лајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 12:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Билко: Лајка не го решава проблемот со кучиња, потребно е системско и трајно решение за да се реши овој проблем https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/#respond Sat, 22 Apr 2023 12:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=826405

Снежана Билко, самостоен активист за права на бездомните кучиња на денешната панел дискусија ,,Законска регулација на урбано чување на миленици, нужност и потреба" зборуваше за ситуацијата со уличните, бездомните кучиња во Скопје каде јасно потенцираше дека ваквата ситуација е крајно алармантна. -Ситуација е алармантна, многу е трагична во Скопје. Во Скопје има безброј улични кучиња, во секоја населба. Неодамна се преселив во нова населба и можам да направам споредба со старата каде што живеев, и ситуацијата е иста многу има бездомни животни. Гледам постои Лајка, гледам, следам што се случува, дали нешто се решава, но гледам дека нема никакво одење напред, гледам дека нема решение и гледам дека само се множат, така што цело Скопје ни е преплавено. Јас истото мислење го имам за сите градови низ Македонија, но еве за Скопје ќе се задржам, преплавено ни е Скопје од бездомни кучиња, рече таа. Билко во текот на своето обраќање се осврна и на убиствата на овие бездомни кучиња. -За жал сведоци сме наназад, јас одам на сите можни протести на се што ќе стигнам, се уклучувам и во живо на мојот фб профил, секогаш говорам за труењата, за убиствата. Денеска случајно или не, ми излезе на меморис поточно сеќавање пред 3 години се случило убиство во Виница, убиство на неколку кучиња, и сметам дека свеста на народот е на премногу, премногу ниско ниво. И народот се доведува до една фаза каде што сам сака да се справи со бездомните кучиња, го зема решението во свои раце, кажа Билко. Таа во врска со проблемот со бездомните кучиња посочи дека потребно е овие кучиња да се тргнат од улица и на хуман начин да се изнајде решение за нив. -Јас сум голем љубител на кучиња, вдомив 3 кучиња од улица, јас лично сум била во ситуација, каде што не сум била нападната, но ете не бркале уличните кучиња дали дека сум била со моите кучиња, не знам и не било воопшто пријатно. И ние сакаме да се тргнат тие кучиња од улица, но на хуман третман, на хуман начин да се најде решение, вели Билко. Во врска со Лајка која треба да води грижа за бездомните кучиња укажа дека Лајка воопшто не прави ништо за да се надмине овој проблем. -Јас бев првата која што се прерадував кога се отвори Лајка, бев многу радосна и среќна и видов дека не се наоѓа никакво решение. Јас тоа го замислував дека кога ќе се отвори Лајка дека веќе нема да имаме бездомни кучиња, ама сфатив дека сум била во заблуда. Значи апсолутно не се решава така проблемот залови, кастрирај, стелизирај, врати на место. Што правиме со тоа? Ништо. Кучето е повторно на улица, повторно ќе дојде некое друго, повторно ќе се појават кучиња кои не се стерилизирани, се размножуваат и така секојдневно, заклучи таа. Билко во врска со овој проблем со бездомните кучиња предложи решение каде секоја општина треба да има прифатилишта за тие кучиња и општината ќе треба да одвои буџет за да може овие кучиња да се одгледуваат. -Јас сметам дека мора да се изнајде трајно решение, системско. Јас лично тоа го имам како предлог замислено да секоја општина си направи стационари-прифатилишта каде што тие бездомни улични кучиња ќе бидат сместени, ќе си имаат хуман третман, ќе си бидат нахранети, уредно чувани, да се прават огласи и да се вдомуваат тие кучиња. Другите кои ќе останат да се одвои буџет и со тој буџет да може да се одгледуваат т.е ќе се грижат тие стационари за ти кучиња кои се внатре. Тоа е некој буџет кој секоја општина мора да го одвои и да каже ова е за бездомните улични кучиња и сите ќе бидат среќни и граѓаните слободно ќе шетаат, додаде Билко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/feed/ 0
Општина Аеродром: СДСМ да престане да шири лаги во јавноста, а „Лајка“ да почне да ја врши својата работа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-sdsm-da-prestane-da-shiri-lagi-vo-javnosta-a-lajka-da-pochne-da-ja-vrshi-svojata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-sdsm-da-prestane-da-shiri-lagi-vo-javnosta-a-lajka-da-pochne-da-ja-vrshi-svojata-rabota/#respond Mon, 20 Feb 2023 14:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=802751

