Лазо Велковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Aug 2018 14:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лазо Велковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗАЕВ ОТКРИ: Лазо Велковски е партиски член на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-lazo-velkovski-e-partiski-chlen-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-lazo-velkovski-e-partiski-chlen-na-sdsm/#respond Tue, 14 Aug 2018 14:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=87863

Заев во своја изјава ненамерно откри уште еден скандал поврзан со се уште актуелниот директор на БЈБ, Лазо Велковски. Во изјавата тој истакна дека Велковски е нивен човек, односно член на СДСМ, со што ги потврди шпекулациите дека раководните структури на МВР се бирани по партиски клуч, а не според професионалните достигнувања. Според Став 1, Член 168 од Законот за внатрешни работи ,, Работник во Министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут’’, што значи дека Велковски директно го прекршил овој член од законот. -Велковски е припадник на СДСМ и верува во политиките на Социјалдемократскиот сојуз и секогаш важел за сплотувачки фактор во партијата. СДСМ е единствен и е сплотен, посебно пред важни моменти и апсолутно овде се работи само за чин на понесување на одговорност. Се работи за понесување на одговорност, она што го очекуваат граѓаните од политичарите, од носителите на јавните функции, вели Заев. Членувањето во политичка партија особено е спорно кај вработените во МВР кои се дел од раководните органи на министерството, току како позицијата директор на Бирото за јавна безбедност на која се наоѓа Велковски. Партизацијата на една клучна институција како МВР е огромен проблем за граѓаните, поради можната селективност во правдата, а истата направи и внатрешен проблем во МВР, бидејќи долгогодишни професионалци беа заменети со партиски кадри на владеачката СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-lazo-velkovski-e-partiski-chlen-na-sdsm/feed/ 0
Разрешувањето на Велковски на владина седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/#respond Tue, 14 Aug 2018 06:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=87562

Откако внатрешната истрага во МВР утврди дека е направена повреда на процедурата за службено патување, Владата денеска на седница ќе расправа за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски. По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на месецот, откако во дел од медумите беа објавени фотографии од службеното возило „Ренџ ровер“, за кој е задолжен Велковски, во камп во Грција и написи дека всушност ќерката на директрот на БЈБ со возилото е превезена дотаму, беше утврдено дека не била запазена процедурата за службено патување. И покрај налогот не било потпишано решение за службено патување. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот бил пратен во Грција со налог кој го потпишал самиот Велковски. Во својот исказ тој изјавил дека „Ренџ роверот“ го ангажирал поради крајна нужност, односно бидејќи подолго време му се заканувале и нему и на неговото семејство. На 2 август, на државниот празник Илинден, кога џипот бил во Грција, Велковски бил работно ангажиран за прославата. Велковски е еден од блиските соработници на Заев и Спасовски, а премиерот вчера изрази уверување дека тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство. - Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена  е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ. Додаде дека неговото разрешување е чин на понесување  одговорност, нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции. На денешната владина седница ќе се разгледа  барањето за разрешување на Велковски, а Заев вчера рече  дека не се знае кој ќе го замени и дека засега воопшто и не биле разгледувани имиња, со оглед на тоа што тој е презадоволен од неговата работа и оваа ситуација го затекнала. За можните негови наследници ќе се разговара понатаму. - Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Заев. Велковски е дипломиран криминалист. Во МВР е вработен од 1991 година. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во МВР и Агенција за разузнавање. Извршувал високи раководни функции, меѓу кои началник на СВР-Велес и на СВР-Скопје, помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ. Во периодот од септември 2006 до ноември 2015 извршува работни задачи во Агенцијата за разузнавање. До 2002 година бил припадник и на Посебните едниници на полиција при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен ЈРМ од поголем обем и други сложени безбедносни појави на подрачјето на цела територија на Република Македонија. Поседува потврда за бранител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/feed/ 0
Владата утре ќе решава за разрешувањето на Велковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-kje-reshava-za-razreshuvanjeto-na-velkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-kje-reshava-za-razreshuvanjeto-na-velkovski/#respond Mon, 13 Aug 2018 12:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=87353

Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија. За можните негови наследници ќе се разговара понатаму, информира денеска премиерот Зоран Заев по панелот што во Клубот во пратениците се одржа по повод 17-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. - Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Зaев. Тој напомена дека Велковски е еден од неговите први соработници, и нагласи дека верува оти тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство. - Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ. Тој го оцени Велковски како професионален член на СДСМ кој од секогаш важел за сплотувачки елемент во партијата и додаде дека неговото разрешување е чин на понесување на одговорност нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции. Во врска со тоа дали разрешувањето на Велковски и неприфаќањето на оставката на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев претставува примена на двојни аршини, Заев рече дека во случајот со Велковски е констатирана и потврдена грешка. - Во случајот со грантовите на Фондот за иновации секој според законот во РМ има право да аплицира. Нема грешка согласно законот. Законот еднакво важи за сите. Имаме еклантантни примери каде тоа веќе сме го докажале. Ако кој било се огреши пред законот, треба да одговара. Ако некој направи грешки и од технички аспкет треба да ја понесе одговорноста, истакна Заев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-kje-reshava-za-razreshuvanjeto-na-velkovski/feed/ 0
Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на Лазо Велковски, процедурата за патувањето не била целосна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/#respond Tue, 07 Aug 2018 14:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=85489

