лагадин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 11:32:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лагадин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/#respond Thu, 09 Mar 2023 11:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=809920

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

„За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/feed/ 0
Транспорт и врски го поништи решението на Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев најави дека ќе се легализира https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/transport-i-vrski-go-ponishti-reshenieto-na-petsakov-so-koe-beshe-stopirana-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-najavi-deka-ke-se-legalizira/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/transport-i-vrski-go-ponishti-reshenieto-na-petsakov-so-koe-beshe-stopirana-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-najavi-deka-ke-se-legalizira/#respond Mon, 06 Mar 2023 17:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=808756

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин, објави Охрид1. Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. -Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење, пишува порталот.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/transport-i-vrski-go-ponishti-reshenieto-na-petsakov-so-koe-beshe-stopirana-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-najavi-deka-ke-se-legalizira/feed/ 0
Пронајдено телото на давеникот во Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeno-teloto-na-davenikot-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeno-teloto-na-davenikot-vo-ohridskoto-ezero/#respond Sat, 29 May 2021 11:34:04 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516500

Беживотно тело на давеник утрово е извадено од водите на Охридското Езеро. Станува збор за младо лице, чие тело било пронајдено во водите на езерото во близина на туристичката населба Лагадин. Според првичните информации, нема траги на насилство врз телото, а идентитетот на лицето и причините за настапувањето на смртта ќе ги утврди истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeno-teloto-na-davenikot-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД: Почина едно лице- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-pochina-edno-lice-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-pochina-edno-lice-eve-gi-detalite/#respond Sat, 03 Aug 2019 08:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=225960

На 02.08.2019 година во 20:00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л. (35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата. Од здобиените повреди, при транспорт во болница, лицето починало. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-ohrid-pochina-edno-lice-eve-gi-detalite/feed/ 0
Здруженијата не се откажуваат, бараат да сопре изградбата на хотелот во Лагадин https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenijata-ne-se-otkazuvaat-baraat-da-sopre-izgradbata-na-hotelot-vo-lagadin/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenijata-ne-se-otkazuvaat-baraat-da-sopre-izgradbata-na-hotelot-vo-lagadin/#respond Sat, 09 Mar 2019 12:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=173006

Здружението „Стар Лагадин“ одржа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за текот на разговорите во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, кај селото Лагадин. На средбата била истакната заложбата во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО. Ги цениме напорите на премиерот и министерот да изнајдат решение за ставање на општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален урбанистички план за село Лагадин. Воедно, го цениме и напорот во изнаоѓање на решение објектот „Хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година, се наведува во соопштението. Здружението „Стар Лагадин” останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. Отворени сме да го поддржиме новиот Детален урбанистички План за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи. Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципира во зависност од мерките кои ќе ги преземат надлежните институции, пред се надлежното министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenijata-ne-se-otkazuvaat-baraat-da-sopre-izgradbata-na-hotelot-vo-lagadin/feed/ 0
Заев вети дека ако треба и лично ќе донесе одлука да се догради хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaev-veti-deka-ako-treba-i-lichno-kje-donese-odluka-da-se-dogradi-hotelot-vo-lagadin-shto-prekrshi-12-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaev-veti-deka-ako-treba-i-lichno-kje-donese-odluka-da-se-dogradi-hotelot-vo-lagadin-shto-prekrshi-12-zakoni/#respond Sat, 02 Feb 2019 10:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=159362

Премиерот Зоран Заев му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот, на трибина во Охрид, објави СДК.МК. Инвеститорот Никола Толески на трибината му кажа на Заев дека сака да го догради објектот и ако може да ја фати сезоната. За хотелот, инвеститорот кажа дека е едно „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани. Изградбата на хотелот во Лагадин прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба. Премиерот потврди дека разменил неколку пораки со инвеститорот и дека му дал насоки на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. „Чичко Никола, за хотелот во Лагадин неколку пати пораки разменивме, насоки давав и на министерот, на Митко, шефот на кабинетот, и го знам проблемот. Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука, се враќа. Разговарав со покоен Јован, со секретарот на Општината, сега и со другите. Има една работа, премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна. Дури и да постои правно-формален аспект во Одделението за урбанизам, не може ‘не бива’. ‘Не бива’, не може најлесно да биде ‘не’. Ќе најдат начин како да биде ‘да’. Затоа што баналноста на одговорот, дадено одобрение за градба, почнувате со градба на објектот, ви е готов и при контрола вика не сте информирале дека сте почнале со градба. Ако треба, ќе ја земам под раце Второстепената комисија и ќе дојдат тука и ќе го решиме до крај“, кажа Заев на трибината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaev-veti-deka-ako-treba-i-lichno-kje-donese-odluka-da-se-dogradi-hotelot-vo-lagadin-shto-prekrshi-12-zakoni/feed/ 0