СДСМ денес повторно шири лаги во јавноста. Наместо да понудат конкретни решенија за проблемите на граѓаните тие уште еднаш се обидуваат тенденциозно да поентираат со лажни информации поврзани со дневно политички теми, реагираат од општина Аеродром. Нивната реакција ја пренесуваме во целост: Општина Аеродром во целост ги демантира наводите изнесени на денешната прес конференција. Средствата наменети за јавното претпријатие „Лајка“, ниту се скратени, а ниту намалени. Напротив, општината Аеродром најодговорно и во предвидениот рок ги уплаќа овие средства во градскиот буџет. Во буџетот за Општина Аеродром за оваа година предвидени се токму 2 милиони денари, за оваа намена и како сите претходни години. Дополнително, во СДСМ добро знаат дека законската обврска за решавање на овој проблем е целосно на градот Скопје и префрлувањето на одговорноста кон општина Аеродром е уште еден груб начин за манипулација на јавноста и ширење дезинформации. Уште еднаш потенцираме дека, Општината Аеродром останува на ставот дека за решавање на проблемот со бездомните животни, неопходно е Градот Скопје и Јавното претпријатие „Лајка“ да воспоставен ефикасен систем и овој проблем може да се реши само на тој начин. Средствата дадени за систем кој е нефункционален се залудно потрошени пари на граѓаните кои наместо да бидат инвестирани во разумни и корисни проекти, се трошат за неодговорно и недомаќинско работење на градската администрација, каде политичката партија СДСМ е во неформална коалиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-sdsm-da-prestane-da-shiri-lagi-vo-javnosta-a-lajka-da-pochne-da-ja-vrshi-svojata-rabota/feed/ 0
ПАТ БЕЗ ВРАЌАЊЕ: На денешен ден пред 65 години Лајка беше испратена во вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pat-bez-vrakjanje-na-deneshen-den-pred-65-godini-lajka-beshe-ispratena-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pat-bez-vrakjanje-na-deneshen-den-pred-65-godini-lajka-beshe-ispratena-vo-vselenata/#respond Thu, 03 Nov 2022 17:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=755362

На денешен ден во 1957 година кучето Лајка стана првото животно во вселената, но зад тој историски настан за човештвото се крие една тажна приказна. Советскиот Сојуз ја лансираше Лајка во вселената со сателитот Спутник 2, а неговото патување беше уште една победа за советскиот лидер Никита Хрушчов во вселенската трка со Американците. Лајка била мешана раса, пронајдена на улица во Москва, стара околу три години и тешка шест килограми. - Ги избравме само женките затоа што не треба да ја креваат ногата додека мокреат, што значи дека им треба помалку простор од мажјаците. . Таа беше избрана за првиот лет затоа што беше паметна и послушнa. Заради публицитет, кучињата требало да бидат фотогенични и да им дадат незаборавни имиња, а името на Лајка доаѓа од зборот „лаење“. Таа беше избрана за првиот лет затоа што беше паметна и послушна. - Секако знаевме дека ќе умре во лет бидејќи во тоа време немаше начин да ја вратиме назад. Ја замолив да ми прости, последен пат ме погали и заплака. На почетокот се беше во ред. Се разбира, за време на лансирањето, срцето на Лајка беше многу забрзано, но по три часа пулсот се нормализира, рече Котовска. Одеднаш, за време на деветтата орбита околу Земјата, температурата во капсулата почнала да расте и достигнала 40 степени. Изолацијата не била доволно добра, а научниците се надеваа дека Лајка може да преживее осум до десет дена. Но, таа починала од дехидрација по неколку часа. Русите со години лажеле за нејзината смрт. Без разлика, советското радио со денови известуваше дека Лајка е добро. Официјалната верзија беше дека Лајка умрела од отров кој и бил засаден во храната за да ја поштеди од болна смрт при нејзиното враќање на Земјата, а официјална Москва со години се држела до сопствената измислица. Сателитот со посмртните останки на Лајка изгоре во атмосферата пет месеци подоцна, а првите животни кои беа лансирани во вселената и вратени живи беа мешаните раси Белка и Стрелка во сателитот Спутник 5 во август 1960 година.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pat-bez-vrakjanje-na-deneshen-den-pred-65-godini-lajka-beshe-ispratena-vo-vselenata/feed/ 0
Кирков: Шилегов го одобрува мобингот на Тина Петрушевска во ЈП Лајка, затоа што молчи и не презема ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-shilegov-go-odobruva-mobingot-na-tina-petrushevska-vo-jp-lajka-zatoa-shto-molchi-i-ne-prezema-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-shilegov-go-odobruva-mobingot-na-tina-petrushevska-vo-jp-lajka-zatoa-shto-molchi-i-ne-prezema-nishto/#respond Sat, 25 Sep 2021 13:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=568125

