лажни пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Apr 2021 10:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лажни пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ: Скандалите со лажните пасоши длабоко загрижуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/#respond Wed, 14 Apr 2021 09:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=496995

Андреас Шидер, европратеник, даде предлог да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија околу историските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел. -Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега, можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот да помогнат да се стави прашањето во научна рамка, изјави Шидер на брифинг со новинари посветен на Македонија. Според него неприфатлива е блокадата на Бугарија за почеток на преговори со Македонија. Шидер нагласи дека политичарите најчесто ги користат идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања како образованието или вработеноста. -Блокирањето на почетокот на преговорите е контрапродуктивно затоа што пристапувањето е алатката за решавање на проблемите. На Балканот како и секаде во светот политичарите подготвуваат идентитетски теми кога немаат одговор за основни прашања како вработеност, образованието, животниот стандард, и се плашам дека е ова вистината и за оваа дебата исто така, изјави Шидер за новинарите утрово. Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, повика да се стави фокусот на соработката и позитивните случувања помеѓу Македонија и Бугарија, наместо да се градат ѕидови. Тој како примери ги наведе позитивната соработка како таа помеѓу МИА и бугарската новинска агенција, соработката меѓу универзитети во двете земји и ги повика новинарите да бидат дел од позитивниот наратив. На прашање зошто не помина амандманот кој го осудуваше провокативниот говор од бугарска страна во извештајот за Македонија, амандман во чија подготовка учествуваше и европратеникот Шидер, тој изјави дека се надевал дека тој ќе помине. -Нашиот амандман беше тежок, затоа што се обидовме да ја критикуваме бугарската Влада, но не најдовме мнозинство, иако очекував. Но, сепак тоа ја обликуваше дебатата и тоа беше идејата на овој амандман, да има посилна критика од страна на Европскиот Парламент, не да се додава масло на огинот, рече европратеникот и додаде дека дебатите за историјата не помагаат за создавање заедничка иднина. Ќучук реќе дека сега треба да се врати фокусот на Договорот за пријателство иако довербата помеѓу Софија и Скопје е скршена и да се гради повторно изгубената доверба во име на идните генерации. Шидер и Ќучук не се согласија за односот на ЕУ кон Македонија и Западниот Балкан. Додека известувачот за Македонија смета дека помошта за борба против Ковид-19 и разговорите за регионот се на високо ниво, Шидер оцени дека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел се покажа “несмасен“ во неговата работа, алудирајќи меѓу другото на скандалот со протоколот во Анкара, но и како одговор на молкот од страна на Мишел за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер, Јанез Јанша. За потсетување Западниот Балкан не се нашол на дневен ред на Советот од декември, минатата година. -Мислам дека тоа е поврзано затоа што никој не знае како да ја надмина оваа блокада и не сите влади се задоволни што има толку малку Западен Балкан на дневен ред, ние треба да вршиме притисок за ова, Европскиот Парламент е соодветното место за тоа, рече Шидер. Тој ја критикуваше и Европската Комисија за премалата помош за вакцините во регионот исто така. -Ситуацијата со Ковид-19 во Македонија е тешка и првата достава од Ковакс на АстраЗенека пристигна во април, процесот на вакцинација е многу бавен и ЕУ треба да сноси одговорност, ако Европа е искрена за иднината на Западниот Балкан требаше да нарачаме дози за регионот исто така, се срамам што не го сторивме ова и што Србија и Кина го пополнуваат овој стратешки јаз, изјави европратеникот Андреас Шидер. На брифингот се збореше и за скандалот со фалсификуваните македонски пасоши користени од криминалци во регионот. За него ова е загрижувачки развој на настаните. -Последните скандали длабоко загрижуваат во Македонија, тие не се наоѓаат во мојот извештај затоа што се случија отпосле, но затоа се потребни длабоки реформи во судството, законската рамка и владеењето на правото, изјави Ќучук. За Шидер овој скандал е исто така знак дека борбата против корупцијата е неопходна. -Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата, изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ, затоа што земјата покажа дека работите одат во добра насока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/feed/ 0
БИЛЕ ИЗДАДЕНИ НАД 200 ЛАЖНИ ПАСОШИ: ОЈО гони 11 лица, едно е недостапно за полицијата – се користеле идентитети на лица од дијаспората! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bile-izdadeni-nad-200-lazni-pasoshi-ojo-goni-11-lica-edno-e-nedostapno-za-policijata-se-koristele-identiteti-na-lica-od-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bile-izdadeni-nad-200-lazni-pasoshi-ojo-goni-11-lica-edno-e-nedostapno-za-policijata-se-koristele-identiteti-na-lica-od-dijasporata/#respond Wed, 07 Apr 2021 13:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=493719

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави, едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Како што соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик. – Постапката што ја отвори денеска Јавното обвинителство се однесува на незаконско издавање на патни исправи од надлежни организациони единици за издавање на овие документи. Притоа 10 од осомничените се вработени во МВР во службите за издавање на пасоши, додека едно лице, како поттикнувач, посредувало при незаконското издавање на документите. Со двете поднесени кривични пријави опфатени се вкпуно 219 незаконски издадени пасоши, се појаснува во соопштението. Првата кривична пријава се однесува на 215 незаконски издадени патни исправи, при што осомничените им овозможиле на странски државјани да се стекнат со патна исправа на Република Северна Македонија под туѓ, македонски идентитет, а со фотографија од лицето на кое му била издадена патната исправа. Притоа, се наведува во соопштението, се користел идентитет на лица кои живеат во дијаспората. Со втората пријава, пак, соопштуваат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, се опфатени четири незаконски издадени пасоши при што искористени биле повеќе матични броеви издадени на едно лице, кои не биле опфатени со постапка за нивно поништување, со цел да се креира нов идентитет, кој потоа со фотографија од лицето кое бара пасош бил употребен за да се издадат нови незаконски патни исправи. – Постапувајќи по двете кривични пријави, Обвинителството до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осум лица, од кои едно е недостапно на органите на прогонот, додека против две лица е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост „забрана за напуштање на живеалиште“, обврска повремено да се јавуваат кај определно службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело. Еден од осомничените, пак, веќе се наоѓа во притвор по претходен предмет за незаконско издавање возачки дозволи, се подвлекува во соопштението. Во текот на постапката, стои во соопштението, обвинителството ќе ги утврди сите решавачки факти околу незаконското издавање на патни исправи. Поради обемноста на доказниот материјал и потребата од меѓународна соработка на МВР за прибирање на доказите во овој предмет, посочуваат, беше потребен период подолг од една година. – Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bile-izdadeni-nad-200-lazni-pasoshi-ojo-goni-11-lica-edno-e-nedostapno-za-policijata-se-koristele-identiteti-na-lica-od-dijasporata/feed/ 0