лавче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 12:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лавче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се мази како мало маче: Преслатко ВИДЕО од младенче лав пронајдено на патот во Суботица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-mazi-kako-malo-mache-preslatko-video-od-mladenche-lav-pronajdeno-na-patot-vo-subotitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-mazi-kako-malo-mache-preslatko-video-od-mladenche-lav-pronajdeno-na-patot-vo-subotitsa/#respond Thu, 21 Sep 2023 12:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=880332 Лавче во Суботица / Фото 192_rs Инстаграм

Прекрасно младенче лав е пронајдено денеска на патот Кантавир во Суботица, а сега се појави и видео од местото на настанот. Лавот бил „уловен“ како му приоѓа на човек на патот и како вистинско маче му се гали околу нозете.
]]>
Лавче во Суботица / Фото 192_rs Инстаграм

Прекрасно младенче лав е пронајдено денеска на патот Кантавир во Суботица, а сега се појави и видео од местото на настанот. Лавот бил „уловен“ како му приоѓа на човек на патот и како вистинско маче му се гали околу нозете.
]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-mazi-kako-malo-mache-preslatko-video-od-mladenche-lav-pronajdeno-na-patot-vo-subotitsa/feed/ 0
Лавчето пронајдено во Будва веројатно ќе биде испратено во Јужна Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/#respond Wed, 16 Feb 2022 11:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=632110

Прифатилиште за животни од 5.000 хектари во Јужноафриканската Република би можело да биде крајната дестинација за лавчето Симба кое неодамна беше најдено во куќа во изградба во близина на Будва, изјави Милена Батаковиќ, од Агенцијата за заштита на животната средина. Таа за ТВ Црна Гора изјави дека лавчето сега се чувствува добро односно дека живнало по вакцинацијата и витаминскиот коктел. Симба и натаму е во привремено засолниште во Подгорица. Агенцијата за заштита на животната средина вчера поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство против неидентификувани лица поради сомнение дека се сторени кривични дела за кои се гони по службена должност, во врска со случајот за нелегален транспорт на лавот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/feed/ 0
ВИДЕО од акцијата за фаќање на ЛАВОТ кој избега https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-od-akcijata-za-fakjanje-na-lavot-koj-izbega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-od-akcijata-za-fakjanje-na-lavot-koj-izbega/#respond Thu, 10 Feb 2022 14:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=629728

Лавчето кое со денови шеташе околу Будва денес е пронајдено. Тоа е пронајдено во една стара куќа на патот кон населбата Крапина. Животното е лоцирано откако два дена интензивно се трагаше по него, а во акцијата беше вклучена и Агенцијата за заштита на животните на Црна Гора, активисти, волонтери и биолози. Активистот Александар Драгичевиќ, кој беше еден од луѓето кои помагаа за фаќање на лавчето рече дека во самото фаќање на животното учествувале шест лица. -Немаше потреба да се користат седативи, лавчето е фатено во стара куќа над Будва. Во добра здравствена состојба е, но е многу уплашен, изморен и гладен, изјави Драгичевиќ за ТВ Прва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-od-akcijata-za-fakjanje-na-lavot-koj-izbega/feed/ 0
ФОТО: Изгубеното ЛАВЧЕ е пронајдено, еве каква е неговата состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-izgubenoto-lavche-e-pronajdeno-eve-kakva-e-negovata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-izgubenoto-lavche-e-pronajdeno-eve-kakva-e-negovata-sostojba/#respond Thu, 10 Feb 2022 14:34:38 +0000 https://kurir.mk/?p=629720

Лавчето кое со денови беше изгубено во околината на Будва, пронајдено е денеска во напуштена куќа во близина на селото Крапина, но според спасувачите од црногорската Агенција за заштита на животната средина, тоа е во многу лоша состојба... Животното ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не му се најде соодветно сместување. „Среќни сме што успеавме да го уловиме лавчето, секако благодарение на помошта на колегите и локалните жители. Животното е во многу лоша состојба, па ќе биде префрлено во прифатилиште за опоравување. Таму ќе ја добие сета потребна помош и грижа. Искрено, многу ни олесна бидејќи на некои институции во Црна Гора им докажавме дека постои лав и им покажавме како се работи.е Сега сме во контакт со колеги од регионот и Европа, се договараме што ќе правиме со лавот кога ќе закрепне и каде ќе биде сместен, вели за Нова.рс Милан Газдиќ, директор на Агенцијата за животна средина од Подгорица, кој активно учествуваше во потрагата по избеганото лавче. Појаснува дека лавчето било во заробеништво, а сопствениците најверојатно од страв го пуштиле во дивината, бидејќи шверцот на животни е тешко кривично дело. -Но, младенчето во моментов не претставува опасност за граѓаните на Будва, бидејќи е навикнато на присуство на луѓе. Сметаме дека сопствениците се црногорски државјани и животното нема да им го вратиме, напротив, ќе поведеме постапка против нив. Подготвивме привремен престој за животното, повикавме институции од целиот свет и добивме инструкции како да постапуваме понатаму, вели Газдиќ. ФОТО: Printscreen/Nova.rs]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-izgubenoto-lavche-e-pronajdeno-eve-kakva-e-negovata-sostojba/feed/ 0
Пронајдено младото лавче кое избегало во Будва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:42:12 +0000 https://kurir.mk/?p=629647

