ласло ѓере – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 15:45:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ласло ѓере – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ласло брутално се запозна со „машината“ Ноле: Ми покажа зошто е најдобар на сите времиња https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/laslo-brutalno-se-zapozna-so-mashinata-nole-mi-pokazha-zoshto-e-najdobar-na-site-vremina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/laslo-brutalno-se-zapozna-so-mashinata-nole-mi-pokazha-zoshto-e-najdobar-na-site-vremina/#respond Sat, 02 Sep 2023 15:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=873819

Ласло Ѓере беше подобар ривал од Новак Ѓоковиќ цели два сета и беше на еден сет од огромна сензација на Ју-Ес Опен, но повозрасниот Србин не дозволи такво нешто и по осми пат во кариерата се врати од два сета негатива. Ѓере на брутален начин се запозна со „машината“ Ноле која ги меле противниците во ситуација кога има минус од 2:0 на грен слем турнирите, па откако ги загуби последните три со 6:1, 6:1 и 6:3, можеше само да му подаде рака на подобриот. Новак се пласираше во осминафиналето и таму противник ќе му биде Борна Гојо, додека Ласло уште некое време ќе ги собира впечатоците од лудиот меч на Флешинг Медоус. – Знаев дека можам да играм добро и дека можам да се заканам. Сигурен сум дека овој меч ќе ми значи нешто за во иднина, ќе видиме дали ќе биде пресвртница за мене во кариерата. – Играв добро во последно време, не бев толку лош и во третиот и четвртиот сет, едноставно малку ми падна енергијата, но тешко е да се игра против Ноле. Ми покажа зошто е најдобар на сите времиња. – Не играв со притисок и кога водев 2:0, едноставно почнав да играм поагресивно и тоа како повеќе да му одговараше на Ноле. Почна да ја менува тактиката и почесто играше бекхенд паралела. Дури во втората половина на петтиот сет го намалив силата во ударите и тоа изгледа беше подобра солуција од силно удирање и напаѓање. Ако играте со отворен гард, тој е убедливо најдобар во светот, – анализираше Ѓере.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/laslo-brutalno-se-zapozna-so-mashinata-nole-mi-pokazha-zoshto-e-najdobar-na-site-vremina/feed/ 0