Лампедуза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 08:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лампедуза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Салвини ја почнува својата предизборна антимигрантска кампања од островот Лампедуза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=713885

Италијанскиот екстремнодесничарски лидер Матео Салвини ќе ја започне својата кампања за парламентарните избори од островот Лампедуза во Средоземното Море, каде секоја година десетици илјади мигранти се симнуваат од бродови. Како што често се случува лете, кога времето е поубаво и намалени се ризиците при патување од Северна Африка, сместувачкиот центар на островот е преполн – таму се регистрирани над 1.500 лица, трипати повеќе од капацитетот. Камен – темелник на програмата на Салвини се идеите за запирање на миграциските текови и граничните контроли. На изборите закажани за 25 септември, неговата партија „Лига“ ќе се претстави со своите сојузници – десничарската „Напред, Италија“ и постфашистичката „Италијански браќа“. Тие се сметаат за фаворити со оглед на неединството на левата страна – меѓу нивните ривали. – Италија не може да прими десетици илјади имигранти, кои носат само проблеми, доаѓајќи од другиот крај на светот, изјави тој пред денешната посета на островот Лампедуза, каде и ќе преноќи. Како министер за внатрешни работи во 2019 година, Салвини спречи низа хуманитарни спасувачки бродови со мигранти да се симнат во Италија. Според анкетите, имиграцијата не ги загрижува толку Италијанците, колку економските прашања со оглед на високата инфлација, што ја намалува куповната моќ и ги зголемува сметките за струја и гориво. Изминативе месеци анкетите покажуваат дека „Лига“ заостанува зад партијата „Италијански браќа“, раководена од Џорџија Мелони, која исто така повикува на „морска блокада“, со цел спречување на мигрантите да дојдат до Медитеранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/feed/ 0
Околу 70 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-70-migranti-pristignaa-na-italijanskiot-ostrov-lampeduza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-70-migranti-pristignaa-na-italijanskiot-ostrov-lampeduza/#respond Sat, 13 Oct 2018 14:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=114544

Околу 70 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза откако туниски рибарски брод го пронајде нивниот брод на 29 километри од брегот, соопшти италијанската крајбрежна стража. - Операцијата за спасување требаше да ја преземе Малта, но луѓето од бродот беа префрлени во Лампедуза, се наведува во соопштението. Не се прецизира дали се спасени од страна на Италијанците или бродот само бил придружуван од Италијанците до Лампедуза. - Седумдесет лица се спасени од италијанската крајбрежна стража и се безбедни во пристаништето Лампедуза, напиша на Твитер невладината организација „Медитеране“, која има свој набљудувачки брод на Медитеранот. Мигрантите се од Еритреја, Гана и Сирија. Откако италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салдини воведе строга антимиграциска политика, многу малку мигранти пристигнуваат во Италија. Според Министерството за внатрешни работи, во октомври во Италија влегле 400 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-70-migranti-pristignaa-na-italijanskiot-ostrov-lampeduza/feed/ 0