Лансет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Oct 2020 08:20:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лансет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Лансет“: Светот е соочен со синдемија, а не пандемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lanset-svetot-e-soochen-so-sindemija-a-ne-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lanset-svetot-e-soochen-so-sindemija-a-ne-pandemija/#respond Fri, 16 Oct 2020 08:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=417109

Лоша исхрана, загадување и други извори на хронични заболувања, што се случуваат веќе 30 години, а дополнително и новиот коронавирус – сето тоа создаде услови погодни за вистинска бура, што доведе до еден милион смртни случаи од Ковид-19, се вели во извештајот објавен во научното списание „Лансет“. -Интеракцијата на Ковид-19 со 30-годишното глобално зголемување на хроничните заболувања и нивните фактори на ризик, вклучувајќи дебелина, хипергликемија и загадување на воздухот, создаде услови за бура што го „нахрани“ бројот на жртвите од Ковид-19, нагласува престижното британско издание. -Незаразните болести имаа клучна улога во еден милион смртни случаи предизвикани од Ковид-19 досега и ќе продолжат да го одредуваат целокупното здравје во секоја земја, дури и кога пандемијата ќе се смири, предупредува главниот уредник на списанието Ричард Хортон. Според публикацијата, светот се соочува не само со пандемија, туку и со синдемија, односно комбинација од неколку санитарни итни случаи. Синдемии се групи повеќекратни болести кои се влошуваат, а честопати се поттикнати од социоекономски детали, како сиромаштија и здравствени разлики. -Многу од факторите на ризик и незаразните болести проучени во извештајот се поврзани со зголемен ризик од сериозни форми на Ковид-19, дури и смрт, наведува Лансет. -Потребна е итна акција за справување со синдромот на хронични болести, социјални нееднаквости и Ковид-19, односно за справување со интеракцијата на неколку епидемии кои го влошуваат санитарниот товар на веќе погодените народи и ги прават уште поранливи, предупредува магазинот. Во извештајот, цитиран од публикацијата, се наведува дека на Стариот континент незаразните болести се одговорни за повеќе од 80 проценти од предвремените смртни случаи и влошувањето на здравјето. Во 2019 година, главните фактори на ризик во Европа беа хипертензија, проценета на 787.000 смртни случаи, пушење, поврзани со 697.000 смртни случаи, неухранетост, поврзана со 546.000 смртни случаи, хипергликемија, поврзана со 540.000 смртни случаи и дебелина поврзани со 406.000 смртни случаи. Лансет повикува на значителни напори за намалување на овие ризици преку поамбициозни политики за јавно здравје и ја наведува политиката против пушење како пример. -Пушењето останува главна причина за смртност во многу богати земји, но изложеноста на тутун е намалена за речиси 10 проценти ширум светот од 2010 година, пишува весникот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lanset-svetot-e-soochen-so-sindemija-a-ne-pandemija/feed/ 0
Една петтина од светската популација има хронично заболување што може да го влоши лекувањето на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-pettina-od-svetskata-populacija-ima-hronichno-zaboluvanje-shto-moze-da-go-vloshi-lekuvanjeto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-pettina-od-svetskata-populacija-ima-hronichno-zaboluvanje-shto-moze-da-go-vloshi-lekuvanjeto-na-kovid-19/#respond Wed, 17 Jun 2020 10:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=359013

Околу 1,7 милијарди луѓе во светот, што е повеќе од 20 проценти од светската популација, имаат најмалку едно хронично заболување што може да го влоши текот на болеста доколку се заразат со Ковид-19, покажува истражувањето објавено во медицинското списание „Лансет“. За шест месеци од избувнувањето, во светот се регистрирани околу осум милиони позитивни случаи на Ковид-19, а повеќе од 440.000 луѓе починале како последица на вирусот. Меѓу оние со најголем ризик се пациенти кои веќе имаат здравствени проблеми како што се дијабетес и срцеви и белодробни заболувања, пишува „Кориере дела Сера“, додавајќи дека една петтина од светската популација спаѓа во таа категорија. Истражувањето објавено во списанието „Лансет“ не опфаќа здрави постари лица, иако тие се сметаат за најзагрозен дел од популацијата поради возраста. Соединетите Американски Држави се најтешко погодени од вирусот Ковид-19, со повеќе од 2,2 милиони заразени и повеќе од 119.000 смртни случаи, по што следува Бразил со повеќе од 928.000 позитивни случаи и околу 45.000 починати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-pettina-od-svetskata-populacija-ima-hronichno-zaboluvanje-shto-moze-da-go-vloshi-lekuvanjeto-na-kovid-19/feed/ 0
Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskoto-spisanie-lanset-go-povleche-istrazuvanjeto-za-hlorokinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskoto-spisanie-lanset-go-povleche-istrazuvanjeto-za-hlorokinot/#respond Fri, 05 Jun 2020 08:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=354068

Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај. “Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да гарантираат за вистинитоста на примарните извори на информации”, наведува списанието. Четвртиот автор на студијата не сакаше да коментира за нејзиното повлекување, пренесуваат британските медиуми. Истражувањето извршено врз речиси 100.000 пациенти со коронавирус покажа дека хидроксихлорокин и хлорокин не само што не дале добри резултати во третманот, туку може да ја зголемат веројатноста за смрт во болниците. Според истражувањето, смртноста кај пациенти кои земале хидроксихлороин е 18 проценти, кај оние кои земале хлорохин 16,4 проценти, а кај контролната група на кои не им била дадена лекот девет проценти Кај оние на кои им било дадено антибиотици покрај хидроксихлорокин и хлорохин, смртноста била уште поголема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskoto-spisanie-lanset-go-povleche-istrazuvanjeto-za-hlorokinot/feed/ 0