лажна пријава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Nov 2022 13:27:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лажна пријава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драма во Град Скопје: Арсовска пријавила кражба на микрофон, полицијата утврдила дека пријавата на градоначалничката е лажна! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-grad-skopje-arsovska-prijavila-krazba-na-mikrofon-policijata-utvrdila-deka-prijavata-na-gradonachalnichkata-e-lazna/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-grad-skopje-arsovska-prijavila-krazba-na-mikrofon-policijata-utvrdila-deka-prijavata-na-gradonachalnichkata-e-lazna/#respond Tue, 08 Nov 2022 13:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=757427

Вистинска „драма“ денеска се одвивала во просториите на Град Скопје, кога по пријава на градоначалничката Данела Арсовска по потрага на микрофон упаднала полицијата. Како што дознава Курир од свои извори, Арсовска пријавила дека е исчезнат микрофон и во просториите на Град Скопје увид направила полицијата. Полицијата упаднала и во кабинетот на претседателот на Советот на Градот, Трајко Славески при што било утврдено декја микрофонот не е украден а пријавата на Арсовска била лажна. Ваквото однесување на Арсовска не претставува ништо друго освен злоупотреба на позицијата и овластувањата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-grad-skopje-arsovska-prijavila-krazba-na-mikrofon-policijata-utvrdila-deka-prijavata-na-gradonachalnichkata-e-lazna/feed/ 0
Пријавата за бомба во МНТ била лажна, информираат од МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavata-za-bomba-vo-mnt-bila-lazna-informiraat-od-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavata-za-bomba-vo-mnt-bila-lazna-informiraat-od-mvr/#respond Tue, 30 Nov 2021 19:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=602139

МВР информира дека пријавата за бомба во Македонскиот народен театар била лажна. -МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavata-za-bomba-vo-mnt-bila-lazna-informiraat-od-mvr/feed/ 0
Лажно пријавил дека му го украле автомобилот – поднесена кривична пријава против 20. годишник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-deka-mu-go-ukrale-avtomobilot-podnesena-krivichna-prijava-protiv-20-godishnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-deka-mu-go-ukrale-avtomobilot-podnesena-krivichna-prijava-protiv-20-godishnik/#respond Tue, 14 Sep 2021 08:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=563343

На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“. На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-deka-mu-go-ukrale-avtomobilot-podnesena-krivichna-prijava-protiv-20-godishnik/feed/ 0
Лажно пријавила насилство – поведена постапка против 22 годишна од Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavila-nasilstvo-povedena-postapka-protiv-22-godishna-od-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavila-nasilstvo-povedena-postapka-protiv-22-godishna-od-gostivar/#respond Wed, 21 Apr 2021 13:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=500404

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 22-годишна жителка на Гостивар за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело – од член 366 став 1 од Кривичниот законик. – Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик, за кое гонењето се презема по службена должност. На критичниот ден, всушност, оштетениот бил нападнат од сега обвинетата, која најпрвин му удрила шамар, а потоа продолжила да го удира со нога во градите и да го гребе по вратот и главата, со што му нанела и телесни повреди – нагмечувања и гребаници, се вели во соопштението од ОЈО. Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за обвинетата.​​ (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavila-nasilstvo-povedena-postapka-protiv-22-godishna-od-gostivar/feed/ 0
Лажно пријавил кражба, па заработил пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-krazba-pa-zarabotil-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-krazba-pa-zarabotil-prijava/#respond Tue, 10 Nov 2020 16:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=427524

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. -Тој, на 06.10.2020 во полициската станица Охрид пријавил дека претходниот ден во охридското село Куратица непознат сторител му одзел мобилен телефон и пари. По преземени мерки, било констатирано дека во тој период пријавениот не престојувал на подрачјето на СВР Охрид, соопшти полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazno-prijavil-krazba-pa-zarabotil-prijava/feed/ 0
Пријава за бомба во Клиничка болница Битола, едно лице приведено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-bomba-vo-klinichka-bolnica-bitola-edno-lice-privedeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-bomba-vo-klinichka-bolnica-bitola-edno-lice-privedeno/#respond Sun, 22 Dec 2019 14:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=280894

На 21.12.2019 во во СВР Битола бил приведен Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба. Според пријавеното, тој во 14:17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijava-za-bomba-vo-klinichka-bolnica-bitola-edno-lice-privedeno/feed/ 0