лава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 09:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најбараниот рецепт на интернет, совршена лава колач кој ќе ве освои од прва https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najbaraniot-retsept-na-internet-sovrshena-lava-kolach-koj-ke-ve-osvoi-od-prva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najbaraniot-retsept-na-internet-sovrshena-lava-kolach-koj-ke-ve-osvoi-od-prva/#respond Wed, 19 Apr 2023 09:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=825381

Засладете ги вашите непца со овој прекрасен десерт кој се подготвува брзо и лесно, а ќе ги воодушеви сите членови на вашето семејство и гости. Состојки: 170 гр темно чоколадо 1/2 чаша путер 1 чаша шеќер 2 јајца 2 жолчки 1/3 чаша брашно прстофат сол 1 лажичка екстракт од ванила дополнително: путер и брашно за подготовка на калапите овошје, сладолед или шлаг за декорација по желба Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе ги калапите за печење (идеални се калапите за мафини или суфле). Чоколадото и путерот растопете ги во сад поставен над тенџере со зовриена вода. Додадете го шеќерот и добро измешајте. Додадете ги јајцата и жолчките и сè добро измешајте. Додадете го брашното, солта и екстрактот од ванила и сè повторно добро измешајте. Калапот за печење намачкајте го со путер и посипете го со брашно. Истурете ја смесата во подготвениот калап до половина. Во секој калап ставете по една коцка чоколадо. Потоа со смесата прелијте ја чоколадната коцка. Печете 12-15 минути. Извадете од рерна и оставете малку да се излади. Превртете го калапот на чинија и посипете какао или шеќер во прав врз лава колачот. Послужете топло со сладолед, шлаг или свежо овошје. Уживајте!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najbaraniot-retsept-na-internet-sovrshena-lava-kolach-koj-ke-ve-osvoi-od-prva/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Два лава од Украина сместени во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-dva-lava-od-ukraina-smesteni-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-dva-lava-od-ukraina-smesteni-vo-belgija/#respond Thu, 10 Mar 2022 07:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=644512

Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Но, руската инвазија на Украина значеше дека преместувањето мора да се случи веднаш, оти гранатирањето на Киев, каде што беа задржани, им предизвика стрес и повреди додека во паника скокаа на решетките од кафезите. Фредерик Толен, биолог кој работи во белгиско засолниште од 2007 година, раскажа за тешкото петдневно патување од Киев на 26 февруари до полската зоолошка градина во Познањ, коешто почна со состанок со руската армија надвор од главниот град на Украина. – Руската армија впери пиштоли кон медицинските сестри. Тие се заканија дека ќе ги убијат животните. Медицинските сестри рекоа – не, ова се наши животни. Ако ги допрете животните, прво треба да се справите со нас!, изјави Толен. – Значи, тие буквално ги ризикуваа своите животи за да ги спасат животните. Па, руската армија ги пропушти. Потоа имаше долго, долго патување до полската граница. Мораа да возат различни мали рути за да избегнат сообраќајни метежи, продолжува тој. Лавовите пристигнаа во засолништето „Натурхулпцентрум“ (Natuurhulpcentrum) доцна вечерта вчера. Засолништето ќе ги држи во карантин три месеци и ќе ги негува пред да се најде постојан дом или, можеби, засолниште во Африка. На лавовите, инаку, кои биле невообичаено мали кога биле спасени, им недостигале есенцијални елементи како калциум и биле хранети со месо со поминат рок, додека рендгенот открил и фрактури на коските. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-dva-lava-od-ukraina-smesteni-vo-belgija/feed/ 0
Вкус кој ќе ве воодушеви: Лава колач (РЕЦЕПТ) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkus-koj-kje-ve-voodushevi-lava-kolach-recept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkus-koj-kje-ve-voodushevi-lava-kolach-recept/#respond Mon, 29 Nov 2021 08:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=601257

Брзо и лесно СОСТОЈКИ: 150 гр путер 300 гр темно чоколадо 150 гр жолт шеќер 200 мл слатка павлака 100 гр брашно 6 јајца ПОДГОТОВКА: Додадете путер, темно чоколадо, жолт шеќер и слатката павлака во соодветен сад. Тенџерето во кое претходно сме ставиле вода ја ставаме да се загрее до точка на вриење. Кога водата ќе зоврие го ставаме садот со состојките. Нежно мешајте додека масата не се растопи и изедначи. Кога масата ќе стане компактна, тргнете ја на страна. Најпрво додајте го брашното со постојано мешање додека не се соедини. Потоа додадете ги јајцата и продолжете со мешањето. Готовата маса истурете ја во претходно премачкани садови (со стопен путер и бисквити). Се пече во загреана рерна на 220 C 8-10 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkus-koj-kje-ve-voodushevi-lava-kolach-recept/feed/ 0
ЛАВА КОЛАЧ СО СЛАДОЛЕД! Неодоливо викенд уживање https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lava-kolach-so-sladoled-neodolivo-vikend-uzivanje-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lava-kolach-so-sladoled-neodolivo-vikend-uzivanje-2/#respond Mon, 01 Nov 2021 17:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=589410

