лајен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Mar 2021 06:47:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лајен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еу од април очекува 100 милиони дози месечно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-april-ochekuva-100-milioni-dozi-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-april-ochekuva-100-milioni-dozi-mesechno/#respond Mon, 08 Mar 2021 06:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=478697

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен очекува дека снабдувањето со вакцини против коронавирусот од април може двојно да се зголеми, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал. Во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“, фон дер Лајен предупредува и на предвремениот оптимизам поради новите мутации на вирусот. – Најверојатно, ќе треба долго време да се справуваме со овој вирус на глобално ниво, но работиме со сите сили со цел што е можно побрзо да се излезе од кризата што ги оптоварува луѓето, објасни таа. Таа рече дека ЕУ е загрижена поради новите мутации, додавајќи дека постојните вакцини делуваат добро, но оти е можно во секој момент да се појави нова мутација, која може да биде отпорна на сегашните вакцини. Во врска со ова, ЕУ тесно соработува со големите фармацевтски компании и ги поддржува нивните истражувања. Фон Дер Лајен исто така рече дека е потребно да се скрати процесот на одобрување на вакцините, и смета дека тоа е можно преку побрза размена на податоци. – Редовната вакцинација против коронавирусот и неговите мутации може да станат нормалност на долг рок, како што сме навикнати против грипот, рече претседателката на Европската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-april-ochekuva-100-milioni-dozi-mesechno/feed/ 0
Фон дер Лајен најави дека ЕУ ја подготвува новата методологија за преговори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-najavi-deka-eu-ja-podgotvuva-novata-metodologija-za-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-najavi-deka-eu-ja-podgotvuva-novata-metodologija-za-pregovori/#respond Tue, 14 Jan 2020 11:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=289416

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување. Во текот на претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан. -Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – С. Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори , порача Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК оцени дека токму Хрватска, која го презела шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, знае многу подобро од дргуите што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа сила може да ја однесе државата во поглед на трансформацијата на системот и економијата, но и што е тоа што е добро што ЕУ може да го направи со својот ангажман и инвестирањето во регионот на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-najavi-deka-eu-ja-podgotvuva-novata-metodologija-za-pregovori/feed/ 0