ламбе арнаудов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Oct 2023 12:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ламбе арнаудов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арнаудов: Младите генерации во ВМРО-ДПМНЕ ги следат и ќе ги надминат ветераните во љубовта и борбата за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mladite-generatsii-vo-vmro-dpmne-gi-sledat-i-ke-gi-nadminat-veteranite-vo-lubovta-i-borbata-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mladite-generatsii-vo-vmro-dpmne-gi-sledat-i-ke-gi-nadminat-veteranite-vo-lubovta-i-borbata-za-makedonija/#respond Sun, 01 Oct 2023 12:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=883845

Ламбе Арнаудов од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ изрази апсолутна сплотеност во партиските структури и поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот, Христијан Мицкоски во борбата за зачувување на националните обележја на македонскиот идентитет. Арнаудов ова го истакна на неговото вклучување во вестите на македонскиот јавен сервис МРТ1, од втората конференција на Унијата на ветерани која што денеска се одржува во Струмица, при што го изрази неговото пријатно чувство од ваквите настани на кои што можат да се сретнат со многу луѓе со кои долги години не се виделе и на кои можат да разговараат и да разменат мислења околу дејствувањето на унијата. „Ова е една извонредна можност да ја искажеме нашата апсолутна сплотеност и единство во поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ предводена од нашиот претседател Христијан Мицкоски. И секако структурите кои што ја сочинуваат партијата кои сме единствени, заедно она што за ВМРО-ДПМНЕ значи одбрана и заштита на интересите на Македонија заокружена како држава дефинитивно и сочувување на сите обележја што значат македонски идентитет. И сите структури на тоа се насочени. Мислам дека ова е една ретка прилика каде што ќе го демонстрираме тоа со огромна вистинитост и на среќа на сите наши членови“, рече Арнаудов. Тој ја искажа недвосмисленоста околу определеноста за ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток и од основањето каде што е определено за евроатланските интеграции кои ги негува и никако не запоставувајќи ги изворните принципи, критериуми, и начела што изворното ВМРО го поставило пред македонскиот народ. „Можам слободно да кажам дека освен годините што ги имаме во разлика со младите, јас чувствувам дека скоро нема никаква разлика, нашите младинци одат цврсто по патот кој што ние сме го зацртале и се вени придружници и јас сум среќен и убеден дека во иднина ќе не надминат нас во своето дејствување во корист на оние основни принципи сочувување на Македонија, заокружување на државноста на Македонија, а исто така и она што претходно го кажав обележјата на македонскиот идентитет да останат никогаш недопрени. Сите сме за Македонија да влезе во евроатланските интеграции како полноправна членка но никако условено, понижено или со свиткана кичма. Одиме право, онака како што прилега на една институција која значи ЕУ што е храм на демократијата и тоа сакаме да биде прифатливо и пренесено на сите земји членки а не селективно“, истакна Арнаудов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mladite-generatsii-vo-vmro-dpmne-gi-sledat-i-ke-gi-nadminat-veteranite-vo-lubovta-i-borbata-za-makedonija/feed/ 0
Арнаудов: Криминалците во затворите да не се радуваат прерано, ВМРО-ДПМНЕ е доволно силна и обединета да го спречи Законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-kriminaltsite-vo-zatvorite-da-ne-se-raduvaat-prerano-vmro-dpmne-e-dovolno-silna-i-obedineta-da-go-sprechi-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-kriminaltsite-vo-zatvorite-da-ne-se-raduvaat-prerano-vmro-dpmne-e-dovolno-silna-i-obedineta-da-go-sprechi-zakonot-za-amnestija/#respond Sat, 30 Sep 2023 11:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=883558

