лажни вести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 20:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лажни вести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ – следуваат 15 години затвор за сите оние кои што ќе го направат ова, државата е немилосрдна! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/#respond Fri, 04 Mar 2022 20:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=641188

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми. Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор. Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/feed/ 0
ЗАТВОР И ОГРОМНИ ПАРИЧНИ КАЗНИ: Руската Државна Дума изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/#respond Fri, 04 Mar 2022 08:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=640656

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС. „Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години“, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра) За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години. Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли. Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли. Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација. Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/feed/ 0
Фејсбук ќе преземе активности против луѓе кои постојано споделуваат неточни информации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-prezeme-aktivnosti-protiv-lugje-koi-postojano-spodeluvaat-netochni-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-prezeme-aktivnosti-protiv-lugje-koi-postojano-spodeluvaat-netochni-informacii/#respond Thu, 27 May 2021 06:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=515491

Фејсбук соопшти дека ќе преземе „посилни“ активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата. Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални медиуми. Иницирани се и начини да ги информира луѓето за тоа дали користат содржина што е оценета со проверка на фактите. Бројот на неточни тврдења и теории на заговор се зголеми на платформите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер, за време на пандемијата со Ковид-19. „Без разлика дали станува збор за неточна или погрешна содржина за Ковид-19 и вакцините, климатските промени, изборите или други теми, ние осигуруваме дека помалку луѓе гледаат лажни информации во нашите апликации“, се вели во соопштението на компанијата. Претходно оваа година, Фејсбук објави дека поништил 1,3 милијарди лажни приофили помеѓу октомври и декември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-prezeme-aktivnosti-protiv-lugje-koi-postojano-spodeluvaat-netochni-informacii/feed/ 0
Николоски: Со лажни вести за дефокус од големите афери на СДСМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/#respond Tue, 13 Apr 2021 12:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=496492

ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ДЕФОКУС ОД ГОЛЕМИТЕ АФЕРИ НА СДСМ! Во паника од аферите кои на дневна основа и се случуваат на власта на СДСМ се обидуваат да измислуваат и подметнуваат со цел да дефокусираат ама тоа нема да им успее! Минатата недела требаше да имаме соочување со Зоран Зев во суд на кое требаше да одговори на многу непријатни прашања поврзани со случајот Рекет. За негова среќа се одложи, но ќе се видиме на 2ри Јуни. Во паника се обидоа да измислат афера за мене. Одговорив веднаш дека се тоа глупости и дека нема никаква вистина, еве денес повторно одат со истите тези. Повторно ќе одговорам и мислам дека е доволно, стои во Фејсбук статусот на Александар Николоски. - Јас бев Потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа што е највисока позиција која македонски пратеник било кога ја имал. Бев и потпретседател на бројни тела на ПССЕ како и член на мониторинг мисии, а бев и на чело на оценската ад хок мисија за референдумот во Азербејџан во 2016 година, исто така највисока позиција што било кој македонски пратеник ја имал. За мојата работа сум добил бројни признанија во Стразбур. Во однос на оценската мисија за референдумот во 2016 г можам да кажам дека ја заврши својата работа успешно, мисијата беше ограничена само на изборниот ден и кампањата, затоа што се друго е работа на мониторинг дијалогот помеѓу ПССЕ и конкретната држава. Извештајот беше критичен и покрај другото повика Азербејџан да го почитува мислењето на Венецијанската комисија, а реагираше и за притворањето на неколку активисти кои потоа и заради притисокот на мисијата беа ослободени. За својата работа мисијата која ја водев изработи извештај кој беше усвоен од цело ПС на Совет на Европа, а извештајот беше цитиран и од Европската унија. Дел од таа мисија беа пратеници од Шпанија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Австрија, но не и пратеникот кој го споменува СДСМ. Во ПССЕ има 315 пратеници од 47 земји, ако некој нешто направил не значи дека се однесува на сите. Бројни пратеници од СДСМ биле во ПССЕ дали ова се однесува и на нив? Или еве сега шеф на македонската делегација во ПССЕ е токму Костадин Костадинов по истава аналогија и тој треба да биде одговорен за било која активност на било кој од тие 315 пратеници од 47 држави. Смешно и очајно! Гнасно е да бидам обвинуван за нешто за кое не сум ни помислил, а камо ли да го направам, јас имам политичка кариера која е без дамка. Јас не возам мотори, немам вили на море, нити десетици фирми, тоа го има Зоран Заев, јас не барам „евро за братот евро за црквата“, пишува тој. - И уште ова - знам дека голема желба на СДСМ е јас да не го водам Националниот Совет за евроинтеграции затоа што знаат дека со мојата активност и контакти нема да може да манипулираат со јавноста во делот на интеграција во ЕУ. Затоа и го одлагаа мојот избор дури до Декември иако Собранието е во функција уште од Август. Тој филм нема да го гледаат. Ќе треба да дадат отчет за се, а пред се конечно да кажат на македонската јавност КОЈ Е ДАТУМОТ на кој Македонија ќе почне преговори со ЕУ? КОЈ Е ДАТУМОТ?, прашува Николоски во својата Фејсбук објава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/feed/ 0
Костадинов стана извор на лажни вести, извештајот на ЕУ со највисоки оценки на мониторинг мисијата во Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-stana-izvor-na-lazni-vesti-izveshtajot-na-eu-so-najvisoki-ocenki-na-monitoring-misijata-vo-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-stana-izvor-na-lazni-vesti-izveshtajot-na-eu-so-najvisoki-ocenki-na-monitoring-misijata-vo-azerbejdzan/#respond Tue, 06 Apr 2021 11:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=493085

