенки кои секогап проаѓаат покрај нас без зборови и без глас. Се плашам од оние лажни насмевки кои изгледаат толку извештачено што не можеш, а да не се запрашаш што стои зад нив. Се плашам од пренапупмана еуфорија и услужност, а ти само го чекаш моментот кога личноста ќе ти каже нешто што толку многу ќе те здрма што повеќе нема да знаеш ништо. Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од оние луѓе кои секогаш глумат најдобри пријатели и зборуваат дека на нив секогаш можеш да се потпреш, но кога ќе дојде тој момент на криза, бегаат без око да им трепне. Се плашам кога луѓето стануваат непријатели преку ноќ, без ништо да се случи, а потоа се прашуваш како дојде до тоа заладување и што си направил за така да се однесуваат кон тебе и на крај сфаќаш дека не е до тебе. Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од односи кои не се вистински односи, туку одмерување на силите, некаква корист или заедничко поминување на времето додека не дојде нешто подобро. Се плашам од луѓе кои влегуваат во твојот живот и се однесуваат како да влегле во некој трговски центар и размислуваат што можат да земат и со што да платат, а кога ќе видат дека завршиле со купување, само излегуваат и никогаш не се вртат назад. Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од преправања и истрошени улоги во кои лошата глума го заменува сѐ она што сме и што можеме да бидеме. Ладното време ќе дојде и ќе пројде, но луѓето тешко се менуваат, тешко ги оставаат своите стари навики, а тешко и да препознаеш кој се наоѓа зад маските, а кој пристапува со искреност и отвореност. Треба време за да го научиш тоа, а можеби дотогаш некој и ќе се промени. Како и да е – сѐ ќе пројде!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-se-plasham-od-ladnoto-vreme-se-plasham-od-ladnite-lugje/feed/ 0
Што е поздраво, топлото или студеното кафе? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-e-pozdravo-toploto-ili-studenoto-kafe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-e-pozdravo-toploto-ili-studenoto-kafe/#respond Wed, 07 Nov 2018 15:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=124365

Не е сеедно дали пиете топло или студено кафе. Според ново истражување спроведено од професори по хемија, топлото кафе е поздраво од студеното бидејќи има повеќе антиоксиданси. „Кафето има доста антиоксиданси. Ако го пиете умерено, истражувањата покажуваат дека може да биде прилично добро за вас. Откривме дека топлото кафе има повеќе антиоксиданси од студеното“, вели професорката Меган Фулер. Таа и нејзин колега истражувале на оваа тематика и откриле дека топлото кафе има поголеми ефекти на здравјето, вклучувајќи го и тоа дека го намалува ризикот од некои видови рак, дијабетес и депресија. Овие научници откриле дека топлото и оладеното кафе имаат исто pH ниво, што ги поништува претходните тврдења дека студеното кафе има помалку киселини и дека поради тоа не предизвикува жиговина (непријатно чувство на киселост што се јавува во грлото предизвикано од стомачни киселини) и проблеми со цревата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-e-pozdravo-toploto-ili-studenoto-kafe/feed/ 0