Јас им препорачувам на злосторниците, посебно тие за случајот Монструм да не се радуваат прерано. Јас тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ како силна опозициска партија ќе направи се и ќе ги искористи сите механизми во согласност со законот и уставот ќе го спечи носењето на најавениот Закон за амнестија која претсавува очајничка работа на луѓето кои што ја водат владата, вели Ламбе Арнаудов во гостување на телевизија Алфа зборувајќи за законот за Амнестија. „ВМРО-ДПМНЕ е доволно снажна, обединета и единствена со квалитетен капацитет во својот состав и во пратеничката група и во сите структури на партијата и максимално ќе се заложи да го спречи овој немил настан кој што постојано му надвиснува на граѓаните на Македонија. Јас тврдам дека можеби подобро е без никаква правда отколку со селективна правда“, рече Арнаудов кој додада дека најавениот Закон за амнестија се носи со брзина на светлината без консултации со пошироката македонска и стучна јавност иако има и сериозни социолошки општествени импликации. Арнаудов зборуваше и за последните случувања во партијата меѓу поранешниот и актуелен претседател, Христијан Мицкоски при што истакна дека тоа не беше преписка меѓу Мицкоски и Гриевски, туку тоа беше одбрана и заштита прво на ВМРО-ДПМНЕ, која што според него е во вечна симбиоза и многу генерации се израснати со Република Македонија, и да се спречи да се разнебити Македонија и партијата која што е како бедем која ја чува и ја обезбедува и ќе ја сочува Македонија. „Претседателот Христијан Мицкоски како персонификација на партијата, направи еден потег што никој до сега не го направил. Прв сам влезе во битка да ги разоткрие другите. Поранешни лидери прво ќе ги пуштеа вторите или третите ешалони тие прво да ја испитаа состојбата. Јас тврдам дека нема да се дојде до ситуација на ситнење на членството, затоа што и членството е свесно и зане дека партијата е исправена пред предизвикот на одбрана на Македонија и членството има целосна доверба во претседателот Мицкоски“, истакна Арнаудов кој додаде дека сите партиски структури и членството се целосно обединето и цврсто стојат позади претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим во нивната борба за одбрана на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-kriminaltsite-vo-zatvorite-da-ne-se-raduvaat-prerano-vmro-dpmne-e-dovolno-silna-i-obedineta-da-go-sprechi-zakonot-za-amnestija/feed/ 0
Арнаудов: Декларацијата за независност беше првото исполнето ветување кон македонскиот народ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не попуштивме и покрај притисоците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-deklaratsijata-za-nezavisnost-beshe-prvoto-ispolneto-vetuvane-kon-makedonskiot-narod-od-strana-na-vmro-dpmne-ne-popushtivme-i-pokraj-pritisotsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-deklaratsijata-za-nezavisnost-beshe-prvoto-ispolneto-vetuvane-kon-makedonskiot-narod-od-strana-na-vmro-dpmne-ne-popushtivme-i-pokraj-pritisotsite/#respond Sat, 17 Jun 2023 18:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=846875

Вториот ден после конституирањето на првиот парламентарен состав, ја имав честа да ја поднесам Декларацијата за независност на Република Македонија, тоа беше шок во Собранието и почнаа игрите и интригите како да се спречи тоа. Се трудеа на секој начин да не сопрат, но тоа што ние пред народот го ветивме дека ќе се бориме за независна и самостојна држава, не попуштавме пред притисоците кои се редеа кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене, немаа избор ја ставија на дневен ред и се изгласа, изјави Ламбе Арнаудов, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на денешната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“. Арнаудов истакна дека тоа беше првото исполнување на ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и можеби најзначајно. - Ја поставивме ВМРО-ДПМНЕ во симбиоза со македонскиот народ, нераскинлива врска која ќе трае додека македонската држава е биде направена под терк на народот, рече тој. ВО однос на основањето на партијата како што посочи Арнаудов, се започнало од дијаспората каде патриоти Драган Богдановски, Гојко и Мане Јаковлевски, Владо Транталовски, а тука заедно Борис Змејковски, Дијана Транталовска започнале да организраат подготвителна база како ќе изгледа ВМРОД-ДПМНЕ. - После овој ден денешен еруптивно тргнаа националните чувства и беа поставени идеалите и целите на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на суверена и независна Македонија. Почнавме да ги организираме сите тела онака како што беше предвидено во уставот на историското ВМРО-ДПМНЕ, потоа се формираа тела и на следните парламентарни избори убедливо победивме и направивме држава која со сите нишани и атрибути беше подобра од сега, изјави Арнаудов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-deklaratsijata-za-nezavisnost-beshe-prvoto-ispolneto-vetuvane-kon-makedonskiot-narod-od-strana-na-vmro-dpmne-ne-popushtivme-i-pokraj-pritisotsite/feed/ 0
