ланци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Jul 2019 16:32:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ланци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Татко монструм: Вознемирувачки е начинот на кој го “чувал“ своето дете (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tatko-monstrum-voznemiruvachki-e-nachinot-na-koj-go-chuval-svoeto-dete-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tatko-monstrum-voznemiruvachki-e-nachinot-na-koj-go-chuval-svoeto-dete-video/#respond Mon, 01 Jul 2019 16:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=214535

Украинската полиција ослободила шестгодишно момче од куќата на стравот во кој насилен татко го држел во заложништво на ланец и го тепал. -Кога влегле во куќата  и го виделе момчето целото валкано, полно со модринки, клечи пред вратата врзано со ланец околу стомакот, полицајците се шокирале, пренесуваат медиумите. Припадниците на полицијата велат дека детето било покриено со модринки, а таткото се обидувал да ги убеди дека се работи за воспиување. „Беше врзан како куче“ - напишале во извештајот. Момче чие име не е откриено, живеело само со таткото и маќеа во село во Миколејев, Украина. Заменик шефот на украинската полиција поставил фотографија од момчето на својот Фејсбук профил, па само напишал „без коментар“. Несреќното дете живеело во агонија се додека не се пожалило на децата во училиште кои пренеле на родителите кои пријавиле во полиција. Момчето е одземено од родителите привремено и се наоѓа во болница. Најверојатно ќе биде преместено во сиропиталиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tatko-monstrum-voznemiruvachki-e-nachinot-na-koj-go-chuval-svoeto-dete-video/feed/ 0
Како се местат ланците за снег (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-se-mestat-lancite-za-sneg-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-se-mestat-lancite-za-sneg-video/#respond Thu, 03 Jan 2019 08:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=147687

Кога станува збор за патувања во текот на зимата, бидете неверојатно внимателни и добро подгответе се. Пред се, прочитајте ги нашите совети за безбедно зимско возење. Сигурно веќе знаете дека возењето на автомобилот во зимски услови, кога на патиштата има снег и мраз, неопходно е да поседувате синџири, кои морате да ги користите на делниците каде што за тоа е поставена вертикална сигнализација. Освен тоа, препорачливо е да се користат и доколку возите по планински патишта или други предели каде што има доста снег. Кога автомобилот има погон на предните тркала, потребен е еден пар синџири за снег, кои се монтираат на предните тркала, додека кај автомобилите кои имаат погон на задните тркала постојат две можности. Побезбедна и поскапа опција е да ги монтирате синџирите на сите тркала, а евтина и помалку безбедна е да ги монтирате само на задните погонски тркала. Поставувањето не е тешка работа и при нивното купување секогаш добивате одговарачко упатство за монтирање. Меѓутоа, кога ќе се најдете во ситуација прв пат да ставате синџири, а временските услови околу вас се лоши, поставувањето може да не ви делува толку едноставно како што пишува на упатството. Чести се случаите кога во пракса нестручно поставените синџири оштетат одредени делови на возилото и на тој начин да им создадат поголем проблем на возачите. За да не се најдете во таков проблем, еве упатство како да поставите синџири во 10 едноставни чекори на вашиот автомобил. Синџирите за снег се состојат од два дела – лев и десен. Секој дел има свој комплекс кои одат околу левата/десната страна на тркалото. Потребно е главната сајла (пластифицирана) да ја провлечете позади тркалото и да ги разграничите левиот и десен комплекс синџири – секој на својата страна. Краевите на сајлата споите ги над тркалата и синџирите префрлете ги преку газечкиот слој на пневматикот, кон надворешниот дел од фелната. Закачете го внатрешно обоениот крај на синџирот за црвената кука. Повлечете го крајот на црвениот синџир на кој се наоѓа гумениот растеглив дел и низ куката затегнете ги синџирите што е можно повеќе. После затегнувањето, црниот гумен дел закачете го на најодалечениот дел наспроти куката. Тогаш ќе забележите дека синџирите не се целосно затегнати. Следно што треба да направите е лесно да тргнете со возилото десетина метра и да ги повторите последните два чекори, со тоа што сега ќе можете да го затегнувате црвениот синџир со гумениот крај. Кога управувате со возилото со поставени синџири, бидете посебно внимателни и немојте да надминувате брзина од 50 километри на час. Доколку возите поголем број километри со поставени синџири, повремено запирајте и извршете проверка. Отстранете ги синџирите за снег штом дојдете до исчистен асфалт. Во случај да возите со синџири по асфалт, може да дојде до нивно оштетување или пукање, како и до оштетување на делови од возилото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-se-mestat-lancite-za-sneg-video/feed/ 0