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов стана главен извор и ширач на лажни вести во Република Македонија. Имено, тој денеска обвини дека постои наводен огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан додека шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Ваквото тврдење на Костадинов го демантира самиот извештајот на Европаската унија, која мониторинг мисијата во Азербејџан ја оценува со највисоки оценки. -На 26 септември во Азербејџан се одржа референдум за нацрт-амандманите на уставот. Според првичните наоди на парламентарното собрание на Советот на Европа, мнозинството граѓани гласаа во прилог на сите 29 прашања поставени на референдум, во мирна атмосфера. Но, беа забележани некои недостатоци во процесот, особено во однос на претходната дебата во Парламентот, додека некои активисти беа исто така приведени за време на кампањата. Имајќи го во предвид ова, како и загриженоста што ја изнесе Венецијанската комисија на Советот на Европа во минатонеделното прелиминарно мислење за уставните измени, Европската унија го поканува Азербејџан да ги земе во предвид наодите на Венецијанската комисија за време на процесот на имплементација на нацрт-уставните амандмани. Европската унија ќе остане ангажирана во дијалог со Азербејџан во однос на овие и други клучни прашања, се вели во извештјот на ЕУ. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите ги отфрли обвинувањата на Костадниов, и ги оцени како клевета и невистина, како и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оцени работата на мисијата во Азербеџан. СДСМ падна многу ниско и мора да измислуваат работи, бидејќи не знаат поинаку, а клеветат како нарачка од причина што Заев нема одговори на моите прашања, поврзани со рочиштето, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со обвинувањето од портпаролот на СДСМ дека наводно примил мито како дел од мисијата во Азербејџан. Николоски потенцира дека овие обвинување на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа. – Она што можам да го кажам е дека јас бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, највисока функција која што било кој пратеник од Македонија било кога ја имал, сум бил член на бројни мониторинг мисии во соседството како Бугарија, БиХ, Азербејџан и бев шеф на оценска мисија, за референдум од 2016 година, мисија која имаше тешка задача таму, но извештајот го усвои целокупното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, и истиот беше цитиран од страна на ЕУ и ЕК што говори за кредибилитетот. Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на совет на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, истакна Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-stana-izvor-na-lazni-vesti-izveshtajot-na-eu-so-najvisoki-ocenki-na-monitoring-misijata-vo-azerbejdzan/feed/ 0
Гугл ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gugl-kje-uplati-25-milioni-dolari-vo-fondot-na-eu-protiv-laznite-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gugl-kje-uplati-25-milioni-dolari-vo-fondot-na-eu-protiv-laznite-vesti/#respond Fri, 02 Apr 2021 13:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=491327

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести. Гугл ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на Интернет. Како што пренесуваат странските медиуми, пандемијата на Ковид-19 и минатогодишните избори во САД предизвикаа зголемување на дезинформациите, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања. „Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција“, изјави претставникот на Гугл, Мет Бритин, во објава на блог. Фондот ќе работи пет години. Европската опсерваторија за дигитални медиуми, проект на Европската комисија формиран минатата година, кој вклучува експерти за верификација на информации и универзитетски истражувачи, ќе оценува и избира проекти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gugl-kje-uplati-25-milioni-dolari-vo-fondot-na-eu-protiv-laznite-vesti/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Постојаното лажење ги стави Филипче и Заев на црната листа за извор на лажни вести на Американскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-postojanoto-lazenje-gi-stavi-filipche-i-zaev-na-crnata-lista-za-izvor-na-lazni-vesti-na-amerikanskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-postojanoto-lazenje-gi-stavi-filipche-i-zaev-na-crnata-lista-za-izvor-na-lazni-vesti-na-amerikanskiot-sovet/#respond Mon, 08 Feb 2021 07:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=465654

