лариса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 08:15:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лариса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По несреќата со 57 жртви: Притвор за шефот на железничката станица во Лариса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nesrekata-so-57-zhrtvi-pritvor-za-shefot-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-larisa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nesrekata-so-57-zhrtvi-pritvor-za-shefot-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-larisa/#respond Mon, 06 Mar 2023 08:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=808456

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа. Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица. Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму ја бара нејзината ќерка која била во возот, но не постои никаква трага од неа. Новиот министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис денеска и утре ќе биде во Лариса и Солун и ќе го посети местото на несреќата, а в среда планирано е да одржи прес конференција. Паралелно, продолжува штрајкот на вработените во железницата, штрајк што започна веднаш по несреќата и Грција веќе шести ден е без возови. Железничката несреќа предизвика бурни реакции и граѓаните организирани од синдикатите, од организации и сл континуирано одржуваат протести, а последниот, вчера, беше еден од помасовните со учество на околу 10.000 лица, според грчката полиција. Во инцидентите што се случија, уапсени се пет лица, а повредени се седум полицајци. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој веднаш по несреќата рече дека судирот на двата воза веројатно се должи на човечка грешка, вчера, преку Фејсбук им се извини на роднините на загинатите. -Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично, и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша Мицотакис. Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка, истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nesrekata-so-57-zhrtvi-pritvor-za-shefot-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-larisa/feed/ 0
Пет и пол километри гледал како возот се движи во погрешна насока, втора грешка на шефот на станицата во Лариса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-i-pol-kilometri-gledal-kako-vozot-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka-vtora-greshka-na-shefot-na-stanitsata-vo-larisa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-i-pol-kilometri-gledal-kako-vozot-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka-vtora-greshka-na-shefot-na-stanitsata-vo-larisa/#respond Thu, 02 Mar 2023 15:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=807225

Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени. Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките можности што ги имал за да го запре возот. „Станицата во Лариса има локална контролна табла за сигнализација, пред и по станицата на одредено растојание има светлосни сигнали и промени што покажуваат присуство на возот. Зошто тој не можеше да го сопре возот е прашање на истрага на комитетот“, пишуваат грчките медиуми.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-i-pol-kilometri-gledal-kako-vozot-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka-vtora-greshka-na-shefot-na-stanitsata-vo-larisa/feed/ 0
Уапсено едно лице за железничката несреќа во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseno-edno-litse-za-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseno-edno-litse-za-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/#respond Wed, 01 Mar 2023 11:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=806562

Во рамките на прелиминарната истрага што е во тек за причините за синоќешната железничка несреќа кај Лариса, уапсено е едно лице, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за одговорниот на железничката станица во Лариса. Обвинителот од Лариса Стаматис Даскалопулос за АНА-МПА рекол дека се сослушува едно лице, покрената е постапка по службена должност и истакнал дека „се во рана фаза за комплетирање на случајот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseno-edno-litse-za-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/feed/ 0
Македонка од Лариса со потресно сведоштво за земјотресот: Беше морничаво, тресеше и бучеше цело време https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonka-od-larisa-so-potresno-svedoshtvo-za-zemjotresot-beshe-mornichavo-treseshe-i-bucheshe-celo-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonka-od-larisa-so-potresno-svedoshtvo-za-zemjotresot-beshe-mornichavo-treseshe-i-bucheshe-celo-vreme/#respond Wed, 03 Mar 2021 14:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=476687

