ламборџини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 20:37:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ламборџини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Lamborghini Revuelto „фатен“ на асфалт https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lamborghini-revuelto-faten-na-asfalt/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lamborghini-revuelto-faten-na-asfalt/#respond Wed, 12 Apr 2023 18:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=823378

Новиот Lamborghini Revuelto, како и неговите претходници, е вистински феномен на патиштата, но без соодветни звучни ефекти. За разлика од својот претходник, Revuelto е вистински plug-in хибрид кој може да вози на струја. Додуша, досегот му е мизерен, но доволно за возачот да се прикраде дома по доцна навечер и на тој начин да не ги разбуди соседите. Во лов на нов модел, јутјуберот Varryx реши буквално да кампува пред фабриката на Lamborghini. Не мораше долго да чека, но уловот сепак беше скромен. Revuelto сè уште ја носеше маската на предниот дел и возеше во електричен режим кога излезе на асфалтната патека, така што бевме лишени од татнежот на атмосферскиот V12. Во својата природа, Revuelto сепак ќе го поминува поголемиот дел од своето време во друштво на активен V12, поради неговата мала батерија и минималниот електричен досег. Од друга страна, интересно е да се види новиот Lambo на патиштата – тоа е модел кој е подолг за дури 167 mm од својот претходник. Ако на сè се додаде доаѓањето на наследникот на Huracan, хибридниот Urus и сосема новиот 2+2 GT, можеме да очекуваме многу интересни новитети од Lamborghini. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lamborghini-revuelto-faten-na-asfalt/feed/ 0
Новото Lamborghini развива 1.001 КС, има V12 и три електрични мотори https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novoto-lamborghini-razviva-1-001-ks-ima-v12-i-tri-elektrichni-motori/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novoto-lamborghini-razviva-1-001-ks-ima-v12-i-tri-elektrichni-motori/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=809433

Целиот свет трпеливо го чека претставувањето на новата генерација на Lamborghini, а сега компанијата ги објави техничките спецификации на електрифицираниот суперавтомобил кој се развива под кодното име LB744. Плаг-ин хибридниот систем се состои од нов 6,5-литарски V12 мотор поврзан со нов осумстепен менувач со двојна спојка, литиум-јонски батерии и три електрични мотори, со вкупна моќност од 1.001 КС. Lamborghini откри и детали за платформата на својот „прв електрифициран автомобил со високи перформанси“, кој наскоро ќе биде претставен како дел од прославата на 60-годишнината на компанијата, заменувајќи го Aventador, но и оддавајќи почит на историјата на легендарните V12 суперавтомобили од Сант’Агата. Атмосферскиот 6,5-литарски V12 мотор со кодно име L545 е значително различен, моќноста е зголемена, а тежината е намалена во однос на неговиот претходник. Промените вклучуваат редизајнирани канали за довод на воздух, нов систем за согорување со зголемен однос на компресија, подобрен, како и подобрен проток на издувните гасови. Како резултат на тоа, моторот развива 814 КС и 725 Nm вртежен момент, што значи дека е најмоќниот V12 мотор кој е произведен во фабриката на Lamborghini. Самиот SUS мотор е за 55 КС помоќен од моторот што го придвижува Lamborghini Aventador SVJ и тежи 218 kg, односно 17 kg помалку од излезниот агрегат. Моторот со внатрешно согорување сè уште е поставен на средина, но се ротира за 180 степени. Работи заедно со три аксијални електрични мотори со ладење со масло, од кои два се поставени на предната оска и еден на задната страна над новиот осумстепен менувач со двојна спојка. Додека V12 ја испраќа својата моќ на задните тркала, електричните мотори обезбедуваат погон на сите тркала со систем за векторирање на вртежниот момент. Исто така, електричните мотори може да се користат за целосно електричен режим.
Секој од трите електромотори испорачува 148 КС и тежи 18,5 килограми. Исто така, предните мотори испорачуваат 350 Nm вртежен момент на предната оска, додека задниот електромотор развива до 150 Nm. Во комбинација, plug-in хибридната погонска единица произведува импресивни 1.001 КС, што ја става моќта на Lamborghini во четири цифри за прв пат во историјата. Бројката за комбинираниот вртежен момент не е објавена. Литиум-јонската батерија со капацитет од 3,8 kWh се наоѓа во тунелот за пренос помеѓу возачот и патникот, долга е 1.550, висока 301 и широка 240 мм. Полнењето преку надворешен извор на енергија (7 KW) трае 30 минути, додека со помош на моторот V12 може да се наполни за само шест минути. Како и кај сите хибриди, батеријата исто така се полни со енергија од регенеративниот систем за сопирање на предните тркала. Lamborghini исто така не го откри опсегот на автомобилот, но вкупните емисии на CO2 се намалени за 30 проценти во споредба со неелектрифицираниот Aventador Ultimae. Нова компонента е осумбрзинскиот менувач со двојна спојка (DCT) поставен во попречната задна положба и потсетува на менувачот на моделот Miura на Lamborghini од 1966 година. Тој е компактен, со димензии 560 мм во должина, 750 мм во ширина и 580 мм во висина, а исто така е полесен и побрз од седум-брзинскиот DCT менувач што го користи Huracan. Неговата позиција овозможува попространа внатрешност во кабината со две седишта во споредба со Aventador. Менувачот има функција „континуирано надолу“, која се користи со држење на левата лопатка. DCT нема „рикверц“, па за движењето наназад се задолжени електромоторите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novoto-lamborghini-razviva-1-001-ks-ima-v12-i-tri-elektrichni-motori/feed/ 0
„Lamborghini“ го откри „Sterrato“: Официјално претставување на 30-ти ноември https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lamborghini-go-otkri-sterrato-oficijalno-pretstavuvanje-na-30-ti-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lamborghini-go-otkri-sterrato-oficijalno-pretstavuvanje-na-30-ti-noemvri/#respond Tue, 15 Nov 2022 20:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=761099

