Лауреано Ортега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 May 2022 06:44:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лауреано Ортега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синот на Даниел Ортега се обидува да го обнови дијалогот меѓу Никарагва и САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/#respond Fri, 06 May 2022 06:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=672663

Синот на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега во изминатите месеци се обидува да ги обнови контактите на високо ниво меѓу Републиката и САД. Според извори во Вашингтон, Лауреано Ортега, инвестициски и трговски советник на неговиот татко, ја информирал доверливо американската администрација преку трета земја за подготвеноста на Манагва „да го обнови дијалогот на високо ниво со САД“. Ортега очекува олеснување на американските санкции и се вели дека е подготвен да разговара за „ослободување на политичките затвореници“ како реципрочен чекор. Медиуми во САД тврдат дека американски функционер, чие име и позиција не се прецизирани, ја посетил Манагва минатиот месец, но Даниел Ортега и неговиот син одлучиле да не преговараат. Сепак, американската администрација смета дека властите во Никарагва „можеби во одреден момент ќе бидат подготвени за вистински дијалог“. Според изворите, новата позиција на Никарагва може да биде поттикната од воведувањето на остри санкции против Русија. Американските власти ги информирале претставниците на Никарагва дека Републиката нема да биде поканета на деветтиот самит на Северна и Јужна Америка, што ќе се одржи во јуни во Лос Анџелес, Калифорнија. Средбите на шефовите на држави и на влади од Западната хемисфера се одржуваат на секои неколку години под покровителство на Организацијата на американските држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-daniel-ortega-se-obiduva-da-go-obnovi-dijalogot-megju-nikaragva-i-sad/feed/ 0