лажна смс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jul 2020 08:33:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лажна смс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лажна СМС порака ги повикува Грците на мобилизација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-sms-poraka-gi-povikuva-grcite-na-mobilizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-sms-poraka-gi-povikuva-grcite-na-mobilizacija/#respond Fri, 24 Jul 2020 08:33:13 +0000 https://kurir.mk/?p=380697

Лажна СМС порака, наводно испратена од Министерството за одбрана на Грција, ги повикува Грците да се пријават во најблиската полициска станица за да добијат одлука за воена мобилизација, а Секторот за компјутерски криминал на грчката полиција веќе започна истрага за пораката на мобилните телефони, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција и од Министерството за одбрана соопштуваат дека станува збор за лажна порака и ги повикуваат граѓаните да ја игнорираат и да бидат внимателни. – Ве молиме да се пријавите во најблиската полициска станица каде што ќе ви биде доделена одлука со цел ваше вклучување во воениот инцидент, гласи СМС пораката испратена до Грците, а како испраќач е потпишано Министерството за одбрана. Пораката е испратена во период кога се заострени односите меѓу Грција и Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-sms-poraka-gi-povikuva-grcite-na-mobilizacija/feed/ 0