лара иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 07:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лара иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лара по 10 месеци ја прекина тишината со „Нека гори“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/#respond Mon, 17 Jul 2023 07:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=857290

Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред 2 години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент, амбициозност и желба уште еднаш покажаа дека нештата кои се работат со посветеност и многу љубов вродуваат со плод. Младата и талентирана пејачка, Лара Иванова, која вниманието на јавноста го привлече со нејзините песни „Некогаш ќе помине“, „Ремек дело, „Душа“, „Цвеќе на тагата“ и многу други, по пауза од 10 месеци ја објави својата нова песна „Нека гори“. Со брз ритам за играње и текст кој за момент ќе ве одведе на некој тропски бар, новиот проект „Нека гори“ на Лара Иванова е уште една силна порака до цела македонска јавноста за нејзината неуморност и желба за вложување во македонската поп музика. „Нека гори“ ја има моќта да ве подигне и натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците и енергичниот бит, кој наговестува уште еден музички летен хит. „Нега гори” е дело создадено од македонскиот музички продуцент Иван Јованов - Ивајо и Робин Зимбаков. Како важен дел од музичката кариера на Лара Иванова е дуетот со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 22 милиони прегледи на Јутјуб. Тие минатата година се претставија со овој хит на најголемиот музички македонски фестивал „Макфест“. Овој дует е најсериозниот кандидат за добивање на наградата најслушана песна помеѓу две изданија на фестивалот. Покрај настапот на „Макфест“, минатата есен Лара беше номинирана за регионалните Mac награди во две категории со песните „Ремек дело“ и „Јас против целиот свет“ кои се во соработка со македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов. За каков музички талент зборуваме, Лара го покажа со добивање на наградата за „Најперспективен артист“ на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Се надеваме дека овој нов музички производ ќе биде уште еден нејзин хит кој ќе го продолжи патот на нејзината успешна музичка кариера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-po-10-mesetsi-ja-prekina-tishinata-so-neka-gori/feed/ 0
Со настап во живо, ЛАРА и нејзиниот бенд го отвoраат Пиволенд 2022 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-nastap-vo-zivo-lara-i-nejziniot-bend-go-otvoraat-pivolend-2022/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-nastap-vo-zivo-lara-i-nejziniot-bend-go-otvoraat-pivolend-2022/#respond Sat, 03 Sep 2022 12:36:29 +0000 https://kurir.mk/?p=728238

За првпат пред македонската публика, — и со настап во живо заедно со нејзиниот бенд составен од Јован, Итан, Филип, Димиш и Јана, младата пејачка Лара Иванова ќе блесне на craft-сцената на овогодинешниот Пиволенд. Лара ја има таа чест да настапи прва и да ја отвори оваа фестивалска манифестација. Со нејзиниот талент за пеење ја освои македонската публика, а со нејзините песни докажа дека за македонската музика има иднина. Вечерва на сцената на Пиволенд, Лара и нејзиниот бенд ќе отпеат и отсвират 12 песни, кои што се дел од нејзиното музичко портфолио. „Некогаш ќе помине“, „Кој е сега крив“, „Душа“, „Јас против целиот свет“, „Цвеќе на тагата“, се само дел од хитовите на младата македонската поп пејачка Лара, кои што за првпат ќе бидат испеани во живо. На сцената на Пиволенд се родија многу нови музички имиња, зачекорија големи музички ѕвезди и се испеани преку илјадници песни. Лара и нејзиниот бенд со нивниот премиерен настап и отворањето на Пиволенд 2022, ќе влезат во портфолиото на најголемиот македонски музички пивски фестивал. По пауза од 5 години, денес започнува Пиволенд. Овогодинешната музичка манифестација наговестува 5 дневна програма со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд. Оваа година, сите посетители на Пиволенд ќе имаат можност да си купат маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе донираат за здружението „Во мојот свет“. Дојдете на Пиволенд вечерва од 19.00 часот, земете пиво, наздравете со пријателите и уживајте во убавата музика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-nastap-vo-zivo-lara-i-nejziniot-bend-go-otvoraat-pivolend-2022/feed/ 0
Лара Иванова: Ако ме поддржи публиката, ќе се пее на македонски јазик пред светот и Европа https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-ivanova-ako-me-poddrzi-publikata-kje-se-pee-na-makedonski-jazik-pred-svetot-i-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-ivanova-ako-me-poddrzi-publikata-kje-se-pee-na-makedonski-jazik-pred-svetot-i-evropa/#respond Tue, 01 Feb 2022 14:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=625483

