лавини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Mar 2021 06:13:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лавини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО: Расчистени лавините кај Бигорски манастир, патот прооден https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-povredeno-raschisteni-lavinite-kaj-bigorski-manastir-patot-prooden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-povredeno-raschisteni-lavinite-kaj-bigorski-manastir-patot-prooden/#respond Mon, 22 Mar 2021 06:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=485857

Со максимална ангажираност на четири машини синоќа кусо пред полноќ беа пробиени лавините што паднаа во близина на Бигорскиот манастир, на патниот правец Дебар – Маврово, делница Дебар – Жировница. – Стануваше збор за три лавини, една поголема и две помали, пред и по бензинската пумпа кај Бигорски манастир, кои на коловозот донесоа над 1500 кубни метри снег, дрвја и камен. Најпрво беа пробиени наносите, а потоа и исчистен материјалот, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат”. Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, на чија територија е овој дел, вели дека веднаш по добиената информација биле преземени потребните активности. -Лавините паднаа околу 20.40 часот. Веднаш заминавме на самото место со машината со која располагаме како општина. Се обративме до Бигорски манастир, од каде, како и секогаш, ни излегоа во пресрет и пуштија машина. Беше вклучена и дебарската секција на ЈП „Македонија пат”, а потоа и машина на компанијата „Кнауф Радика”. Искажувам голема благодарност на сите ангажирани, изјави за МИА, Куртовски. Додава дека за среќа е избегната трагедија. -Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците беше со лесна повреда на ногата. Не сакам ни да помислам каква трагедија можеше да се случи, рече тој. Поради лавините, сообраќајот беше целосно во прекин. Локацијата каде што беа паднати лавините е позната по вакви појави, но, за среќа, досега не се регистрирани несакани последици. Поширокиот Дебарски Регион, општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, вчера попладне беа зафатени со обилни снежни врнежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-povredeno-raschisteni-lavinite-kaj-bigorski-manastir-patot-prooden/feed/ 0
Најмалку 21 жртва при лавини во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zrtva-pri-lavini-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zrtva-pri-lavini-vo-avganistan/#respond Fri, 14 Feb 2020 07:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=303771

Најмалку 21 лице загина во серија лавини што вчера ја погодија Дајкунда, централна провинција во Авганистан, соопштија денеска властите. Според портпаролот на Министерството за вонредни ситуации, седум лица се водат како исчезнати, додека 10 се повредени. Во лавините се уништени 50 куќи, а жртвите се членови на две семејства. Спасувачките тимови бараат преживеани. Поголем број патишта се затворени поради опасност од нови лавини. Оваа зима во тој дел на Авганистан има обилни снежни врнежи, лавини и поплави. Вкупниот број настрадани во последните неколку месеци изнесува 72 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zrtva-pri-lavini-vo-avganistan/feed/ 0
Расте црниот биланс: Најмалку 33 лица загинаа во лавини во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-crniot-bilans-najmalku-33-lica-zaginaa-vo-lavini-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-crniot-bilans-najmalku-33-lica-zaginaa-vo-lavini-vo-turcija/#respond Wed, 05 Feb 2020 16:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=299722

Бројот на загинати во двете лавини во источниот дел на Турција се зголеми на 33 луѓе, јави Анадолија. Околу 300 припадници на итната служба се повикани да интервенираат во близина на градот Бачесехир, кој е опкружен со планини, а се наоѓа во провинцијата Ван – во близина на границата со Иран. Тие биле повикани по лавината во која синоќа загинаа пет лица. Денеска, околу пладне, втора лавина падна врз спасувачите, а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 26 спасувачи. Во лавините се повредени и 53 лица. Гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез изјави дека меѓу загинатите има осуммина воени полицајци, тројца припадници на селска стража, тројца пожарникари и деветмина доброволци. Билмез посочи дека тимот за итни случаи трага по колегите кои можеби се уште се затрупани под снегот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-crniot-bilans-najmalku-33-lica-zaginaa-vo-lavini-vo-turcija/feed/ 0
ФОТО: Големи лавини во швајцарските Алпи, не се знае бројот на затрупани скијачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golemi-lavini-vo-shvajcarskite-alpi-ne-se-znae-brojot-na-zatrupani-skijachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golemi-lavini-vo-shvajcarskite-alpi-ne-se-znae-brojot-na-zatrupani-skijachi/#respond Fri, 27 Dec 2019 09:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=282875

Најмалку две лица се повредени, а се стравува дека е можно да има уште многу затрупани кога лавина минала преку скијачка патека во скијачкиот центар во Андермат, јавија хрватските медиуми. Лавината се спуштила вчера во непосредна близина на швајцарскиот град Андермат, додека многу скијачи уживале на планиското сонце еден ден по Божиќ, пренесоа американските медиуми. Портпаролот на полицијата изјави дека станува збор за голема лавина, а спасувачките екипи веќе пренеле двајца полесно повредени во болница. Во меѓувреме, почната е голема акција на трагање по повеќемина исчезнати скијачи откако четири лавини ги погодија скијалиштата во Австрија и Швајцарија. Скај њуз јави дека австрискиот центар Анкогел е погоден од три лавини. На патеките во моментот на лавините имало многу скијачи, јавија медиумите. На терен се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи, хеликоптери и кучиња трагачи. Швајцарската полиција на вонредна прес конференција порача дека повеќе лица се однесени на носилки. „Пријавена е голема бројка на затрупани“, изјави шефот на оперативната кандонална полиција Рето Пфистер, додавајќи дека станува збор за голема лавина. Во акцијата на пребарување и спасување учествувале три хеликоптери. Во акцијата помагаат и итни медицински сили, шумска служба за спасување и 20 цивили кои спонтано се приклучиле кон акцијата. Шестмина се спасени од снегот и сите се швајцарски државјани. Двајца се префрлени во болница, а четворица се повредени. Засега нема пријави за исчезнати лица, но полицијата се сомнева во можноста уште луѓе да се затрупани, па затоа акцијата продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golemi-lavini-vo-shvajcarskite-alpi-ne-se-znae-brojot-na-zatrupani-skijachi/feed/ 0
Австрија: Прогласена највисока опасност од лавини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proglasena-najvisoka-opasnost-od-lavini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proglasena-najvisoka-opasnost-od-lavini/#respond Mon, 18 Nov 2019 08:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=265185

Обилните врнежи од дожд и снег создаваат проблеми во Австрија. Најлоша е ситуацијата во Јужен Тирол и Корушка. Поројните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата во долините, а жителите во најзагрозените подрачја се евакуирани. Во планинските делови, снегот отсече неколку села, каде нема струја, а во прекин се и телефонските врски. Прогласена е најголема опасност од лавини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proglasena-najvisoka-opasnost-od-lavini/feed/ 0