лавина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Apr 2023 11:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лавина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ужас во Словенија: Лавина затрупа седум луѓе, маглата го отежнува извлекувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-slovenija-lavina-zatrupa-sedum-luge-maglata-go-otezhnuva-izvlekuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-slovenija-lavina-zatrupa-sedum-luge-maglata-go-otezhnuva-izvlekuvaneto/#respond Sun, 09 Apr 2023 11:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=822078

Лавина утрово однесе седум лица во Словенија. Сите ја преживеаја страшната несреќа, но некои се во тешка состојба. Во спасувањето на луѓето активиран е и хеликоптер, но акцијата е забавена поради маглата. Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа (ПУ) Нова Горица денеска во 9 часот и 39 минути бил известен за несреќата на планината. Седум лица кои ја преживеаја несреќата, но беа повредени, лавината ги однесе на Мала Мојстровка, изјави Декан Божник, портпаролот на Полициската управа на Нова Горица, пренесува Н1 Словенија. Според полицијата, група од седум лица по првата добиена информација се упатила кон Мала Мојстровка по сртот на Жупанчич. Кога излегле надвор од гребенот, ги однела лавина долга околу стотина метри. Притоа, сите лица се здобиле со телесни повреди, меѓу кои неколку лица се тешко повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-slovenija-lavina-zatrupa-sedum-luge-maglata-go-otezhnuva-izvlekuvaneto/feed/ 0
Трагедија: Лавина денеска усмрти седуммина туристи, 8 преживеани се во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-lavina-deneska-usmrti-sedummina-turisti-8-prezhiveani-se-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-lavina-deneska-usmrti-sedummina-turisti-8-prezhiveani-se-vo-kritichna-sostojba/#respond Tue, 04 Apr 2023 16:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=820188

Лавина денеска усмрти седуммина туристи во индиската хималајска држава Сиким, во близина на планинскиот премин до кинескиот регион Тибет, а спасувачите ја прекинаа потрагата по телата со доаѓањето на ноќта. Армијата соопшти дека најмалку 20 луѓе биле спасени откако неколку возила кои превезувале туристи до преминот Нату Ла, меѓу Сиким и Тибет, биле погодени од лавина. Локалната полиција додаде дека осуммина преживеани се во критична состојба. - Правиме уште една проверка пред да ја прекинеме операцијата за спасување бидејќи е темно и повторно врне снег, изјави во телефонско интервју за Ројтерс високиот полициски функционер Тензинг Лоден Лепча, пренесува Хина. Во последните две години неколку лавини ги погодија индиските Хималаи, при што загинаа најмалку 120 луѓе. Спасувачките тимови претходно соопштија дека стравуваат дека најмалку 70 луѓе се затрупани под снег на местото на несреќата, на околу 40 километри од главниот град Гангток. Инаку, лавината ги погодила луѓето додека се фотографирале во близина на водопадот. Фотографиите објавени од индиското Министерство за одбрана покажуваат дека спасувачите копаат со лопати во близина на водопадот. Со тешка механизација се работи на расчистување на снегот што го остави зад себе лавината, покажуваат фотографиите. По расчистувањето на снегот од патот, спасени се уште 350 туристи и 80 автомобили, се наведува во армиското соопштение. Секоја година, илјадници туристи го посетуваат Сиким, наречена „Земја на мистичниот сјај“, која се наоѓа под планината Канченџунга, третата највисока планина во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-lavina-deneska-usmrti-sedummina-turisti-8-prezhiveani-se-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0
Светскиот шампион во скијање загина, го затрупала лавина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetskiot-shampion-vo-skijane-zagina-go-zatrupala-lavina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetskiot-shampion-vo-skijane-zagina-go-zatrupala-lavina/#respond Tue, 31 Jan 2023 10:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=794122

32-годишниот Кајл Смejн, поранешен светски шампион во скијање халф фајв, почина во Јапонија. Загинал со пријател на јапонската планина Хакуба Норикура. Тој скијал со уште тројца, а потоа одеднаш почнала лавина и ги затрупала. Кајл и еден пријател загинаа, но двајца за чудо преживеаја. „Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обиделе да побегнат. Адам поминал 25 минути закопан на длабочина од еден и пол метар. Чудо е што успеа да преживее. Наспроти него лежеше друг скијач, но тој не излезе. Лавината го фрлила Кајла 50 метри во воздух и го затрупала. За жал, тој не преживеа. Во близина имаше лекари кои дојдоа да ни помогнат, но немаше спас. Адам и јас ќе го паметиме ова до крајот на животот. Не знам како ќе живееме со тие слики во нашите глави…“, вели Грант Гундерсон, фотограф кој ги снимил авантурите на Смејн.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetskiot-shampion-vo-skijane-zagina-go-zatrupala-lavina/feed/ 0
Хорор на Тибет, најмалку 28 загинати во лавина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-tibet-najmalku-28-zaginati-vo-lavina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-tibet-najmalku-28-zaginati-vo-lavina/#respond Sat, 21 Jan 2023 10:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=790015

Најмалку 28 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во југозападниот регион на Тибет, јавува Ројтерс повикувајќи се на извештај на кинеските медиуми. Спасувачката акција на местото е завршена, а локалните власти распоредија вкупно 1.348 луѓе и 236 делови опрема за ископување на 7,5-километарскиот премин, објави во петокот кинеската новинска агенција Ксинхуа. Пронајдени се 53 преживеани, од кои пет се тешко повредени, објави Глобал тајмс, цитирајќи претставник на локалната власт во западниот кинески регион. Лавината, предизвикана од силни ветрови и топење, се случи на дел од стрмниот пат во областа Доксонг Ла планина во округот Мејнлинг во вторникот.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-tibet-najmalku-28-zaginati-vo-lavina/feed/ 0
Во лавина во Тибет загинаа 20 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lavina-vo-tibet-zaginaa-20-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lavina-vo-tibet-zaginaa-20-litsa/#respond Fri, 20 Jan 2023 11:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=789679

