Лавров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 07:29:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лавров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лавров денеска и утре во БиХ и во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-deneska-i-utre-vo-bih-i-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-deneska-i-utre-vo-bih-i-vo-srbija/#respond Mon, 14 Dec 2020 07:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=442886

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува денеска и утре во официјална посета на Босна и Херцеговина. Шефот на руската дипломатија во вторник ќе отпатува за Белград. За време на неговиот престој во Босна и Херцеговина, тој треба да се состане со претставници на Претседателството на БиХ, министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ и треба да се одржи посебна средба со претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик во источно Сараево. Лавров требаше да ја посети Босна и Херцеговина во октомври, но поради задолжителна самоизолација, тој ја одложи својата посета откако стапи во контакт со лице заразено со Ковид-19. Тогаш беше најавено дека ќе се сретне и со заменик претседавачот со Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ и заменик претседателот на Претставничкиот дом на парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. По БиХ, Лавров ќе го посети Белград на 15 декември, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на посетата, рускиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со неговиот српски колега Никола Селаковиќ.И оваа посета беше планирана и за крајот на октомври, но беше одложена поради изолацијата на Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-deneska-i-utre-vo-bih-i-vo-srbija/feed/ 0
Лавров: Обнова на дијалогот меѓу Москва и Берлин е во интерес на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=430770

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека продолжувањето на дијалогот меѓу Русија и Германија ќе биде во интерес на Европа. Тој рече дека Русија е искрено заинтересирана за тоа, бидејќи трга од претпоставката дека може да се надмине периодот на затегнатост во билатералните односи меѓу Москва и Берлин. Оценувајќи дека односите меѓу Русија и ЕУ континуирано се деградираат во последните неколку години, Лавров посочи дека за тоа не е виновна Русија и предупреди дека европската политика придонела за создавање нови поделби. Според шефот на руската дипломатија, ЕУ „поддржа неуставен државен удар во Украина, воведе еднострани санкции за Русија и уништи комплетен, сложен систем на дијалог меѓу Русија и ЕУ“. – Постојаните обвинувања, ултиматуми и закани кон Русија станаа рутински инструменти на германската надворешна политика. Актуелната тензија скапо ги чинеше европските нации чија безбедност стана заложник на политичката себичност. Ние сепак сме уверени дека е зачувана можноста за воспоставување архитектура на мирот, рече Лавров. Лавров потсети дека и Русија и Европа се соочуваат со исти предизвици и закани – од тероризам, ширење на оружје за масовно уништување и пандемијата на коронавирусот, и оти за сето ова се потребни заеднички напори на Русија и ЕУ. – Русија, од своја страна, секогаш е подготвена за искрена, еднаква соработка и е посветена на воспоставување рамнотежа на интересите, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/feed/ 0
Лавров во посета на Грција, БиХ и Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-vo-poseta-na-grcija-bih-i-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-vo-poseta-na-grcija-bih-i-srbija/#respond Mon, 26 Oct 2020 07:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=420600

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска почнува турнеја низ регионов, при што ќе ги посети Грција, БиХ и Србија. Лавров прво ќе допатува во работна посета на Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, премиерот Киријакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас. На 28 октомври ќе замине во Босна и Херцеговина, каде ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ, одделно со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ и со други претставници на босанските власти. Руското МНР претходно соопшти дека тема на разговорите за време на посетата на шефот на руската дипломатија ќе биде натамошниот развој на соработката меѓу БиХ и Русија во областа на политиката, тговијата, економијата и културата, како и хуманитарните прашања. В среда Лавров, исто така, ќе пристигне и во дводневна посета на Србија. – Предвиден е состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ, како и присуство на свеченоста по повод завршување на внатрешното уредување на Храмот Свети Сава и палење на Вечниот оган на гробот на Ослободителите на Белград, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Претходно било соопштено дека Лавров треба да оствари средба и со патријархот Иринеј. Во фокусот на разговорите ќе биде соработката меѓу Русија и Србија, важни меѓународни и регионални прашања, како и ситуацијата во врска со решавањето на косовското прашање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-vo-poseta-na-grcija-bih-i-srbija/feed/ 0
Лавров: Русија пропорционално ќе одговори на санкциите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-proporcionalno-kje-odgovori-na-sankciite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-proporcionalno-kje-odgovori-na-sankciite-na-eu/#respond Wed, 14 Oct 2020 15:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=416425