Арнаудов: Мицкоски со неговиот генијален шаховски потег ги разоткри и разобличи предавниците од дома, уставни измени се блеф на Бугарија, таа има поголеми барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-so-negoviot-genijalen-shahovski-poteg-gi-razotkri-i-razoblichi-predavnitsite-od-doma-ustavni-izmeni-se-blef-na-bugarija-taa-ima-pogolemi-barana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-so-negoviot-genijalen-shahovski-poteg-gi-razotkri-i-razoblichi-predavnitsite-od-doma-ustavni-izmeni-se-blef-na-bugarija-taa-ima-pogolemi-barana/#respond Mon, 12 Jun 2023 17:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=845018

„Мицкоски многу добро ја процени ситуацијата, тој увиде дека патот колку и да е далеку до членството во ЕУ не е само патот важен, важни се препреките што ги има. Патот може да биде многу долг и да го изодиме со 250 километри на час меѓутоа може и да е 100 метри и да не можеме го поминеме. И тој пат е сега 100 метри кој што не можеме да го поминеме. Јас тврдам дека ова што Бугарија го бара за влез на бугарските граѓани во македонскиот Устав е само нивен блеф, тие имаат далеку поголеми барања од Република Македонија“, истакна Ламбе Арнаудов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Арнаудов додаде дека граѓаните знаат што се случува и дека Бугарија има доста поголеми барања што ги подготвува за Македонија. „Мицкоски со неговиот генијален шаховски потег ги разоткри и разобличи предавниците од дома што и слугуваат на Бугарија“, нагласи тој. Тој посочи дека ЕУ ако сака да помогне на Македонија, прашањето со Бугарија ќе го реши за едно попладне. „Кај нас дома ништо нема да се заврши како што треба додека ја имаме оваа Влада, додека ги имаме овие послушници, додека го имаме ДУИ“, рече Арнаудов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-so-negoviot-genijalen-shahovski-poteg-gi-razotkri-i-razoblichi-predavnitsite-od-doma-ustavni-izmeni-se-blef-na-bugarija-taa-ima-pogolemi-barana/feed/ 0
Арнаудов: Мицкоски и пратениците покажаа како се бранат идентитетските прашања, наспроти политичките отпадоци во власта кои што само ѝ наштетуваат на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-i-pratenitsite-pokazhaa-kako-se-branat-identitetskite-prashana-nasproti-politichkite-otpadotsi-vo-vlasta-koi-shto-samo-nashtetuvaat-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-i-pratenitsite-pokazhaa-kako-se-branat-identitetskite-prashana-nasproti-politichkite-otpadotsi-vo-vlasta-koi-shto-samo-nashtetuvaat-na-makedonija/#respond Mon, 12 Jun 2023 17:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=845001

„Од кујната на власта произлегуваат само лаги и никогаш нема да престанат. Тие така функционираат. Народот веќе ги препозна, се што досега кажаа излажаа. Затоа сега започнува будење на македонскиот народ“, истакна Ламбе Арнаудов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Арнаудов додаде дека многу скоро од власта ќе си ги спакуваат куферите и ќе си заминат. „Јас сакам да изразам една огромна благодарност и почит кон пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за нивното крајно искрено однесување, почитување и издржливост и покрај тоа што беа соочени со невидени притисоци и закани. Пратениците докажаа дека се украс на ВМРО-ДПМНЕ, дека се скапоцен бисер на македонскиот народ, опстанаа на да ги соочуваат идентитетските прашања и да не дозволат да бидат потценети или предадени. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се полни со родољубие, со патриотизам и направија нешто што македонскиот народ од нив очекуваше“, заклучи Арнаудов. Тој посочи дека изразува огромна благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што цврсто се спротивстави на оваа ненародна власт која што по секоја цена сака да го загрози идентитетот на Македонија, македонскиот јазик и култура. „Мицкоски направи совршена интеграција на старото ВМРО историско го спои заедно со ова ново ВМРО-ДПМНЕ и направи нешто што луѓето не го очекуваа. Мицкоски гради вредности, идеал и кауза, а јас би додал и традицијата. И со тоа тој докажа дека е лидер на вистинско место и во право време, и затоа го напаѓаат од власта. Во последни денови за него конструираа и разни лаги и шпекулации“, рече тој. Арнаудов укажа дека граѓаните во Мицкоски препознаваат човек кој што ја сака својата држава и се бори за неа, идентитетот и јазикот. Исто така тој во своето гостување додаде дека во власта има политички отпадоци кои што сакаат по секоја цена да и наштетат на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-mitskoski-i-pratenitsite-pokazhaa-kako-se-branat-identitetskite-prashana-nasproti-politichkite-otpadotsi-vo-vlasta-koi-shto-samo-nashtetuvaat-na-makedonija/feed/ 0
