лак и стрела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 10:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лак и стрела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пештерските луѓе користеле лак и стрела и пред 54.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peshterskite-luge-koristele-lak-i-strela-i-pred-54-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peshterskite-luge-koristele-lak-i-strela-i-pred-54-000-godini/#respond Thu, 23 Feb 2023 10:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=804126

Пештера во Франција открива докази дека човекот на „Стариот Континент“ користел лак и стрела и пред околу 54.000 години, многу порано отколку што беше претходно познато. Употребата на лакот и стрелата во Африка се случувала уште пред 70.000 години. Но, досега најстариот доказ за стрели во Европа беше откривањето на лакови и стрели во мочуришта во северна Европа, особено Германија, коишто се стари 10.000 до 12.000 години. Така, истражувањето објавено во списанието „Сајенс адвансес“ (Science Advances) го враќа времето на стрелањето во Европа за повеќе од 40.000 години. Новите испитувања ја опфаќаат пештерата Мандрин во областа Рона во јужна Франција. Местото содржи археолошки остатоци од пред 80.000 години и повеќе. Научниците веќе документираа дека неандерталците и нивните современи „роднини“ - Хомо-сапиенс наизменично ја населувале Мандрин. Нивото познато како „Слој Е“ каде што е најдени археолошките наоди се припишува на присуството на хомо-сапиенс пред околу 54.000 години. „Сепак, неандерталците кои ја населувале Мандрин продолжиле да користат традиционално оружје како што се копја и не развиле оружје со механички погон“, појасни Лор Мец од Универзитетот на Марсеј. „Затоа, традициите и техниките совладени од овие две популации биле суштински различни, што ја илустрира извонредната објективна техничка предност на денешните луѓе за време на нивното ширење на европскиот континент“, додава таа. Мец е една од авторките на научниот труд, заедно со Лудовик Слимак од Универзитетот на Тулуз. Според неа, жителите на пештерата обично ловеле коњи, бизони и елени, а во наоѓалиштето се пронајдени и коски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peshterskite-luge-koristele-lak-i-strela-i-pred-54-000-godini/feed/ 0
Данецот кој усмрти 5 лица со лак и стрела предаден на здравствените служби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danecot-koj-usmrti-5-lica-so-lak-i-strela-predaden-na-zdravstvenite-sluzbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danecot-koj-usmrti-5-lica-so-lak-i-strela-predaden-na-zdravstvenite-sluzbi/#respond Fri, 15 Oct 2021 09:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=579475

Данецот кој синоќа беше уапсен за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди, денеска е предаден на здравствените служби. – Тој беше предаден на здравствените служби по проценка на неговата здравствена состојба, изјави обвинителката Ана Ајрин Свејн Матијасен. Според неа, се појавиле сомнежи за менталното здравје на човекот, идентификуван како Еспен Андерсен Братхен, дански државјанини, како и за тоа дали може законски да биде одговорен за нападот. Тој призна дека ги извршил убиствата. Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути. Судијата треба да одлучи дали ќе го задржи Братхен во притвор. Обвинителството побара тој да биде во притвор четири недели, а првите две да биде изолиран. – Ако судијата го уважи барањето на Обвинителството, тој нема да биде испратен во затвор, туку ќе биде задржан на медицинска нега, рече обвинителката. Иако полицијата соопшти дека нападот најверојатно е терористички акт, властите не ја исклучуваат можноста за проблеми со менталното здравје]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danecot-koj-usmrti-5-lica-so-lak-i-strela-predaden-na-zdravstvenite-sluzbi/feed/ 0
ФОТО: За нападот во Норвешка осомничен Данец, убиени пет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-za-napadot-vo-norveshka-osomnichen-danec-ubieni-pet-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-za-napadot-vo-norveshka-osomnichen-danec-ubieni-pet-lica/#respond Thu, 14 Oct 2021 06:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=578738

За смртта на пет лица кои се убиени во Норвешка во напад со лак и стрела, е осомничен 37 годишен државјанин на Данска, соопшти полицијата. Уште две лица, меѓу ки и полицаец кој не бил на должност, се повредени во нападот кој се случи вчера на разни локации во градот Конгсберг кој е одалечен 68 километри од Осло. Ејвинд Ос, шеф на полициските оперативни единици истакна дека осомничениот е фатен и дека делувал сам, а неговите мотици се уште не се познати. -Полицијата ги дава овие податоци поради сите гласини на социјалните мрежи во врска со луѓето поврзани со овој многу сериозен инцидент, прецизирано е во полициското соопштение во кое се наведува државјанството на осомничениот, но не и неговиот идентитет. Адвокатот на осомничениот потврдил дека тој соработувал со надлежните во истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-za-napadot-vo-norveshka-osomnichen-danec-ubieni-pet-lica/feed/ 0