Одговорот на Москва на санкциите на ЕУ во врска со инцидентот со опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе биде пропорционален, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во интервју за радиостаниците Спутник, Комсомолскаја правда и Говорит Москва, Лавров рече дека тоа е добро воспоставена дипломатска пракса и оти одговорот ќе биде дипломатски. Тој истакна дека Германија нема намера да наведува никакви факти и покрај сите меѓународни правни обврски. Говорејќи за протерувањето на руските дипломати од голем број европски земји, Лавров рече дека тоа станало знак на добро однесување кон САД и Велика Британија. – Но, се разбира, ние донесуваме свои заклучоци во однос на одлуките на нашите западни партнери да протераат руски дипломати поради шпионажа, а некои други обвинувања не ја одразуваат само дипломатска практика, туку и подготвеноста да им се препуштат на русофобичните трендови кои Американците се обидуваат да ги развијат во Европа со цел да ја одвратат Европа од употреба на руски гас, руски воени производи и многу други работи, рече Лавров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-proporcionalno-kje-odgovori-na-sankciite-na-eu/feed/ 0
Борел телефонски разговарал со Лавров: ЕУ сака отворени линии на комуникација со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/#respond Tue, 13 Oct 2020 17:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=415958

Шефот на европската дипломатија Јозеп Борел, кој денеска телефонски разговораше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Европската унија сака да одржува отворени канали за комуникација со Русија и дека сака ја подобрува соработката за прашањата од заеднички интерес. Борел изјави дека ЕУ ќе продолжи да ги брани своите интереси и вредности во односите со Москва, вклучително и почитување на меѓународното право и основните права, наведе Европската служба за надворешни работи. Борел, исто така, го известил Лавров дека во рамките на ЕУ е постигнат договор да се почне да се работи на санкционирањето на лица поврзани со обидот за убиство на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Тој ја повика руската Влада да стори се истрагата за злосторството да биде темелна, транспарентна и во целосна соработка со Организацијата за забрана на хемиско оружје, додаде Европската служба за надворешни работи. Во соопштението се додава дека Борел му се заблагодарил на Лавров за напорите во преговорите за договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, истакнувајќи дека ЕУ е подготвена да придонесе за тие напори. Говорејќи за Белорусија, Борел го истакна демократското право на белорускиот народ да избере свој претседател преку нови, слободни и фер избори, без надворешно мешање и ја повика Русија да го поддржи повикот за инклузивен национален дијалог во Белорусија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/feed/ 0
Лавров и Гутереш разговараа за Сирија, Либија и коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-i-guteresh-razgovaraa-za-sirija-libija-i-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-i-guteresh-razgovaraa-za-sirija-libija-i-koronavirusot/#respond Mon, 01 Jun 2020 17:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=352491

Решавањето на конфликтите во Сирија и Либија и борбата против коронавирусот беа во фокусот на телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Клучно внимание било посветено на проблемите во Сирија и Либија со фокус на одредени аспекти на активностите на Обединетите нации за овие прашања, се наведува во документот. Двајцата функционери разговараа и за работата на Светската здравствена организација во одговорот на последиците од пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-i-guteresh-razgovaraa-za-sirija-libija-i-koronavirusot/feed/ 0
Лавров: Русија и помогна на Италија на барање на премиерот Конте https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-i-pomogna-na-italija-na-baranje-na-premierot-konte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-i-pomogna-na-italija-na-baranje-na-premierot-konte/#respond Tue, 14 Apr 2020 13:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=332089