Арнаудов: Предвремени парламентарни избори ќе има, граѓаните живеат се потешко, а власта не знае да се справи со кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-predvremeni-parlamentarni-izbori-kje-ima-gragjanite-ziveat-se-poteshko-a-vlasta-ne-znae-da-se-spravi-so-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-predvremeni-parlamentarni-izbori-kje-ima-gragjanite-ziveat-se-poteshko-a-vlasta-ne-znae-da-se-spravi-so-krizata/#respond Thu, 19 May 2022 18:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=679166

Предвремени парламентарни избори ќе има. Вака како што се движи Македонија, граѓаните се потешко живеат, а власта не подготви терен да може да се одбрани од кризата, нашата инфлација е најголема во регионот, задолжувањето дојде до 70% од БДП, изјави поранешниот пратеник, Ламбе Арнаудов за „Само интервју“ на Канал 5. Тој истакна дека СДСМ заедно со владата на Ковачевски се 5 години на власт, а немаат ниту една капитална инвестиција, додека парите ги трошат на тендери и поткуп, а во меѓувреме ја задолжуваат премногу државата под услови за кои кредитите ќе се враќаа двојно. -Пет години се на власт, потрошија 22 до 25 милијарди евра буџетски средства, освен за поткупување на гласачи и тендери, кажете ми една капитална инвестиција да ја видиме? Сега ќе се задолжат од 900 милиони плус еврообврзница, нема држава во светот која се задолжува толку од својот БДП и ако ја ставиме инфлацијата дополнително ќе се отежни враќањето, на парите или ќе се зголеми каматата и за секој кредит ќе враќаме два кредити, нагласи Арнаудов. Тој посочи дека сите катаклизми во било кој поглед, социјални, економски, политички се случуваат во време на владеење на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ во глобална светска криза направи инфраструктура, градеше, донесе инвестиции, се отворија илјадници работни места и покажа како треба да се работи. Во врска со протестот на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека бидејќи власта не ја прифати подадената рака ќе се соочи со масовен собир на 18 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-predvremeni-parlamentarni-izbori-kje-ima-gragjanite-ziveat-se-poteshko-a-vlasta-ne-znae-da-se-spravi-so-krizata/feed/ 0
Арнаудов: Заев има најголема вина за ова што се случува со Бугарија, за да ни постават нови услови го користат и Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-zaev-ima-najgolema-vina-za-ova-shto-se-sluchuva-so-bugarija-za-da-ni-postavat-novi-uslovi-go-koristat-i-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-zaev-ima-najgolema-vina-za-ova-shto-se-sluchuva-so-bugarija-za-da-ni-postavat-novi-uslovi-go-koristat-i-prespanskiot-dogovor/#respond Thu, 19 May 2022 17:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679158

За се ова што се случува со Бугарија најголема вина има Заев кој направи отстапки. Бугарија го искористува дури Преспанскиот договор за да ни поставува услови. Пред Заев да настапи така дека ќе го реши проблемот со Бугарија, односите помеѓу двете држави беа релаксирани и немаше ваква нетрпеливост, изјави за „Само интервју“ на Канал 5, поранешниот пратеник Ламбе Арнаудов. Тој посочи дека СДСМ го злоупотребува процесот и си зема право само да одлучува без да се консултира со опозицијата и граѓаните. - Се потпишуваат договори затоа што се брза и не се соработува, една политичка партија узурпира право и доминантно одлучува за тоа. Не може граѓаните да се остават настрана да не одлучуваат за својата иднина и идната на своите деца. ВМРО-ДПМНЕ доколку беше власт ќе подадеше рака и заеднички ќе се одлучуваше, изјави Арнаудов. Тој посочи дека тешко ќе се дојде до договор со Бугарија ако се прифатат нивните услови затоа што се негира јазикот, народот, но и територијата на Македонија. - Бугарија не негира дека главен услов им е територијата на Македонија. Околу непризнавањето на јазикот, и се она што претставува македонски атрибут. Дури и некои бугарски политичари тоа го ставија до знаење. Дури и бугарскиот народ кој не го изедначувавме со политичките елити со вешта пропаганда се има свртено против Македонија, нагласи Арнаудов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-zaev-ima-najgolema-vina-za-ova-shto-se-sluchuva-so-bugarija-za-da-ni-postavat-novi-uslovi-go-koristat-i-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