Вакцини нема во Македонија, ама затоа Македонија ги има Филипче и Заев кои се прогласени за извор на лажни вести, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И тоа го потврди и Американскиот научно-здравствен совет. Ова што сега во февруари го потврди оваа престижна американска институција граѓаните го знаат од минатата година. Филипче и Заев лажат во врска со вакцинацијата веќе половина година. Филипче и Заев минатата година есента уверуваа дека сме најподготвена земја за старт на вакцинацијата. Филипче во октомври минатата година рече дека вакцини во Македонија ќе има на време. Сите држави почнаа вакцинација од декември, вакцини во Македонија нема никакви! Прво рекоа, вакцина ќе има од КОВАКС крај на декември, почеток на јануари 2021 година. Потоа рекоа дека ќе има донации на вакцини од Бугарија, а беа најавени и од Грција. На почеток на јануари рекоа директно ќе преговараат со производителите, ќе преговарале со „Фајзер“. И се смееја на Србија кога ги доби првите дози крај на декември, за Заев неколку илјади дози вакцини не биле ништо. Сега Србија се подготвува за производство на руска вакцина, во Македонија нема ни една вакцина Вакцинацијата требаше да стартува на крај на декември, па почеток на јануари, па крај на јануари, почеток на февруари. Денес е осми февруари, во Македонија нема никакви вакцини! Неспособноста и неодговорноста на Филипче и Заев резултира со тоа Македонија да биде меѓу првите на светската листа на починати, ама да ја нема на листата на колку граѓани се вакцинирани. За лагите и последиците од нив мора да има одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-postojanoto-lazenje-gi-stavi-filipche-i-zaev-na-crnata-lista-za-izvor-na-lazni-vesti-na-amerikanskiot-sovet/feed/ 0
Мицкоски: Не обвинуваа дека шириме лажни вести, за сега американскиот институт да потврди дека Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-obvinuvaa-deka-shirime-lazni-vesti-za-sega-amerikanskiot-institut-da-potvrdi-deka-vladata-na-zaev-shiri-lazni-vesti-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-obvinuvaa-deka-shirime-lazni-vesti-za-sega-amerikanskiot-institut-da-potvrdi-deka-vladata-na-zaev-shiri-lazni-vesti-za-kovid-19/#respond Sat, 06 Feb 2021 15:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=465158

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Индустриската зона Чијлија во Општина Петровец им порача на луѓето во власта да си поднесат оставка и да ја ослободат Македонија од нивната неспособност, со што ја брукаат државата и македонските граѓани на меѓународна сцена. Ова Мицкоски го порача запрашан од медиумите за коментар за последната анализа на Американскиот совет за здравје и наука, во која Македонија ја смести во државите кои даваат сомнителни статистики во однос на новозаболените, оздравените и починатите лица од Ковид-19. Мицкоски изрази жалење што со маката на луѓето, луѓето во власта си поигруваат за лично да профитираат, при што потенцираше дека тој уште на почетокот алармираше дека се прави манипулација со бројките за Ковид-19 за што од Владата беше обвинуван дека шири лажни вести, за сега да се покажи дека се тој што зборувал е вистина. - Нели ние бевме тие кои што не ја говореа вистината, нели мене ме обвинуваа се сеќавате, оние политичари налик на Зоран Заев донесени од Али Експрес, мене ме обвинуваа дека јас сум бил тој кој што шири лажни вести. Ама некако, се што кажав така и излезе. Така и оваа работа излезе. Жалам што на маката на луѓето некој си поигрува за да лично профитира. Наместо денеска да држат брифинзи со новинари и наместо да функционираат таму каде што се, треба веднаш да седнат и да си ги напишат оставките и да ја спасат Македонија од нивната неспособност. Тоа е мојата порака што сакам да им ја кажам. Од ден на ден се покажува колку само овие луѓе не знаат и колку само ја брукаат сопствената држава, но и сопствениот народ, порача Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-obvinuvaa-deka-shirime-lazni-vesti-za-sega-amerikanskiot-institut-da-potvrdi-deka-vladata-na-zaev-shiri-lazni-vesti-za-kovid-19/feed/ 0
Дали главно политичко оружје на СДСМ и Заев се лажните вести? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-glavno-politichko-oruzje-na-sdsm-i-zaev-se-laznite-vesti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-glavno-politichko-oruzje-na-sdsm-i-zaev-se-laznite-vesti-foto/#respond Thu, 28 Jan 2021 10:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=460920