Најмалку 20 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во Тибет, а осум лица сè уште се водат како исчезнати, јавија локалните медиуми. Пронајдени се 53 преживеани, од кои пет се тешко повредени, јави Глобал Тајмс, цитирајќи претставник на локалната власт во западниот кинески регион. Лавината се случила на дел од патот меѓу селото Паи во округот Мејнлинг и излезот од тунелот Доксонг Ла во округот Медог околу 20 часот во вторникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lavina-vo-tibet-zaginaa-20-litsa/feed/ 0
Најмалку петмина загинати во лавина во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-zaginati-vo-lavina-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-zaginati-vo-lavina-vo-italija/#respond Sun, 03 Jul 2022 17:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=699294

Најмалку пет лица загинаа во лавина на Доломитите во Италија, соопшти попладнево спасувачкиот центар на регионот Венето. Уште осум лица се повредени по уривање на глечер на планината Мармолада во северна Италија, а пет хеликоптери и неколку спасувачки тимови со кучиња се во потрага по други луѓе под снегот. Свлечиштето се случи на алпскиот врв наречен Мармолада, кој е висок нешто повеќе од 3.300 метри. „За жал, пет лица беа пронајдени мртви“, изјави портпаролката на службите за итни случаи Мишела Канова, додавајќи дека бројот на повредени „останува привремен“. Повредените планинари, меѓу кои и едно лице кое е во критична состојба, се пренесени во неколку болници во областа, соопштија спасувачите. Локалната служба за итни случаи на Твитер напиша дека постои сомневање дека во групата на местото на падот имало 15 планинари. Според локалните власти, лизгањето на парче од глечерот најверојатно дошло поради невообичаено високите температури во оваа област. Имено, температурите се повисоки од 10 степени Целзиусови, што е премногу за тоа подрачје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-zaginati-vo-lavina-vo-italija/feed/ 0
Евакуација во Алјаска поради огромна лавина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-aljaska-poradi-ogromna-lavina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-aljaska-poradi-ogromna-lavina/#respond Mon, 28 Mar 2022 09:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=654445

Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини. Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот. Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок до 24 метри. Отсечени се околу 100 домаќинства, некои останаа и без струја. – Станува збор за огромна лавина. Експерти ја опишаа како нешто што се случува еднаш во сто години, појасни менаџерката на општината Енкориџ, Ејми Дембоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-aljaska-poradi-ogromna-lavina/feed/ 0
Трагедија во Австрија: Четири лица загинаа во лавина во Тирол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-chetiri-lica-zaginaa-vo-lavina-vo-tirol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-chetiri-lica-zaginaa-vo-lavina-vo-tirol/#respond Fri, 04 Feb 2022 14:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=627106

Четири лица загинаа во лавина денеска во австриската провинција Тирол, јави австриската агенција АПА. Несреќата се случила на австриските Алпи во близина на границата со Швајцарија, а покрај четворицата загинати, едно лице се смета за исчезнато. Лавината започнала во близина на градот Спиша во Тирол, каде во последните денови падна многу снег, а ангажирани се австриски и швајцарски хеликоптери. Австриските медиуми претходно денеска објавија дека до лавина дошло и на скијачките патеки во Зелден, во друг дел на Тирол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-chetiri-lica-zaginaa-vo-lavina-vo-tirol/feed/ 0
Трагедија во Австрија: Во лавина загинаа три лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-vo-lavina-zaginaa-tri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-vo-lavina-zaginaa-tri-lica/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=604332

Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија денеска локалните власти. Жртвите биле дел од група од 11 скијачи, од кои осум биле погодени од лавина широка околу 200 метри додека се движеле по патека за време на скијачката тура вчера во областа Твенг, во провинцијата Салцбург. Тројца скијачи биле затрупани од лавината, додека двајца биле делумно затрупани и успеале да се ослободат, соопшти регионалната полиција. Спасувачите успеале да лоцираат двајца затрупани скијачи користејќи ги нивните уреди за пребарување, но едниот веќе бил мртов, а другиот подоцна починал во болница во Клагенфурт. Третиот затрупан скијач не носел уред за пребарување и неговото тело било пронајдено околу четири часа по лавината. Жртвите се Австријци, двајца на 19-годишна возраст, и еден на 24-годишна возраст. Двајцата повредени скијачи се пренесени во локалната болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-avstrija-vo-lavina-zaginaa-tri-lica/feed/ 0
Чудо на Канарските острови: Лавата уништи се пред себе, освен една куќа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/#respond Fri, 24 Sep 2021 20:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=567893

Од Канарските острови стаса неверојатна сцена, опколена со море од лава после ерупцијата на вулканот на Ла Палма, една куќа останала да стои негибната. Корисниците на социјалните мрежи ја нарекле „нестварна“. Нејзините сопственици, пензиониран пар од Данска, кој не е на островот, воодушевени се дека куќата останала цела. – Почнале да плачат кога им кажав дека нивната сакана куќа е недопрена, вели за Ел Мундо, архитектката на куќата Ада Моникендам. Куќата чудо се наоѓа на Ел Параис каде повеќе од половината згради, вклучително и училиштето, се уништени. Парот го избрал токму Ла Палма бидејќи им се допаднал вулканскиот пејзаж, вели Моникендам и додала дека и е жал оти куќата сега е напуштена и дека нема никој кој би можел да се грижи за неа. Лавата синоќа значително го забавила својот тек што предизвика стравување дека би можела да се прошири по островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/feed/ 0