Лаура Ковеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 May 2020 15:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лаура Ковеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСЧП: Романија осудена за разрешувањето на антикорупционерката Лаура Ковеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/#respond Tue, 05 May 2020 15:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=342044

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Романија за разрешувањето на директорката на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лаура Ковеси, која во меѓувреме стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама заради нејзините критики против законодавните реформи, јави дописникот на МИА. Во оваа пресуда, ЕСЧП пресуди дека разрешувањето од јули 2018 година на Лаура Ковеси, магистрат кој стана икона во борбата против корупцијата во Романија, ја наруши нејзината слобода на изразување. Таа беше „разрешена поради критиките што ги упати во вршењето на своите функции, по прашање на јавен интерес“, смета ЕСЧП. Романската Влада не може да го оправда, во името на која било легитимна цел, ова мешање во остварувањето на слободата на изразување на судијата, подвлекува судот. Една од задачите на овој магистрат се состоеше токму во „изразување на нејзиното мислење за законодавните реформи што веројатно ќе имаат последици за судството и врз нејзината независност, како и во борбата против корупцијата“. Ова разрешување, пред крајот на нејзиниот втор мандат како главен обвинител на Националната дирекција за борба против корупцијата (ДНА), беше „спротивно на самата цел за одржување на судската независност“ и можеше да ги обесхрабри другите обвинители и судии да учествуваат во јавните дебати за законодавните реформи кои влијаат врз судството, посочуваат судиите на ЕСЧП. Судот исто така оцени дека Лаура Кодрута Ковеси немала ефикасно средство да го оспори нејзиното разрешување на суд, „бидејќи таквата постапка ќе дозволи решението за претседателско разрешување да биде испитано само во форма“. На чело на ДНА помеѓу 2013 и јули 2018 година, Лаура Кодрута Ковеси влезе во отпор против контроверзната реформа на судскиот систем предводена од Социјалдемократската партија (ПСД) што нејзините противници ја обвинија дека сакаат да го „контролираат правосудниот систем“. Под нејзино водство, обвинителите обвинија 14 министри или поранешни министри, 43 парламентарци и повеќе од 260 локални избрани функционери. Меѓу нив и еден виден политичар од ПСД Ливиу Драгнеа, кој долго време важеше за најмоќен политичар во земјата. Таа ги инспирираше илјадниците романски демонстранти кои од јануари 2017 година редовно излегоа на улиците, носејќи плакати се нејзиното име, за „да го бранат владеењето на правото“. Таа во октомври 2019 година стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама, нова клучна позиција во телата на ЕУ. Ова независно тело ќе биде одговорно, од крајот на 2020 година, за пронаоѓање, гонење и изведување пред лицето на правдата, на сторителите на кривични дела кои влијаат на финансиите на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/feed/ 0
Европската обвинителка алармира дека не располага со доволно средства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-obvinitelka-alarmira-deka-ne-raspolaga-so-dovolno-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-obvinitelka-alarmira-deka-ne-raspolaga-so-dovolno-sredstva/#respond Fri, 07 Feb 2020 07:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=300460

Првата европска обвинителка, Лаура Ковеси, на сослушување во Европскиот парламент предупреди дека е потребно значајно зголемување на буџетот за да може првото ЕУ обвинителство да работи ефикасно. Првото обвинителство на ЕУ (во кое не учествуваат сите земји членки) треба да истражува прекуграничен криминал и злоупотреба на ЕУ фондови. Ковеси објасни дека не располага со доволно финансиски средства, ниту човечки ресурси. Од 29 вработени лица, 25 ќе работат во информатичките и буџетските служби, остануваат само четири лица за суштинска теренска работа, односно во 22-те земји членки кои учествуваат во обвинителството, изјави Ковеси пред европратениците. -Буџетот на европското обвинителство за 2020 треба повторно да се дискутира и значително да се зголеми, а буџетот за 2021 да се коригира сходно на тоа, изјави обвинителката. Според неа, за разлика од начелните проценки, нејзината канцеларија од старт ќе треба да се справи со околу три илјади предмети за четворица теренски вработени. На оваа бројка, секоја година би се додавале околу две илјади предмети. ЕУ обвинителството треба да ги анализира случаите индивидуално и да процени кои предмети треба да се третираат на национално ниво, а кои на централно. Ковеси предупреди дека додека не се решат овие прашања, обвинителството не може да почне да работи. Идната недела таа ќе се сретне со еврокомесарите за правда и за буџет за да се отвори темата. Земјите членки на 20 февруари ќе одржат Самит посветен на буџетската рамка на ЕУ, самит на кои шансите за договор се многу мали, според повеќе земји членки. Обвинителството  на ЕУ треба да почне да работи до крајот на оваа година според плановите на европските институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-obvinitelka-alarmira-deka-ne-raspolaga-so-dovolno-sredstva/feed/ 0
Лаура Ковеси потврдена за Главен обвинител на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-kovesi-potvrdena-za-glaven-obvinitel-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-kovesi-potvrdena-za-glaven-obvinitel-na-eu/#respond Thu, 17 Oct 2019 07:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=252735

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата Лаура Ковеси е потврдена за Главен обвинител на Европската унија за измами, соопшти Европскиот Парламент. Ковеси го презема новото Европско обвинителство  (EPPO) со мандат од седум години, откако мнозинство од земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи го и претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, во септември ја поддржаа нејзината кандидатура. Вкупно 22 членки на ЕУ се регистрирани во EPPO, телото кое има надлежности да ги истражува сомненијата за измами, поврзани со буџетот на ЕУ. Обвинителството ќе биде сместено во Луксембург и ќе биде составено од група обвинители од сите држави членки, со исклучок на Обединетото кралство, Шведска,  Унгарија, Полска, Ирска и Данска. Букурешт предупреди дека нема да ја поддржи Ковеси, која од 2013 до 2018 година беше шефица на романската Национална дирекција за борба со корупцијата, пред нејзиното противречно отстранување од функцијата на барање на романската Влада. За време на своето раководење со Дирекцијата таа одигра важна улога во отворањето истраги за измами против 14 поранешни или актуелни романски министри, 43 пратеници и над 260 локални службеници. Романските власти подготвија свои обвиненија за корупција против неа, што беше критикувано од Брисел. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-kovesi-potvrdena-za-glaven-obvinitel-na-eu/feed/ 0