Италијанскиот произведувач остана верен на истоимениот концепт од 2019-та година. „Lamborghini“ ги објави првите фотографии од новиот модел без „камуфлажа“ и го потврди терминот за официјалната премиера. Претставувањето на „Huracan Sterrato“ ќе се случи на 30-ти ноември во Мајами. После тоа дефинитивно ќе заживее еден нов сегмент, кој на вљубениците во суперспортските автомобили ќе им овозможи уживање и надвор од асфалтот. „Sterrato“, како што е познато, се заснова на стандардниот модел „Huracan“. На листата модификации, најважната се однесува на шасијата, а тоа е кренатата каросерија. Тука се и теренските гуми, како и пластичната заштита на долните делови на возилото. Автомобилот исто така добива дополнителни LED светла, како и вовлекувач на кровот, кој го насочува воздухот во моторниот простор. „Sterrato“ има и кровни носачи, детаљ кој и баш не се гледа кај суперспортските модели. За погонот засега нема официјални податоци, но со сигурност може да се каже дека станува збор за 5.2 V10 мотор со 640 коњски сили и 600 Nm. Нема електрична помош, но обезбеден е AWD погонот е обезбеден. За цената е рано да се зборува, но сосема е сигурно дека ќе биде значајно повисока од основниот „Huracan“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lamborghini-go-otkri-sterrato-oficijalno-pretstavuvanje-na-30-ti-noemvri/feed/ 0
И Ламборџини произведува мед и го подарува, ќе погодите ли на кого?! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-lambordzini-proizveduva-med-i-go-podaruva-kje-pogodite-li-na-kogo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-lambordzini-proizveduva-med-i-go-podaruva-kje-pogodite-li-na-kogo/#respond Thu, 06 Oct 2022 11:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=741894

Ламборџини е дефинитивно најпознат по своите суперавтомобили, но има и некои други производи. Како и многу други производители на автомобили, Ламборџини има споредни бизниси, па дури и произведува и мед, но не го продава. Во 2016 година, Ламборџини постави пчеларник со околу 600.000 пчели во својот парк. Секоја година компанијата произведува 430 килограми мед, кои потоа им ги подарува на своите вработени за Божиќ. „Порше“ има нешто слично. Германската компанија поседувала пчеларник со 1,5 милиони пчели, а во текот на првата година произвела 400 килограми мед. Целото количество било распродадено за само неколку дена. Порше тогаш го зголеми бројот на пчели на околу три милиони и денес произведува еден тон мед годишно. Бентли исто така произведува мед во Велика Британија. „Rolls-Royce“ се занимава со производство на мед и има околу 300.000 англиски пчели. Минатата година, компанијата побара од вработените да волонтираат како пчелари во нејзиното седиште во Гудвуд, Сасекс. Количината на мед произведена годишно од Rolls-Royce е многу помала од онаа што ја произведува Порше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-lambordzini-proizveduva-med-i-go-podaruva-kje-pogodite-li-na-kogo/feed/ 0
„Ламборџини“ ги има продадено сите автомобили до 2024 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lambordzini-gi-ima-prodadeno-site-avtomobili-do-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lambordzini-gi-ima-prodadeno-site-avtomobili-do-2024-godina/#respond Wed, 24 Aug 2022 14:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=723332

