латвија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 20:38:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png латвија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/#respond Wed, 01 Feb 2023 20:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=794881

Латвија денеска се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри (ОИ) 2024 година во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на руските спортисти, кои заедно со спортистите од Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања поради руската инвазија врз Украина. Олимпискиот комитет на Латвија, кој воедно е првиот национален олимписки комитет покрај украинскиот што се закани со бојкот на ОИ, ги повика и другите земји да извршат притисок врз меѓународните спортски тела. Најавата на Латвија доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) навести неодамна дека би можел да им дозволи учество на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз без истакнување на национални обележја. „Сè додека трае војната во Украина, учеството на руски и белоруски спортисти под кое било знаме би било неприфатливо“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Латвија, Жоржс Тикмерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/feed/ 0
Латвија повторно го воведува задолжителниот воен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/#respond Wed, 06 Jul 2022 06:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=700721

Министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс најави повторно воведување на задолжителниот воен рок, по војната меѓу Русија и Украина. -Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Истовремено немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување, изјавил Пабрикс пред новинарите. Служењето на воениот рок би требало да биде вратено во 2023 година и ќе се однесува само на мажите. Латвија се откажа од задолжителниот воен рок по влезот во НАТО. Од 2007 година војската на оваа држава ја сочунуваат професионални војници и доброволци во Националнаа гарда кои служат во пешадија за време на викенд и тоа хонорарно. Земјата која има помалку од два милиони жители и која се граничи со Белорусија и Русија има 7.500 војници во активна служба и припадници на Националната гарда со поддршка од 1.500 војници на НАТО.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-povtorno-go-voveduva-zadolzitelniot-voen-rok/feed/ 0
Литванија, Латвија и Естонија ги отворија своите граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-latvija-i-estonija-gi-otvorija-svoite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-latvija-i-estonija-gi-otvorija-svoite-granici/#respond Fri, 15 May 2020 17:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=346363

Литванија, Латвија и Естонија ги отворија своите граници создавајќи го првиот „патнички балон“ во Европската унија со надеж дека ќе рестартираат економија совладана од пандемијата на новиот коронавирус. Десетина естонски гранични полицајци отстранија знаци што означуваа возила на границата да застанат. Потоа се собраа покрај патот да јадат торта и да пијат кафе, јавија локалните медиуми. „Имаме мала прослава затоа што границата е повторно отворена“, рече офицерот Мартин Маестул откога првите автомобили го минаа повторно отворениот магистрален пат во регионот. Граѓаните и жителите на тие три ретко населени балтички држави сега можат слободно да патуваат низ регионот, но оние што доаѓаат однадвор мораат да се изолираат 14 дена. „Балтичкиот патнички балон е можност е да се рестартира бизнисот и сјај на надеж за луѓето чиј живот се враќа во нормала“, рече премиерот на Литванија, Саулиус Сквернелис. Во меѓувреме извршната власт на ЕУ бара начин да ги убеди сите 27 земји-членки да ги отворат своите внатрешни граници и да дозволат патување, но со безбедносни мерки како носење маски за лице во авионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-latvija-i-estonija-gi-otvorija-svoite-granici/feed/ 0
Во Латвија запленети повеќе од два тона кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-latvija-zapleneti-povekje-od-dva-tona-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-latvija-zapleneti-povekje-od-dva-tona-kokain/#respond Mon, 14 Jan 2019 17:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=152154

Полицијата во Латвија заплени повеќе од два тона кокаин и уапси пет лица во меѓународна операција, чија цел било блокада на транзитните рути за наркотици. – Ова е најголемата количина кокаин запленета во Латвија, изјави денеска шефот на Криминалистичката полиција, Андреј Гришин. Според него, пронајдени се 2.195 вреќички кокаин во 42 кутии со банани од Еквадор. Во операцијата се уапсени петмина Латвијци, од кои тројца се затворени, а за двајца има ограничување пред судење кое не предвидува затворање. Запленетиот кокаин вреди околу 65 милиони евра. – Оваа пратка не била наменета за нашиот пазар. Латвија и балтичките држави често се користат за транспорт на наркотици, како транзитни земји за скандинавските држави и Истокот. И Русија е евентуален пазар. Истрагата ќе покаже, рече Гришин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-latvija-zapleneti-povekje-od-dva-tona-kokain/feed/ 0