Тина Петрушевска директор на ЈП Лајка, поставена од Петре Шилегов ја злоупотребува позицијата и се изживува со вработените во ЈП Лајка и им врши мобинг. Ова не се само тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, ова се жалби на вработените, кои се охрабриле и смогнале сили да ја пријават директорката Петрушевска. Тина Петрушевска веќе подолг период се изживува со раководителот на сектор Слаѓана Стаменкова, која во допис до УО на ЈП Лајка и Град Скопје се жали на мобинг од Петрушевска назначена од Шилегов и СДСМ, обвинува  Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ. „На мобинг и притисок од ЈП Лајка се жалела и членката на УО на ЈП Лајка Теона Георгиевска, која е разрешена од страна на директорката Петрушевска. Мобинг од Петрушевска трпи и единствениот ветеринар во ЈП Лајка Виктор Груев, кој доколку ја напушти работата или добие отказ претпријатието ќе остане без ветеринар. За тоа дека Петрушевска и Шилегов не работат добро и се изживуваат со луѓето вработени во ЈП Лајка доказ се и над 20 луѓе кои веќе дале отказ од претпријатието токму заради притисоците и мобингот кој го трпеле од Тина Петрушевска. Информирани сме и дека над 10 вработени веќе и се обратиле до Петре Шилегов за притисоците со кои се соочуваат и мобингот кој им се врши, но Шилегов не реагира и не ги заштитува вработените. Целиот мобинг и притисок кој го врши Тина Петрушевска е одобрен и од Шилегов кој ја поставил и го премолчува нејзиниот терор врз вработените. Ги повикуваме институциите да ги истражат случувањата во ЈП Лајка. ДКСК до која се поднесени неколку претставки по разни основи исто така веднаш да реагира. А истовремено ги охрабруваме сите вработени да не подлегнуваат на притисоците и заканите на Петрушевска. По промената на власта ќе има ревизија на работењето на Тина Петрушевска, а тоа е за многу бргу“ - порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-shilegov-go-odobruva-mobingot-na-tina-petrushevska-vo-jp-lajka-zatoa-shto-molchi-i-ne-prezema-nishto/feed/ 0
Ова куче беше малтретирано во Скопје, а еве како изгледа денес и каква среќа доживеа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ova-kuche-beshe-maltretirano-vo-skopje-a-eve-kako-izgleda-denes-i-kakva-srekja-dozivea-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ova-kuche-beshe-maltretirano-vo-skopje-a-eve-kako-izgleda-denes-i-kakva-srekja-dozivea-video/#respond Fri, 03 Sep 2021 15:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=558933

Заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон, соопштија од ЈП „Лајка”. По повеќе од три месеци поминати во „Лајка” и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите наши вработени, подготвен за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго. -Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци, соопштија од „Лајка” Се надеваме, велат од Лајка, дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ova-kuche-beshe-maltretirano-vo-skopje-a-eve-kako-izgleda-denes-i-kakva-srekja-dozivea-video/feed/ 0
Маскенбал во „Лајка“: Прекрасни кучиња го бараат својот дом https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/maskenbal-vo-lajka-prekrasni-kuchinja-go-baraat-svojot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/maskenbal-vo-lajka-prekrasni-kuchinja-go-baraat-svojot-dom/#respond Thu, 01 Apr 2021 20:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=491054

