ласерско оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 19:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ласерско оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Историски момент: Израел тестира најсовремено ласерско оружје (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-moment-izrael-testira-najsovremeno-lasersko-oruzje-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-moment-izrael-testira-najsovremeno-lasersko-oruzje-foto-video/#respond Thu, 14 Apr 2022 19:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=663243

Израел направи значаен чекор во овозможувањето на својот револуционерен ласерски систем со тестирање на ова моќно оружје, соопшти денеска Министерството за одбрана. Експериментите спроведени на југот на земјата од страна на Дирекцијата за истражување и развој при Министерството за одбрана покажаа дека овој ласерски систем успешно пресретнува беспилотни летала, минофрлачи, ракети и противтенковски ракети во различни сценарија. - Ова е историски момент во развојот на оружјето. За прв пат, всушност функционира оружен систем заснован на енергија. Не зборувам за идеи, туку за систем кој функционира - соопшти денеска бригадниот генерал Јанив Ротем. Тој додаде дека нивната мисија е јасна - да покажат дека нивното оружје работи пред прославата на Празникот, како што планирале. Јанив објасни дека серијата тестови што ги направиле му овозможиле на Израел да влезе во сосема нова ера. - Никој во светот досега не покажал такви способности. Израел беше првиот што се обиде. Ние сме во време на нови видови оружје кои се базираат на енергија и тука сме – рече тој. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека неговата земја е една од првите што разви моќна ласерска технологија според оперативни стандарди и која може да пресретне, пишува Jerusalem Post. - Според мене, оружјето засновано на енергија со моќен ласер е многу значаен чекор напред. Овој систем ќе придонесе за намалување на способноста на непријателот во сите услови – рече тој. Тој додаде дека ќе биде потребно време пред системот да биде целосно функционален. - Ласерскиот систем за прв пат пресретна цели на голема далечина. Благодарение на израелските иновации, воениот естаблишмент и индустријата што се собраа, ова достигнување ќе биде штит што ќе обезбеди безбедност за граѓаните на Израел. Министерот рече дека овој систем ќе ги подобри оперативните способности на армијата и дека ќе овозможи флексибилност на Владата и можност за „дишење“ во случај на избувнување на војна. Во март тој одобри распределба на неколку десетици милиони долари за развој на ласерски системи. Министерството за одбрана потпиша договор со компанијата „РАДС“ за развој на овие системи, кои ќе бидат интегрирани во познатиот израелски противвоздушен систем „Железна купола“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-moment-izrael-testira-najsovremeno-lasersko-oruzje-foto-video/feed/ 0
Употребата на ласерското оружје забрането во Чиле https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upotrebata-na-laserskoto-oruzje-zabraneto-vo-chile/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upotrebata-na-laserskoto-oruzje-zabraneto-vo-chile/#respond Wed, 20 Nov 2019 08:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=266362

Чилеанската полиција забрани широка употреба на ласерско оружје со кое беа повредени илјадници луѓе за време на протестите во таа земја, а повеќе од 200 претрпеа сериозни повреди на око. Директорот на полицијата, Марио Росас, рече дека таквото оружје ќе се користи само во екстремни случаи, каде што животите на цивилите или полицијата би биле загрозени. Росас претходно беше критикуван за употреба на сила против демонстрантите. Масовни демонстрации траат 33 дена во Чиле поради економска и социјална нееднаквост. Групите за човекови права објавија повеќе извештаи за лица повредени од куршуми со ласерско оружје. Во Чиле има претставници на Амнести Интернешнл, ОН, Меѓуамериканската комисија за човекови права и на ХРВ кои ја испитуваат употребата на сила од страна на полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upotrebata-na-laserskoto-oruzje-zabraneto-vo-chile/feed/ 0