Божиновски и Арнаудов за Мицкоски: Тој е единствениот човек што го раздрма владиното мнозинство, избори се потребни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-i-arnaudov-za-mickoski-toj-e-edinstveniot-chovek-shto-go-razdrma-vladinoto-mnozinstvo-izbori-se-potrebni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-i-arnaudov-za-mickoski-toj-e-edinstveniot-chovek-shto-go-razdrma-vladinoto-mnozinstvo-izbori-se-potrebni/#respond Thu, 11 Nov 2021 18:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=594325

Она што го кажува Христијан Мицкоски, неговиот збор е голем како планина, што ќе каже го одржува. И ова со 61 пратеник тој го оствари. Меѓутоа ова што се случи сега е еден брутален напад врз личноста на човек, ако е така било како да е, дали е киднапиран или е платен мислам дека ред е веќе Македонија да престане да зависи од индивидуи и поединци, заклучи Ламбе Арнаудов во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Вангел Божиновски во истата емисија вечерва посочи дека Зоран Заев со неговата Влада нанесе голема штета врз Македонија. „Единствена цел за спас е демократска партија за македонско национално единство. Кога ќе постигнете македонско национално единство за сите други ќе биде подобро. Затоа што оваа држава, ова место, оваа локација е изработена токму од тој македонски народ. Така пишува на секој камен и ако се вратите назад во историјата кои ја попљукаа овие од власта како неважна и една некадарна министерка за образование која вели дека не треба да има историја па историјата требало да се учи од интернет. Интернет нема податоци за Македонија. Ние сами треба да ги напишеме тие податоци“, рече Божиновски. Арнаудов додаде дека Мицкоски со своите постапки го раздрма мнозинството на Владата, по ова денес потребни се нови парламентарни избори. Оваа влада треба да се распушти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-i-arnaudov-za-mickoski-toj-e-edinstveniot-chovek-shto-go-razdrma-vladinoto-mnozinstvo-izbori-se-potrebni/feed/ 0
Арнаудов: Кога СДСМ е на власт, поединци и индивидуалци од лични интереси и нанесуваат голема штета на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-koga-sdsm-e-na-vlast-poedinci-i-individualci-od-lichni-interesi-i-nanesuvaat-golema-shteta-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-koga-sdsm-e-na-vlast-poedinci-i-individualci-od-lichni-interesi-i-nanesuvaat-golema-shteta-na-drzavata/#respond Thu, 11 Nov 2021 17:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=594304

Во Македонија кога СДСМ е на власт се очекуваат вакви работи во негативна смисла. И знаете како еве со уставните промени осуммина, сега еден жално е што секогаш кога е СДСМ на власт во Македонија поединци и индивидуалци од лични интереси и нанесуваат толкава голема штета на државата, што не знам какви ќе бидат последиците, истакна Ламбе Арнаудов во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Арнаудов додаде дека ова вечерва што го направи Кастриот Реџепи не е човек, не мисли за доброто на Македонија. „Сметам дека она што го остваривме како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ќе продолжи и понатака, патот на успехот е веќе трасиран. Нем зошто да се грижи ниту членството, ниту симпатизерите, ниту пак гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. А, исто така немам никаква двојба дека оваа соработка со албанскиот политички фактор каде што нас ни се припишуваше дека немаме капацитет да коалицираме со албански партии еве покажавме дека со три албански партии прогресивни имаме коалиција. Малкумина знаат дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е определена за 300 години“, појасни Арнаудов. Арнаудов посочи дека овој четврток ќе биде запаметен како диктаторски четврток, власта преку закани и уцени се обидува да го одржи мнозинството кое што одамна веќе го нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arnaudov-koga-sdsm-e-na-vlast-poedinci-i-individualci-od-lichni-interesi-i-nanesuvaat-golema-shteta-na-drzavata/feed/ 0