Сега сме надвор, бидејќи тресе цело време. За време на земјотресот беше морничаво, прво бучеше, а потоа тресеше, раскажува Виолета Димкова, Македонка која живее во Лариса, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по силниот земјотрес од шест степени што го погоди денеска централниот дел на Грција. Димкова објаснува дека на централниот плоштад во Лариса има собрано луѓе, а во градот со оглед на тоа дека се тесни уличките, има заглавени возила. – Многу беше морничаво. Тресеше многу, прво бучеше. Јас бев во автомобилот, во една од тесните улички и прво почна да бучи, мислев дека работи некој компресор, но почна да се ниша и автомобилот, се вртам и гледам зграда која буквално се тресе напред назад, раскажува Димкова за моментите кога се случи земјотресот со јачина од шест степени според Рихтеровата скала. Таа вели дека во делот каде што живее нема материјални штети, со исклучок на повисоките катови од зградите, а раскажува дека земјотресот особено ги исплашил соучениците на нејзините деца. – Не ги пуштија децата да си одат, ги задржаа додека не дојде родител да ги земе. Утре нема да имаат настава. Децата биле многу исплашени, пет дури се онесвестиле од страв, додава Македонката која живее во Лариса. Дополнителен проблем за жителите на Лариса и околните населени места беше и тоа што веднаш по земјотресот падна мрежата на мобилните оператори и целосно беа во прекин телекомуникациите и интернетот. – Одев да ја земам ќерката од училиште и не можев да ја добијам. Немаше никаков сигнал, ниту пак интернет, објаснува Димкова во разговор со дописничката на МИА од Атина. Земјотресот се случи во 12.16 часот по локално време со епицентар на 15 километри јужно од општина Еласонас во регионалната единица на Лариса, а беше почувствуван во повеќе делови на Грција, но и во Македонија. Во наредните 90 минути следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија. Грчките сеизмолози за медиумите, велат дека сè уште не можат со сигурност да кажат дали земјотресот од шест степени беше и главниот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonka-od-larisa-so-potresno-svedoshtvo-za-zemjotresot-beshe-mornichavo-treseshe-i-bucheshe-celo-vreme/feed/ 0
ЦРКВИ И КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА: Тлото во соседна Грција не престанува да се тресе од минута во минута (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvi-i-kukji-sramneti-so-zemja-tloto-vo-sosedna-grcija-ne-prestanuva-da-se-trese-od-minuta-vo-minuta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvi-i-kukji-sramneti-so-zemja-tloto-vo-sosedna-grcija-ne-prestanuva-da-se-trese-od-minuta-vo-minuta-foto/#respond Wed, 03 Mar 2021 12:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=476573

Откако пред околу еден час земјотрес ја стресе грчката област Лариса, на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од оштетени домови, згради и цркви. На дел од фотографиите се гледа како црква во близина на потресот буквално е срамнета со земја, додека оштетени се и многу други домови и градби. Потресот според официјалните податоци беше со јачина од 6.2 степени по рихтер, а беше почувствуван и во Македонија, како и во главниот град. Освен тоа истиот беше почувствуван и во Бугарија и Албанија, а според официјалните информации тлото се уште се тресе и тоа речиси на секој неколку минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvi-i-kukji-sramneti-so-zemja-tloto-vo-sosedna-grcija-ne-prestanuva-da-se-trese-od-minuta-vo-minuta-foto/feed/ 0
Епицентарот на земјотресот во соседството- еве каде бил потресот со јачина од 6,9 степени по рихтер! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epicentarot-na-zemjotresot-vo-sosedstvoto-eve-kade-bil-potresot-so-jachina-od-6-9-stepeni-po-rihter-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epicentarot-na-zemjotresot-vo-sosedstvoto-eve-kade-bil-potresot-so-jachina-od-6-9-stepeni-po-rihter-foto/#respond Wed, 03 Mar 2021 10:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=476469

Силен земјотрес пред околу 15- тина минути го погоди грчкиот град Лариса. Како што стои на интернет апликацијата за следење на земјотреси, потресот е со јачина од 6,9, а епицентарот бил на длабочина од 2 километри. Дел од локалните медиуми пренесуваат дека јачината на потресот е 6,2 степени. Инаку претходно Европско медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека потресот бил со јачина од 6,9 степени по рихтер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epicentarot-na-zemjotresot-vo-sosedstvoto-eve-kade-bil-potresot-so-jachina-od-6-9-stepeni-po-rihter-foto/feed/ 0
Повредената македонска планинарка со хеликоптер пренесена во болницата во Лариса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonska-planinarka-so-helikopter-prenesena-vo-bolnicata-vo-larisa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonska-planinarka-so-helikopter-prenesena-vo-bolnicata-vo-larisa/#respond Sun, 07 Jan 2018 09:49:51 +0000 http://kurir.mk/?p=7508

