лазар нанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 09:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лазар нанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нанев: Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство покажува анкета на невладиниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/#respond Thu, 04 May 2023 09:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=830479

Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во државата, вели во изјава за МИА, професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција. -Според таа загрижувачка анализа, дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство или булинг и тоа подолг временски период, нагласува Нанев. Проблемот за врсничкото насилство е долгогодишен, а особено актуелен, по вчерашното убиство на неколку лица во училиште во Србија и информациите во јавноста дека и самиот малолетен убиец, претходно бил жртва на врсничко насилство. -Врсничкото насилство е тема на која изминатиот период и се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено од страна на невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи  трае се додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може исто така да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира, појаснува Нанев. Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознати, се додека проблемот не ја надмине црвената линија. Нанев нагласува дека на решавање на  проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.  Мора да работи стручната фела, преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа, како се однесуваат нивните деца.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/feed/ 0
Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-postapuva-po-sluchajot-palermo-za-sudijata-lazar-nanev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-postapuva-po-sluchajot-palermo-za-sudijata-lazar-nanev/#respond Wed, 30 Mar 2022 13:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=655723

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Северна Македонија, информираат од Судскиот совет. – Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет. Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-postapuva-po-sluchajot-palermo-za-sudijata-lazar-nanev/feed/ 0
СДК: Кој ги подмирил трошоците на Тупанчевски, Фетаи и Нанев за патот во Палермо? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653279

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Бидејќи станува збор за избрани и именувани лица, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, вели Ивановска. САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша тројцата со смс порака за трошоците, но не доби одговор до објавување на текстот. Судијата Нанев е поранешен долгогодишен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Македонија синоќа ја победи Италија со 1:0 и во вторник во Порто ќе игра против Португалија за пласман на СП 2022. Фудбалската федерација на Македонија редовно носи свои гости на патувањата на репрезентацијата, обично со чартер летови. ФФМ е најбогатата спортска федерација во земјата и не прима пари од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/feed/ 0
Скандалозна распределба на судии по партиски клуч- судии обвинуваат дека Советот и новата власт се во љубовна врска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozna-raspredelba-na-sudii-po-partiski-kluch-sudii-obvinuvaat-deka-sovetot-i-novata-vlast-se-vo-ljubovna-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozna-raspredelba-na-sudii-po-partiski-kluch-sudii-obvinuvaat-deka-sovetot-i-novata-vlast-se-vo-ljubovna-vrska/#respond Mon, 25 Dec 2017 09:37:53 +0000 http://kurir.mk/?p=1916

Чистка во Одделот за судење на организиран криминал - судии кои постапуваа по предмети на СЈО од 1ви јануари ќе судат во Одделот за прекршоци. Промената е направена од новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Со новиот распоред комплетно е променет Одделот за организиран криминал -  најголем дел од судиите се префрлени на прекршоци, а само еден во одделот за малолетници. Разместените судии имаат право на приговор до Врховниот суд. Постапките по кои тие постапуваа, вклучително и оние на СЈО, ќе треба да почнат од почеток. Од Здружението на судии велат дека моменталната состојба во судството е многу динамична, па оттука судиите не смеат да подлегнуваат на притисоци. Во однос на изборот и унапредувањето на судиите, Управниот одбор го повика Судскиот совет на РМ да ги почитува законските норми и воспоставените принципи при изборот и унапредувањето на судиите и да ги образложи донесените одлуки со цел поголема транспарентност во работењето на Советот. „Управниот одбор не навлегува во надлежностите на Советот за утврдување на факти, но го повикува да ги почитува процедурите при работењето и да ја запази пресумпцијата на невиност при постапувањето и при комуникацијата со јавноста“, истакнуваат од Здружението на судии. Со новите измени на Законот за судии кои ги подготвува Владата, судии ќе стануваат луѓе без никаква обука, обвинија од Академијата за судии и јавни обвинители. Според нив, оваа стратегија која Владата сака да ја протурка, повикувајќи се на реформи во судството е спротивно на препораките на Прибе. За претседателката Арнаудовска, транспарентноста и инклузивноста на кои се повикува власта се само празни зборови кои се користат, а не се спроведуваат. -Имаше состанок на академиите во Брисел и едно лице од Министерство за правда, пред сите таму иозјави дека се спремаат измени во Законот за судови и дека процентот на избор на академци и луѓе надвор од академијата ќе биде 60-40. Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај нашите кандидати, 37 во академијата, кои се рпашуваат од која причина тие полагаат тешки приемни испити, квалификации, ќе учат две години, ако некој може биез ниакква обука да се протне во судтсвото, рече Арнаудовска. Во делот на судските реформи, Владата преку имплементација на планот 3-6-9 се обврзa да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем без политички притисоци. Саити: Стравувувам од евентуалниот клиентелистички пристап на судиите кон новата власт Врховниот судија и претседател на Здружението на судии, д-р Џемали Саити за 360 степени го коментираше новиот избор на судии на Судскиот совет кој предизвика многу реакции во јавноста и коментари дека советот се поставил да одработи во интерес на новата власт. Тој потенцираше дека треба да се внимава во почитување на законските одредби и воспоставените процедури.
Нанев: Судскиот совет и новата власт се во љубовна врска Судијата Лазар Нанев посочува дека досегашното искуство покажало акмисот функционира но незаконитостите се прават преку честото менување на распоредите и наместо по случаен избор се местат очекувани судии на конкретни предмети. Зад нас е тешка година кога правосудниот сустем ги покажа своите слабости Вели Нанев кој е разочаран и од курсот со кој продолжува да се движи судксиот систем. -Судскиот совет и новата извршна власт се наоѓаа во една, би рекол романтична љубовна врска, во која што Судскиот совет со цел да се додвори на новата извршна власт, а овие другите не баре сакаат и се борат за независност, ама бога молат да ја нема независноста на Судскиот совет со цел во периодот кој што следува, своите кумчиња, другарчиња да ги сместат таму кај што треба, вели Нанев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozna-raspredelba-na-sudii-po-partiski-kluch-sudii-obvinuvaat-deka-sovetot-i-novata-vlast-se-vo-ljubovna-vrska/feed/ 0