Ламеча Гирма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jun 2023 05:09:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ламеча Гирма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Соборени два светски рекорди на митингот во Париз од Дијамантската лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/soboreni-dva-svetski-rekordi-na-mitingot-vo-pariz-od-dijamantskata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/soboreni-dva-svetski-rekordi-na-mitingot-vo-pariz-od-dijamantskata-liga/#respond Sun, 11 Jun 2023 05:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=844511

На атлетскиот митинг во Париз во рамки на Дијамантската лига синоќа беа срушени два светски рекорди. Ламеча Гирма и Феит Кипјегон испишаа нова атлетска историја. Гирма триумфираше на трката на 3.000 метри со пречки и постави нов светски рекорд со време од 7 минути, 52 секунди и 11 стотинки. Атлетичарот од Етиопија го подобри времето на Саиф Саед Шахин од Катар, кој го држеше светскиот рекорд уште од 2004 година. Само една недела откако го срушу светскиот рекорд на 1.500 метри, Феит Кипјегон повторно постави најдобро време и тоа во дисциплината на 5.000 метри. Кенијката делницата ја истрча со време од 14 минути, пет секунди и 20 стотинки, со што го подобри времето на Летесенбет Гидеј од Етипија, која денеска финишираше на второто место. Најдобро светско време денеска постави и Јабок Ингебритсен и тоа во дисциплината на 2 милји. Светската атлетика не ја признава оваа дисциплина како светски рекорд, па затоа важи само како „најдобро светско постигнување“. Норвежанецот оваа делница ја истрча со време од 7 минути, 54 секунди и 10 стотинки и го подобри постигнувањето на Даниел Комен од 1997 година за повеќе од четири секунди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/soboreni-dva-svetski-rekordi-na-mitingot-vo-pariz-od-dijamantskata-liga/feed/ 0