лажни профили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jul 2020 05:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лажни профили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фејсбук отстрани лажни профили поврзани со бразилскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstrani-lazni-profili-povrzani-so-brazilskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstrani-lazni-profili-povrzani-so-brazilskiot-pretsedatel/#respond Thu, 09 Jul 2020 06:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=372194

Компанијата Фејсбук соопшти дека отстранила десетици профили, од кои некои ги користеле официјални лица на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и двајцата негови синови, пратеници. Фејсбук појасни дека одлуката е заснована на создавање лажни профили вклучени во „координирано неавтентично однесување“. Отстранети се 35 сметки, 14 страници, една група и 38 објави на Инстаграм. Како што пренесуваат светските агенции, сите тие биле обединети во мрежа што делумно работи во автоматски режим и била насочена кон корисниците во Бразил. Операторите на мрежата се обиделе да ги сокријат своите идентитети и да се претстават како новинари од различни медиуми. Тие дистрибуирале материјали поврзани со локални вести, внатрешна политика, избори, критики против политичките противници и медиумите. Објавувани се и материјали поврзани со пандемијата на коронавирус. Дел од страниците се блокирани за поттикнување омраза и ширење лажни информации. Шефот за кибер безбедност на Фејсбук, Натаниел Глајхер изјави дека компанијата нема докази дека мрежата била директно управувана од Болсонаро и неговите синови Флавиу и Едуардо. Се проценува дека страницата на Фејсбук имала повеќе од 880.000 следбеници, а страницата на Инстаграм повеќе од 900. Во април се тргнати десетици страници поврзани со Канада, САД, Украина и Еквадор, насочени кон аудиториумот во овие и во други земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-otstrani-lazni-profili-povrzani-so-brazilskiot-pretsedatel/feed/ 0
Акција за отстранување на мрежи на лажни профили на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-otstranuvanje-na-mrezi-na-lazni-profili-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-otstranuvanje-na-mrezi-na-lazni-profili-na-fejsbuk/#respond Thu, 07 May 2020 05:58:13 +0000 https://kurir.mk/?p=342737

Фејсбук отстрани мрежи на лажни профили преку кои се ширеле дезинформации и лажни вести од Иран, Русија и САД, пренесува Би-Би-Си. Поради кршење на правилата на Фејсбук за забрана на координирано неавтентично однесување, Фејсбук ги затвори профилите на една американска мрежа која ширела лажни вести за „теорија на заговор и длабока држава со која управува претседателот Трамп“. Мрежата прво ги негирала заканите и загриженоста за епидемијата на коронавирус, а потоа го сменила наративот и почнала да промовира надрилекарство и теорија на заговор дека 5Г мрежата и глобалната елита се „заслужни“ за коронавирусот. Укината е и иранска мрежа со која раководел државниот информативен сервис, поради критики на сметка на САД и Израел и нивниот однос кон пандемијата. Руската мрежа на корисници, која според компанијата Фејсбук ја создале руските државни медиуми на Крим, промовирала ставови и теории на заговор за потеклото на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-otstranuvanje-na-mrezi-na-lazni-profili-na-fejsbuk/feed/ 0
Фејсбук отстранил 212 лажни профили од Косово и Македонија минатиот месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-otstranil-212-lazni-profili-od-kosovo-i-makedonija-minatiot-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-otstranil-212-lazni-profili-od-kosovo-i-makedonija-minatiot-mesec/#respond Tue, 23 Apr 2019 14:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=190305

Месечниот извештај на Фејсбук за борба против лажните вести во пресрет на ЕУ изборите открива дека 212 профили биле отстранети во март поради “координирано неавтентично однесување“, јави МИА од Брисел. Од почетокот на оваа година, Гугл, Фејсбук и Твитер издаваат месечни извештаи во рамките на Кодексот на однесување кој го потпишаа со Европската Комисија, со цел борба против дезинформациите и спречување на надворешни и малициозни влијанија врз кампањата за изборите за Европскиот Парламент во мај. Извештајот за март месец, достапен од денеска, открива дека се избришани 212 профили од Косово и Македонија кои работеле координирано. -Отстранивме 212 Фејсбук страници, групи и налози поради координирано неавтентично однесување од Македонија и Косово. Лицата зад овие активности управуваа со лажни налози за да администрираат страници кои споделуваат општа содржина, ненасочена кон една земја специфично, како астрологија, познати личности и совети за убавина, стои во извештајот. Покрај ова, имало и неколку профили кои се претставувале како политички организации од Австралија, Британија и САД и објавувале содржини поврзани со Исламот и верски теми како и политички и националистички содржини, информира социјалната мрежа. Овие налози имале вкупно околу 685 илјади следбеници на Фејсбук или Инстаграм. Според Фејсбук, координирано неавтентично однесување значи создавање на мрежа лажни профили и страници со цел да се измамат корисниците и да се манипулира со јавната дебата во стратешка цел, објаснува Фејсбук. Европската Комисија денеска ги поздрави редовните извештаи на овие три компании и нивните обиди за повеќе транспарентност во пресрет на изборите, но смета дека се потребни дополнителни напори. -Дополнителни технички подобрување и споделување на методологијата и податоците за лажните налози се потребни за да им се овозможи на надворешни експерти и истражувачи да спроведуваат независни проценки, смета еврокомесарката Марија Габриел. ЕК сега ги чека извештаите за април и се надева дека ќе биде констатиран напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-otstranil-212-lazni-profili-od-kosovo-i-makedonija-minatiot-mesec/feed/ 0
ВИДЕО: Цукерберг проговори за лажните профили од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cukerberg-progovori-za-laznite-profili-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cukerberg-progovori-za-laznite-profili-od-makedonija/#respond Thu, 22 Mar 2018 11:40:01 +0000 http://kurir.mk/?p=32154

Во Македонија откривме голем број лажни профили што генерираат лажни вести, рече Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ во неговото прво интервју и појавување во јавноста откако деновиве изби скандалот со злоупотреба на повеќе од 50 милиони кориснички профили. - Во 2017 година креиравме алатки со кои детектиравме лажни профили и акаунти што генерираат лажни вести. Голем број такви акаунти откривме во Македонија - рече Цукерберг во ексклузивното интервју за „Си-ен-ен“ кое го пренесува „AdToDate“ и може целосно да го прочитате тука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cukerberg-progovori-za-laznite-profili-od-makedonija/feed/ 0