Дали главна одлика на владеењето на СДСМ е ширењето лажни вести? Дали основен темел на владеењето на СДСМ се лажните вести? Дали СДСМ прави дефокус и ја прикрива сопствената неспособност преку лажни вести? Дали СДСМ е креатор на лажните вести во нашето општесвто? Дали СДСМ е фабрика за пласирање на лажни вести?  Најголемата и најмонструозна лажна вест е токму од премиерот Зоран Заев за случајот „Монструм“  за што потврда јавноста доби и од обвинителката Фатиме Фетаи и тоа во суд. Неколку од многуте лажни вести кои изминативе пет години ги шири СДСМ се за новинарот МладеновНешковски, Диво насеље, двојазичноста, името, Уставот , датум за ЕУ итн.  „Монструм“- лажна вест! Премиерот Зоран Заев  за случајот монструм во кампањата во периодот кога беше опозиционер  во неколку наврати даде изјави за некаква поинаква вистина околу случајот „Монструм“.  Поради таквите изјави во јавноста се отвори сомнеж и повторно се отвори целосна постапка во судскиот процес. За пред неколку дена самата јавна обвинителка Фатиме Фетаи да даде изјава во суд дека иако Заев најавуваше, сепак „бомбите“ не открија друга вистина за „Монструм“. Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор за случајот „Монструм“, распослан на 70 страници, се осврна и на прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот, потенцирајќи дека истите не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство. „Од прислушуваните материјали не произлегоа битни факти. Нужноста истите да бидат презентирани беше потребата за трагање по вистината, но и отфрлање на сите сомнежи кои се појавија низ годините“,  истакна Фетаи. Со ваквата изјава Заев свесно или несвесно го злоупотребил “Монструм”, ја злоупотребил болката на родителите на убиените момчиња кај Смилковско, намерно или ненамерно ја манипулирал јавноста за да шири меѓуверска омраза и гнев, смислено или несмислено пласирал лажни вести за политички нарачатели на егзекуцијата. И датум за ЕУ со иста судбија На враќање од Виена пред околу две години Заев во авион, со Османи, Димитров и Анѓушев,  објави фотографија со која нагласи дека ја дочекал веста за датумот за почеток на преговори со ЕУ. „Во авион штотуку примив одлична вест... Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019 г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија!“, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил. Во неколу наврати неколку високи функционери од СДСМ истакнуваа дека Македонија добила датум за почеток на преговори со ЕУ. По бугарското вето за Македонија стана јасно дека датум за почеток на преговори за членство во Македонија нема и дека во неколку наврати се ширеле лажни вести од македонските функционери  на истата тема. Името немаше да го менува Во неколку наврати во своите медиумски изјави и гостувања премиерот Зоран Заев додека беше опозиционер тврдеше и ја убедуваше јавноста дека  нема да има промена на уставното име. Во гостување на ТВ Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев во предизборна кампања 2016 година тврди дека нема да има промена на уставното име на Македонија. „Нема промена на уставното име и нема промена на нашиот идентитет, на нашата национална посебност. За сѐ друго сме подготвени да разговараме и верувам дека со интензивна дипломатска активност можеме да најдеме решение на овој проблем. За разлика од досегашната власт, која преговараше за „Горна“, за „Долна“ Македонија, лицитираше со Македонија... ние ќе одиме со транспарентен процес. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет“, рече Заев. Во ТВ дебата на Топ Тема на 8 декември, 2016 година Заев ијави дека СДСМ цврсто ќе стои на црвените линии - нема промена на име, устав и идентитет. Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав “, рече Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-glavno-politichko-oruzje-na-sdsm-i-zaev-se-laznite-vesti-foto/feed/ 0
Мицкоски: Лажните вести станаа одлика на власта која е главниот извор на лажни вести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-laznite-vesti-stanaa-odlika-na-vlasta-koja-e-glavniot-izvor-na-lazni-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-laznite-vesti-stanaa-odlika-na-vlasta-koja-e-glavniot-izvor-na-lazni-vesti/#respond Tue, 26 Jan 2021 13:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=460071

Лажните вести станаа одлика на власта која е главниот извор на лажни вести. За да се смени ова треба да се смени Зоран Заев, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лажни вести кои не го донесоа животот кој го ветуваа: Монструм - лажна вест Младенов - лажна вест Нешковски - лажна вест Диво насеље - лажна вест Двојазичноста - лажна вест Името - лажна вест Уставот - лажна вест Датум за ЕУ - лажна вест Лажните вести станаа одлика на власта која е главниот извор на лажни вести. За да се смени ова треба да се смени Зоран Заев. Така ќе ја обезбедиме заедничката иднина, пишува Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-laznite-vesti-stanaa-odlika-na-vlasta-koja-e-glavniot-izvor-na-lazni-vesti/feed/ 0