Денеска е пронајдено младото лавче, кое исчезна на крајот на јануари во Побори над Будва. Од будванската полиција за „Вијести“ потврдија дека во стара куќа на пат кон селото Крапина е пронајдено младото лавче. Лавот го лоцирал полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина кои го фатиле. Животното ќе биде сместени во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде адвекатен смештај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/feed/ 0
Младо лавче избегало во Будва: Полицијата трага по него заедно со биолози и претставници од агенцијата за заштита на животната средина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=629623

Во тек е вториот ден од интензивната потрага по лавчето кое пред неколку дена избега во месноста Будва. Од утрово на терен се и претставници на Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора, биолози од Центарот за заштита и проучување на птиците, кои во текот на претходната ноќ дежураа на терен со камери, стапици и мамки. Центарот има и експерт за крупен дивеч, а ги поддржува колега од Косово, односно експерт за диви мачки. Александар Драгичевиќ, граѓански и еколошки активист, за Телеграф.рс изјави дека лавот не бил лоциран синоќа и покрај сите напори и пребарувања на теренот. - Не e лоциран, барем не во пределот каде што беше забележан претходната вечер и каде што најчесто доаѓаше да јаде, според сведочењето на мештаните, претходните седум дена - објаснува нашиот соговорник. Тој вели дека добиле неофицијални информации, кои се уште ги проверуваат, дека утрово во близина на истиот терен бил забележан лавот. -Денеска во текот на денот ќе се постават замки на повеќе локации за да се обидеме на тој начин да го фатиме. Мачките се ноќни животни, па нивната најголема активност е кога ќе се стемни, па затоа денеска очекуваме подготовки за она што доаѓа вечерва - ни вели Драгичевиќ. Според него, потрагата се врши на терен кој е многу непристапен. - Теренот е многу стрмен со многу карпи. Имавме проблеми и при пребарувањето со термални камери, бидејќи имаме дабова и зимзелена шума и тешко се пробива камерата, па е исклучително тешко да се забележи во текот на денот, кога обично одмараат големите мачки. Синоќа во неколку наврати лоциравме шакали, лисици, дури и диви свињи, но не и лавови - вели нашиот соговорник. Тој посочува дека лавот што го бараат е одгледан како домашно милениче, па се навикнал на луѓе и други животни како кучиња. - Вчера на терен разговаравме со мештаните и со некои активисти за правата на животните во Будва, а потоа дознавме дека и мештаните и активистите оставиле храна во делот каде тој ќе се појави и ќе јаде. Токму затоа се надеваме, бидејќи тоа му е навика, дека ќе се појави на истото место, поради што сакаме да поставиме замки. Пред две ноќи на тој простор имало голем број ловечки кучиња, па можно е да го исплашиле и да се сокрил некаде. Се надеваме дека ќе си го најде патот назад денеска или во следните неколку дена - оптимист е нашиот соговорник. На прашањето дали граѓаните треба да се плашат од ова животно, Драгичевиќ рече дека сите мора да имаат на ум дека е неопходна претпазливост, бидејќи тоа е диво животно. - Немаме официјални податоци или проценка колку точно килограми тежи тоа животно. Се верува дека помеѓу 30 и 50 килограми. Досега немало никакви проблеми. Мештаните сведочат дека му пришле на неколку метри за да го нахранат. Значи, досега немало инциденти и опасни ситуации, туку се работи за диво животно, кое може да биде опасно, поради што е обезбеден целиот простор каде што е забележан лавот - вели Драгичевиќ. На терен има полиција, биолози кои имаат пиштоли за зашеметување и целиот терен е доста добро покриен. - Се надеваме дека нема да има инциденти и дека лавот ќе биде фатен на начин што ќе биде безбеден за животното, и за луѓето вклучени во целата акција - заклучува соговорникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/feed/ 0