лајчак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Oct 2020 11:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лајчак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ – Лајчак: Србија ќе разговара за компромис за Косово, а не за ултиматум https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-lajchak-srbija-kje-razgovara-za-kompromis-za-kosovo-a-ne-za-ultimatum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-lajchak-srbija-kje-razgovara-za-kompromis-za-kosovo-a-ne-za-ultimatum/#respond Sun, 11 Oct 2020 11:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=415067

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не мора да каже каков е одговорот на Србија ако некој мисли дека пораката до Белград треба да биде „признајте го Косово и нема да добиете ништо, а вашиот народ ќе биде изложен на погром како на 17 март 2004 година“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ со ова ја искоментира изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој кажа дека од него очекува „далекусежна“ одлука за косовското прашање, и дека Вучиќ со право се прашува „дали ЕУ за возврат нуди европска перспектива и колку од оваа европска перспектива ќе добиеме“. „Србија секогаш е подготвена да разговара за различни компромисни решенија, но тоа мора да биде компромис, а не ултиматум“, оцени Вучиќ. -Се надевам дека ЕУ ќе разбере дека не може некој да го потпише договорот во Брисел под покровителство на ЕУ и потоа да донесе резолуција со која ќе ја негира Заедницата на српски општини (ЗСО) и ќе каже дека никогаш нема да го прифати тоа или бара од Србија да ја признае независноста и потоа да формира ЗСО, кажа Вучиќ. Тој оцени дека позицијата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог „не е лесна“ кога, ќе добие порака од Приштина дека нема ниту да разговараат за она што го потпишаа пред седум години во Брисел. -Суштината е во тоа што Албанците очекуваат дека некој ќе изврши притисок врз Србија. Очекувам дека големите земји, а не Лајчак, ќе ни кажат во иднина ако го прифатите ова и тоа, ние ќе ве тапкаме по глава и ќе ви кажеме дека сте малку поголем демократ или ако не прифатите, ќе кажеме дека сте автократ, изјави Вучиќ. Лајчак за австрискиот Виенер Цајтунг, на прашањето дали за договор има недостиг на мотивација, бидејќи земјите од ЕУ не се заинтересирани за прием на нови членки со години, што беше критикувано и од Александар Вучиќ, оцени дека српскиот претседател „поставува легитимно прашање“. Лајчак оцени дека најтешко било „да се започне дијалогот воопшто“ и повтори дека целта е обврзувачки сеопфатен договор. -Во моментов разговараме за многу сложени теми, вклучително и за финансиските побарувања и правата на сопственост, кажа Лајчак. Тој го посочи прашањето за ЗСО, кое е договорено во 2013 и 2015 година и кое не е спроведено. -Ова е многу чувствителна тема за која се огласи и Уставниот суд на Косово – ова мислење мора да се земе предвид. Но, ги прашувам оние што велат дека сега не е време за тоа: ‘Кога, ако не сега? Па, вие сами го потпишавте договорот, кажа Лајчак. Според него, за време на претходната ЕК, политичката визија била изгубена, доминирале технички детали, а тоа се почувствувало и во земјите од Западен Балкан. -Но, преговорите со Северна Македонија и Албанија наскоро треба да започнат, воведена е нова методологија во разговорите за проширување. Политичката визија е повторно тука, додаде Лајчак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-lajchak-srbija-kje-razgovara-za-kompromis-za-kosovo-a-ne-za-ultimatum/feed/ 0
Потврдена средбата на Тачи со Лајчак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-sredbata-na-tachi-so-lajchak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-sredbata-na-tachi-so-lajchak/#respond Tue, 16 Jun 2020 13:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=358656

Претседателот на Косово ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Косово – Србија, Мирослав Лајчак, кој се очекува да допатува денеска во тридневна официјална посета на Приштина, соопшти кабинетот на Тачи. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи ќе го прими Лајчак во неговиот кабинет во 17 часот. Косовскиот претседател порано денеска, на прес-конференција, изјави дека ќе се сретне со дипломатот од Словачка доколку тој „има нешто конкретно“ за Косово. – Доколку има нешто конкретно нема причина да не се сретнеме, а доколку доаѓа само за да го испита теренот нема потреба од средба. Тој треба да го каже ставот за визната либерализација за косовските граѓани и да разјасни како ќе го третира Косово. Ако го третира како независна држава, процесот ќе биде полесен, изјави Тачи, кој порано порача дека не верува во неутралноста на Лајчак, затоа што во времето кога беше шеф на словачката дипломатија, неговата земја не ја призна независноста на Косово. Лајчак доаѓа во Косово само ден откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија, амбасадорот Ричард Гренел, најави продолжување на дијалогот, со средба на претставниците на двете земји на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-sredbata-na-tachi-so-lajchak/feed/ 0
Лајчак го извести Тачи дека ја започнал работата за посредување меѓу Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/#respond Fri, 10 Apr 2020 12:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=330218

Новиот специјален претставник на Европската унија за преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак го извести косовскиот претседател Хашим Тачи дека веќе ги започнал подготовките за посредување во идниот дијалог меѓу двете држави и дека во тој правец очекува да соработува со него, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмото до Тачи, кое носи завчерашен датум, а кое денеска го објавија косовските медиуми, Лајчак вели дека намерата му е да го унапреди процесот на дијалог и изразува надеж дека заедно со претставниците на двете земји ќе успеат да постигнат резултати кои се во полза на народот во Косово и во Србија. – Намерата ми е да соработувам тесно и динамично за да го унапредиме процесот на дијалог и очекувам и од Приштина и од Белград да ја обноват посветеноста со истата решителност. Убеден сум дека со вистинска политичка волја од двете страни и низ дијалог заедно ќе ги постигнеме резултатите кон кои стремиме, во полза на народот во Косово и во Србија, пишува словачкиот дипломат. Лајчак порача дека во време кога светот се соочува со пандемијата на Ковид-19, од големо значење е регионалната соработка и воедно ја поздрави одлуката на косовската влада за укинување од 1 април на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. Истиот ден кога и на Тачи, на 8 април, Лајчак му се обрати со слично писмо и на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој му одговори дека е подготвен да формира тим за преговори со Србија, што ќе го предводи тој самиот, а во кој, како претседател на државата, меѓу другите, ќе членува и Тачи. Косовскиот претседател го отфрли предлогот на Курти, оценувајќи дека тоа е само една „лична желба“ на премиерот, кој со апсолутно мнозинство беше разрешен од страна на Собранието на Косово. – Разрешениот премиер е делегитимиран од гласовите на апсолутното мнозинство на народните претставници во Собранието на Косово и не може да си презема обврски во име на институциите на Република Косово, ниту пак во име на една влада во заминување. Следствено, листата на делегацијата останува само една негова лична желба и ништо повеќе од тоа, реагира кабинетот на Тачи, забележувајќи му на Курти дека „ја прекршил уставната хиерархија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/feed/ 0