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ламборџини веќе го има распродадено целото производство до почетокот на 2024 година, соопшти денеска директорот на компанијата Стефан Винкелман. Винкелман уште додаде дека побарувачката за автомобилите е голема, со нарачки за следните 18 месеци. Богатите муштерии ги купуваат луксузните автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина. „Се повеќе се купуваат нашите автомобили. Купувачите имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, какви се нивните перформанси“, изјави Винкелман, истакнувајќи дека за да продолжи позитивниот тренд е потребно „уште малку да потрае“ стабилноста на глобалната економија. Инаку, долготрајното чекање за нов автомобил се должи на недостиг од делови, особено чиповите што се вградуваат во новите електрични модели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lambordzini-gi-ima-prodadeno-site-avtomobili-do-2024-godina/feed/ 0
Деби за полесниот и побрз Lamborghini Urus Performante / ФОТО+ВИДЕО https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/debi-za-polesniot-i-pobrz-lamborghini-urus-performante-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/debi-za-polesniot-i-pobrz-lamborghini-urus-performante-foto-video/#respond Mon, 22 Aug 2022 17:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=722263

Суперавтомобилот со зголемено растојание од подлогата, Lamborghini Urus, наскоро ќе наполни пет години присутност на пазарот во една верзија. Токму сега доаѓа првата варијација на тема во форма на моделот Lamborghini Urus Performante Овде не станува збор за рестилизирана верзија или каква било планирана модернизација. Напротив, ова е изострена алтернатива наменета за експлоатација, не само на асфалтирани патишта. Токму овој автомобил неодамна постави рекорд во класата на кросовери на планинската рута Пајкс Пик во САД. Тест-возачот Симоне Фаџоли помина растојание од 20 километри за 10 минути и 32.064 секунди, искачувајќи се од височина од 2.862 метри на 4.302 метри. Резултатот поставен во 2018 година, а припаѓа на модел од истата групација, кој се базира на идентична архитектура и се нарекува Bentley Bentayga, на тој начин е подобрен за цели 17,8 секунди, што во никој случај не е занемарлива разлика. Да започнеме од моторот. Тука не се случило ништо посебно – V8 4.0 битурбо единицата се уште е под хаубата, но наместо 650, во овој случај доаѓа со 666 коњски сили. Поради некои причини поврзани со хомологацијата, овој модел ќе развива 640 „коњи“ во Кина. Во секој случај, највисокиот вртежен момент не се менува и останува на нивото од 850 Nm. Осумстепениот автоматик е стандарден, но централниот диференцијал од типот Torsen е прилагоден да го распределува вртежниот момент помеѓу оските. Постоечките режими на возење повторно се дотерани и се нарекуваат Strada, Sport и Corsa, додека наместо режимот на експлоатација наменет за снег Neve, дебитира режимот Rally (за теренски услови). Системот на суспензија ги задржал прилагодливите амортизери и активните стабилизатори, но има воздушни перничиња наместо конвенционалните пружини. Шасијата доаѓа со продолжена патека на тркалата за 16 милиметри, додека најниската точка на шасијата сега е два сантиметри поблиску до подлогата. Системот за управување е реконфигуриран и сега одзивот на воланот е значително подиректен. Новата модификација носи бандажи со дијаметар од 22 инчи, додека дијаметарот на бандажите кај обичниот Urus е на ниво од 21 инчи. Тркалата се прицврстени со титаниумски завртки. Наместо стандардните гуми наречени Pirelli P Zero, можете да добиете и полуфарбана гума Pirelli P Zero Trofeo R (иако само во специјално прилагодена верзија). Новиот Urus Performante е првиот кросовер со оваа фабричка опција, а рекордот на Pikes Peak беше постигнат токму со овие полутенки гуми. Сега е збогатено учеството на пластика збогатена со јаглеродни влакна во структурата на каросеријата, а има и нов капак на моторот, преден браник, поизразени лакови околу тркалата, заден дифузор, како и некои други компоненти направени од овој материјал. Треба да се каже дека новиот заден спојлер, поставен на горниот дел од петтата врата, овозможува дополнителни 38% вертикална аеродинамична потисна сила, па вкупниот потенцијал на ова возило според тој критериум е зголемен за значителни 8%. Lamborghini Urus Performante e подолг кросовер за 25 милиметри, како и сантиметар поширок од она што го нарекуваме основна понуда. Тежината на празното возило е намалена за 47 килограми, иако е само 2% од првобитната вредност, а дури и во новата и полесна модификација Urus тежи дури 2.150 килограми. За резултатите од оваа „диета“ придонеl и титаниумскиот издувен систем на Акраповиќ. Во салонот Алкантарата ја има насекаде, додека за кожа треба да доплатите. Има нова графика на инструментите и мултимедијалниот систем. Каков е резултатот од сите споменати промени? Па, наместо 3,6 секунди што му се потребни на стандардниот Lamborghini Urus за да достигне 100 km/h од место, на овој сега му требаат само 3,3 секунди, додека времето за забрзување до 200 km/h е намалено од 12,8 на 11,5 секунди. Максималната брзина е зголемена симболично, од 305 на 306 km/h. Очигледно, сите овие скокови ќе бидат тешки за регистрирање на човечките сетила, па веројатно драматичната разлика во цената е дополнително бесмислена. Во „родната“ Италија овој кросовер стартува со цена од околу 210 до 215 илјади евра, односно за некои 10 до 15 отсто повеќе отколку за основниот модел. Но, тоа не е се, Lamborghini неодамна вети дека оваа година ќе дебитираат две верзии на Urus. Ова е првата… ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/debi-za-polesniot-i-pobrz-lamborghini-urus-performante-foto-video/feed/ 0
Луксузно „Ламборџини“ се судри среде Скопје, еве ги деталите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/luksuzno-lambordzini-se-sudri-srede-skopje-eve-gi-detalite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/luksuzno-lambordzini-se-sudri-srede-skopje-eve-gi-detalite-foto/#respond Tue, 26 Jul 2022 08:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=710251