Министерството за внатрешни работи соопштува дека министерот ќе поднесе предлог до Владата за разрешување на Директорот на БЈБ. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од МВР. -Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, стои во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/feed/ 0
Мехмети: „Ветениот живот за сите” се претвора во живот за Заев и неговите пријатели на власт! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmeti-veteniot-zivot-za-site-se-pretvora-vo-zivot-za-zaev-i-negovite-prijateli-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmeti-veteniot-zivot-za-site-se-pretvora-vo-zivot-za-zaev-i-negovite-prijateli-na-vlast/#respond Sun, 05 Aug 2018 10:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=84705

Во медиумите во Македонија објавени се фотографии и видеа, каде што се гледа дека луксузно возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи, се користи за приватни цели низ патиштата во Грција. Новинарот на Алмакос, Емад Мехмети на својот фејсбук профил објави видео од истото возило во движење и пишува: Според овие информации, возилото "Range Rover Discoveri Sport" со регистарски таблици SK-9559-Al, моментално го користат четири девојки за приватни цели во Грција, додека џипот припаѓа на јавните институции. Инаку, моите информации покажуваат дека возилото на МВР било управувано од ќерката на директорот за Јавна безбедност, Л. В. Во меѓувреме, не може а да не се запрашаш дали можеби долго прокламираното мото на Зоран Заев "Живот за сите" - полека се претвора во живот само за Заев и неговите функционери? Бидејќи, овие авантуристички патувања на владините “деца“ на крајот на денот ги плаќаме ние - даночните обврзници на оваа држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmeti-veteniot-zivot-za-site-se-pretvora-vo-zivot-za-zaev-i-negovite-prijateli-na-vlast/feed/ 0
На Табановце и Богородица задржување на приоритетната стока за извоз до час и половина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-i-bogorodica-zadrzuvanje-na-prioritetnata-stoka-za-izvoz-do-chas-i-polovina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-i-bogorodica-zadrzuvanje-na-prioritetnata-stoka-za-izvoz-do-chas-i-polovina/#respond Mon, 14 May 2018 10:02:06 +0000 https://kurir.mk/?p=53902

На граничните премини Табановце и Богородица стапи во сила нов протокол со кој се воведува 24-часовен слободен коридор за приоритетната стока што се извезува од Македонија, со дополнителна лента за движење, наместо досегашните четири часа. Со новиот Протокол за побрз проток на стоки, што го потпишаа денеска директорите на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, се очекува за извоз на жива стока, стока во свежа состојба, опасни материи, двојно да се намали чекањето на граница и тоа да биде максимум до час и половина. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, бенефит од протоколот ќе имаат извозниците на прехранбените земјоделски производи особено при извоз на жива стока и расипливи производи. Николовски истакна дека се спроевдува нова политика за поголема конкурентност на домашните извозници на меѓународниот пазар. - Сметаме дека нема никаква пречка со дополнителни  напори и интервенции да овозможиме 24-часовен проток на стоката, без да има потреба од никакви контакти  и комуникации, туку да биде решено системски и сите извозници да знаат дека ова прашање е регулирано и дека имаат приоритет, рече Николовски. Како што објасни Танасоски, преку протоколот ќе се избегнат подолгите задржувања на граничните премини и ќе се овозможи брз и безбеден проток на жива стока, стока во свежа сосотјба, опасни материи, како и стока во новиот компјутеризиран транзитен систем и на празните камиони на премините Табановце и Богородица. - На барање на деловната заедница слободниот коридор е во функција 24 часа. Слободниот коридор ќе може да се користи и за стоката во новиот компјутеризиран  транзитен систем, а транзитните документи  да се отвораат и во внатрешните испостави за да можат што побргу да ја поминат граничната линија, рече Танасоски. Директорот на БЈБ Велковски најави дека со протоколот и координирана активност на полициските, царинските и инспекциските службеници, ќе се преземат сите мерки да не се дозволи чекањето на граничните премини за извозниците да биде повеќе од час до час и пловина. - Наша обврска ќе биде  и при влез заедно со царинските  службеници да се овозможи приоритетно движење на граничната линија до царинските терминали на возилата на дополнителна лента. За таа цел во МВР сме подготвени да го зголемиме бројот на полициски службеници на граничните премини за да бидеме поефикасни во спроведувањето на протоколот, укажа Велковски. Досегашниот протокол овозможуваше приоритетно пропуштање на возилата со приоритетна стока од 21:00 до 01:00 часот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-i-bogorodica-zadrzuvanje-na-prioritetnata-stoka-za-izvoz-do-chas-i-polovina/feed/ 0