Ако направите лава колач со сладолед ќе доживеете вистинска рапсодија на вкусови Состојки: четири јајца 120 гр шеќер 160 гр брашно 250 гр маргарин 250 гр чоколадо за готвење сладолед по вкус масло за подмачкување Подготовка: Јајцата се матат со шеќерот. Во друг сад измешајте го маргаринот со растопената чоколада и убаво изматете. Помешајте ги двете смеси. На крај во измешаната смеса додадете го брашното. Намачкајте ги калапите со масло и посипете ги со брашно за полесно да ги извадите колачињата. Наполнете ги калапите до врвот. Се пече седум минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете со топка сладолед по вкус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lava-kolach-so-sladoled-neodolivo-vikend-uzivanje-2/feed/ 0
Лавата на Канарските Острови стигна до морето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/#respond Wed, 29 Sep 2021 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=569797

Лавата која избива од вулканот на канарскиот остров Ла Палма доцна синоќа стигна до морето, создавајќи потенцијално штетни гасови, поради кои жителите на околните градови се затвориле во своите домови. Десет дена по ерупцијата на вулканот, лавата синоќа полека почна да влегува во морето на брегот на Тазакорте. Камерите на локалната телевизија, поставени на брод на море, прикажаа како камења и оган влегуваат во водата, но поради мракот, не можело да се види пареа формирана со мешање на врела лава и студено море. Службата за вонредни ситуации на Канарските Острови ги повика жителите да се засолнат на безбедни места доколку се наоѓаат во таа област, во радиус од 3,5 километри. Вулканолозите велат дека гасовите можат да бидат штетни на два километра од местото каде што лавата влегува во морето. Вулканот се активира на 19 септември и нема човечки жртви. Ла Палма е еден од осумте Канарски Острови, шпанска територија покрај северозападна Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/feed/ 0
Лавата на Ла Палма, на Канарските острови, уништи 185 објекти и 153 хектари земјиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/#respond Wed, 22 Sep 2021 09:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=566776

Вулканска ерупција во Ла Палма, на Канарските Острови, уништи 185 згради, од кои 65 се приватни куќи, како и земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот. Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува весникот „Ла Вангардија“. Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан. Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма. Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами. По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта. Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови. Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/feed/ 0
Етна повторно се активира: Од кратерот излегуваат лава, чад и пепел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/#respond Mon, 05 Jul 2021 13:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=532283

Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта на од  неговата југо-источна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција и претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел. И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во централниот дел на Сицилија. Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на 3.000 метри надморска височина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/feed/ 0
Течат реки од лава, а народот навали кон вулканот: Неверојатни глетки од Исланд(ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techat-reki-od-lava-a-narodot-navali-kon-vulkanot-neverojatni-gletki-od-island-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techat-reki-od-lava-a-narodot-navali-kon-vulkanot-neverojatni-gletki-od-island-foto-video/#respond Thu, 25 Mar 2021 21:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=487922

Вулканот, кој веќе долго време е во мирување, еруптираше во Исланд и продолжува да привлекува маса на луѓе. Додека ерупција на вулкан во некои други делови на планетата значи задолжителна евакуација, овој вулкан има спротивен ефект врз луѓето. Сместен е на полуостровот Рејкјанес, на околу 40 километри од Рејкјавик. Во претходните 800 години не е забележана ерупција во таа област, пишува АП. Лавата прво започнала да тече од вулканот во петокот вечерта, откако во последните неколку недели беа регистрирани десетици илјади земјотреси во областа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techat-reki-od-lava-a-narodot-navali-kon-vulkanot-neverojatni-gletki-od-island-foto-video/feed/ 0
Лава, чад и пепел на сите страни- еруптираше вулканот Етна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/#respond Tue, 16 Feb 2021 19:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=469765

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров на Сицилија, еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер. Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци. Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли „спорадични рафали“ од лава и пепел. Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава. Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/feed/ 0
Вулканот Тал почна да исфрла лава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-tal-pochna-da-isfrla-lava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-tal-pochna-da-isfrla-lava/#respond Mon, 13 Jan 2020 07:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=288750

Вулканот Тал утрово почна да исфрла лава, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија. Директорот на Институтот, Ренато Солидум истакна дека се уште нема знаци за разорна ерупција, но сепак го зголеми нивото на тревога од три на четири од максималните пет. Вулканот Тал вчера исфрли пепел еден километар во височина, а во околината регистрирани се 75 помали земјотреси, од кои 32 се рангирани како земјотреси од втор ред. Во регионот на вулканот живеат околу 450.000 луѓе, а поради последните активности евакуирани се 8.000 жители кои се сместени во најмалку 38 центри за евакуација. Поради активноста на вулканот затворен меѓународниот аеродром во Манила, а претседателот Родриго Дутерте ја стопира работата на Владата и нареди затворање на сите училишта во главниот град на Филипини. Тал се наоѓа околу 70 километри јужно од Манила и е комплексен вулкан, што значи дека нема еден отвор или конус, туку неколку точки на ерупција, кои се менуваа со текот на времето. Вулканот Тал го сметаат за опасен бидејќи има „вулкан внатре вулканот“. Во претходните 500 години Тал еруптираше повеќе од 30 пати, а последниот пат во 1977 година. За ерупцијата во 1911 година страдаа 1.500 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-tal-pochna-da-isfrla-lava/feed/ 0