Меѓународниот празник на шегата и смеата беше одбележан во ЈП Лајка. -Нашите колеги Африка, Цунами, Кате, Мoни и Бони позираа во најразлични костими. Кучињата несомнено уживаа во оваа прво априлска приказна исполнета со забава и смеа, велат од Лајка. Сите овие прекрасни крзнени пријателчиња се уште го бараат својот дом. За апликација за вдомување пишете на [email protected].]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/maskenbal-vo-lajka-prekrasni-kuchinja-go-baraat-svojot-dom/feed/ 0
Лајка никако да прoработи, невладините против Шилегов https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lajka-nikako-da-proraboti-nevladinite-protiv-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lajka-nikako-da-proraboti-nevladinite-protiv-shilegov/#respond Fri, 02 Oct 2020 12:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=411557

Година ипол по најавите за отворање, стационарот за вдомување на бездомни животни Лајка никако да проработи, а веќе здруженијата за заштита на животните бараат оставка од директорката Тина Петрушевска која беше назначена пред две години од страна на  градоначалникот Петре Шилегов. Имено, вчера 8 скопски здруженија за заштита на животните и од 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животните доставија барање до Шилегов за разрешување на в.д директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска. Здруженијата обвинуваат дека Петрушевска е целосно неподобна за функцијата која и е доверена, како и дека наводно извршила злоупотреба на должноста. Во барањето за оставка се наведува дека Петрушевска покренувала неосновани судски спорови против соработниците на активисти-волонтери за заштита на животните, вршела кражба и криминална злоупотреба на лични податоци со содејство со службени лица од други институции, ги вознемирувала, со помош на трети лица ги прогонувала и телефонски им се заканувала на вдомувачи на бездомни животни – државјани на други земји. Претходно Теона Георгиевска единствената активистка за заштита на животните во „Лајка“  поднесе оставка од Управниот одбор на ЈП „Лајка“ бидејќи како што образложи во оставката не сака да биде дел од претпријатие во чие раководство не само што се поставуваат несоодветни кадри, кои наместо да работат за заштита и во интерес на животните и на граѓаните, работат несовесно и ја злоупотребуваат службената положба и овластувања. Активистите обвинуваат дека Шилегов по седнување во градоначалничката фотелја спротивно на предизборните ветувања ја прекинал секоја комуникација со скопските активисти на кои им велел дека не партнери и на местото директор на „ЈП Лајка“ ја поставил Тина Петрушевска за кој изјавувал дека е активистка. Активистите велат дека доколку Шилегов не постапи согласно нивните барања за разрешување на Петрушевска од позицијата, и поставување на активист-волонтер на нејзиното место ќе се соочи со постапки утврдени со закон и протести. Но, ова не е прв случај, активистите за заштита на правата на животните во месец август бараа итна замена на в.д. директорката на ЈП „Лајка“, а како една од причините тогаш беше дека во рок од година и пол истата не се извршила ниту една  стерилизирале и кастрирале ниту едно куче, а таквата состојба, велат дека е резултат на целосното исклучување на активистите од сите процеси поврзани со третманот на бездомните животни во Град Скопје. Но, одговор од страна на Шилегов  за барањето за оставка на Петрушевска се уште нема. Шилегов во неколку наврати најавуваше заврши фази на реконструкција, како и отворање на ЈП „Лајка“ кои е замена за долгогодишниот Вардариште, стационарот уште не ги отворил вратите за кучињата скитници. Ова прашање и понатаму е горлив проблем за скопјани кои секојдневно се соочуваат со напади од глутница на кучиња, а ваквото несериозно однесување од страна на скопскиот градоначалник Шилегов уште еднаш потврдува дека тој нема слух ниту за проблемите на граѓаните, ниту пак за активистите за заштита на животните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lajka-nikako-da-proraboti-nevladinite-protiv-shilegov/feed/ 0