Македонија! Наша желба секаква https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-nasha-zelba-sekakva/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-nasha-zelba-sekakva/#respond Tue, 30 Mar 2021 13:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=489736

Текстов им го посветувам на оние лигуши, кои наместо храброст одбраа понижување, наместо почит, презир, на оние кои слободата ја приграбуваат за себе за да од другите да направат робови, на тие кои се доминантни во власта а се дебело малцинство во народот, и за кукавиците безбедно сокриени во рововите и бункерите, кои после бојот никнуваат како печурки по пролетен дожд и на хероите лицемерно им отвораат споменици, држат пофални зборови и едвам чекаат да заминат дома за да ги исмејуваат. И овие не се најлошите. Порано храбрите луѓе кои својата “храброст“ ја капитализирале здобивајќи се со погодности и привилегии и се претвориле во најодвратни кукавици. Е, тие се најлошите и за себе и за како пример. Затоа, вас најголемиот број честити домаќини, лојални граѓани на општеството ве замолувам максимално да се оградите од нив, да ги изолирате и да ги оставите душевно да се измачуваат во сопствениот карантин што сами си го определиле. Само така нема да бидете капак на лонецот во кој се подготвува предавството на македонскиот народ и Република Македонија. Бидете уверени дека Господ ова ќе ви го запише во добрите дела. Зошто не за храбрите. За нив раскажуваат и пишуваат светците, ние обичните смртници не сме достојни тоа да го правиме. Скромни се и никогаш не зборуваат за себе, а и не сакаат други да ги фалат. Храброста и слободата не ги чуваат за свои, галантно ги даруваат на немоќните, нивните дела се безвремени, а тие живеат и после смртта, додека другите воопшто и не живеат. Не плашете се да бидете храбри. Денес тоа е лесно. Не ви треба оружје, ни омраза, ни војски, ниту скраја да е паравојски. Доволно е од љубовта што ја имате кон своето семејство да одвоите дел и за Татковината и разум за правилно да ја распределите. Ова со разумот е многу важно. Суверенитетот и независноста на една држава не се само луѓето, народот, нацијата, мажите, жените и нивните деца. Суверенитетот се однесува и на сите природни богатства на површина и во длабочините на земјата. Сите природни и човечки ресурси што некој пред нас ги оставил, ние од нив сме се насладувале и сега повеќекратно умножени треба да ги оставиме на нашите идни генерации. Сите материјални и духовни вредности, културно историски наследства, трајни вредности, непресушни извори на опстојот наш, богатства за благосостојба на сите, богатства создадени од нас и од оние кои ќе создаваат после нас за мирен и спокоен живот без болести, војни, несреќи и неволји. Затоа порачувам. Бидете крајно внимателни на кого кажувате “Добар Ден“, пред кого се поклонувате и кому целивате рака, како што впрочем рекол колосот охридски Григор Прличев: Ако владиката тебе ти кажува “Добар Ден“, а истовремено ве погрчува не смееш да кажуваш дека е добар. Татковината на никому не должи ништо затоа сé што има ни го дава, а ние сме должни само да ја сочуваме затоа што Македонија припаѓа и на нас, ама и на светот. Македонија е нашиот заеднички дом, топол и пријатен за сите. Тоа е една станбена зграда во која живееме заедно и солидарно. Ако прокиснува кровот во едната половина, а ти безбеден и сув не правиш ништо зградата ќе се сруши и сите ќе останеме бездомници. Исто е и ако сакаш станот да го прошириш а го урниш носечкиот столб. Оние што те охрабриле тоа да го направиш и дека ќе бидеш заштитен, те лажат. Глодате коски што ги фрлаат меѓу нас, што мислите кој го изел месото. Затоа, да бидеме мудри, да слушаме секого, а да не послушаме никого, да се потпреме, јас на тебе, ти на мене. Вампирот кој игра околу нас да не дозволиме да се разигра кај нас. Тој не разликува ни вера, ни раса, ни нација, вратните жили од кои се напојува од нашата животна течност не ги разликува. Сите сме за него потенцијални жртви. Ако ме разбирате, добро, ако не, пак  добро. Јас овде завршувам и станувам од место. Јас од место Господ на место. За сите и за сé во Македонија, вечна и спокојна. Ламбе Арнаудов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-nasha-zelba-sekakva/feed/ 0