лазо јовчески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 09:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лазо јовчески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Јовчески: Иако знаеле за случувањата на Онкологија кои загрозиле човечки животи, молчеле – затоа ќе има и кривична и политичка одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jovcheski-iako-znaele-za-sluchuvanata-na-onkologija-koi-zagrozile-chovechki-zhivoti-molchele-zatoa-ke-ima-i-krivichna-i-politichka-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jovcheski-iako-znaele-za-sluchuvanata-na-onkologija-koi-zagrozile-chovechki-zhivoti-molchele-zatoa-ke-ima-i-krivichna-i-politichka-odgovornost/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873985

Здравството го тресат скандали седум години. Последниот скандал со трговија со цитостатици на Клиниката за Онколигија е шокантен. Од една страна ни нудеа билборди за европско и бесплатно здравство, а од друга страна гледаме мафија во здравството, вели д-р Лазо Јовчески, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. -ВМРО-ДПМНЕ пред отприлика две години предупредуваше за ова што денес е актуелна тема, а пред околу шест месеци и медиумите почнаа да се занимаваат со темата. Значи на МВР и министерот Оливер Спасовски им требаше многу време да реагираат и тоа само со предистрага. Потенцираме, иако знаеле за случувањата ништо не презеле. Разрешување директор на Клиниката не е мерка, а во случајов само тоа го видовме. Освен замајување на јавноста, нема мерки со кои треба да се спречат ваквите случаи кои како последица може да имаат и губење човечки животи, истакна тој. Докторот посочува дека токму оваа влада на СДСМ и ДУИ ветуваше живот, а очигледно испорача само човечки несреќи. -Оваа Влада на СДСМ и ДУИ вети децентрализација на третманот за овие пациенти, а истиот е максимално централизиран. И гледаме како наместо да ги лечат најтешко болните, ги крадат со години. Дополнително, но многу важно е прашањето зошто доколку се грижеле за оваа најранлива категорија пациенти и по седум години владеење не се ставени во функција акцелераторите кои беа набавени пред 2017 година. Зошто и по 10 промоции не работи акцелераторот во Градската општа болница „8-ми Септември“? Зошто не е во функција ниту акцелераторот во Битола? За ова злодело мора да се одговара, порача тој. Јовчески истакнува дека мора да има одговори и на следните прашања: Прво, кој ќе одговара со име и презиме за ваквиот третман на онколошките пациенти? Второ, кој дозволил незаконско и неуставно делување во третманот на пациентите наспроти уставно загарантираното право на здравствена заштита на секој пациент? Трето, зошто најсовремената онколошка терапија не е на позитивна листа за која четворица министри од Владата на СДСМ и ДУИ не мрднаа со прст? Четврто, во чии џебови се украдените пари и дали има лоцирана одговорност? Петто, точни ли се наводите и цифрите од стотици евра кои се споменуваат во јавност, а им се бараат на пациенти со малигни заболувања за одредени дијагностички процедури неопходни за натамошен третман? Шесто, дали последната акција е уште еден обид за замајување на јавноста? -Одговорност за овие монструозни постапки мора да има и ќе има. И тоа и кривична и политичка одговорност. Последните случувања на Клиниката за онкологија се уште еден показател дека час поскоро треба да замине оваа одродена власт за да почне рестартирање на здравствениот систем, истакнува докторот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jovcheski-iako-znaele-za-sluchuvanata-na-onkologija-koi-zagrozile-chovechki-zhivoti-molchele-zatoa-ke-ima-i-krivichna-i-politichka-odgovornost/feed/ 0
Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-jovcheski-glumenjeto-normalizacija-vodi-kon-zgolemuvanje-na-zarazata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-jovcheski-glumenjeto-normalizacija-vodi-kon-zgolemuvanje-na-zarazata/#respond Fri, 12 Jun 2020 08:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=356909

Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата. Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна доктор Лазо Јовчески. -Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема. Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните. Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица. Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението. Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица. Недозволиво е глумење на нормализација, вели Јовчески. Тој додава дека нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна. Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-jovcheski-glumenjeto-normalizacija-vodi-kon-zgolemuvanje-na-zarazata/feed/ 0