Несекојдневна глетка во центарот на Скопје. Иако на социјалните мрежи се коментира дека луксузно возило марка „Ламборџини“ се расипало на сред булевар кај ТЦ Мавровка во близина на судовите, сепак вистината е дека учествувало во сообраќајна несреќа. Од МВР за Курир велат дека кај нив сообраќајната несреќа била пријавена околу половина час по полноќ. -На крстосница од булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирсков“ дошло до судир меѓу „Цитроен“ со кумановски регистерски ознаки и „Ламборџини“ со швајцарски регистерски ознаки, велат од МВР за Курир. За среќа, причинета била само материјална штета и нема повредени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/luksuzno-lambordzini-se-sudri-srede-skopje-eve-gi-detalite-foto/feed/ 0
Изнајмила Ламборџини, па исчезнала – сопственикот нуди награда од 25.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iznajmila-lambordzini-pa-ischeznala-sopstvenikot-nudi-nagrada-od-25-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iznajmila-lambordzini-pa-ischeznala-sopstvenikot-nudi-nagrada-od-25-000-evra/#respond Fri, 28 Jan 2022 09:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=623833

Жена пред десетина дена изнајмила луксузен автомобил Ламборџини во Швајцарија на два дена. Ги покажала сите потребни документи и го добила возилото. Откако цел ден се возела по Швајцарија, ја преминала границата. Сопственикот на рент-а-кар куќата вели дека сигналот од ГПС уредот исчезнал во Австрија. Неодамна пак, возилото било забележано во Словенија. Сопственикот нуди награда од 25.000 евра за сеоја информација поврзана со украденото Ламборџини, пишува Badener Tagblatt.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iznajmila-lambordzini-pa-ischeznala-sopstvenikot-nudi-nagrada-od-25-000-evra/feed/ 0
Запленето „Ламборџини“ од 270.000 евра поради брзо возење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapleneto-lambordzini-od-270-000-evra-poradi-brzo-vozenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapleneto-lambordzini-od-270-000-evra-poradi-brzo-vozenje/#respond Fri, 08 Oct 2021 10:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=575319

Данската полиција заплени луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“, поради брзо возење, само неколку часа откако неговиот сопственик го купил возилото. Маж, инаку ирачки државјанин кој живее во Норвешка, го купил „Ламборџинито“ во Германија за околу 270.000 евра. Бил фатен како вози 236 километри на час додека се враќал во Норвешка, на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесен возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет. Полицаецот кој го запрел возилото, рекол дека сопственикот бил „малку нервозен“ кога неговиот автомобил бил запленет. Ирачанецот ќе биде и парично казнет за брзо возење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zapleneto-lambordzini-od-270-000-evra-poradi-brzo-vozenje/feed/ 0
ФОТО: Во гаражата на Агуеро автомобил од 400.000 евра собира пајажина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-garazata-na-aguero-avtomobil-od-400-000-evra-sobira-pajazina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-garazata-na-aguero-avtomobil-od-400-000-evra-sobira-pajazina/#respond Mon, 11 Jan 2021 11:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=453724

Фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, во својата „ергела“ од 2014 година има и „Lamborghini Aventador“. Аргентинецот за овој автомобил издовил 400.000 евра. Во едно интервју, Агуеро, признал дека не знае зошто го купил овој автомобил. „За седум години со него имам поминато само 1.200 километри. Речиси и да не го користам, две години се мислам зошто воопшто го купив. Само собира пајажина. Фрлени пари“, рекол Агуеро. Аргентинецот во Манчестер сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за 40 милиони евра. Тој со 256 гола е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-garazata-na-aguero-avtomobil-od-400-000-evra-sobira-pajazina/feed/ 0