лаверита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Mar 2021 18:44:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лаверита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илиески: Весникот Ла Верита е истиот медиум кој што објави за скандалот во СЈО, не би го потценил неговиот кредибилитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieski-vesnikot-la-verita-e-istiot-medium-koj-shto-objavi-za-skandalot-vo-sjo-ne-bi-go-potcenil-negoviot-kredibilitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieski-vesnikot-la-verita-e-istiot-medium-koj-shto-objavi-za-skandalot-vo-sjo-ne-bi-go-potcenil-negoviot-kredibilitet/#respond Wed, 10 Mar 2021 18:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=480363

Богдан Илиески - Бетмен во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија вели дека никако не смее да се потцени весникот Ла Верита кој што денеска објави нов скандал поврзан со владата на СДСМ околу набавка на кинеските вакцини, бидејќи како што рече токму истиот медиум објавувајќи скандали со поранешното Специјално јавно обвинителство го урна истото. Ла Верита беше истиот медиум кој што го урна СЈО, така да не би го потценил кредибилитетот кој што го има виз а ви оние работи кои што ги објавија и ова што го прочитав утринава е прилично скандалозно, вели тој. Илиески посочи како е можно фирма медијатор да има кредибилитет да посредува за набавка на вакцини на Македонија од Кина, а не владата на СДСМ. -Скандалозно е според мене што досега мислев дека немаме вакцини во Македонија затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денеска и една имаме и една друга опција како можна а тоа е дека дури и со набавката на вакцини не се калкулира само со оние геополитички мненија на премиерот и на луѓето околу него, каква земја сме биле, во кој сојуз сме членувале, па дали требало да набавуваме вакцини од ваму и таму, туку дека за жал и трагично може и бизнис е во прашање, нагласи тој. Тој вели дека може не се случило зделка но можеби имало обид да се случи зделка. -Јас еве би го поставил како прашање како е возможно преку фирма медијатор, некоја фирма од Хонг Конг која што не ја знаеме, таа фирма да има поголем кредибилитет од влада на една држава. Тогаш дај таа фирма од Хонг Конг нека ни ги води сите други работи, сите други ресори ако е поспособна од влада на една суверена држава да набави вакцини. Значи тука е првиот црв на сомнеж, вели Илиевски. Во однос на набавката, Илиески изјави дека според она што го слушнал е дека за доза од 200.000 кинески вакцини се планирало да се исплатат над 12 милиони евра или поделено по 60 долари за доза, а како што нагласи тој од она што го пребарал по интернет за поголема набавка на вакцини од Синофарм вакцините чинеле 30 долари. -Уште една работа што ја слушнав е дека се работи за договор од околу над 12 милиони евра, ако имаме предвид дека првично ќе набавиме 200.000 вакцини од Синофарм или 12 милиони поделено со 200.000 околу 60 долари по доза. И по едно мало пребарување на интернет од неколку извори најдов дека во поголеми дози набавени вакцините чинат 30 долари од Синофарм и тука ми се јавува сомнежот и не сакам да верувам но во Македонија мораш да си спремен да веруваш во се дека некој сакал дупло повеќе да ги набави кинеските вакцини и затоа се наоѓани и измислени некакви фирми од Хонг Конг, изјави Илиески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieski-vesnikot-la-verita-e-istiot-medium-koj-shto-objavi-za-skandalot-vo-sjo-ne-bi-go-potcenil-negoviot-kredibilitet/feed/ 0
Гајсер од ЛаВерита за Алфа: Имам уште документи за законот за јазици, еден ден ќе ги објавам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajser-od-laverita-za-alfa-imam-ushte-dokumenti-za-zakonot-za-jazici-eden-den-kje-gi-objavam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajser-od-laverita-za-alfa-imam-ushte-dokumenti-za-zakonot-za-jazici-eden-den-kje-gi-objavam/#respond Sun, 13 Oct 2019 12:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=251163

Ла верита – весникот кој прв ги објави снимките кои ја урнисаа специјалната обвинителка, сега со нова бомба. Во денешниот текст со наслов “Заев сакаше да го замени Македонскиот јазик, Европа го стопира и го открива” италијанскиот медиум изнесува детали од мислењето на Венецијанската комисија, односно нејзината вистинска оценка на законот за двојазичност, јавува Алфа. Ќе го запре ли Венециската комисија Заев да го замени македонскиот јазик? Односно македонскиот јазик да биде на исто рамниште како и албанскиот кој го зборува малцинството албанци во државата, како што се бара во законот за двојазничност. Меѓународните експерти од Венециската комисија, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот Закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен. Венециската комисија, со оглед на тоа што Уставот на Македонија го гарантира правото за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадници на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека ако овој закон доследно се применува, тоа е повеќе од доволно за европските демократски стандарди, пишува ЛаВерита. Како што пишува весникот, во неофицијалната веризија на мислењето, Комисијата го обвинува Заев дека не почитувајќи го владеењето на правото, без да се земе предвид широкиот опсег на уставноста, донесе нов закон без опозицијата, односо по скратена постапка во Парламентот, без консулатција со граѓанското општество… Експертите, во точка 33 од извештајот, отворено го осудуваат ваквиот начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата. Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за јасност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно. Во мислењето на комисијата стои: „Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“ Авторот на текстот Ларис Гајсер за Алфа вели: Имам докази и информации, но засега луѓето, изворите не се сигурни и не можам да ги објавам. Како и да е, еден ден ќе бидат објавени. Веднаш по објавување на извештајот владата се обиде да ги минимизира заклучоците на комисијата, но според извори на Алфа еден од највисоките владини функционери отишол чекор понатаму и од Венецијанската комисија побарал наместо на 18 октомври, расправата за официјализирање на мислењето да се одложи до средината на декември . Инаку законот за двојазичност кој произлезе како столб на тиранската платформа речиси една година беше заглавен низ собраниските органи. Со прекршување на деловникот на Парламентот, откако неколкупати тогашниот претседател Иванов одби да стави потпис на законското решение и искористи суспензивно вето, лани во јануари спикерот Џафери законот го објави во службен весник и истиот стапи во сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajser-od-laverita-za-alfa-imam-ushte-dokumenti-za-zakonot-za-jazici-eden-den-kje-gi-objavam/feed/ 0