Лара Иванова изненади со уникатен пристап со дури две јазични верзии на својата нова песна, со којашто моментално се натпреварува во изборот за македонски претставник на Евровизија 2022. Песната е насловена како „Цвеќе на тагата“ (“Flower of Sorrow”), а за која вчера неочекувано и како изненадување за сите, таа објави lyrics-видео на македонската верзија на песната на својот YouTube канал: Лара изјави јасен личен став и желба, доколку ја добие довербата на публиката на Конкурсот за избор на македонски претставник и песна што ќе нè претставува на Евровизија оваа година. Пеењето на свој мајчин јазик Лара го согледува како многу подобра опција од пеење на странски јазик, посебно кога станува збор за пеење на Евровизија и претставување на својата земја и култура. „Јас умеам да пеам и на двата јазици, но сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Моќната нежност на една музичка изведба е целосен круг на автентична интерпретација на една песна, посебно балада каква што е „Цвеќе на тагата. Со македонската, којашто е всушност оригиналната верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија,“ изјави Лара. Гласањето за омилен фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022 трае сè до 04.02.2022 година и истото може да се направи на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lara-ivanova-ako-me-poddrzi-publikata-kje-se-pee-na-makedonski-jazik-pred-svetot-i-evropa/feed/ 0
ВИДЕО: Лара ја „разнесе“ сцената во Штип, а „Душа“ ја освои публиката https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-lara-ja-raznese-scenata-vo-shtip-a-dusha-ja-osvoi-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-lara-ja-raznese-scenata-vo-shtip-a-dusha-ja-osvoi-publikata/#respond Fri, 24 Sep 2021 19:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=567874

Сѐ уште пристигнуваат пофални зборови за одличниот настап и интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал „Макфест", кој се одржа пред неколку дена. Лара буквално ја „разнесе“ сцената во Штип со нејзината изведба на песната „Душа“ и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. Инаку, „Душа“ е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. „Душа“ доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. -„Душа“ мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика, вели Лара. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-lara-ja-raznese-scenata-vo-shtip-a-dusha-ja-osvoi-publikata/feed/ 0
Ова е дефинитивно нејзина година: Младата Лара Иванова со нов хит – „Осамена“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-definitivno-nejzina-godina-mladata-lara-ivanova-so-nov-hit-osamena-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-definitivno-nejzina-godina-mladata-lara-ivanova-so-nov-hit-osamena-video/#respond Tue, 15 Jun 2021 11:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=523722

Нема сомнежи дека оваа 2021 година е година на младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, дефитивно таа ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите. Но, Лара не губеше многу време за нејзината следна песна. Таа вчеравечер на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев - музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков. Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка. - Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни “Некогаш ќе помине” и “Кој е сега крив” кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки - вели младата Лара. Инаку режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски - Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, која се пофали дека идејата била нивна заедничка. - Спотот за “Осамена” е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен. Оосбено морам да се заблагодарма на SIGMA Jewelry, а посебна благодарност сакам да упатам до Miniso и Soloprom, кои со мене се уште од самиот почеток на мојата кариера и за нив можам да кажам дека се едни од најголемите љубители и поддржувачи на македонската музика - истакна Лара. Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, напротив, таа со својот тим веќе работи на идните проекти. Со други зборови, во иднина очекувајте само квалитетна музика. Сега уживајте во спотот, а доколку ви се допаѓа, споделете на вашите социјални мрежи: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-definitivno-nejzina-godina-mladata-lara-ivanova-so-nov-hit-osamena-video/feed/ 0