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска реагираше на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој наведе дека Русија и Кина ја користат пандемијата за да ја зајакнат својата геополитичка улога во светот. – Русија и пружи помош на Италија по директното барање на премиерот на таа земја, господинот Конте, истакна Лавров во онлајн интервју за руски и странски медиуми. Лавров изрази жалење поради изјавата на Борел, наведувајќи оти „има луѓе кои се обидуваат се што се случува во Италија да го претстават како воена интервенција на територијата на НАТО или на Европска Унија“. Тој додаде дека такви наводи се појавиле и во дел од италијанските медиуми. Од 22 до 25 март во Италија беа испратени 15 руски авиони со помош, потоа околу сто вирисолози и епидемиолози од руското Министерство за одбрана, осум тимови лекари и медицински сестри, медицинска опрема и дезинфекциски средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-i-pomogna-na-italija-na-baranje-na-premierot-konte/feed/ 0
Лавров: Руската воена полиција може да биде во тампон-зоната меѓу Сирија и Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-ruskata-voena-policija-moze-da-bide-vo-tampon-zonata-megju-sirija-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-ruskata-voena-policija-moze-da-bide-vo-tampon-zonata-megju-sirija-i-turcija/#respond Sun, 24 Feb 2019 11:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=167646

Руската воена полиција може да биде распоредена во тампон-зоната која во моментов се формира на границата меѓу Сирија и Турција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Ние, всушност, имаме искуство со распоредување на руска воена полиција која ги следи договорите за прекин на огнот, безбедносните мерки и де-ескалирачките зони на теренот, рече Лавров во интервју за националната виетнамска телевизија (ВТВ), кинеската телевизија CCTV и Феникс ТВ. – Оваа опција останува на маса и во случајот со оваа копнена зона, рече шефот на руската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-ruskata-voena-policija-moze-da-bide-vo-tampon-zonata-megju-sirija-i-turcija/feed/ 0
Лавров: Се надеваме дека САД не планираат напад на Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-se-nadevame-deka-sad-ne-planiraat-napad-na-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-se-nadevame-deka-sad-ne-planiraat-napad-na-iran/#respond Sat, 19 May 2018 07:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=55864

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се надева оти повлекувањето на Вашингтон од нуклеарната спогодба со Иран нема никаква врска со плановите за напад на Техеран или обид за смена на сегашниот режим. - Тешко е сега да се предвиди како ќе се одвиваат настаните. Ние би сакале да се надеваме дека американското повлекување од договорот не е поврзано со плановите за напад на Техеран, ниту, пак, обид за смена на сегашниот режим, вели Лавров во интервју за аргентинскиот весник „Кларин“. Тој додава дека „во секој случај сега е јасно дека оваа одлука претставува сериозна закана за глобалната и регионалната безбедност и стабилност". Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на минатата недела најави дека САД ќе се повлечат од нуклеарната спогодба со Иран и дека повторно ќе ги воведат санкциите за оваа земја и тоа од „највисок степен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-se-nadevame-deka-sad-ne-planiraat-napad-na-iran/feed/ 0
Лавров: Путин и Ердоган се залагаат за развојот на руско-турската соработка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-putin-i-erdogan-se-zalagaat-za-razvojot-na-rusko-turskata-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-putin-i-erdogan-se-zalagaat-za-razvojot-na-rusko-turskata-sorabotka/#respond Sat, 28 Apr 2018 12:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=47405

Активниот и мултилатерален развој на руско-турските односи покажува колку големо значење на тоа даваат претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу. - Ние имаме многу интензивен политички дијалог. Претседателите се во постојан контакт, интензивно се развиваат односите меѓу министерствата за трговија, економија, транспорт. Хуманитарните врски се шират. Интензивната динамика на нашата соработка покажува колку големо значење даваат Путин и Ердоган за развојот на руско-турската соработка, истакна Лавров. Тој додаде дека состанокот со неговиот турски колега е „добра можност да се направи преглед на тоа како се развиваат контактите во сите овие насоки во рамките на билатералните односи, како и да се разменат мислења за актуелните меѓународни прашања“, вклучувајќи го и решавањето на кризата во Сирија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-putin-i-erdogan-se-zalagaat-za-razvojot-na-rusko-turskata-sorabotka/feed/ 0