Во 1 часот по полноќ со хеликоптер Супер пума на грчкото воздухопловство, повредената планинарка од Македонија, од Олимп беше пренесена во болница во грчкиот град Лариса, јавува дописникот на МИА од Атина. Со тоа успешно заврши спасувачката акција по несреќата што се случи вчера наутро на падините на планината. Околу 6 часа траеше акцијата за извлекување на планинарка од Македонија, која на симнување од врвот Стефани на грчката планина Олимп се лизнала и според првичните информации, е полесно повредена. Од местото на несреќата, како што синоќа јави МИА, беше пренесена во најблискиот планинарски дом „Јоргос Апостолидис“, каде што го чекаше хеликоптерот за да ја однесе во болница. Дописникот на МИА од Атина, синоќа поразговара со двајцата пријатели на девојката, кои беа со неа во планинарскиот дом, а заедно тргнале на планирање на Олимп. Тие рекоа дека планинарката е добра, има мала повреда на ребрата, а во планинарскиот дом имаат медицинско лице. - Елена е добра, пие врел чај со мед и се смее. Имаме медицинско лице овде, функциите се стабилни има само мала повреда на ребрата 1 или 2, најверојатно се скршени, меѓутоа функциите се стабилни. На почетокот додека да се стабилизира, дишеше кислород од боца, меѓутоа сега, сѐ е во ред, рече Горан Николовски, пријателот на девојката, во телефонскиот разговор за МИА и додаде дека имале голема помош од околу 20-ина лица во напорите за извлекување и пренесување на повредената. Александар Кирковски бил заедно со девојката кога се случила несреќата. Се искачиле на врвот Стефани на 2909 метри. Сѐ било во ред, одлично се движеле, условите во главно биле добри, а Елена паднала вчера околу 10 часот наутро при спуштањето од врвот. - Речиси пред да дојдеме на самата патека која што е безбедна, на Елена ѝ се лизна едната нога и продолжи да се движи надоле по снежната падина која што е со некоја умерена стрмнина. Се обиде да застане, но не успеа и се лизна околу 100 метри висински, а должински околу 170 метри. Ја немав во видно поле, се спуштив до неа и на самото место видов дека се чувствува добро, дека е компатибилна и дека нема крвавење или видлива повреда. Имаше само болка странично, веројатно проблем со некое ребро, пукнато или нешто слично, раскажува за МИА, пријателот на девојката. На мобилниот телефон немал мрежа за да повика помош, па откако и помогнал на Елена да остане во статична позиција и да не се лизне дополнително, ѝ дал вода и таблетка за болка и истрчал до најблискиот дом за да побара помош. - Се вративме екипа од шест седум лица, сите беа Грци и се спуштивме до неа, направивме систем за извлекување и целото извлекување траеше пет шест часа, вели Александар Кирковски за МИА. Во спасувачката акција учествуваа 11 пожарникари од Катерини, Литохоро и од специјалната единци за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба. Во попладневните часови вчера хеликоптерот не успеал да пристапи до местото каде што се случи несреќата, дел од грчките медиуми објавија дека причината е тоа што паднал мрак и немало поволни услови, додека пак според друг дел од медиумите, за време на акцијата, хеликоптерот останал без гориво. Сепак, во доцните вечерни часови, хеликоптерот на грчкото воздухопловство стигнал на местото каде што беше девојката и ја пренел во болницата во Лариса. За време на акцијата, јавува дописникот на МИА од Атина, македонскиот конзулат во Солун беше во постојан контакт со надлежните за спасувањето на Македонката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonska-planinarka-so-helikopter-prenesena-vo-bolnicata-vo-larisa/feed/ 0